Значи, толку малку совест имате,не ви е жал за животниве?! Орхидеја,за тоа што ти го носиш да те као наводно згрее,се убиени многу животи! И шо демек,не можеш со џемпер да се згрееш?! Или битно бунда ме грее нели...нема врска,што ми е гајле за животните,не сум јас крива. Мислам...од такви како вас се самоуништуваме еј.За животно ако не ти е жал,нема ни за човек да ти биде. Ги гледав видеата,и толку се налутив и растажив ,неописливо нешто. А па кога ќе видам уште некоја дотична на која не и е гајле низ што поминале кутрите животни за да се грее,ми се превртуваат цревата. И не,не те прави различна тоа што имаш друг став и што носиш бунда, различна те прави тоа што немаш тронка жал за животните,и што не допираат до тебе ваквите тажни ,но вистините видеа.
Добро бе девојки една да не се согласува со вас и оп одма сите и рипнавте. Кога веќе бундите се во продавниците нормално е дека луѓе ќе ги купуваат. Друго е да напаѓате луѓе кои кажуваат - јас побарав бунда да ми направат од било кое животно. Сега за сега не би носела бунда нит природна , нит вештачка. Многу сум малецко, па мислам дека баш ко некое животинче ќе изгледам. Се разбира дека ми е жал за животните, но има закон со кој се заштитуваат животните и луѓе кои се одговрни за да казнуваат ако законот не се почитува. Штом се убиваат не се заштитени со закон. И мене ме нападнавте кога кажав дека јадам зајачко. Па што? Поарно јас да го изедам него некој волк.
Засега како носачи на крзно се Орхидеја, Срци и Дона Арес. Барем имаат храброст да кажат, иако немаат аргументи никакви за да ни докажат дека е оправдано тоа. А сигурно има МНОГУ други кои носат но ја избегнуваат темава се со цел да не бидат нападнати. Сепак сигурна сум дека немаат миленици девојкиве погоре. Не верувам дека некоја која чува дома маче, кученце или било кое животинче би носела крзно природно на себе, знаејки колкава љубов имаат во себе за животните. Ете некој мене да ми го земе кучето и да си направи крзно од него. Би го убила жими сфе! Човек кој не чува миленичиња може да носи крзна животински на себе. Тој нема љубов за животни, додуше може да има онака да рече лелееее ама е слатко.... каква бунда би излегло од него. Јас ги замислувам ко Круела тие девојки злобни и лошички и пред се нечуствителни.
Како е друго? Другиве со копја ги спотеруваат од дома и со пиштол на глава ги тераат да купат природно крзно? Не се ништо подобри од оние кои си нарачуваат. Секој има избор кога ќе влезе во продавница - да купи или да не купи. И претходно напоменав - колку помалку побарувачка, толку помалку производство. И како да не осудувам некој заради чија апатија се продолжува страдањето на живи суштества?
Саја ако тука се контрате и ги освестувате оние малку што признаваат дека го носат крзното тоа ништо не менува. И да, јас не сум против тие што носат, затоа што животинчето е веќе убиено и тоа крзно стасало до продавниците. Кога веќе е убиено ништо не менува купувањето на крзното. Реков дека не би носела, но тоа не значи дека ги осудувам тие што ги носат.
Ама луѓе стварно не разбирате некои работи. Да, тоа животно е убиено, крзното е направено. Ама ако нема кој да го купи нема веќе да се произведуваат. Треба да се крене малку свеста кај луѓето. Од поединецот се тргнува, секој треба да тргне од себе. И не е за осудување, туку е да се отворат очите малку, да се размисли за некои работи. Барем таму кај што можеме да превземеме нешто, да направиме разлика, за тоа е работата
А зошто би се убивало ако нема пазар? Ако луѓето имаат развиена свест и знаат каков е само процесот за добивање на една бунда, да воедно не викајте животинче убиено зашто најчесто за бундите се потребни и 50,100 па и повеќе животинчиња, тогаш нема да ги купуваат. А ако не ги купуваат и стојат во продавници без да има купувачи нема ни да се произведуваат. Тоа е еден процес каде главниот и крајниот збор го има купувачот. Ако го нема купувачот ќе нема ништо од целата процедура. Зашто ондак не се произведува да речеме компјутер пентиум кец, глуп пример ама не ми текнува во моментов ништо. Одговорот е зашто нема кој да го купи! Епа ако нема кој да ги купи бундите ќе нема ни производители.
Не грижи разбирам, учев економија Сепак се работи за избор и никој неможе да наметне свое мислење. Си се изјаснив не носам, но немам ништо против тие што го носат. Погоре Росоњерка ги посочи тие што носат, ако не клада да направиме и да ги запалиме, м?
Да, носењето крзно не го враќа животинчето односно животните, ама има една работа што ја испуштаме да ја спомнеме...природното крзно не би било произведувано да нема кој да го купи и носи не би било воопшто нудено на пазарот како производ, да нема побарувачка. Така да, додека има побарувачка, односно луѓе што си носат мртви животинчиња што рече росонерка асоцираат ептен на Круела и муабетот нејзин, односно цел филм за бундата од далматинци, ќе си бидат убивани животинчињата и претварани во крзна. Не биле криви луѓето што купувале куп од веќе убиени животни... па да нема кој да купува, нема да бидат воопшто убивани за таа цел тие животни. Греота. Мојот став е дека немам некоја осуда кон оние што носат од причина што животните се масовно убивани за разни цели како и оваа, така да ништо не ми е чудно, само мене ми е малку језиво и повеќе фалбаџиско, отколку за конкретната намена стоплување во зима, нели. Вештачкото повеќе го оправдувам, иако не сум фан на крзна, би носела парче вештачко или како детаљ од јакна.
Кој рече такво нешто? Каде во мојот пост прочита такво нешто? Немаше ниту најмала навреда. Само во вакви дискусии можеби некој навистина ќе се размисли, па затоа и коментираме. Можеби некој ќе изгледа некое видео и ќе сфати дека заради него/неа настрадало некое невино животно. Тоа е избор кој влијае на нешто, влијае на еден цел процес.
Со ова потполно се согласувам!! Но зошто да бидат нападнати, по ѓаволите?? Зарем ова не е слободен форум на кој секое мислење е добредојдено и треба да биде прифатено? Зарем е толку лошо ако некој не ги сака животните и преферира бунда отколку едно животно повеќе на планетава? Верувам дека од претходниве коментари сите сфативме колку се осудувани тие кои носат природно крзно, но не треба! Секој нека си прави како сака! Ако ние тука посолиме памет на три жени, каде се другите?? Милиони носат природно крзно, па никому ништо! Зарем ако се подигне свеста на тие три ќе се спасат животните? Нема! Немаме право да ги осудуваме, можеме само да си кажеме мислење. Повеќето од нас рекоа дека не носат и не би носеле природно крзно никогаш, тие носат! Носат зашто сакаат и ако ние овде креваме галами тие нема да престанат со носење на нивните бунди. Само создаваме неред на форумов и изгледа како темиве да се отвараат да се докажеме колку ние сме совесни и ги сакаме животните. Се извинувам што отидов олку офф, ама не можев...
Потребно е на глобално ниво да се подигне свеста кај луѓето за вакви нешта, да престане убивањето на животни заради производство на бунда, нормално за да има тоа ефект треба да е тоа општоприфатено. Секој има право да купи и носи што сака, но, би било добро барем да се знае нели што има позитивен, а што негативен ефект.Само за подигнување на свеста е невозможно, пред се поради тоа што има луѓе во светов што прават вакви работи, се знае што значи убиство, а што не е во ред, а кога тоа би го немало, немало да страда некое животно, ниедно, сигурна сум.Но, за да се спречи сето тоа што се случува во светот, треба многу работи да се сменат од корен.
Извини тебе те цитирав, но се однесуваше за сите кои постојано спомнуваат понуда и побарувачка. Во ред е тоа дека некој може да се свести, но ние не можеме да му наметнеме на некој мислење. Еве јас не сум против тие што носат, но не го носам и не би го носела. Пак нема разлика што нема да го носам, кога не сум против. И сум имала миленичиња и пак ќе имам, да знаете дека не ги мразам животните.
Јас си носам крзно признавам. Сега жално е за животните што се убиени но сега не мора затоа што тие се убиени ние да не носиме крзно. Нека му ја мисли тој што го убил животното и го извадил на пазар крзното, а наша должност е доколку сакаме да го купиме. А некои жени што стават мртва,гепсирана или незнам каква лисица? Па тоа е цело животно и се познава дека било некогаш Жива лисица.
Па да, док има оваца биче вуна и џемпера. Така е поговорката, ништо лично. И пак доаѓаме на истиот муабет, дека производот е наменет за потрошувачите, се додека има кој да го купува, ќе се произведува. И не, не е купувањето последица. Купувањето е причина крзното да се произведува, сфатете.
Па тоа што бундата не се познава апла дека е правена од животно не ја прави помалку језива. Исто е, носиш мртво животно на тебе. И прочитај назад за тоа дали ти е должност да купиш бунда, до сега се дискутираше за тоа. Барем кога влегуваш во дискусија прочитај некоја страна наназад.
Зошто кога се дебатира на тема и се дава аргументи за и против одма божем неред се создавало. Дебата што е? Две спротивставени страни и неможе да помине мирно, додуше ако е мирно не е дебата, посебно кога станува збор за тема чуствителна и притоа за убиства на невини суштества. А и не гледам јас лично навреди тука. Нема да има карање на темите од типот стави слика идеална комбинација и стави слика од фустани и чевли. Ама тука мора да има дебата, за тоа и е темата. Ај ако не сите да пишеме да носам, да не носам и си ќутиме. За оваа тема има огромни дебати, невладини организации, простести, штајкови... Нормално е. Две спротивставени страни мора да има. Се знаеше дека нема сите да речат Не не носам. Никој не ги мрази Орхидеја и компанија или Марама, барем јас не ги мразам, јес да викам нечуствителни се тие што носат и се аргументира против нивните ставови. Притоа животните се суштества слични на нас. Можеби еден ден ќе биде мода кожа од луѓе. Па сигурно ќе има такви низ светот кои ќе носат. Нели модерно е. Убаво е. Некој убил а ние ќе дадеме стотици или некое илјадарче евричи. Крив е оној кој го убил, не кој го носи нели. Убаво е кога се префрла вината. Најубаво е така!
Жално е навистина. Мојата бунда ја добив подарок за роденден и секако дека ја носам особено кога е многу ладно. Еве се секавам дека и како мала имав чизми што беа со крзно. Сигурно на некој паметен ми дошло на идеа да дере животни и да произведува крзно, а на некој уште попаметен му текнало да ги носе па вклучувајки ме и мене. Но сакам да кажам дека штета е направена и мислам дека и уште ке биде направена. Жал ми е но сега не значи тоа дека не треба да си ги носиме бундите што веќе ги имаме дома.
^Се е во ред твојов став, ама тоа дека е некој паметен што му текнало да праи бизнис и огромен профит да остварува на туѓа несреќа и на сметка на туѓ живот, а дека е некој уште попаметен да му го купува истото - НЕ. Не гледам ништо паметно ни кај нив ни кај вас купувачите, само некој лукав, итар и безосетен човек, мислам на сите производители.
Вештачко и сите парчиња облека ми се со вештачко крзно а е убаво меко како да е природно, нема потреба од природно кога постои имитација.