Ете ме мене. Не јадам месо, не носам крзно, прав веган сум. И скроз сум против убивање на животните поради задоволување на наши потреби.
Ако веќе се грижиш за животните на тој начин, ни млеко и јајца не би требало да конзумираш затоа што не се чуваат баш во идеални услови животните од кои се добиваат тие производи. Не верувам да се среќни така затворени и употребувани само за да нахранат луѓе. Уствари еве може да конзумираш, ама од селски луѓе што чуваат крава и ја пазат како член на семејство, пасе на отворено и е среќно животно, затоа што нели - припаѓа на пасиште а не во кафез. А човек што е вегетеријанец за добро на животните, за целосно да не ги повредува правилно би било да се откаже од спакувано млеко и млечни производи кои масовно се произведуваат и јајца од живинарски фарми (плус од јајцето се добива пиле), што во денешно време е практично невозможно. Спојлер Инаку на темава - природно крзно не. Не ми е сфатливо да носам на себе животинче кое било убиено за јакна. За кожата што се искористува од животните кои се јадат имам ист став како Росоњерка, да не се повторувам. Не го сметам за лицемерно тоа што не оправдувам крзно и други убивања на животни кои не задоволуваат основни човекови потреби, а јадам месо (а тоа повлекува оправдување на користењето на кожата добиена од животните што се јадат), зашто постои голема разлика од потребата за храна и потребата за облека на која може да и’ се најде соодветна, и подобра замена.
Не носам крзно ,еднаш имав бунда од крзно ии повеќе од два пати не ја облеков Крзното не е за мене, кожата ме чеша и грозно стои Видов една жена лани ,стои пред ГТЦ ,искрено ми се слоши ГоооОлемА крзнена бунда ,а на неа глава од лисица
а од тука не верувам некој, или ептен ретко, да е веган. [/quote] Кога веќе се оди оф топик нека се оди до крај A ти не се пукаш во гради дека не јадеш месо, а кажи ни, што бренд ти е маскарата ? или пудрата? Која си ти нас да ни кажеш у осталом дали ние да јадеме месо или не? Месото крапиц е? има замена за месо? Немој само те молам да ми кажеш соја вегетаријанците знаеш ли како викаат за млекото- Млекото е за бебињата на животните-Тогаш ти зашто им го пиеш? или за јајцата- зашто ги јадеш? сигурно си лакто-ово вегетаријанка или се лажам!? и те молам, немој да споредуваш крзно и месо ама никако Месото е потреба, физиолошка портеба, што некои луѓе се решиле да ја потиснат, а некои не! А додека пак крзното е каприц, и живи животни одрани се фрлаат во буниште само за некоја си да си го грее газот а ретки се веганите (ако не ја знаеш разликата меѓу веган-вегетаријанец) бидејќи веганите не користат апсолутно ништо што доаѓа од животните, и не користат производи кои се тестирани врз животни затоа се и толку ретки
Јас ја сфатив пораката од Каша. Како може да ти пречи на носиш крзно на себе, а не ти пречи да внесуваш животинска храна во својот организам низ уста. И да, навистина е контрадикторно ова, ама така е! Извинете за офф, ама на тие што пишаа над мене, јас напишав: што значи дека не јадам ништо животинско (ни месо, ни млеко, ни јајца). Логично на ова, да повторам сум против носењето крзно!
НИКАКО! Колку само ми се насолзија очите кога ја видов сликата со лисицата, а не пак да го носам тоа.. Жалосно
Hе воопшто не е контрадикторно! девојко ти разбираш ли дека едно е месо друго е крзно? Tи ако си решила да бидеш веган секоја чест за тебе! Tвое право си е! Cамо немој толку арогантна да бидеш, контрадикторно, ако ги јадеме, не значи и дека сакаме да ги носиме Oд 7те основни продукти во исхраната месото е на 2 место по битност за жал така е, и утре кога ќе ми дојде пациент, сигурно дека нема да можам да му кажам не јади месо побогу право на избор е, ти не сакаш, не мора да значи и дека другите не сакаат Oд пра историјата се јаде месо, и после 5000 години човекот не нашол замена, а ако се најде замена јас прва ќе јадам вештачко месо, како што пре би вештачко крзно Tака да тука да завршиме, си има тема вегетаријанство, тука си коментираме за крзно т.е крзнена индустрија, а таа стопанска гранка нема допирна точка со месната индустрија бидејќи тие животни не се за јадење
За носење на природно крзно сум за огромно ПРОТИВ.Никогаш не би облекла природно, иако убаво изгледа - да, но при помислата дека којзнае колку животинчиња биле убиени за да се дојде до тоа ми се повраќа!И не ги сфаќам бре луѓето, како имаат совест да го носат. А вештачко може, тоа е доста добра замена (не доста добра туку идентично изгледаат), и никој не е убиен за да се дојде до таа бунда/елек/капа, што и да е. Поправо и си имам едно елече од вештачко крзно, и како додаток на капа од некоја јакна.
Голема фаца ќе испаднеш А ? Бог да чува Се чувствуваш убаво и секси носејќи на себе крзно од сурово убиено животинче ?!
Не сум многу голем љубител на крнзата и природно не би носела, вештачко ако морам или немам што друго да облечам
Еве го прво мојот пост, па твојот, и кажи кој е тука арогантен??? Иначе знам дека едно е месо, а друго е крзно, правам разлика. Но дали сфаќаш дека тоа се два дела на ЕДНА целина? И се неодвоиви! Дека е на 2 место, хаха, баш ме изнасмеа, добро објасни ми како сум јас здрава и жива? И не барам никаква замена за месото. Не знам зошто би барала.... Спојлер Пишував во `вегетаријанство`
Oд каде па ја знам зашто си ти жива и здрава? ваљда витамини земаш Jас ти кажувам зашто го учам тоа и го знам јас реков ти ако си веган не значи дека и ние треба да бидеме Tоа кучињата и мачињата јадат месо, па што останува за луѓето чао пријатно и не е исто, телата на лисиците, ракуните итн не доаѓаат во пакет со крзното, за да си ги зготвиш точка
Никакво. Од проста причина што ми е прва асоцијација за кичести певаљки и невкус. Ако вистинското крзно е единствениот начин да се згрееме во ладните денови - поголем fail од овој аргумент немам чуено. Воедно, не проповедам хипокризија како некои, си јадам месо, не верувам во вегани и вегетаријанци и моменталната финансиска состојба не ми дозволува да пребирам маскари и пудри, па да ги враќам зашто биле тестирани врз животни. Ама ова е веројатно чекорот кој не враќа на почетокот на еволуцијата и не рамни со неандерталци. Да се замотаме во крзно... пази немој. После сите неправди кои ги стигнуваат животните од страна на човекот (што патем и не ги љубам многу) фали уште во тој краток и кутар живот да се одерат.
Би носела само нешто слично на првиот и петтиот модел на сликава и тоа исклучиво вештачко крзно. Природното е прво и основно премногу скапо па и да ми течат пари не би дала за него толку.
Малку ми се контрадикторни постовите затоа што голем дел од бундите, елеците и слично се од зајачко крзно, а луѓето јадат и зајаци Од една страна викате, па да носам кожни чизми, но не е само за нив убиено кутрото животинче, синџир на исхрана ... И да може да преживееш и без да јадеш месо Како и да е да не одам оффтопик никогаш не би носела природно крзно, како прво и прво гадно е, мртво животно да носиш на себе За вештачко - зависи од моделот
Јас имам палто крзнено многу си го сакам ама не е од природно крзно фала богу,од природно никогаш не би го купила(да мислам дека некое животинче кутрото го одрале за да му го носам крзното-жално )
Имам 2 будни од пред ратот, од вистинско крзно...Баба ми ги добила на поклон од Америка. Иначе имам неколку крзнени бундички што си ги направив сама од крзно кое го купував во продавница за текстил по солидна цена... Ги носам нив но поретко, ама немам срце да купам бунда од природно крзно. Не
Видете, кај нас, а и на многу места низ светов, не знам кој е запознаен кој не е, животните било за кожа, месо, крзно се убиваат на истиот начин. Има закони за тоа, ама кај нас кога и дали ќе стигнат не знам. Така да ако веќе мислите дека е ок да носиш нешто кожно/крзнено затоа што претходно тоа животно е убиено за месото, исто страдало, жалам ама вистина е. И месото не е неопходно за човечкиот организам, всушност човечкиот организам не е создаден за да се храни со месо, нити забите му се така градени, нити желудникот му е создаден да вари месо. Јас не сум вегетеријанец, јадам месо, не јадам многу од проста причина што мајка ми не готви толку често исклучиво месо, иако да биреме реални скоро во секое јадење има месо дали мелено, дали сланина, дали ребра или што ја знам итн. Конкретно за темава, немам никаква крзнена облека моментално, освен на капуљачите на капутчето и на една јакна. Едноставно не ме привлекува крзнена облека. Ако некогаш нешто ми се допадне би купила исклучиво вештачко, прво од жал, второ поради мирисот кој го има природното крзно, трето стварно би ми било многу језиво да носам природно крзно на мене.
Кога некој држи диета на пример, не се откажува целосно од храната, сепак нешто јаде нели?! Читам коментари дека ако си решил да носиш вештачко крзно, зошто не си вегетаријанец.Јас јадам месо, ама тоа не значи сега да да земам да се расфрлам со вакви и онакви природни крзна, сепак ако можам на некој начин ќе ги "заштитам " животните, кога ете не можам да го исфрлам месото од исхрана. Освен тоа, споредбата е прилично глупава-месото во исхраната е битно и за здравје, а крзното за што, освен за чалам. Сепак, мислам дека многу луѓе, особено познатите последниве години се против природното, иако повеќето заради имиџ, но не е битно.