Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крзно - природно vs вештачко

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 октомври 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Мразам и не би носела никогаш, ниту пак сум носела.

    Како прво, чисто онака од естетска гледна точка, прашање на вкус е знам - ама поголем кич за мене не постои. Нема ништо погрдо од крзнени палта. Толку се некако обемни што те прават одеднаш од човек да заличиш на пуфлест, наежен, и со месеци нестрижен кинг конг. Додади шминка и натапирана фризура, и да ти се прикака од сета таа „убавина“.
    Ми рекле - ништо толку убаво не грее како вистинско крзно.
    Грее богами грее. Во денешно време кога малку еволуиравме и фала богу не сме повеќе неандерталци ниту кромањонци, излишно е да се убиваат животни на таков грозен, садистички начин за што? За едно пуфлесто парче околу мојот врат кое згора на се изгледа навистина невкусно, кичесто и грдо.
    Место шалче врзала мртва лисица која си го гризе опашот, па уште и ако е фарбана со дречливо сина боја (о и такво чудо имам видено) - абе, уметност! :x

    И навистина не разбирам од какви побуди некој купува крзна. Уште помалку го разбирам оној кој ги дере оние животинчиња за мал број на покондирени тикви и тешка аристократија.
    Искрено, ми се гади од овој бизнис. И подеднакво мислење имам за дијамантите. Крвави се.

    Толку и бљак. Уф, од што сум лута секогаш кога ќе се отвори ваква тема за разговор, не можам ни да продолжам да пишувам :|
     
    На girl.23, crazyinlove19 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Jас би се чувствувала супериорно и одлично ако ја носам твојата кожа на грб. Ама најсериозно.

    Не знам како може да постојат вакви личности. :x :puke:

    Никогаш,ама никогаш не би ставила крзно на мене,ни вештачко, ни природно.
    За изгледот не сакам да зборувам, ама да ставам невино душиче кое паднало во рацете на некој садист на грб или на врат, не фала. Пре би кожа од педофили да ставам.
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не, не и НЕ! Никогаш не би носела природно крзно.
    Кога ќе ми текне само колку животни се убиваат за тоа, језиво ми е, ми се плаче дури! Така што нема нешто што би ме натерало да облечам, и цврсто си стојам на ставот.
     
    На dolly.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    http://www.polyvore.com/cgi/shop?query=faux+fur


    баш тука гледав за вештачки крзна
    Aбе ајде, кажете ми само дека не се скоро исти како реалните, само со мала разлика
    ниедно животно не било дерено, или не било умртвено со струја во анусот

    Aма не оди и кажи им го тоа на модните икони Kо Eва лонгорија, оливија палемо ;)
    Mодни икони- мај ас

    едит- еве кој сака бунду од Hерца, некоја никобуџетна пецаљка со потенцијал на порно звезда, од ш класа
    ама не и замеравам толку, судејќи како е облечена дефинитивно не знае што е стил, барем не стил со класа
    Tина иванович со песната бунду од нерца |(
     
  5. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Јас сакам крзно и имам елече но е вештачко...Би сакала некој ден и природна будна да си имам :D се е до вкус мене ми се допаѓа.. :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Ајде сега цела тема да ја сведеме на навредување на една членка и сите да дадеме по еден вицкаст и досетлив коментар. :)

    Добро Шврци, зарем не ти е жал за животните? И нели би ти било језа да носиш мртво животно на грбот. Па човече, тоа е нешто како да умрело на тебе.
    Јас никогаш не би носела крзно, се сложувам со сите коментари погоре во врска со темава.
     
    На LittlePinky, Miss-Independent и ludoto19 им се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сцена 1
    Две животни разговараат :

    A: -" Јас би сакала да ја имам swicii kako бунда , да ја носам насекаде и се пофалам на другите мечки"
    B: -"Добра идеја , ајде да ја ловиме "


    Сцена 2
    Swrcii и мечка A i B

    A :-"Решивме да те носиме како бунда"
    Sw :-"Ама,Ама ја сум невино девојче ... сакам да живеам"
    B : - "СКИДАЈ ГАШЧЕ има бунда од тебе да направам , ако ти не се грижиш за нас и сакаш да не убијат за да ти би не носела онда ферски е истото да го доживееш нели "


    Сцена 3
    swrcii се буди од сонот и тогаш извлекува поука


    Никогаш не ги повредувај животните за своја мода или свои цели , бидејки истото може и тебе да се случи еден ден , karma is a bitch :!:


    Јас никогаш не би носел нешто што би можело да повреди некое животно
     
    На LittlePinky, CoverGirl10, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Природно никогаш не би облекла.Абе ако не за ништо друго шубе ми е бе брат!
    Како мртво животно на себе да носам.Уствари зошто како.
    А ви текнува на оние лисиците како шал што ги носеа едно време?
    Врр...се ежам.

    Иначе ни бунди не сакам,зборам за вештачки сега нели.
    Интересно ми е вештачкото крзно како уметак,на пример на јакна,сеа нели и на чизма се носи,или па крзнен елек..Така нешто да.Ама бунда сеа да земам да облечам-не!

    Битен заклучок-никогаш не би ставила мртво животно на мене.
    Зашто:Као прво жал ми е да се мачат и убиваат животни,ради мода и курчење.
    Као второ,шубе ми е мртво суштество да носам на себе па било животно,човек или мува.
    Хвала лепо. ;)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Леле колку лицемерни мислења прочитав :o
    Крзното не било убаво да се носи оти ги убивале животинките, ама кожата може? :^) А плус и во секојдневната исхрана користиме производи од животинско потекло, тие животни не се ли за жалење?
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    прво си офтопик

    hrana-i-pijaloci/vegetarijanstvo-t2640/

    2ро. исхраната е едно, и за жал така е, се уште не нашле вештачко месо, со сите ак протеини итн што ги има вистинското месо
    додека за крзното постои замена- вештачко и не мора да се дерат зајаци ракуни мачки кучиња и више не знам ти што ;) :)
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И, сепак е тоа синџир на исхрана, а да се носи природно крзно не е толку неопходно. ;)
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Огромно Против.
    Нема потреба да се објаснувам.

    Само чудно ми е постоењето на особи чија што кожа празнува од чувството да гали мртво животно... при толку живи...
     
    На rossonerka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Лудо сега не знам од каква кожа ти е саатот. Ама ете да речеме од телешка, говедска ли како и да се вика зашто таа е најупотребувана. Го јадеш нели нивното месо колку што знам не си вегетаријанец, сакаш кременадла :) кога веќе го конзумираме месото зашто да не ја носиме и кожата од животното? Значи кожата од животното кое го јадеме. Кај нас се произведуваат кожни чевли Биана, Баргала, Газела но тоа се кожи од кланици од животните кои ние веќе сме ги изеле. Не е убиено животното само за нашата чизма, ко случаите со бундите.
    Е сега ако е кожа алигаторска, змијска или некој друг дивеч тогаш во ред те разбирам, зашто и јас не носам таква кожа освен еко кожа со бои и дезени.

    А за Поливоре убаво си праша ама тоа е игра, нема врска со реалност. Ако ондак е злосторство тоа што во сет ставаме крзно без притоа да провериме дал е природно ил вештачко, ( ете лично не проверувам иако во овие 3 години на прсти ќе изброиш сет со крзно) тогаш сите сме злосторници и убијци што како мали пукавме со пиштол во патки на нинтендо или нескајки кучето ќе го пукневме. :)
    Во ред ако сметаш дека е погрешно, но јас не гледам поврзаност на Поливоре со мојата реалност и со мојата одлука никогаш во животот да носам бунда.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    не јас, некој друг, тоа го користев како цитат, за многумина ;) инаку во право си за малите животинчиња но јас сум за СЕ против.Денес е доволно напредната технологијата за да се облечиме и во нешто друго фала богу. :D
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас таа мода не ја терам :) , во основа не сакам бунди па и од какво и да било крзното.
    Исклиширано мислење дека никој не сака убивање на животни (а сите сакаме кожа - поквалитетно, перја...), како да некој си шета по планини и си лови животни за крзно, кожа...Ок, го има и тоа и е нелегално ама тоа е, животот е суров :$ .
    Смешен ми беше периодот кога сите препарираа крзна од зајаци и ги простираа по подови. Да, тогаш тоа беше мода. И сега, кој си тера мода за крзно без разлика дали природно или вештачко, си купува таква облека и не ни размислува колку животни се убиени и сл.Едноставно како сервираат на модните писти ]:)
    Секоја чест на цврсти карактери :angel:
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Во праисторијата од уловеното животно се искористувало апсолутно се‘ за потребите на луѓето и секако крзното покрај тоа што се користело како облека имало често и друга намена да ја демонстрира надмоќта на ловецот, кој успеал да ја освои битката со животното и тоа бил лов со нашилени орудија од камен и стрели кој се одвивал тет-а-тет, а не сега со оружја со невиден домет и прецизност ќе глумат ловци по саваните пффф |( ама да не забегувам многу од темава.

    Во денешно време на постоење толку различни материјали да сака некој да носи крзно, кое е платено со животите на специјално за таа цел уловени и усмртени живи суштества, ми е на понизок степен на развој на мозок и од неандерталец и од кромањонец. Не почитувам почитувачи на природно крзно. И не сфаќам што мислат само дека демонстрираат?! Едно знам, колку и да се славни на овој начин повеќе губат отколку што добиваат во врска со мислењето за нив пред и после крзното. Па, секој нека си калкулира сега и понатаму по своја проценка.
     
  17. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    И мене би ми било неубаво и не знам како ке се чуствувам со вистинско крзно.. За на изглед ми се допаѓаат ако одлучам да купам такво ке биде од вештачко крзно :clap: не сваќам зошто но после сликата сите со навредливи коментари враќате само за едно мислење... :?:
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    НЕ, НЕ, НЕ !!! :x :x :x

    Никогаш не сум облекла, ниту ќе облечам крзно.
    Нема погрозна замисла од тоа! Да носам такво нешто на мене!!! :x
    Имам совест спрема животните.

    (Еднаш во проадвница видов убава бунда-елече, и на допир беше многу мекушеста, убавка, и продавачката гордо викна: е, тоа ти е зајачка кожа! Леле, колку ми се згрози што држам в раце :puke: )

    Пс. А, за вистински крзна, треба подлабоко да се шепни во џепчето, мада, ова е мање битно.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Природно крзо, јок, фала, ноу тенкју.
    Вака на изглед целите крзнени бундишта ми се грди, крзното како детал да, дали на крагња, дали како елек небитно, но битно е да е вештачко.

    Лани видов една бела баретка, нежна и прашав за цена ми рече 2000 и нешто, навистина беше симпатична но кога продавачката рече : -Тоа од зајче, природно, македноско произвдство.
    Мене мислам цревата ми се превртеа, во сета гужва која ми се створи во глава само побрзо ја барав вратата и да бегам што подалеку.

    Навистина кога ќе видам така некоја идиотка ми се прчи со крзно си помислувам замисли некоја да ми ја убие Бела за да си направи бунда, па има таа некоја без сопствената кожа да остане.

    Друго е кожни обувки, таа кожа е добиена од животни кои служат за исхрана, а ова со крзново богами верверчка, ракун, мечка и т.д. не убиваме секој ден за да се храниме.
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    сите што толку се удираме у груди за животниве тоа ништо не им помага.
    треба сите не само што нема да носат крзно и кожа туку и да не јадат месо (ај млечни производи не ги спомнувам бидејќи животните млекото, јајцата ги создаваат по природен пат)
    а од тука не верувам некој, или ептен ретко, да е веган. :worried:
     
    На MissBreezy му/ѝ се допаѓа ова.