Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крзно - природно vs вештачко

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 октомври 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    А истите тие менаџери го прават тоа затоа што и само затоа што јавните ѕвезди треба да го задоволуваат мислењето на мнозинството. Искрено не ме интересира колку се тие дволични или не, самиот факт што целата таа машинерија зад нив им налага став кој е против природното крзно ми е доволен показател на тоа дека мнозинството е против крзно. И амин за тоа.

    Вие слободно носете си, тешете се и наоѓајте си изговори. Хеј, whatever helps you sleep at night. Ама голем кукавичлак е да си ги оправдувате хировите преку месождерите.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Шана, како и сите претходни твои соучеснички да ги наречам, се повикуваш на контра-аргументот кој мислиш дека е единствено издржан, всушност кој ви е ол ју гат, а тоа е да се покрива вашето луксузирање со фрлање на вината врз нечиј начин на исхрана, за мене нема допирни точки.

    Ти го сметаш за хипокризија. За мене поголема е вашата хипокризија носам крзно зошто ме топли или зошто убаво изгледа. Ние барем признаваме - јадеме месо, не барам оправдување со помош на осуда на некого притоа. I ain't fucking хипстер и немам само левичарски ставови така да и не возам точак и не сум вегетаријанец, ама барем имам доволно доблест да сум искрена и не се ,,измивам,, кроз туѓи гревови. Па, чија хипокризија е поекстремна тогаш?!

    И бај д веј хипокризијата е дел од човечката природа и е ,,демократско право,, да се поседува истата, ама па нема што да гледаме на истата со благонаклоност во крајна сметка.

    Инаку и покрај цел тим менаџери кои стојат зад јавните личности и не е фар да тврдиш дека тие ги носат баш сите одлуки во нивно име, од проста причина што и нивните глави служат за размислување не само за тренди фризови носење, не сите јавни личности дошле до таму без употреба на сопствен интелект.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^Што има лошо во тоа ако еден и единствен аргумент според некои неиздржан а за мене сосема доволен и на место дека разлика помеѓу убиена крава или свиња и убиена лисица или зајак нема?
    Не бараш оправдување затоа што сите си јадеме месо а и вегетеријанците не плукаат и не се грозат од тие што јадат месо на начин на кој се прави тоа врз оние што носат крзно...
     
    На girl.23 и Shana им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тоа што сакаат да се оправдаат само низ призмата на тој аргумент, тоа што мене правдање низ туѓи грешки ми е крајно несамокритично да се поседува, тоа што викаат дека тоа е хипокризија, заборавајќи на сопствената хипокризија и реков ничија хипокризија на крај не треба да се смета за оправдана. Го имам веќе дадено одговорот на се‘, да не се повторувам, инаку има и тема вегетаријанство, па може таму слободно да продолжиме дискусија за крави и свињи, овде е темата за крзно, јас некоја со бунда како кравата Милка лилаво-белата немам видено.
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Има чинам и тема за хипокризија...
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Е, има де, ама треба да е човек навистина чист за да се повикува на нечија хипокризија оттаму тргна се‘.

    А јас сега имам гости, така да си ју сун виртуелно де, :hai: .
     
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Да не биде некој хипокрит, ќе треба да живее или во едната или во другата крајност. Тогаш оние што јадат место треба да носат исклучиво крзно (нели дволично е да ги јадеме а да носиме нешто од памук), да им ги користиме коските како прибор за јадење (па кому му треба метал кога коска е права ствар), да се бањаме и переме со свински сапун (да не ојде фира) итн, итн, и обратно.

    Ако вака цепидлачиме нема крај. Исто како што луѓе што јадат месо а се против крзно се на некој начин дволични, дволични се и вегетаријанци што користат козметика тестирана на животни. Прост пример, едноставно нема крај.

    Затоа тој аргумент е смешен, а за некои е и единствен. Жално.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Сега ќе ви извадат теорија дека човекот уште во камено доба ловел животни,со месото се хранел,а од крзното правел облека...све ти е тоа историски потврдено. У крв ни е! Закон на џунглата.
    |(

    Свест...на нивоУ!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Убиено животно е убиено животно без разлика за која цел се убива. Не чуствувам потреба да дискутирам на темава повеке со луѓе кои се против крзно а јадат месо. Поздравче.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Реално јадењето месо е најсилниот аргумент против (не) носењето природно крзно.
    Иако јас лично не се согласувам целосно,затоа што имам пишано некаде уште многу порано на оваа тема.. дека големата разлика меѓу носење крзно од животно и јадење месо од животно е тоа што јадењето месо е составен дел од исхраната во неделен ручек барем и е некаков вид потреба,а носењето крзно е само курташак, кој повторно ќе кажам го создава некое општество, со некакви високи сфаќања само за да бидат различни од толпата, меѓутоа не треба да им се замери на тие луѓе што растат во такво општество и се слика на нивните предци кои живеат во опасна заблуда дека се со сина крв.
     
    На Sara123 и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  11. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Не можев а да не се јавам.....КУРТАШАК....... прекрасен збор употребен на право место ....БРАВО за Аshling
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Постои ли вештачко месо?
    Вештачко месо кое ќе е замена за говетското месо, бидејко говетското месо има масти кои се добри за срцето и крвните садови, свинско вештачко месо кое ќе содржи Б6, б12, А, Ц, К, железо, магнезиум и цинк, јагнешко вештачко месо кое ќе содржи цинк, железо, висок процент на витаминот Б12 и минерали и вештачко пилешко месо кое ќе е добро за срцето. Постои?
    Кога ќе има вештачко месо кое ќе е добро за човековиот организам јас никогаш повеќе нема да изедам природно месо, ни 10 грама.

    А наспроти непостоењето на вештачко месо, постои вештачко влакно. Обработено, средено, скоцкано, така да ако толку некој сака бунда, ете му има вештачко, постои идентична алтернатива. Не ја сваќам потребата од природно кога постои замена.

    Го мешате здравјето внесувањето на витамини, минерали и протеини со помош на природно месо, со убавањето на животни за мода, луксуз, за задоволување на некои каприци необјасниви или објасниви само за луѓето со полн џеб а без никаква свест.

    Јас се кладам дека ако има вештачка бунда која ќе чини 15000 евра ќе се сполетаат луѓето да ја купат. А до неа ако има природна за 100 евра ќе ја одминат. Луѓето не разликуваат природна од вештачка бунда, освен по цената.
    На крај целата приказна од купувачите се сведува на едно нешто ПАРИ!
    Крај на приказната.
     
    На Black.Beauty, kate21, crazyinlove19 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Да не бидеме хипокрити, ајде да престанеме да јадеме месо нели, да нема побарувачка па да се затворат фармите и кланиците и да си егзистираат животните слободни. Ги почитувам од дно да душата луѓето кои се грижат за животните до степен да не јадат месо, апропо не носат крзно и кожа. Сите други што се прават светци а кркаат кременадлички, нека се преиспитаат.





    Разликата е во тоа што со моето јадење на кременадлички не придонесувам свињата да се најде на листата на загрозени видови, би требало да се преиспитам доколку заговарам за не носење на природно крзно а на трпезата ми се наоѓа месо од некое загрозен вид на животно, ако се најде свињата на таа листа веднаш ќе престанам да го конзумирам.

    Заради бунди од природно крзно голем број на животни се ставени во загрозени видови,и иако е забрането сеуште се ловаат заради нечив хир, а голем дел се и extinct не постојат поради истиот хир некоја да се грее во зима |(
     
    На CoverGirl10, rossonerka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ~ царство: Animalia
    ~ оддел: Hordata
    ~ класа: Mamalia
    ~ ред: Primates
    ~ фамилија: Hominidae
    ~ род: Homo
    ~ вид: Homo Sapiens

    Се‘ повеќе се прашувам околу болдот - Дали?!
     
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    http://www.facebook.com/BabetteShoes

    Леопард принт - тренд за оваа зима. Целосно од природно крзно, удобни и тренди. Уште еден модел од новата колекција во Babette

    [​IMG]
    :x Па уште шмизлетини паѓаат во несвест.
     
  16. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Јадењето месо нема никаква врска со носењето на природно крзно. Како што веќе наведоа, месото е потреба, а луѓе кои носат природно крзно на себе сакаат да бидат забележани од глобалата по материјалната состојба, никако поради интелегенција, знаење и сл.

    Јас сум вегетаријанка веќе седум години, како мала многу ги сакав животните и решив да си ја продолжам дејноста, едноставно ми смета кога јадам месо. Мразам коментари од типот „Има други начини да ја покажеш љубовта кон животните“! Аман бре луѓе ги сакам и точка! Никако не оправдувам носење на природно крзно. Феминките пред мене напишаа се’ што сакав и јас да напишам, нема потреба да повторувам.
     
    На AnaKarenina и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467

    ------------- Цел свет напредна и е против природно крзно, а вие уште го рекламирате и продавате. Огромен минус и срам!!

    -------------- А да размислите дека за вас и вашите чевли убиваат КРИТИЧНО загрозен вид на животно! Грдо, гадно, крваво, 21 век сме треба бар да сме еманципирани и свесно да размислуваме!

    BABETTE Shoes Почитувани, ова крзно не е од загрозен вид, туку од коза, значи животно што се користи пред се за исхрана, а дополнително се користи и крзното. Не ни пага на памет да продаваме обувки направени од кожата или крзно од загрозен вид на животно. По таа логика, ве молам да ни одговорите дали носите кожени чевли или купувате само скај? Нашето искуство во Babette ни кажува дека на цена се сеуште кожените обувки.

    --------------- Носам исклучиво вештачка кожа и вештачко крзно. Нема логика да носам делови од мртво животно на мене кога има златни замени. И да, разликата во квалитетот е минимална, со тоа што јас можам навечер мирно да спијам.

    BABETTE Shoes Секоја чест, браво за свесноста и за хуманоста пред се, само мора да заклучиме дека овде на овие простори сеуште на цена се кожните производи. А ние како еден мал субјект на пазарот немаме шанси да се бориме за овој глобален проблем. Имајте убава вечер :))

    еве некои коментари
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ццц,коментаров им е ... :x
    Ако сакаш да направиш барем мала промена, почни од себе, не чекај другите па после и ти! Уф бе...
     
  19. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Не носам и не планирам да носам природно крзно (освен ако не се преселам на северен пол), мислам дека се изјаснив и дека не јадам месо. Значи сум против носење на крзно бидејќи сепак постои алтернатива.

    Многумина на темава испомешаа вегетаријанство и носење крзно. Оние кои се хранат со месо и носат кожа а се против носење на крзно имаат различен став од оние кои ги етикетираат како лицемери.

    Еве хипотетички на пример имам фарма за зајци, од нив покрај крзно, шубари, бунди, уатевр, произведувам и месо за исхрана, зајачки специјалитети и сл.

    Ме интересира дали во овој случај оправдувате носење на крзно, бидејќи сепак телото на животното е искористено за некој да се прехрани и да ги добие потребните витамини, протеини и ензими во организмот. Значи не сакам со никој да се препукувам, само ме интересира мислење.

    И да додадам дека ги ценам поборците против крзнената индустрија без разлика дали се хранат или не со животни, доволно е и ова што го прават, едно зло помалку. :bow:
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800