Пак она луксуз па луксуз!!! Па добро бре жено,умрело ЖИВОТНО за тој луксуз,ЖИВОТНО. Ако луксузот се сведува на убиени живи суштевства,значи бато Хитлер долго време се луксузирал со гасните комори. Не ми е јасно,какво задоволство,и каков луксуз е да носиш остатоци од мртво животно на себе. Да,можеби тие ја немаат способноста на артиклулиран говор како луѓето,но сепак е живо суштевство,и никој нивната смрт не би требал да ја споредува со луксуз. Тоа не е здраво...
Малку ќе ви се замешам во женска дискусија. Некои кажааа одредени неточни работи па да дообјаснам. Прво, точно е дека крзното топли ненормално добро ама исто е точно дека за него има алтернатива од други материјали, не топлат толку јако ама никој не умрел од неносење крзно освен на северен пол така да тој аргумент отпаѓа. Второ, чанти и ташни се прават и од крзно од крави, овци, кози и свињи како и од поегзотични и поскапи крзна. Мене не ми е ок ниедно животно да биде убиено за мој ќеиф ама ако повремено морам да носам кожни патики, бунда или ташна (за женско) не морам. Тука би рекол не е исто 100 000 убиени крави и 1000 000 убиени крави. Колку повеќе потрошувачка на кожени производи толку повеќе убиени животни. И додека за домашниве животни некој ќе рече ама тие и онака би биле убиени за храна а кожата е нуспроизвод (има и контрааргументи на ова тврдење) за животните чие месо не се консумира туку се убиваат исклучиво за крзно нема никакво оправдување нивното крзно да се користи. Трето. Некој спомна крзното било статусен симбол. Врска нема ова. Ако е за успешно машко статусен симбол да има две швалерки и да ја вара жената значи ли дека мора и јас исто да правам? Ајде тогаш на купување на сѐ најскапо за сите да видат колку пари имаме. Многу плитко размислување. Крзно е топ материјал ама многу ќе ценам девојка ми никогаш да не облече бунда и да ми рече дека ги сака и цени животните кои би биле убиени заради нејзина комоција. Денес барем има премногу алтернативи за крзното без притоа некое животинче живо да биде одрано. Така да од мене големо НЕ за носење крзно кога не мора и има друга алтернатива.
Ете како што кажа Саја, станува збор за две различни добра, створени од животно. Значи месото е основен продукт, го има во сите продавници, го јадеме за ручек, не се продава по убер висока цена и може да си го дозволи секој месојад. А човекот е месојад, да не се занесуваме дека сме вегетаријанци. Местото содржи состојки кои што мора да ги внесуваме макар и ретко, ако сакаме здравје. Тоа е природата, прост синџир на исхрана. Дури и животните се јадат меѓу себе за да опстанат. Сега не сум за убивање на ретки типови, ендемични животни, затоа што нивното месичко е као демек најубаво. Има кокошки во изобилие, ипак. Јас не ги оправдувам вегетаријанците, некако ми се занесуваат. И јас сакам животни, и секако дека нема да си го изедам кучето ако немам што да јадам, но месото ми е потребно и го конзумирам. А крзното е специјален производ, го нема во сите продавници, умираат повеќе животни за една бунда, и тоа е прескап производ кој го ставаат на себе жените поради престиж. Е тоа не го сфаќам. Не е потребно и неопходно, ако не облечат бунда нема да им изумре видот. Јас да имам бунда, ќе живеам во фобија дека некогаш ќе оживее, ќе излезе од плакар и ќе ме нападне. Затоа што изгледа толку живо. Како да си движиш со повеќе умрени животни околу тебе, ама као демек ‘јака‘ си и не труеш на мрша. Не би носела, жал ми е.
Дека крзното е скапо, и дека не е приступачно за секого за мене е вистина. Не гледам што лошо кажа girl23 . девојката кажала многу пати дека ниту месо јаде, ниту крзно носи, така да сигурно е запознаена со фактот дека животни yмираат за тој таканаречен луксуз. Од мене големо НЕ за природното крзно.
Џокси што реплицираш ако не си ја исчитал целата лектира? Да не се цитирам, објасна Даничап во мое име. Напишав така, бидејќи шмизлите ги замислувам со кратки миничи, а не со бунди. А, тие жени кои се носат богато, отмено, можат да си дозволат да купат крзнени работи. А, во оваа тема спаѓа и дебатирање за кожата? Дали е природна или вештачка? На пр. сите сакаме квалитетни кожни чевли.... , а тие се најчесто од природна кожа...
Споменав претходно, дека сум вегетаријанец, не јадам месо, не само затоа што не сакам, туку и не чувствувам никаква потреба за месо, а во однос на тоа што велиш за состојките во месото кои се предуслов за наше здравје, тогаш како јас воопшто немам никаков здравствен проблем? Целиот проблем е што се убиваат животни за едно крзно, што не е за оправдување, пример, светскиве познати личности, носат крзно, а истото за некое време не го ни носат, а зошто, зошто така им текнало,им поминал меракот, исто што важи за секое парче облека, а притоа се убиени животни за тоа.Без разлика дали е човек вегетаријанец или не, би требало да знае што е лошо, а што не. Само секој различно размислува, некој оправдува, а некој не, па според тоа така и ќе се одвиваат работите.Не можам да разберам зошто така прават, немам душа да го утепам, а не пак негово крзно да носам, па и богаташка да бидам, да тонам во пари, крзно нема да купам, никакво, нити природно, нити вештачко, затоа што знам и низ каков процес поминало за да се произведе.
Крзно? Не,фала.Ни вештачко ни природно.А,за природно,па ИЧ.Само кога ќе помислам дека невино животно било УБИЕНО за тоа крзно... А,па ни вештачко несакам.Што знам,крзно не сум носела и не ми се допаѓа воопшто.
Татко ми пред многу години донесе живо прасе наводно требало да се коле за првата слава. Дојде човек да го заколе и обработи месото. Јас се играв со прасето и плачев кога го “средија“. Мевце не ставив во уста бидејки цело време пред очите ми беше ликот на милото животно. Од тогаш, а и пред тоа сум имала аверзија кон месото и не сум некој месојадач, но подруго ми е кога ке го видам веке обработено во фрижидерот. Некое теле некаде се родило со однапред одредена судбина, дека ке биде заколено на 18 месеци и ке биде сервирано во стиропорска тацна покриена со целофан, етикета и рок на употреба, додека од неговата кожа можеби се направени баш твоите чевли. Дали не треба да јадеме месо и треба да одиме боси? И тоа животно е СПЕЦИЈАЛНО (како што потенцираат некои од вас) родено, можеби и специјално труено со хормони за да порасне побргу како ние би се нахраниле. Ако така гледаме на работите, животните во дивината имаат 50-50 шанса за пеживување, може некое ке стане бунда или не, ама овие кои специјално ги растеме за да се нахраниме, немаат никаква шанса. Мала дигресија: Ви препорачувам да го погледнете документарецот Home, http://www.imdb.com/title/tt1014762/. Имам прекрасна спортска црна бунда од вистинско крзно и ја носам во некои прилики. Слична е како оваа на сликава, само има качулка. Не чуствувам грев на душата, ги обвинувам соседите - тие се убијците Никогаш нема да се случи да одам во лов и да убијам животно специјално за да си направам капут, но кога веке го направиле така прекрасен, плус во мој 2ХЛ број, неможев да му одолеам. Муабетот ми е, не одам толку длабоко во размислувањето бидејки повекето од работите не зависат од мене. Едноставно, this is how things work.
^Баш напротив this is not how things work. Целата поента на кампањите против носењето на природното крзно е дека од некаде треба да се почне, а тоа од некаде е од секоја од нас, а не да се оправдува носењето на природно крзно со тоа што ете се продава јас само го купувам.Токму во тоа е проблемот, ако за таа бунда се одрани кожите на 100 животни и ако никој не ја купи таа бунда, нема да бидаат одрани кожите на уште 100 животни, а со самото купување на бундата не само што ќе носите 100 одрани животни на грб туку уште 100 ќе бидаат одрани за да се надомести купената бунда. No demand, no supply, that`s how things work
Џабе е се додека не се забрани со закон носењето на природно крзно. Секое друго почнување од себе е џабе. Секогаш ќе има таков некој што ќе носи и тоа е тоа.
Како што реков, ќе зборувам за мене за да не генерализирам <3 И во ред, нека нема да биде. Ама,се додека има побарувачка ќе има и производство на истото whatever you like it or not. И не носи углед во твоето опкружување или во јавниот живот можеби,ама во оној свет за нас недостижен носи и те како. И види, јас-средна класа сум оваа со ова размислување. Не би носела крзно,имам попаметни работи да купам за истите пари,а и повеќе. Но, јас-висока класа, друго опкружување, други луѓе, друго место.. не знаеш каде ќе бидеш и што ќе правиш и со кои размислувања ќе си. * И не, висока класа не подразбирам пазарење од Манго и Зара, туку баш тешка елита каде едно парталче ни мое, ни твое чини 2000 евра,само поради брендот. Така да, размислувањата до некаде зависат и од економската состојба и од круговите во кои што се движиш и од тие што те создале, ниту едно размислување не е создадено од тебе.
Да беше вака како што велиш, тогаш познати личности (како холивудски глумици, џет - сетерки, дури и први дами) што се против носењето крзно немаше да постојат. Покрај такви ригорозни кампањи и исвиркување на оние што носат природно крзно, нема простор за градење углед. А тоа што некој ексцентричен моден дизајнер го форсира, никако не значи дека истото е прифатено во високите кругови. И да, љубовта кон животните на никаков начин не зависи од економската ситуација. Или ги сакаш или не, или ти е сеедно. Без разлика дали си богат или голтар.
Само јавните личности се богати? И да. Не ти поврзувам љубов кон животни со економска ситуација,затоа што дома некој чува кучки,мачки,па носи крзно. Или не?
Јас сум против природното крзно, никогаш не би го носела.. Кога ќе помислам на невините животни чии животи секојдневно згаснуваат, ги осудувам сите што го носат. Секој има право на свој стил, но кога се работи за нечиј живот, макар и за животот на едно глувче, треба да бидеме човечни.
Точно така. Значи пак зависи до личноста а не до нејзиното богатство, поента што пробувам да ја пишам во последните три постови. Не би сакала пак ова да се претвори во бесполезна дискусија во пробуваме да кажеме иста работа. Те разбрав јас, нормално е тие што можат да си го дозволат крзното (а се погодило и да не им е грижа како е добиено) да го носат, ама дека е симбол на углед...со децении не е.
Каков симбол на углед......... според мене симбол на нешто друго ...ај да не кажам што....многу феминки ќе ми се налутат ако кажам. Не е ништо посебно според мене лечење на ниска вредност,мислат ако облечат крзно ќе бидат госпоѓи по кои се вртат погледи...демек ...тие така си мислат , пошто со ништо друго не оставаат впечаток,некој да се заврти да ја види.....
Никогаш нема да го разберам во целост човечкиот мозок. Од луѓето кои јас ги познавам, па и што прочепкав низ темава 90% се против носење крзно, чиста кожа, ау. Имам примери, не би сакала да наведам имиња кои иако се против ова брутално дерење на животни, на не знам некоја бунда од дизајнер се палат како печка во зима. Ангел до ангел. Патики имам, кожа се претпоставувам, затоа не коментирам дека носам само вештачко. Познавам вегетаријанци кои ехеее, главата ќе ти ја стават на труп ако нешто кажеш против животно а истите тие носат мартинки. Брее, памет. Многу добар пример. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater Знам, сите се запнале за патиките ама стварно не се соодветни за оваа пригода. Дали би одбрала вештачко или природно, не знам. Претпоставувам вештачко. Не сакам животни многу, односно немам милениче, ниту го галам секое маче на улица, но имам совест сепак. И да, не ги етикетирајте тие кои носат природно крзно како желни да се покажат наоколу, пластични и што уште не. Мислам дајте. -.-
Зависи од личноста. Каква ќе биде личноста зависи од опкружувањето. Свесно или несвесно ти си слика на твоите родители и на општеството во кое живееш. Toa сака да ти каже Ашлинг уште во претходната реплика. И јасно ми е дека се прават безброј кампањи, подржани од многу луѓе ширум светот, што не им оди во прилог на ЈАВНИТЕ личности да носат крзно, првенствено поради рејтингот,а не поради некоја голема љубов кон животните. Така да ти ми зборуваш за она што ти е познато и го гледаш на телевизија или интернет, но како што кажав.. не се богати само јавните фаци. Јавните.
Да не бидеме хипокрити, ајде да престанеме да јадеме месо нели, да нема побарувачка па да се затворат фармите и кланиците и да си егзистираат животните слободни. Ги почитувам од дно да душата луѓето кои се грижат за животните до степен да не јадат месо, апропо не носат крзно и кожа. Сите други што се прават светци а кркаат кременадлички, нека се преиспитаат. Јбг, кој му е виновен на прасето што не се родило како лисица.... Се согласувам. Незнам госпоѓи што си мислат а ни ти неможеш да знаеш. Конкретно јас си ја купив бундата бидејки ми се допадна, затоа и ја носам а не за да оставам впечатоци и да се вртат погледи по мене Среќно сум мажена долго време пред да ја имам бундата и немам потреба да привлекувам внимание на други мажи. А за девојките што се сингл, совет: не е потребна бунда за да ве засака маж, ниту ке бидете повеке или помалку почитувани ако имате или немате бунда. Едноставно, на кој како му е арно. Точно. Не дека нема јавни личности кои не се грижат за животните но повекето е само нивен маркетинг. Позади нив стојат цели машинерии од менаџмент кои им диктираат што да прават, што да кажат и сл. Крзното не е симбол на углед ниту статусен симбол, и не е вистина дека само богатите носат бунди. Има поефтини бунди и поскапи бунди. Илјадници евра чинат бунди кои се направени од едно парче кожа, додека бунди направени од повеке парчиња кожа се поефтини. Кратка бундичка од зајачко крзно во Гр чини околу 100евра. Некој од животните од чие крзно се прават бунди се убиваат бидејки се штетни за луѓето. И за крај, ке ве молам да ми кажете по што се разликуваат следниве слики? На муабетот your fur had a face, одговарам дека your lunch was alive.