Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крзно - природно vs вештачко

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 16 октомври 2011.

  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Како и да е ние сме си криви. Ние си го произведуваме и ние си ги носиме.
     
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Уф, ова е комплицирано прашање, но таков е и човекот.
    Еве крзно не носиме затоа што при процесот на неговото добивање убиено е некое мило животинче, ама некое печено пиленце ќе си лапнеме без размислување, иако процесот на добивање е ист.
    А резултатот е ист - задоволување на некои наши страсти.
    Колку се слатки и од самата помисла дека некој може да ги убие овие мили суштества чувствуваме гадење:
    [​IMG]
    Ама ова е уште послатко нели:
    [​IMG]
    Можеби сум офф топик, ама поентата ми беше - не носам крзно и сум против убивањето на животни за правење на бунди, ама месо јадам и сум ЗА убивањето животни за некое сочно бифтече.
    И сега некој ќе каже месото е потребно за правилен развој на човекот и оправдано е убивањето на животни за добивање месо, ама постојат многу производи за замена на месото, така што може да преживееме и без него, исто како и без крзнената бунда.
     
    На antilla, MarchelineAmaru, WhiteAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Стварно е жално кога ќе ти текне дека некое животно е убиено за некој мода и луксузи да ми тера...многу сум против убивањето на животни,ептен ги сакам...а инаку Маја и јас од месо јадам само пилешко и морам да ти признаам дека додека јадам не ни помислувам дека некое животно било убиено..и сега вака кога ќе ми текне па и не ми паѓа баш жал бидејќи има голема разлика од носење на крзно до јадење на месо...со крзното мода тераш, а месото сепак е потребно да го јадеме и плус не постои вештачко месо како што постои вештачко крзно кое можеш да си го купиш наместо природно. ;)
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Воопшто крзното не ми прави мераци и не ми изгледа убаво (ретко некое парче да ми фати око,премногу ретко). Може таа одбивност ми иде од тоа што покрај што ми е страв од сите можни животни на планетата
    (ако има фобија страв од сите животни верувајте јас ја имам :tmi: )
    јас исто така и не ги сакам животните. Немам против нивното живеење ама не сакам ни мачки, ни кучиња, ниту било какво животно. Нешто од страв, нешто од тоа што не ги сакам никогаш не би носела облека од природно крзно. А тоа што не ги сакам не значи дека се радувам, напротив се згрозувам од убивање на животни, па макар да бидат убиени и за храна (иако јадам месо).
     
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.011
    Пол:
    Женски
    Значи ова и сакав да го кажам.За наша корист ,мислам за луѓето,се користат животните за секакви цели,медицински,за исхрана итн.Не ли тоа себично,сепак ние изнаоѓаме лекови за подобрување на НАШЕТО здравје,ги користиме животните во НАШАТА исхрана.
    И не ги мразам животните.Од мала чувам кучиња,сега имаме кај моите два самоједи и еден лабрадор.

    А за сличноста со Круела де Вил,па можно е,Исто како да ми е сестра близначка,ама јас не се фарбам така и не ме возат со Ролс,а и не пушам од муштикла.
    А од мене на оваа тема толку.Ќе ве читам на други теми.
    Поздрав.
     
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Мајка ми има лисица, пред некое време вика леле како се оставив само со една сега како ќе се договорите со сестра ти која да си ја земе? Аууу ние и двете се погледнавме со гадење нити јас ја сакам нити сестра ми. Никогаш не ми се допаѓало крзното нити природно нити вештачко така да јас ќе речам НЕ
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    А, што правиме со оние кои се нулта крва група?

    Оправдувам уништување(малку груб збор, но тоа и го правиме) на животните за потреби кои ни помагаат во нашето здравје т.е. не ни штетат.
    За лекови, таму декоративна, препаративна козметика, па и во секојдневната исхрана..конкретно за ние нулта крвните групи полесно поднесуваме месо, отколку млеко и млечни производи на пример.
    Еден начин конкуренција си правиме со нашето потекло, како што моето месо може да го најаде на некое животно и јас можам со неговото.
    Значи стрикно уништување на животните за понатамошен развиток и опстанок во општеството.
    Бидете им благодарни што постојат, бидејќи сите ќе испоумревме кога ќе креневме температура.

    НО, уништување животни од курташак, за да задоволиш нечиј комплекс за мене е премногу дрско.
    Бидејќи како што многу рекоја, имаш многу поефтини варијатни за да се стоплиш, отколку крзно,а воедно и да знаеш дека апсолутно на никаков начин не го ставаш твоето здравје на ризик.

    Пред некоја година во "Свет" НАЈТИРАЖНИОТ и НАЈРЕТАРДИРАНИОТ магазин имаше цели 4 страни со убер балканските ѕвезди од лигата на Цеца, Лепа Брена, Сека во поново време ака памтим те пушко кад си пиштољ била и незнам уште кој, за тоа која каква бунда имала, од какво крзно и колку чинела.
    Цеца нормално ги прошиша на сите со нејзината прекрасна,мекичка,топличка бундичка од чинчила,која ја платила само 100 000 евра.

    Ретардирано е што некои на тоа гледаат со восхит, некако све ни е пореметено, вредностите со мизеријата како да сме ги помешале.
    И браво за Цеца и за нејзините колешки,сега на Цеца една златна статуетка од нејзиното омилено животно чинчила.

    И не, не ми смета што сакаш крзно.. сакај си и понатаму,секој различни работи сакаме,ама не ми споредувај облека со храна.
    Иста е последицата,ама различна е причината.. знаеш кога ќе речат "одбери го подоброто од двете зла"
     
  8. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Не, и за природно и за вештачко. Од неколку прости причини како, не ми се вклопва во мојот стил, ги сакам животните и против сум за убивање, поради вакви причини.

    Е сега малце офф ќе бидам како и другите, велите дека месото МОРА да го внесуваме? Не сваќам како мора, не јадам месо неколку години, од причина што не ми е убаво, организмот не ми бара месо (иако сум нулта позитив). Млечни производи јадам многу, и не сум имала никаков здраствен проблем со железото и сл. И не јадам ни соја ни моја, ни други работи што се замена за месото. И кога ќе прочитам МОРА да внесуваме месо ми е смешно.
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ни мене организмот не ми бара месо, туку твојата крва група полесно ја вари храната од месо. Тоа е.
    Јас по мене си гледам колку полесно поднесувам месо од тестенини на пример. И со тестенини ќе се најадам,ама после се осеќам како клавир да имам во желудников.
    Значи на некој начин ти влијае на организмот и здравјето, тебе не, мене да.
    А, носењето крзно на НИКОЈ и на апсолутно НИКАКОВ начин не ти помага.
    Уствари кога ќе подразмислам подобро кога ќе навриш една скапа бунда за да те видат во град колку вредиш, ко ќе ти стежни на тие рамениците, 10 кинески масажери не ти помагаат.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Муабетот со пиленцата и месото, е далекууууу од овој.
    Не знам зошто не ги разграничите овие две работи!

    Луѓето јадат месо, зошто мора да се венсува во исхраната. Вие до утре зборувајте ми дека може да се живее без месо, и дека сте посреќни и поздрави, ама ФАКТ е дека месото содржи незаменливи состојки кои му се неопходни на организмот за нормално функционирање.
    Јас не можам без месо. Исто и 80% од светската популација.
    Е за мене и за тие 80% се прават фарми во кои се одгледува живина, се гојат пилиња, прасиња и остало, за да може да живееме како што треба, не само за да не останеме гладни, туку и за милион други работи.

    А крзното не е од клучните моменти во нашиот опстанок. Има декоративна улога. Додека во погорниот случај се убиваат животни за исхрана, во овој случај тоа се прави чисто од лудост, од желба да се изгледа убаво и да се направат пари.
    Значи бунди се прават од животни кои не ги ни допираме за исхрана, разбирате?!
    Мечки, лисици, верверички...
    Тотално нехумано.

    И престанете да зборувате за вегетеријaнци!!!!!
     
    На kate21, ludoto19 и irenna им се допаѓа ова.
  11. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Напишав дека сум против убивањето на животни заради производство на работи од кои што не зависи нашиот опстанок.

    Едноставно мене ми е смешно тоа МОРА да се внесува месо што сите го спомнуваат заради опстанок. Не ги осудувам тие што внесуваат месо, ако му е убаво нека јадат колку што му душа сака. Поентата ми е дека и без месо, можиме да бидеме здрави и живи. :) Знам дека сум офф, ама и другите измешаа баби и жаби, па сакав да го кажам моето мислење.
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сите што убиваат животинки за некои теткици да носат природно крзно би ги убила ама не одеднаш туку полека за помачно да биде , да осетат на своја кожа ;)
    Сакав да кажам дека не , не носам природно крзно . Често гледам во двојка една тетка со животинче околу вратот , и секојпат добивам желба со истото да ја задавам . Сум дискутирала и со другарки на темава и не можам а да не зборам вака . Се извинувам ама не можам да разберам како некој толку ги мрази животните за тоа да им го прави .
    Никогаш не би носела , за тоа го имам вештачкото . :)
     
    На MarchelineAmaru и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Помеѓу дерачите на животни и носачките на бунди има еден дел кој е изоставен во дискусииве, а се вика модна индустрија. Истата онаа модна индустрија во која многумина од нас се крстат, истите оние модни креатори на кои повеќето од нас им се восхитуваат, модните списанија кои секојдневно ги прелистуваме...

    Ги разгледувам деновиве модниве списанија кои ни покажуваат што ќе се носи зимава. Гледате и сами можеби, преоптеретени се со крзно. Крзно на чизми, крзнени чанти, шапки и што уште не. И си пишува фино, крзно од аргентинска лисица, крзно од не знам што.... Е, би пишала ли некоја од вас еден летр ту едитор на уредничката на ваквото списание? Е тоа би го почитувала, а не вака препукувања и невреди до некоја која носи бунда оставена во наследство од мајка или баба.

    Ја спомна некој Мелита, како поборник за заштита на животните. Видов скоро незина слика од Моднава недела, и можам да се кладам дека носеше природно крзно.
    Лицемерие, лицемерие, ми се гади.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^ Mелита вели дека и се јаки имитации :) па сега, не знам...
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Лани баш некаде пред нова година сестра ми купи една бундичка од вештачко крзно, на лик убава беше и прилично ефтина. Со оглед на тоа дека не се пронајде во крзно (си има таа свој некој металски стил и имиџ, дури и се изненадив кога ја видов во бундата :o :tmi: ) ми ја даде мене, на прсти можам да избројам колку пати и двете сме ја облекле.
    Истата таа бундичка ја имам постирано и во модни критики, ја носев лани за стара нова година....толку беше, ич не ја облеков, некако не ми стои убаво и се осеќам како да носам мртовци на грб-иако е вештачка :!: , ја вратив и ене кај мајка ми си стои во плакар, никој не ја носи.

    Не го сакам крзното цело на мене, може да го има на крагњата на пр. од јакна или пак како додадок на чизми, ташни и сл. ама за вештачко зборувам. А за природно не сакам ни да помислам да го носам, не дека е скапо и дека неможеме да дозволиме, туку грдо ми е, плус мене ми мириса :puke: ...

    Свеки има природна бунда, има и лисица и шубара-од Русија свекор и` и ги донел |( , кога и да сака да ги носи ги луфтира, стојат на тераса и по цела недела, ама ете таа сака крзно, си носи дури и со гордост, се прчи леле, леле бунда имам видете сите, одвратна ми е кога ќе ја видам ....и сестра и има, замислете како ми се врти желудников кога се двете во бундите ]:) ...што да им речам-жени носите мртовци на себе, демек ќе ме разберат :!: Еднаш дури и ми рече дека ако сакам да ја носам ќе ми ја дала :o :x ....нека хвала, ќе прескокнам, носи си ја сама, јас порадо гола ќе се шетам... ем дека е твое, ем дека е природно крзно.

    Така што се согласувам со ова
    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Имам дома едно од праисторија, на тетка ми, не ја собира, освен ако не се преполови па ни го остави на нас |( И не несакам да го носам, не ми е убаво, не ми е пријатно!
    Има толку многу избор на вештачко крзно кое изгледа па и поубаво од природното, не сваќам нависитна! :^)
    а ако е некој тренд е уште една голема глупост која ја слушам! :doh:
    И мислам дека оние кој ја носат, особено постарите, го прават тоа од престиж, не дека нешто посебно им се допаѓа, туку да се испрчат дека се престиж, богати и отемни :!: А всушност само се смешни и јадни |(
     
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Да , и за тој нивни престиж треба изјадници животники да изгинат ,мамата нивна :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: Да даде Господ нив на живот кожата да им ја дерат! :swear: :swear:

    На темава - ретко носам крзно ,теткасто ми е ,имам едно ѓоа бундиче со кратки ракави ,секако - вештачко и двапати го имам облечено. Мислам дури и дека му е доволно.
    Не гледам некое особено задоволство во крзното ,Господ кожа ни дал ние сосила животинки ќе се правиме ,нели?


    Прашање кое не знам колку заслужува да биди одговорено - зошто сите ние љубител/ки на крзно воопшто се депилираме ,за потоа да носиме туѓи влакна?? :)
     
  18. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Колку бели лисици се убиени за г-ца Рајана да се обиде да биде поекстраваганта и посекси??? Сељанка глупава ...па да има малку памет нема да дава огромни суми пари само за еднаш да облече мртва лисица??? :( Лиз Харли по неа...и редици други...Бојкот за овие луѓе, особено за арогантната џеј ло, која и по толку осудувања си продолжува да ужива во садизмот која го причинува (поради задоволство претпоставувам, бидејќи друго нешто не гледам )
    [​IMG]
    [​IMG]

    Го убиваат кутрово...
    [​IMG]
    За бијонсе да изгледа вака...(како не им е жал прво, а второ срам?
    [​IMG]

    Потоа Пенелопа...се прави хумана
    [​IMG]

    А потоа безмилосно го носи...
    [​IMG]

    За Џенифер Лопез, немам зборови, арогантно суштество до бескрај што ништо не го допира...само бојкот за вакви фаци.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На ludoto19 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Мразам, мразам, мразам крзно!!! :@ :@ :@ Како можат да го носат кога знаат како и по каква цена е направено :@ уф!!!! никогаш нема да носам крзно. Ни мајка ми ни некој во поблискката фамилија не сакаме крзно :@ Греота за животните! ;(
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    А како сте сигурни дека сиве овие крзна на сликиве се природни па толку напаѓате?
    Јас не верувам дека меѓу познативе има многу што носат природно крзно кога се знае каков е ставот на фановите, а они од нив живеат.