Toa да, ама не можеме да споредуваме затоа што нели човекот е оној кој има совест, кој размислува и кој се луксузира. Животните имаат една цел во животот-да опстојат, а ние луѓето милијарда цели, од кои за жал некои се вакви, тажни и нефер кон останатите суштества. Јас би ги прашала оние што ете викаат дека обожаваат крзно, имаат и носат. Ги гледате сликиве, сигурно сте гледале и други, знаете како се добива бунда, не ви е гадно или жално? Во ред, вие имате таква претстава за тоа и не ви смета, ама ко да погледнете во животното го гледате исклучиво само како бунда?
Луксуз е, но за некоја деценија нема да биде. Драстично се паднати цените на вистинското крзно, затоа што ако некогаш било симбол на богатство и углед, сега е симбол на суровост и нечовечност. Денес крзно не носи углед. И навистина не гледам логика во тоа ако имам повеќе пари дека можеби би носела крзно. Згрозеноста не може да ми ја ублажи дебелото конто у банка. Остајте филозофии дека парите го вртеле светот, ако пушташ солза на клип кај што дерат визонче, исто толку ќе те погоди ако имаш миљонче у џеб.
Токму така. Баш тоа ми беше зборот. Волкот не мисли, тој се води според своите инстинкти за да преживее. Како дел од преживувањето е нели, храната, јадењето животни, но не и носењето бунди за да демек им биде топло во зима. Исто е и за човекот, месото е важен додаток во исхраната, значи ПОТРБНО му е. Бундата е НЕПОТРЕБНА, таа е ЛУКСУЗ и не задоволува никаква базична потреба, таа задоволува нечија суета и его.
Знам дека многумина нема да се сложите ама мене ич не ми е сфатливо бе: да носиш крзно на себе е грозно и језиво, а да го јадеш месото в уста не е грозно, напротив е многу вкусно. Било за едното, било за другото - животното се убива. Тоа е факт! Кога јас би јадела месо, слободно би носела и крзно. За мене разлика нема. Да јадеш месо секој ден е убаво, а да купам барем една бунда во животов нечовечки било. Ха!
Еурека! Не носиме бидејќи не можиме да си дозволиме! Зарем навистина размислуваш толку плитко ,Слободка? Кога консумираме месо од животно имаме на памет дека пред да се убие се омамува за да не се мачи ,а не дека се вари и дери живо ,да ти е јасно тоа! Потреба е едно ,а аздис е друго ,тие работи некако многу ти се измешани и мислам дека пред да напишеш нареден пост ,расчисти си ги мислите и сталожи ги малку ,да си дојдат на место ,многу си ми збркана.
Kога веќе го јадам прасето и пилето, тоа не значи дека сакам да ја носам лисицата, чинчилата зајакот и компанија ама кога дискутираме за сфаќање, мене ова не ми е сфатливо Tака да одлучи се Jас се одлучив- ќе јадам месо, крзно нема да носам
1- за мене сите животни се исти, било зајак или прасе! Исто страдаат! 2- Фетата е направена на растителна база (од соино, палмино и др. млеко), а не е од чисто млеко. Спојлер Не знам што ме `гониш` околу тоа дали сум каснала нешто млечно. И, да каснам, животното тоа доброволно го дава, не го убивам за малку млеко!!! Не јадам млечни продукти, ама и да каснам ништо страшно. Еве сега јадев чоколадо. Наздравје нека ми е.
Hе те гонам, туку случајно отворив за форнети да си пишам мислење, па ти го видов постот A јас колку што знам фетата барем кај нас е обично сирење, пошто јас сум луда по сирењето и да бидам искрена, мене не ме интересира ти дали јадеш сирење, или ставаш авон продукти, само што тоа веќе не е веган и не, лисицата не е убиена, туку е дерена жива, и после фрлена така да си у мре едит- Oди и кажи им на веганите дека млекото е доброволно во нивниот свет тоа млеко е за децата на животните
Слободке жено,зошто размислуваш на тој начин,и напаѓаш кога немаш аргументи?! Сметам дека се погоре ти беше плеснато у фаца,па нема зошто да повторувам. Само сигурен сум дека 90% од тоа што го кажуваме ќе го игнорираш и ќе продолжиш да носиш крзно,затоа што сметаш дека никоj на форумот ја нема таа сила со која би допрел до тебе и би ти кажал дека тоа што го правиш е еквивалент на убиство. А погледнете на што налетав денес преку Анима Мунди! Ако имате слабо срце не отварајте. Знам дека мачињава не се користат за добивање на крзно,ама отприлика ова му го прават и на ракуните,лисичките и сите други животни. Секако,на по современ начин само за вие,крем де ла крем богаташите кои го имаат овој "луксуз" да уживате во крзно... Спојлер
Не дека не си во право. Идеално би било сите да сме вегетаријанци, ама природата не не направила такви. Мене ПРИРОДНО ми доаѓа потребата да конзумирам месо, ама не ми доаѓа ПРИРОДНО потребата да одерам животно и да го ставам на грб, во тоа е разликата. Кога ќе ти бидат гладни децата, не верувам дека со бунда ќе ги нахраниш. Правете разлика меѓу основни потребни и луксузирање.
Се имам изјаснето дека сум вегетаријанец, а не веган. За тоа како се дери животното - живо или мртво - има повеќе начини, не е еден единствен. Било како душата му е земена. Да, правилно млекото е за `децата-животни`, за нивно `доење`, ама нема што да им објаснувам. Јас потполно ги разбирам нивните ставови и ги почитувам како такви. Ако ним им е убаво, што има јас да се мислам! Едит- Саја, ако ми бидат гладни децата не значи дека со месо ќе ги нахранам. Ако сум дошла до таму да се мислам за храна, компирите се поефтини. А, дека е природно - за мене не е. Тој синџир на исхрана кој го дал некој за мене не е 100% факт дека е точен. Во спротивно како јас живеам и сум потполно здрава? Слободка, мислам дека се изјасна дека носиш крзно. Од мене браво за признавањето. Ти си ЗА крзно (нели темава е за/против), си го кажа ставот и точка. Не знам зошто си напаѓана?? Еве јас ниту крзно не носам, абе ниту месо не јадам, и пак сум напаѓана! Ај, да почнам да јадам месо??
Токму поради фактот што волкот не може да се замисли и да направи кампања против носење крзно, се разликува од човекот. Поради свеста, се разликуваат животните и луѓето. Нели, ние луѓето сме хомосапиенс Човекот има свест, а будењето на свеста кај луѓето во врска со (не)носењето природно крзно, претставува значаен чекор напред
Тие шмизли што обожаваат да носат крзно нека се замислат како би било животните да ги фатат и да им ја одерат кожата па да ја носат на себе. Порака со сите шмизли носте вештачко крзно
^ Јасно ми е само мојот глупав одговор беше даден на глупо прашање а и друга му е смислата... Јас тука завршувам а се вклучив заради сликата со раче околу врат, споредбата ми е незамислива и грозна...Дискусијата по малку смешна оти сме хелоу во сиромаштија а се тепаме за тоа дали да носиме бунди од крзно искрено сеедно ми е, не се потресувам ниту подржувам. А си стојам на тоа дека и за месото има замена-грав поздрав лудо Пријатно
Ама крзно носат отмените дами. Ретко која `шмизла` можеш да ја видиш со бунда. Сепак крзното е скапо.
Jас не те напаѓам, ти кажав браво за тебе што не јадеш месо туку само си дускутираме, секој си го брани својот став, така си е Tи си имаш едно размисување, јас друго... и само си дискутираме далеку е тоа од напаѓање
Ви ја следам дискусијата постојано, ама некако насоката премина во друг правец па не можам да се вклучам. Темата е јасна - Природно vs. вештачко крзно. Не гледам овде простор за дискусија кој колкави банкарски сметки има, кој е вегетаријанец или веган, а кој јаде месо. Прашањето е дали би носеле природно крзно, а не дали можете да си дозволите. Фала му на Бога, секој кој може да си дозволи, не купува природно крзно. Да беше така, досега одамна многу животински видови ќе изумреа. Во темава прочитав многу постови кои ме изиритираа, ама одлучив да не реплицирам никому. Затоа што како што забележав, едни исти аргументи се вртат постојано, а таквата дебата изцрпува. Тие што сакаат да носат природно крзно, нека носат и нека им биде топло. Нека живеат со тие толку површни мисли дека тоа е доказ за нивниот луксуз. Јас ќе останам на страната на оние кои никогаш нема да облечат такво нешто, затоа што сум згрозена од она низ што поминуваат тие животни за некому да му биде топло.
Баш ме интересира дали овие отмениве и богати дами ќе носеа природно крзно ако беше евтино, а вештачкото скапо