Феминки помагајте..! откако почнав да тренирам одбојка нозете ми се искривија . За 1 ипол месец ми е полуматура а јас имам фустанце над колена. срам ми е да носам сукни или фустанчина постојано сум во фармерки. Ве молам казeте совет како да си ги исправам. Кривите нозе многу влијаат на мојата самодоверба. фала однапред
е како може од тоа да тисе искриват нозете чудно ми е..сигурно такви ти се биле од малечка и не верувам дека има нешто со што да ги исправиш едноставно да носиш подолги фустанчиња
Криви нозе,се криви нозе,само што ти кога си почнала да тренираш,ти се зголемиле мускулите на листовите на нозете и станало поистакнато.Тоа е...или прифати ги и носи си ги без гајле или носи панталони... Многу мислат дека криви нозе се исправаат со вежбање,особено доле во листовите,грешка голема...дури изгледа и полошо.
Мој совет - да не се оптеретуваш толку со тоа и да не мислиш постојано дека имаш криви нозе. Носи си ги со гордост, колку повеќе даваш значење на тоа, толку повеќе и другите забележуваат. И јас имам криви нозе па што? Ич мака си немам и си носам и кратки пантолончиња и сукњички
Нозе може да ти се искриват од вежбање во теретана(и тоа само од одредени справи) и од играње фудбал. Ама дека од одбојка се искривиле не верува. Тие веројатно такви ти биле, ама сега ги имаш зајакнато мускулите и повеќе ти се познаваат. Не знам како би ги „исправила“. Има многу луѓе со таков проблем, тоа не треба да ти влијае на самодовербата. Еве и мене стапалата ми одат навнатре, сите чевли, патики и сл. ми се искривени од неправилно одење, па тоа не ми ја нарушува самодовербата.
Јас немам таков проблем, но кога бев послаба ми беа покриви, но тоа зависи од мускулите што ги имаш на нив. Кога се здебелив добив преубави прави нозе. Ако ти се тенки пробај малку здебели се
И моите нозе се малку криви нешто слично како на сликава (како првите - овие се нормални но моите од коленото надоле повеќе ми забегуваат нанадвор) Правам вежби преку ден, оние на Синди Крафорд (Shake your body) со зголемување на мускулите да не дојдам и јас до поизразени криви нозе?
и на мене ми се исти како твојте од коленото ми забегуваат нанадвор, сега ке пробам малку да се здебелам можеби нема да ми се гледаат кривите нозе
Не можеш да ја промениш положбата на коската,а според неа ти е поставен и мускулот,така што како што колку и да качиш мускул на ногата,таа ќе остане таква,па дури и поизразено.Сакам да ти кажам нешто кое што нема да биде така,ама за жал така е.Другарка моја си мислеше дека ќе оди у теретана и ќе ги промени нозете,ама сега е како фудбалер,кај искривен,па и мускулести. На крајот,кога нешто е такво какво што е,прифати го и нема што па и да се замараш.Тоа е тоа сега.На крајот,тоа не го условува твоето задоволство од себе во секој поглед.Искрено да ти кажам,луѓе кои патат од изглед и за изглед за мене се незрели и по малце им недостига во тиквата.Секој сака да изгледа убаво и убаво е да се стреми кон тоа,ама да му е опсесија,веќе е болест,така да уживај. Пример на друга девојка,цел ден гледа згодни тела по нет и се гледа себе во огледало,не вежба ко шо треба,а сака така да изгледа и рика,човеќе рика као мало дете.Легнува на тросед и се превртува од рикање и нервоза и тоа пред луѓе. Оди на фризер задолжително се враќа пиштејќи,има 20 и кусур години.Среќа не е моја пријателка,туку на другарка ми колешка од факс,зошто ќе ја истепав,не трпам такви луѓе.Стално си се зезаме на нејзина сметка.
Не! .. ако имаш прави нозе, такви и ќе ти останат .. Луѓето со криви нозе, се раѓаат такви, или се криват од некоја повреда. Не се секирај, слободно вежбај си.
Убаво ви кажаа тој што има криви нозе има од раѓање или евентуално поради скршеница на коска,па после лошо зарасната или поради нагло зголемување на мускулот па да изгледаат криви.А со вежби не се исправаат колку што знам.
И јас имам криви нозе, па ги прифатив какви што се. Летно време си носам и кратки фустанчиња и шорцеви, така да не се оптоварувајте со тоа, никој не е совршен.
hahah ах, и јас сум во оваа група. Кога ќе ги спојам нозете, од коленото надолу имам процеп леле порано многу се замарав! Ги мразев, а знаев дека тие се така генетски (на татко ми) и не можам ништо да направам. Сега не им се чудам многу. Си облекувам и кратки пантолончиња и фурам. Ама не носам на пример балетанки + кратки пантолончиња - премногу е очигледно и не се сакам тогаш Ама се‘ се надминува, добро е да си го сакате телото
Нозете не ти се искривени (не е возможно ),само мускулите ти се зацврстени од трчањето и затоа ти се чини така.Носи си го фустанчето гордо и со самодоверба,пошто верувај дека сите сакаат цврсти нозе,луѓево мака мачат со тоа,а не пак непотребно да се комплексираш.Уживај,бејби!
Тоа не се баш криви нозе. Тие се викаат иксарици и се сметаат за најубави нозе. Спојлер Одев две години на балет и од таму го знам ова.
а да не си набиваш комплекси па сигурно и ти малце ја увеличуваш работата сигурно не е толку страшно.. уживај и слободно носи си што сакаш
Прави исто што и познатите со тој проблем . Читав дека Тина Тарнер на пр. нема баш нозе за пофалба, ама дека точно знае како да застане за да не се забележеува тоа. Значи, малку пилатес на пр. за фино дефинирање, малку вежбање за тоа како да се чекори и како да се стои, а да не се забележува, малку соодветна гардероба и решен проблем . p.s. Никој не е совршен. Па види колку криви (ама баш криви) нозе има Сара Џесика Паркер, на пр. па тоа не и пречи да биде модна икона. Се е до стилот (и до ставот) .