Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крзно - природно vs вештачко

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 октомври 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да да може тоа е така во некоја цивилизирана европска земја... а некаде и со струја во анусот
    Aма во Kина.... :worried: :worried: Kако ги дерат??
    живи... во кина така ги дерат, и ги фрлаат сеуште живи, дури и зајците, не ги јадат, стриктно заради крзно ги дерат и после ги оставаат така во агонија по кој знае колку саати да си умрат
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Лудо на дедо му порачав да убие едно лисиче за околу врат(нели мн сакаш)
    За месец најмн твое ќе биде. :devil:
    Mwa top si
    ауууу лошо изгледа кога вака ќе го прочитам или наглас кога ќе го кажам ова :(

    Инаку да не забегувам, секако дека крзно ни сум носела, ни планирам.
    Не ми е убаво, ни вештачко ни природно, а па за природно да не ни правиме ич муабет.
    Каква и да е животинска анимација не ми е привлечна ич, ни зебресто ни тиграсто, нејќам такви работи/алишта за носење, а крзно уште помалку.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.011
    Пол:
    Женски
    Носам.Природно.Имам бунда од мајка ми и јас имам една купено пред 7-8 год.
    Ме топлат и убаво ми е.
    Не се замарам како е добиено.
    Најмалку носам за да покажувам нешто.Има многу поважни работи во светот на кои трба да се обрне внимание.
    Осудувајте колку сакате и напаѓајте колку сакате,ова е мојот став.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Извини Грл, морам да те цитирам неколку пати зашто ова ми падна во очи.

    Тема Палачинки:

    Teма Што појадувавте денес:
    Тема Мафини

    Мене не ми пречат вегани, луѓе што собираат скапани овошки за да се прехранат и слично, ама ми пречи кога ќе видам дека некој еднаш зборува едно а друг пат друго.

    А Трендафилка - не е проповедање хипокризија ако имаш став за нешто, како што тебе ти е жал за животните што се дерат за крзно, некому му е плус жал и за тие што се убиваат за да се нашминкаме, некому уште плус - за тие што се јадат. А во соодветната тема за козметиката воопшто немаше проповедање, ако мислеше на тоа.
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Да, пијам соино млеко. Произведуваат од Виталиа.
    А, за колачот - го правам за гости, взити, родендени. Готвам и месо за гости. И знам многу рецепти. :D Ама, јас не јадам! :!:
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Барем си искрена дека си заостаната. Се додека се вадите на најбедниот изговор „има многу поважни работи во светот“, во светот ништо нема да тргне на подобро. Ама многу ми е мило што таквите како тебе се се поретки, па затоа и драстично се девалвира цената на природното крзно и во некоја догледна иднина ќе биде и целосно исфрлено од употреба.
     
    На mims-89, AnaKarenina, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ама малку ја претерувате. Се додека има кој да дере животинки, се дотогаш ќе има природно крзно во употреба, и нормално ќе има кој да го носи. Малку неправедно Саја од твоја страна како и се фрли на Орхидеја, како таа лично да е поборник за дерење животинки и самата да одрала за да си направи бунди. Некој ги одрал, направил бунда и таа си купила. Што толку комплицирате? :)
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Тоа и ме нервира. Навистина нема потреба од дрвен полицаец на темава. Комплицираме затоа што е комплицирано. Мене лично ми е преку глава од демек апатични луѓе што избираат да затворат очи пред сите гадости што се случуваат и да свртат глава. Мене тоа ми е неправедно.

    Повеќе ќе ја почитував да речеше дека сама би одрала животно за да си го носи, отколку вака на најпедерскиот начин да се „гордее“ со крзното а да не знае колку е тоа крваво.
     
    На mims-89 и girl.23 им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Факт е дека е грдо, и дека е греота, ама можеме ли да го запреме тоа? -Не. Не се виновни оние што го носат, виновни се оние што го `произведуваат`. Логика - Ако тие не произведуваат, другиве нема да носат. Тоа ми беше поентата. :)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Aма, ако нема пазар, ако нема потрошувачка нема ни да има потреба од производство, ќе нема потреба да се дерат животните. :)
     
    На mims-89, rossonerka и Saya им се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    А тоа што јас сакам да го кажам е дека целиот тој процес е ништо повеќе од круг. Факт е дека по масовните кампањи за забрана на природното крзно, неговата цена премногу се намали и е скоро половина од што беше пред 10-тина години. Значи, ако се помалку се носи природно крзно, се помалку ќе се произведува, затоа што профитот ќе замре.

    Ама сигурно дека тоа не може да се случи преку ноќ, и се додека постојат луѓе кои се со ставот „Шо има везе, јас сум само една во 6 милијарди, не можам ништо да сменам, па ај ќе си носам крзно“ ништо нема да може да се направи. Секогаш сум викала, прво се почнува од себе, глобалните промени доаѓаат како резултат.
     
    На mims-89, BoaVista, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Уште како мала се вадев од памет кога баба ми ќе ја замоташе таа лисицата морбидна околу врат. Имаше една штипалка за закопчување баш кај муцката.
    Тотално ми ја уништи замислата за лисици што ја имав од овој цртан:
    [​IMG]

    Мајка ми носи.
    Ги има неколку, вклучувајќи ја и таа од нерц.
    За да се направи таа бунда , потребни се околу 100-тина. За тие што не знаат, еве како изгледаат животинките:
    [​IMG] :tmi:


    Мене ми е језиво, многу.
    Премногу за да еден ден ја ставам бундата на мене. Или да фрлам толкави суми за парче одрана кожа.
    Ја мразам Круела.
    И мислам дека ако постарите генерации би го гледале овој цртан филм, малку поинаку би размислувале. Ние што од мали сме израснале со приказнава, верувам дека барем малку влијаела за изградба на нашите морални вредности и принципи.

    [​IMG]
     
    На mims-89, Monna.Monna, sweetheart10 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Се сложувам потполно Саја. Не чекај на другите, почни од себе си. Се` додека постојат потрошувачи, ќе има и дерење крзно. :)
    А, за девојчето што призна дека носи крзно и и` е убаво. Браво на признанието! Барем си беше искрена! ;)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Бога ми и јас истово го имам помислено :D во право си.Исто и јас сум за никакво :D не сакам нити природно, нити вештачко.Само, греота е да колат животинки, за човекот да носи крзно |( што не се доживуваат :worried: :( но, изгледа како да нема доволно начини за да се произведе облеката, па сега ајде и на крзното |(
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Еве ви неколку видеа за да го видите процесот на производство на бунда.
    Не се гадни, вистинити се реални.
    Ако сакате да го носите тоа влакно на себе бидете фер и изгледајте ги.

    http://www.youtube.com/watch?v=90e81SuoIvI

    Ми падна во очи тигарот, алооо тоа е загрозено вид животно а они го дерат за плукната бунда!

    Како изгледа фарма за прозводство на бунди
    http://www.youtube.com/watch?v=bTKgtFrM ... re=related

    Секој кој смета дека некој на темава претерува со осуда, дека не се виновни купувачите (а зашто би убивале животни и би се произведувале бунди ако нема кој да ги купи???) и дека тоа влакно е убаво изгледајте ги видеава. А ако ви се малку скратениве видеа ќе ви дадам торент со документарци.
    Фала ви однапред!
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Страшно ;( имав видено и други видеа вакви.Па зарем, до толку ли е битно да колат животни, за да прават будни? :fubar: :@ :@ Болката е болка :fubar: , незнам како може да прават вакво нешто, да утепам некое животно и крзното негово да го носам |( нема да си дозволам такво нешто, а не па да купам и носам, па и да бидам милијардерка, колку сака нека нека е во мода.Немам душа да го утепам, а не па крзно негово да носам :fubar:
     
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.011
    Пол:
    Женски
    Гледам некој се служи со некакви вулгарности.Ама каква среќа што живееме во свет каде има луѓе како тебе.Колку само напредно размислуваш.Само напред ,сигурна сум дека далеку ќе дотуркаш...
    Не станува збор за никаква апатија.И тврдам дека има ПОВАЖНИ работи на кои треба да им се обрне внимание.
    И ако темата е за заштита на животните,а не за крзно, дали носите природно или вештачко,еве уште материјал да ме напаѓате.Во мојата област,во истражувачката работа,знаете ли само колку животинчиња само се употребуваат за изнаоѓање на лекови кои помагаат за лекување на луѓето.Тоа е одобрено со разни регулативи,но на ваквите препаметни како тебе не треба да им се објаснува,сигурна сум дека си запозната....И знам дека за здравствени цели е друго,за мода е друго,но и едното и другото е индустрија.

    И уште нешто.За добивање на вештачки бои,материјали,крзна се користат многу штетни супстанци,кои и тоа како ја загрозуваат животната средина.

    Мојот став е тоа ,на некого му се допаѓа ,на некого не.
    Не сме сите исти и добро е што е тоа така.
    Од мене толку ,а ти и таквите како тебе ,само напред. :hai:
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    ^ Орхидеја, не знам зошто тоа што констатирав дека имаш заостанато размислување ти го сметаш за вулгарно. Не можев да најдам посоодветен збор за некој што ужива во носење на мртви животни. Извини ако со тоа на некој начин те навредив.

    И те молам не мешај медицински истражувања со модна индустрија. Нема простор за споредба, колку што знам носењето природно крзно нема лековити својства. Ама да не ја свртиме темата во погрешен правец, имаше посебна тема за ова што ти го спомна, може да дискутираме таму.

    И благодарам, откако го добивме твојот благослов, верувам дека повеќе ќе се заложиме да направиме разлика во светот.
     
    На Cynthia, mims-89, MacaLove и 3 други им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Видеата што ги постирала Роси не можев ни да ги догледам. Многу ме потресува да гладам на какви маки се изложуваат животините само заради задоволување на некој си каприци на луѓето.
    Еј заради мода бре |( Море со право рекле дека човекот е најголемото и најкрволочното животно.
     
    На Gordana10 и rossonerka им се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ниту едно. Нема тука мода, живо суштество е тоа. Не ги гледам видеата, зашто знам дека ќе ме растажат и налутат. Вештачкото крзно ми е исто одбивно како и природното, не купувам ништо што личи на кученце или мечка :x
    Купувачите, односно оние голи и нестоплени |( ВИП фаци, малограѓанската буџованска „елита“ е крива, како не, ако тие не купуваат и не даваат милијарди за бунда од нерц нема да ги ловат и претвараат во парче грозна облека :fubar: Поголеми животни од луѓево има ли?! :fubar: