Слоботка, има разлика помеѓу модна и прехрамбена индустрија. Прехрамбената индстрија свесно отвара фарми за одгледување на домашни животни, а и во човековиот ген е да се прехранува со животни. Тоа си е природен синџир на исхрана. Наспроти ова, модната индустрија не бира што убива. Крокодилска чанта или чизми?! Каде има фарма за одгледување на крокодили, тигри или пак лисици???!!! Можеби е факт дека двете индустрии убиваат, но едната индустрија убива за да преживее, а другата за да истакне класа и да приграби повеќе профит, не водејќи сметка за последиците од истребувањето на дивите животни. ...и да! Спелбоунд, браво за видеото!
па и дона каран не тестирала врз животни епа не тестира кога има привата фарма за крзно, за таму си ги штеди зајците и јас така си обесувам животни на глаа, ко тие неандерталкине, ама си ги бесам мачињата и кучето коа си играме http://www.youtube.com/watch?v=9A97xsAYMYE ја истролаа оваа
Е вака изгледа една фарма за крзно. Спојлер За жените како Круела да можат да си го дигаат егото. Џабе е 100 слики и кампањи кога луѓето се несовесни. Никој што сака животни а уште повеќе што чува милениче нема да носи крзно. Ај да сватам бабите и мајките во 70-80десетите носеле крзно, не биле еманципирини, немале интернет, не гледале телевизија, Тито да не им пуштал снимки од фарми за животни? Ама вие? Вие со факултети луѓе? Секој ден дремете на интернет, зар не допираат сликиве и кампањиве до вас? Зар толку да сте плитки во мозокот? Или уште поубаво зар немате срце? Ко од камен да сте направени.
^ Битно они газовите да си ги топлат беее, а што умира невина душа не е битно ај. За мене сите што носат природно крзно се забегани, неарни во мозокот.
Да носиш мртво суштество врз себе за да живееш на висока нога е подеднакво лицемерно како да пукаш за мир и да се е*еш за невиност. Ама нејсе, лицемерноста е на цена на светската сцена. И ок, не мора да се пројави совест кај некој кој очигледно ја нема освен кога е засегнат сопствениот г‘з, ама не знам како не се сфаќа едно нешто појавата на крзнољубец во толпа ќе предизвика огромна згаденост и презир кај голем дел од толпата. Нели замислата е да предизвика восхит?! Нели барем ова е доволна причина за мал клик во совеста на голем его трипер?! Мило ми е што од ден на ден со сите кампањи се поголем дел од толпата се запознава со суровоста на овој толку ненеопходен чин. И се надевам ќе дојде ден кога побарувачката толку ќе опадне што ќе исчезне потребата од оваа индустрија. Инаку мене лично ми се менува мислењето за комплетната личност кога знам дека е љубител на крзно, нека звучи колку сака како предрасуда горда сум што ја поседувам ќе речам. И да крзнољупци, ако се разминеме во пролаз ќе ви упатам презрив поглед, .
Овде некој треба да се информира што значи природна селекција и синџир на исхрана. Не се споредуваат свинското и телешкото со пандата бе, со нерц, со лисица! Едно е кога одгледуваш прасе, се храниш, имаш потреба од месо, значи створено е и од Бога да биде храна за човекот како што срната некаде во дивината ќе биде храна за тигарот. Ама да одиш во таа крајност, да лупаш пари, да ловиш невино животно кое најчесто е ретко, едвај се дочувуваат ендемските видови, за да бидеш „модерна“ со нова крзнена бунда, не, не е во ред. Затоа што ти е за луксуз! Затоа дале модните гуруа достојна замена, како што сега има достојна замена за кожните чевли, има и за крзното. Што задоволство? Топлење? Молим те, ќе се стоплиш и со обичен чоен капут! Не знам дали ми ја сфативте поентата ама храна и луксуз не се споредуваат. Не јадеме далматинци забога, ниту крокодили, ги убиваме за да се прикажеме пред светот кичерајски! Роси, една молба, сликите ставај ги во спојлер, малце да се подготвам и да го ублажам шокот Мада поарно е вака сите да ги видат
Kако да не ти кажуваме дека едното е за природна потреба, а другото е за мода? Тоа е единствениот аргумент што треба барем малку да те замисли, да ти светне дека одамна еволуиравме и знаеме да се стоплиме во зима и без да одереме некое лисиче. И види феномен, наместо распослана мечка, сред дневна повеќето имаат синтетички тепих. Знаеш, напредок, ово оно. Фина работа. Или сега ќе се буниш за обесправеноста на памукот, зошто и од него се прави облека?
Се изјаснив дека нема да носам, имам една јакна со на јаката крзно вештачко и го извадив. Жал ми е за животните и се згрозив од сликите горе. Друго ми беше зборот, значи секој може да се изјасни на темава за или против. Океј е што сакате свеста на луѓето да им се развие, но не можете и не смеете да наметнувате мислење и партали да ги правите оние што не размислуваат како вас. И мене ми пречи што има чевли и чанти од змијска кожа и од крокодилска па некој да не се зазема за нив? Очекувам ќе ме нападнете ко и сите кои се изјасниле дека носат. Но пак ќе кажам не смеете да наметнувате мислење. Ако не ајде на клада ќе ги изнесеме сите што носат.
Не наметнуваме, ама како очекуваш да се развие форумска дискусија ако нема побивање на мислења? Со тапшање по рамо, и топ си кис4е муабет?
Јас се изјазнив, не сакам такви до мене и да, на тие што се во моја близина, во реалинот свет им го кажувам тоа имам една братучетка ја гледам со шубари од крзно пс. таа и така ја мразев едит- забеган е аргументот да кажеш дека природното крзно топли повеќе од вештачкото Ајде бре молим те...
Марама, зошто си го извадила крзното јас имам вештачко и на него убаво прочитав си пишува 100% котон, нема врска со природното, нека не те фаќа сугестија А да, и стварно се нервирам ко ќе чујам за природново: „не сме ние криви што го произведуваат, нека му ја мислат тие, ние само го купуваме.“
Забегани, монструми, бездушни...тоа се дури епитети за таквите. И мене ме нарекуваат дволична, лицемерна, и триста други работи затоа што јадам месо а сум против крзно, па не се жалам дека ми го наметнуваат мислењето, нели? И немам никаков проблем да читам аргументирани мислења што се косат со моето, ако постојат такви, ама аргументи од типот „И не ми кажувајте дека ова е за јадење а ова е за мода“ или „Природното крзно повеќе топли“, се во најмала рака смешни. А на личност со такви размислувања сигурно нема да и подадам рака и да и речам браво. Не им доаѓам јас со пиштол на глава да им кажам да не носат крзно, нивна работа е тоа, исто како што е моја работа да ги осудам, затоа што за мене тоа е крајно нехумано и апсурдно. Не продавам лицемерие на форумов, кога нешто не чини, не чини. Нити па ме плаќаат да имам коректен однос кон таквите луѓе, ни на форум, ни во вистински живот.
Спомнати се на неколку пати како егзотична кожа во темава и се во ист кош како и природното крзно. И јас ќе продолжам да си го бранам ставот и да им се спротивставувам на тие што му се воодушевуваат на природното крзно. Зашто за мене тоа не е нормално и не е. И не постои ниедна оправдана причина истото да се носи. Секој образована, совесна и воспитана девојка не би носела крзно.
На оваа тема или си освестен или не си, тие што не се џабе убедување, не сфаќаат или не сакаат да сфатаат. Баба ми на времето кога не ни постоеле друштва за заштита на животните одбивала да носи бунда од природно крзно како симбол нели на богатство, и било одвратно да носи мртво животно на себе, исто и мајка ми, ете во време кога немало интернет, кампањи тие си биле освестени. Мене лично како мајка ово ми е грозно, одвратно, не ми предизвикува жал за животните, туку ми предизвикува негативна реакција спрема друштвата за заштита на животните.
Росоњерка не би рекла дека секоја воспитана, образована девојка, жена не носи. Ако погледнеме баш високите класи се тие што го сакаат крзното, а не мислам дека тие се необразовани. Не се само пејачкине или холивудските ѕвезди.
Kолку луѓе толку ставови Aма да никој да не ги носеше крзнава, немаше ни да постои таа индустрија и затоа да, јас кривецот го гледам во тие што ги носат да не се тие, немаше да се произведува побарувачка-производ помина палеолитот кога луѓето немале што да носат, па си правеле облека од крзно Kога за нешто има замена, и тоа не е крваво, јас тогаш не ја гледам причината зашто да не го избереме она другото и за месото еден ден ако се најде вештачка замена, и да е скоро исто како реалното (зашто вештачкото крзно е исто како реалното 95%) јас ќе го оставам реалното месо и ќе се префрлам на вештачко