Здраво ќе ми треба совет и инфо како би се движел следниот случај: пред неколку месеци бев провоциран од лице на улица пред влезот на мојот дом. Вратив на провокациите со нељубезни зборови но не се доближив до истиот човек при што си влегов во домот. После една недела доаѓа полиција да состави записник бидејќи истото лице ме пријавило во полиција и извадило лекарско уверение дека е физички нападнато. Физички не се ни доближив до лицето а не да го нападнам. Сега имам покана за на суд за нарушување на јавен ред и мир. Бидејќи немам никакво искуство со судови, дали некој би можел да каже во која насока би се движел случајот? ангажирав адвокат но неговиот став е дека се е во рацете на судијата, засега нема сведоци а и да се појават би биле лажни бидејќи во моментот на неговите навреди немаше никој. Од искуство што следува?
Поканава е за нарушување на јавен ред и мир,за тоа дека демек си го нападнал физички или за двете.Едно е да го нападнеш некого физички а друго е да нарушиш јавен ред и мир.Пишуваш го навредив со неубави зборови а после викаш има лекарско дека сум го нападнал физички.Објасни убаво да знаеме како да те советуваме.
Поканата е за нарушување на јавен ред и мир и во неа пишува дека како сум нападнал некој - нешто што не се случи. Возвратив со зборови на исто ниво како неговите, не е сеедно некој да ти пцуе жена и мајка без причина. Лицето не е воопшто нападнато но некако извадило лекарско. Сведоци немаше освен родителите кои излегоа на врата.
Вербален напад тоа значи дека си го нападнал со зборови,си го навредил,пцуел,омаловажувал и сл.Може да извади лекарско дека се вознемирил,не е добар,возбуден,вознемирен бил,неможел да се смири и сл.А со тоа што си викал си го нарушил јавниот ред и мир.Ако те навредил и тој си можел и ти да извадиш лекарско,сега веќе неможеш за нешто што поминало да вадиш лекарски извештај.Сведоците ако се твои е добро можеш да ги пишеш,а ако се негови доказ плус има.Барај си адвокат што поскоро,без адвокат ништо.
Здраво, нова сум, ве следам подолго време и би сакала да прашам дали рокот за поднесување приватна тужба за кражба е 3 месеца од денот на откривање на истата или од денот кога истата се случила? Благодарам
И мене ме интересира ова. Знае некој да ми каже? Дали од дента на настанот три месеци или? не сфаќам. @Forca ili @JuLleE @jacqueline.s Не знам сеа точно која од вас беше правно лице извинете и двете за таг
Здраво, Пред неколку дена со партнерот бевме физички нападнати од тројца наши пријатели со кои имавме недоразбирања претходно. Имено, еден од нив ми пишуваше на ФБ неколку денови пораки во кои на два пати ми изјави дека има чувства за мене. На тоа му одговорив дека не сакам да сум со него и дека го гледам како другар, дека не сакам да си расипувам врска. Неколку денови после тоа се допишувавме пак меѓутоа тоа беше другарски. Вечерта пред да се случи тепачката тој ми ѕвонеше на телефон и ми пиша да излезам со него и негово друштво. а мојот партнер кога виде му пиша заканувачка порака. Изнервиран заради пцовката собрал двајца другари во алкохолизирана состојба и не чекаа пред мојот дом мене и мојот партнер, не извлекоа од кола, мене ме влечеа за ракав, а на дечко ми му нанесоа телесни повреди. Бевме на лекар ,извадивме извештаи дека сме повредени и дека сме претрпеле стрес. Дали би можеле мене да ме казнат за ова и јас да платам некаква казна кон државата , бидејќи на некој начин јас сум виновна и се степаа заради мене? Сведок на настанот беа брат ми и снаа ми кои повикаа полиција, а сега имаат закани од напаѓачите заради тоа .
Не. Воопшто не си ти виновна за ова. Скроз контакт прекинете со тие лица за ваше добро. И партнерот твој нека си ги контролира емоциите, да не наседнува на провокации толку лесно. Нека пријават во полиција дека им се закануваат. И подалеку од тие луѓе.