Мислам дека за кожата не е специјално малтретирано животно. Се искористува и месото од животното и кожата. Не му ја дерат кожата и не го оставаат така бавно да умира. Ама не знам како можеш да ја носиш бундата без да помислиш колку животинчиња биле убиени само за една бунда и оставани така. [/quote] Малтретирањето е исто, сум гледала кога колат кокошки како трчаат уште пола саат додека неиспуштат душа, па нели е тоа исто?
Роси, јас ја разбирам поентата на кампањата и на значењето на маскираните луѓе во кафезот. Само кажувам дека (според мене) би се добило подобра компарација доколку луѓе (немаскирани) би биле ставени во кафезите. За да се види од човечки аспект што им правиме на животните Иако е млада организацијава, сметам дека требало да има поголема афирмација на настанов
Не носам крзно многу.Само некои додатоци на пр. во чевли или палто.Ама тоа е вештачко. Секако сум против носење природно крзно,бидејки пред ти да го облечеш на некое животно му го одземале животот! И животните имаат право на живот!
Мајка ми има лисица дома од оние за околу врат но ја немам чепнато, кај ми е страв од живи па и од мртви животни...Кампањава ми е и страшна и лицемерна а овие сликиве дебилни...Посебно онаа со раче на дете околу врат...Боже Господе, идиотизам!
Некогаш се потребни радикални мерки за да се свести просечниот човек. Ако не си доволно совесен да те погоди одрано животно, можеби ќе те подзамисли кога твоето чедо би било на местото на тоа животно. Нема ништо лицемерно во тоа.
Животно и човек за мене никогаш нема да бидат исто, ако ме пресретне мене мечка во планина ќе ме праша што да ми прави...Се оправдува месна индустрија месото ни било-не ни било потребно, па оправдувања за кожата, чунки до крзното е сета работа дојдена...Мое мислење е тоа, јас не носам крзно но и да носев сликите сигурно немаше да ме разубедат во тоа...
Јас па мислам дека кампањата е сосема во ред, а сликата со раката е одлична. Језива е, а потребни се вакви слики за да се освестат луѓето. Јас никогаш не сум била љубител на природно крзно, ама после сликата знам дека и никогаш нема да ставам такво чудо на мене. Одма пред очи ќе ми се појави сликата со раката. Мора да се преземат вакви радикални мерки за да се зголеми совеста кај луѓето. Па зар вреди за некој си хир да настарада едно животно. Еве им вештачко!
И баш ме интересира, кога си ја носиш бундичката и ти е топличко и убаво, не ти текнало да се прошеташ низ Зоолошка па и да им се пофалиш на животните таму види што имам јас а ти не??? Природното крзно не е мода, тоа е фалбаџиство дека некој има повеќе пари и може да си дозволи, како и еден глуп начин за човекот да си се увери сам себе во вечната глупост дека е посилен од сите животни и дека има право да им го командува животот. Глупаво е да се мешаат каприци со човекови потреби, затоа што месото е и те како потребно во исхраната, а без една од твоите четири бунди (да не речам без сите четири) и те како можеш да преживееш, и топло да ти биде и да бидеш модерна штом веќе тоа ти е приоритет.
Не сум љубител на крзно, ниту природно ниту вештачко. Ја поддржувам кампањата, а за истата дознав случајно од телевизија, инаку на интернет не гледам многу такви работи затоа што ми е жал и нема потреба од будење на совеста кај мене. И мене ми е во ред што се толку ригорозни сликите, затоа што понекогаш тоа е единствен начин да се допре до некој ...
Јас едино што можам да кажам за кампањава е БРАВО! Мене не ми е ни глупо ни смешно, туку е покажана реалноста, што се случува секојдневно. А таа сликата со рацете не дете, искрено една од подобрите е, зашто човечки раце не носиме кога носиме и цела лисица(пример) или 100 животинчиња на една бунда? Конкретно за темава - Многу сум против за вистнско крзно, а вештачко кој сака да носи не ми смета. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=0zt2I3uwOCM Еве како се прави бунда иначе!
Баш имаме поим што застапуваме - правото на живот на една животинка која би била подложена на илјадници тортури само за таквите како тебе ,драга моја ,да изгледаат БЕСЦЕНЕТо наместо ефтино и да не мрзнат цели зими! Паметно ,многу паметно.
Пак ќе повторам едно прашање.Зошто не видов ниту една од Вас да ги застапува правата на кокошките, свињите козите и телињата???? Пак се среќаваме со расна дискриминација???? И немојте да ми кажувате дека тие се за задоволување на нашите потреби а ова е за мода.
Не сум видела до сега бунда од коза, чанта од телешка коза, фустан од пердуви на кокошка... За нивните права, како што ти кажаа, има тема. Таа аргументација не ти е за темева, смисли друго оправдание.
A ти демек не си свесна дека тоа е така ,а?!? Е па освести се ,размисли малку и ќе сфатиш некои работи надвор од твојот модерен ,розов свет !!!!!!
Никакво. Не носам крзно, не ми е пријатно во такво нешто. Баба ми имаше една прекрасна бунда од вештачко крзно која сакаше да ми ја подари, ама јас ја одбив. Иако знам дека не се дерени животинчиња за да ја направат, не сакам да ја носам. Имам гледано многу видеа и слики за тоа низ што се поминуваат животните. Толку сурово и безмилосно живи ги ставаат во врела вода, па потоа ги дерат... одвратно! Едно големо УА за ѕвездите што не ретко и без проблем носат вистинско крзно. И браво за ПЕТА што после партал ги прави со критики. Спојлер
Жан Пол Готје стандардно добива многу негативни критики зашто редовно си го става крзното во колекции и егзотична кожа. Без осет би рекла, моднава индустрија само сака да заработи, идиотизам на тон. Пета стално ги бојкотира неговите ревии или ревиите на други дизајнери кои користат природно крзно.
Фино ти кажаа и погоре, темава е за крзно што се носи а не пердуви. Кокошките, телињата, свињите прва работа ги има во многу поголем број него лисиците или мечките пред се заради стабилност во синџирот на исхрана. Во нормални услови се очекува човекот да убие животни чие месо може да го јаде затоа што е сештојад. Но ако видам некој да убива кокошка за да си наполни перница или теле за да си има чергиче на сред дневна нормално дека ќе се заземам за неговите права. Немој да мешаш баби и жаби, едно е животното да ти треба за храна, а друго за мода. Колку што јас знам, уште нема измислено вештачко месо.