Ако си ја барате бељата - повелете пишувајте во оваа тема. Замена за крзното има - точно! Ама има замена и за месото. Т.е. Сите тие витамини и минерали можат да се добијат и преку конзумирање други продукти (спанаќ, кромид, ореви, соја, т.е. и најразновидно овошје и зеленчук....итн...). Значи пак можат да се лишат кутрите животинчиња од убивање. Замена има и за едното и за другото. Е, сега ако кажете не е исто да се замени месото, па не е исто ни да се замени бундата. Кој има природна бунда, знае дека не може да се мери со вештачка (по квалитет и топлина). За се` има замена, и без месо јадење и без крзно носење не се умира, а не се ни боледува. Доказ за тоа се потполно здравите вегетаријанци. И сите ние кои немаме крзна, еве не сме умреле од студ со обични јакни.
Јас само ова ќе го кажам: дај му на некој љубител на крзно бунда од вештачко крзно и кажи му дека е природно, никогаш нема да ја осети разликата. Дај му морков на некој што јаде месо и кажи му дека е шницла...јасно е де. Потполна замена за месото нема, колку и да тврдите спротивно. Дури ни производите од соја немаат таков вкус, а се најблиску до месо.
знаЧи се сведува на лиЧното задоволство и уживањето во неговиот вистински вкус а не во неговата неопходност за организмот?
Аууу ама се одвивала дискусијава, убивање. Убивање животни заради декор е за некои од овде хумано? Конзумирање на месо е дел од синџирот за исхрана, секогаш били така и ќе остане, фактот е дека повеќето цицачи се исхрануваат така. Додека хомо-сапиенсот е единстевн од групата на цицачи кој има потреба од декор на крзно. Не знам која е неопходноста да го ставите на вашето тело, некој ќе ви види ќе ви рече браво ај да пукне фраерка си?!! Сум била против истребување на одредена популација и ставање на црвената листа поради економија, и ебан декор за нечие тело, и ќе остане така. Во исхарана месото е есенцијално и секогаш било, затоа постои природна селекција, сите сме се родиле како конзумирачи на месо, со созревање потоа решаваме што сакаме, дал ќе бидеме веге, веган, раста или органик. Во контекст на тоа... работи нечија свест.. http://www.zdravo.com.mk/vo-holivud-go- ... N.facebook
Благодарам girl.23 за постов, точно моите мисли само што немам време да пишувам и дебатирам, демантирам и докажувам со контра аргументи (а ги имам за секој пост). Како што пишав во првиот пост, ја купив бундата без длабоки морални дилеми бидејки ми се допадна и бидејки имаше мој број, што ретко се случува. Свесна сум од што е направена и како се добива крзното. Бидејки не сум по месото, за мене сте исто толку грешни сите што јадете месо. Грев да се убие по било која основа и нема оправдување: ама ние ке умреме ако не јадеме месо, бидејки знаеме дека не е така. Значи и вие имате грев колку што имам и јас, само работите ги гледаме од различен агол. Јас сум се облекла, вие сте ги наполниле мешињата. И ај добро неможеме без месо. Дали можеме без салами, виршли, мортадели, кобасици, чадени сланини и останати деликатеси кои ги правиме само поради кеифот наш? Кога би јаделе само зготвено месо бидејки ни е неопходно за преживување, колку животни би се спасиле со затворање на месните индустии, О Вие безгрешни борци за правата на животните? Апсолутно сум против убивање на загрозени видови животни за да некој се облече, но во мојот случај лисицата не е загрозена, напротив во доста случаи повеке штета прави на луѓето. Не дека сум завиткана во крзно постојано и не признавам ништо друго. Ке ја поносам уште 1-2 години и се сомневам дека ке купам друга. И не барам изговори за да лесно сум спиела навечер, немам проблем со сонот ако бундата ми е најголем грев, ке си пијам кафе со Тоше наш Гарантирам дека повеке ги почитувам животните барем од 50% од девојките што се попалиле на темава. Мој избор беше да купам бунда, јавно признавам и стојам позади својата одлука. И месо јадам понекогаш. Барем не се залажувам дека сум безгрешна и не осудувам никого за изборот што го направил во сопствениот живот
Темава е за крзно, не дали ние јадеме месо и зошто јадеме. Воздржете се од коментари дека сме лицемерни ако јадеме месо, а природно крзно не сакаме. Не мора овде да не просветлувате, си имате тема вегетаријанство, таму коментирајте. Оваа тема е за крзното и нека остане така.
^^^ Lov3 јас не пропагирам вегетаријанство туку наведувам контра аргументи, кој ете случајно се на таа тема. Или Вие сакате тема каде ке ги осудувате луѓето кои носат крзно без да слушнете различно мислење?
Јас повторно ќе излезам со мојот став дека е лицемерно од сите вас тука кои плукате по сите кои што носат природно крзно (јас не носам) нарекувајќи ги со секакви имиња, а притоа не се запрашувате самите зошто јадете месо и зошто носите кожни чевли, чанти, ремени итн. Значи, според вас тие што носат крзно се за осуда, а вие што јадете месо не сте? И немојте ве молам да се оправдувате со тоа дека месото е потреба за организмот. Не е никаква потреба туку навика. Според вас сите што се вегетаријанци треба да умрат бидејќи не ги внесуваат "неопходните" хранливи материи што ги содржи месото? Мислам... ќе ви се смее некој, навистина.
Многу луѓе опстануваат без месо, тоа е избор на начин наживеење како што е избор дали ќе носиш крзно! Значи мене ми смета кога специјлано животоното е убено само и САМО поради крзно. Овде секој има право на свое мислење и став како што ти го направи тоа, и на еден начин ги осуди оние што конзумираат месо. Знаеш има постапки за конзервација кога животоното треба да биде отстрането бидејко се појавува инвазивно, со тоа што делува на други популации за затоа има термини во годината кога е дозволен лов за одредени животни. Тоа е со цел да може да опстане агрикултурата или некои други животински видови. Како и да е животни кои специјално се убивани а се редок вид се -дабари, чинчили, морски лавови, мечката, одредени видови лисици, ракуни. Како и кучиња и мачиња. Замисли денес ти го убива некој кучето за да ти направи прекрасна бунда која јако ќе те згрее? Имаш и други производи и материјали кои можат да го сторат истото, ама факт дека крзното , бундите и се друго го користат за помодартсво, јак фешн филинг.. Друго е кога ќе го искористиш волната од овцата зошто не и ја корнеш кожата. Друго е и кога би било искористена кожата од животно кое умрело од природна смрт, селекција.. ама сосема е нехумано да отидеш да убиваш со цел да го одереш за да на некој му направиш убава бунда.. И нема потреба месо да се споредува со крзно. Тој начин на исхрана постоел од настанокот на човекот.. и ќе постои како што напоменав сите цицачи се исхрануваат со месо, само човекот убива за крзно!
Kрзно природно со вештачко ајде да речеме и нема некоја разлика. Можеби на пазарот има и повеќе вештачки крзна со налупана цена, па бидејќи во високите кругови нели цената го продава производот и нема разлика. А, кожа со скај има разлика?
Разликата е очигледна меѓу вештачко и природно крзно душичке, да не тераме инает! Како распознаваш адидас патики од на пазар абибас?? Или Биана чевли од чевли од Гари?? Замена за месото не реков дека има во вкус! Туку во витамини, минерали, микроелементи.... Значи што е финтата - уживањето во вкусот? Убивање заради уживање во вкусот? Нели беше се` околу неопходните материјали во месото за здравјето? (Убаво кажа Шана, ах пусто уживање во колбавчиња, мортадела, чадено филе...) Темава е меч со две острици. И затоа и двете теми се сакале-не сакале поврзани. А, лицемерно е кога некој јаде месо е оправдано, супер! А, ако некој носи крзно е крајно осуден! (А, каде се кожните чевли, патиките, итн...секој трет ги носи и е нормално, ама да не е крзно!! ) Несфатливо!!!
Oдете и кажете им на овие 350.000 фоки кои што секоја година се убивани-само заради нивното крзно дека е несфатливо...
Темава се врти во круг, жално е, па жално е... Секако дека е и жално, за осуда, неприфатливо, нехумано, па треба да е човек психопат па да му е сеедно кога ги гледа овие потресни слики или снимки. Од друга страна, за носачките на бунди со леснотија носите заклучоци и давате секакви квалификации. Јас лично познавам неколку жени кои носат бунди, а се исклучително хумани и приватно и професионално. Ама има повеќе видови хуманост. Некој се бори против злоупотребата на животните, друг против злоупотреба на деца, против трговија со органи и сл. И што сега... И страшно сум против вакви негативни кампањи како оние на ПЕТА или слични. Нешто што најзначајно ја подигнало свеста за овој проблем е филмот 101 далматинец. Се сеќавам син ми беше 5-6 години, во Грција, пофатив една бунда, а син ми низ заби ми се обрати -ако ја купиш ќе те викам Круела, а не мамо! И бев горда на синот. И за месото кое го јадеме.. и етиката. Слушав еден антрополог или што ли беше, дека човекот е всушност по анатомските предиспозиции создаден како тревојад но понатаму во текот на филогенетскиот развој станал сештојад. И оваа теза ја застапуваат вегетарјанците, односно дека месото не ни е витална потреба. И повторно, што сега... Милјони животни се колат дневно, а месото не е наша витална потреба? А болката и страдањето на животното е иста. Оние кои го паметат периодот кога на времето за секој 29 ноември и Први мај, се колеа животни во дворовите на нашите дедовци и баби, знаат за што зборувам и можеби уште го помнат плачот на јагнињата кој личи на плач на дете.
Лелее, порано многу ми беше некако кич крзното, посебно тие кратките крзнени јакни и оние белите за невестински фустан. Неможев да ги смислам Сега немам некое високо мислење за крзното, но во одредени ситуации може да изгледа доста елегантно, висока мода да не речам. Голем љубител сум на животни, едноставно неможам да опстанам ако со мене немам некое животинче, но сепак не сум против природното крзно -ДОКОЛКУ го прават од веќе мртви животни - кои умреле по природен пат, а намерното убивање на животните строго го осудувам и сум против таа постапка. Вештачкото крзно е добра солуција, само во случај кога ќе се одбере вистинското ( затоа што дома веќе имам 2 вештачки бунди од кои едната е малку покрута а другата е помека и со подобар сјај)
Гледам се насобрале и сите вегетаријанци на темава и на големо се дискутира околу етики дури и психолошки профили се прават на личности. Два податока ќе уфрлам - 1. Хитлер бил и вегетаријанец и голем љубител на кучиња, сепак го тапкал по рамо другар му Менгеле кога од живи луѓе вадел цели органи да испита колку временски се издржува без истиот орган пред да настапи смртта. Инаку за останатиот дел уништени во неповрат или трајно осакатени и истрауматизирани луѓе со ,,погрешна,, национална, религиска, политичка и др. карактеристика, веќе ви е веројатно јасно. Така да јадење соја и морковчиња никој не рече дека = добра личност, бај д веј има и месојадни билки. НИКОЈ НЕ Е СОСЕМА ЧИСТ затоа и цело време ви потенцирам дека нема што на било чија хипокризија да гледаме со благонаклоност, ама кој да сфати или така му чини . 2. Кога веќе сте скокнале како месојадците се лицемери ај едно прашање за вегетаријанциве - дали никогаш не сте се напиле било каква таблета или сте ставиле капки за нејм ит кој телесен отвор или користеле било што од фармацевтската индустрија, м? Грл 23, посебно ти сакам да ми одговориш. Бидејќи фармацевтската индустрија е еден од водечките уништувачи на животни на глобално ниво. Поентата ми е - животни умираат и за исхрана на луѓето, и за образовни цели, и за тестирање козметика и лекови, и за модната индустрија, и од чиста мира - за изживување на разно разни психопати од луѓе врз нив. Сепак, наше е ако имаме доволно свест и желба за истото да го намалиме, ако не сме во состојба да го искорениме во целост ова лудило од планетава, а сечиј индивидуален напор со велење НЕ на барем една до две од ,,понудените индустриски кланици за виши цели,,, значи повеќе живот на планетава.
Не сум носела, ни ќе носам крзно. Ги сакам животните и неможам да ги разберам луѓето што не сакаат животни. Не ги сакај ама не ги ни убивај. Безчуствителност!
зошто природно кога во денешно време имаме толку алтернативи?тие што носат ,не им текнува дека кутрите животни се дерат живи?