1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крива или сепак можеби во право ?

Дискусија во 'Канта' започната од Little.Monster, 26 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ivon.Na

    Ivon.Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Да те поправам...ти го свиѓашее таа го сакаше..!!Знаејќи ти дека она се смува со него,ти се фати со него..дали на тој начин сакаше да и вратиш.Да ти беше другарството пред се немаше да започнеш врска со него.Ако толку ти се свиѓаше и толку од одма си го засакала зашто не и призна,зашто не и кажа,лажеше дека неможеш да излезеш и дека стомак те боли за да одиш да се видиш со него и после очекуваш некој да ти верува??Бараш совети од некој кој ја знае само твојата верзија,како ти си им ја раскажала,верувај кој и да те советувал погрешно го направил тоа,сега сите ама баш сите да те гледаат попреку и да ти префрлуваат за тоа што ти си го направила па и не е мала работа,самата си кажала дека сите се против тебе и дека си ги игубила и другарството и довербата...треба да се запрашаш зашто ;)Поминавме и покрај тоа она ти прости,направивме се за да се вратиш пофторно во друштво ти пак не лажеше дека немаш ништо повеќе со него,и коа вчера дознаваме дека сте направила месец откако сте се фатиле,што значи пофторно не излажа.Плачеше пред нас,викаше дека ти е криво и дека да можеше да го вратиш времето се ќе си сменела,ти поверував,и зборев и на неа дека навистина ти е криво,а ти пофторно ја направи истата грешка,ич не ми е гајле што си со него,ако ти е убаво биди си,зашто лажеше??Бевме најдобри другарки,можеше да кажеш,межеби се ќе беше по друго,али ти одлучи некој друг да слушаш...Жално е едно другарство да заврши поради едно машко,се надевам дека вреди!!Барем да се исплати...
     
    На Monchy-Barkler му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Можеби во одреден случај би се сложила дека другарството не вреди да се расипува за дечко ама не и во овој. Како прво ова додека го читав воопшто не согледав каде тука имало вистинско другарсто. 2 пати, значи не еднаш, туку 2 пати се смувала со некој што тебе ти се свиѓал. Да беше еднаш па ајде да кажеш си ја научила лекцијата, се покајала, ама тоа и втор пат се сличило. Ти и првиот и вториот пат тоа си го занемарила (значи тебе сепак другарството ти било побитно). А сега доаѓа ред тебе да ти се свиѓа некој, што испаѓа дека и се свиѓа и на твојата другарка и си се смувала со него (плус и самиот ти кажал дека те сака тебе, а не другарка ти) и она ти вика ?! Чекај, те молам, со кое право ??
    Исто забележав дека и тука пак си се чувствувала крива, си имала грижа на совест, според мене без причина. Велиш си го изгубила пријателството не само со неа, туку и со други личности. Не знам само која е причината. Сите го занемарувале фактот што она тебе ти направила, па направи ти нешто слично и оп одма крива. Не можам да сфатам ...
     
  3. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Прво, тоа што велиш дека имаш грижа на совест покажува колку чувствителна, праведна и совесна личност си. Но, мислам дека грижата на совест не ти е оправдана. Ти ништо лошо не си направила. Всушност во овој случај крив е дечкото, бидејќи иако ти си му се свиѓала, тој сепак се фатил со неа, но како и да е тој признал дека тебе те сака и ја исправил грешката на време.
    Што се однесува на "другарка ти", таа не ти е ни другарка ни пријателка. Ај некако би прогледала низ прсти да се смува со некој што ти се свиќа, некако ќе сватам, но да се смува со бивши на најдобра другарка??? Тоа значи дека таа цело време имала поинакви намери за него, а ти можеби цело време нејзе си и се доверувала, нели како на другарка, а таа зад грб, гроб ти копала. И најпосле ти крива, таа права.
    Девојко, мој совет ти е, главата горе и само напред. Ти си широкоградна личност која си успеала да простиш изневерување од другарка, а тоа треба да се цени, вистинските другарки како тебе денес ретко се наоѓаат. И другарка ти ќе го свати тоа.
     
  4. Ivon.Na

    Ivon.Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Дај престанете да ја плукате така наречената "другарка" затоа што ова не е така како што е напишано....многу работи се прескокнати...прашањето е дали е тоа намерно така направено...
     
  5. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Ај па ако не да ве молиме да ни ја напишете прикаската од 3 различни страни?

    Очигледно сте се собрале цело *друштво* во темава, кај и да е може и дечкото ќе се појави, па ќе треба и него да го сослушаме.. Или седнете заедно и договорете се што ќе правите или секој по свој пат.
     
  6. Ivon.Na

    Ivon.Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Се што треба да се знае е напишано...
     
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Е*ати шпанската серија :tmi:
     
    На Ivon.Na му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ivon.Na

    Ivon.Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Тоа е :\
     
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Според мене, воопшто нема што да размислуваш. Таа "другарката" не ти е другарка!
     
  10. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    24.503
    Мое мислење е дека не е правилно било кого да осудуваме, базирајќи се само на една страна од приказната... кога би ја слушнале истава приказна раскажана од другото девојче, сигурно и нејзе би ја оправдале... не е можно да се биде објективен у ваква ситуација.
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ајде мор чупе,чекаме на тебе да кажеш.

    Само момент,да си земам пуканки.
     
    На LyckliG, Elennaa, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Хахаха ајде ќе се собериме сите како во кино :).

    А по тоа што прочитав, тоа и не била некоја врска од 4 дена, ама ај... не треба така да си правите ако сте другарки.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mi.Nnie

    Mi.Nnie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Како не ви е срам!? прво прочитајте ја вистинската приказна, па после плукајте
    како 1во- дечко на најдобра другарка не се зима НИКОГАШ
    како 2ро- девојко, барем биди искрена кон сите и немој да лажеш
    како 3то- убаво размисли си за сите работи и сите ЛАГИ што ги изнакажа на твоите другарки, и флертови со нивни дечковци ;)
    После ова, после сето ова сакаш простување?!
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Клуч, please.
    Извини, ти ни викаш вистинската приказна? Ај просветлете не и кажете каде да ја прочитаме таа вистинската. Јас нигде не ја гледам, можеби носам наочари, ама ваљда не сум до толку. :geek:
    Pelikuna да ти кажам право и јас отидов да си земам пуканки, ама онака поише ќе ми требаат очигледно.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ама озбилно
    како 1во- зошто се собирате цело друштво тука и само ја навредувате вашата поранешна другарка?
    како 2ро- дај веќе еднаш доста не мачите, просветлете не со таа ваша вистина
    како 3то- дечко на најдобра другарка се зима, ако другарката заслужила.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас сакам чоколадни 8) го знае некој рецептот? :D

    Имам добра идеа.А зошто не го викнеме Џери Спрингер и да ги соочиме во некое студио?Така ке видеме кој лаже кој не. :devil:

    Ова станува смешно.Уште колку девојки ке се зачленат овде и ке кажуваат кој ја збори вистината? |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми личи на натпревар која попрво кој ќе го смува. Ако ти е таа вистинска другарка нема да се карате за машки значи не ти е. Нема што да кажуваат другите и да ти се прават паметни ти си направи онака како што сакаше и воопшто немој да ти биди криво, зошто таа не ти била другарка :)
     
  18. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    24.503
    Детски работи. Да бевте барем малку од малку созреани, меѓу себе ќе си го средевте ова, а не вака да си го изнесувате валканиот веш у јавност и да се плукате по форуми... Дај пораснете бе деца, ова не е ни време ни место за вашите расправии. Се понашате како да делите играчки у градинка, а не да зборувате за дечковци и врски... :worried:
     
  19. Ilievska.Despina

    Ilievska.Despina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Како прво твојата дугарка мора да се контролира со тоа вреѓање тоа има граници ... и иначе знам како и е и мене ми беше направено истото... но , ако не сака да се дружи со тебе нема ти каже у фаца нема со повеќе да се дружиме готово.. а не да те вреѓа ... знам се , знам кој колку е крив и што е крив ... ако сакате дружете се а ако не нема потреба да зборите една за друга или да се вреѓате едноставно нема да се познавате повеќе и крај ... а со се однесува на другите твој другарки мислам дека нема потреба што они да се мешаат или да не зборат со тебе ова е смоа меѓу вас нема потреба што они да застануваат на нечива страна зошто на нив никој ништо не им направил и нека си седат мирни ...




    Имате поздравче од мене ... се надевам дека ке го средите ова во скоро време :) <3
     
  20. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    28
    Грешам,или не грешам !? Дали е ова само нов случај,на водење монолог ?
    [​IMG]

    и одговорот е ДА, Тролањето, во насјкоро време , би требало да се прогласи за олимписки спорт :o
    Ах министре,министре еве ти проект компјутер за секое дете.
    Сега те поставија министер за здравство,сега ти останува да отвориш лудница за секое дете .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.