1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криминалистика

Дискусија во 'Образование' започната од TralalaScorpio, 11 февруари 2011.

  1. Afrodita-M

    Afrodita-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    И мене ме разубедивте :(
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Девојки ако е така, ама баш никој не може да ви гарантира работно место, освен нели ако немате врски па да ви чуваат, ако ова сакате да го учите учете го! Јас не студирам тоа, не сум ни имала желба само сакам да се надоврзам дека на ПМФ има смер биохемија со физиологија има некои допирни точки со форензика, или па повеќе не знам. Имам познаничка која студира баш поради тоа, а ако не најде така работа може во работи и во лабораторија. Е сега прилично е тешко ама ако се сака се се може. Прочитав дека некој напишал дека сака форензика па ете ова е до негде поврзано, а со криминалистика мислам и дека не е
     
  3. AnaAnaB

    AnaAnaB Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Може ли некоја да ми објасни каква гимназија треба ако сакам да се запишам на криминалистика ? И ако може да ми објасни што е судска медицина а што криминалистика ? (не е оти не знам туку ме збунивте малку со претходниве коментари , ве молам)
     
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Јас сакам да студирам детективи и безбедност и ги прочитав сите претходни мислења но само 30% од вас пишувале што биле на таков факултет. Ќе ве замолам ако има некој што е на таков факултет или што завршил да каже што мисли? Благодарам. :)
     
  5. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Јас студирам на Факултетот за Безбедност - насока БФК, но секако овој смер не го препорачувам.. За жал бидејќи беше исполнета квотата за Криминалист се запишав на БФК и направив голема грешка. Така да криминалистичкиот смер е далеку поинтересен. Има пракси, постојано си на терен и се учат работите на лице место за разлика од БФК. А исто така бара и голема физичка и психичка активност, бидејќи има предмет Физичко и не е баш така лесен за полагање.
    Нема потреба да зборувам за организацијата на факултетот - една голема 0 во однос на полагања, коректност од страна на професорите и ред други работи. Не знам како се одвиваат работите кај криминалистичкиот смер, зборам само површно од тоа што го знам од моите колеги.
    За БФК смерот чиста утка, не можам да си простам што го одбрав овој факултет или смер.. искрено сум незадоволна од услугите на факултетот за мојот смер.
    Како што пиша членката погоре воопшто нема некои дополнителни патувања до Битола.
    Бирајте мудро, интересна и убава работа е тоа. Мене ми е огромна желба да го работам тоа во иднина, но ќе видиме. Јас киснам на пц со криминалистички серии било тоа да е NCIS, Criminal Minds .. ама работата е тоа што ние не сме таква држава за оваа наука да биде ценета и барана во таков поглед како што гледаме по сериите. Така да и не знам колку ќе ни биде исплатлива за да ја работиме тука.
    А за форензика има мастер студии, на страната www.fb.uklo.edu.mk можете и дополнително да се информирате или да исконтактирате со студентски прашања да ви објаснат поубаво.
    Поздрав и направете го вистинскиот чекор :)
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Јас имав изборен предмет-криминалистика на правен факултет, ја обожавав таа област,сама полагав испит на предметот, извадив 10 уживав додека полагав, материјалот си го преведував од хрватски ,влегов во некој криминалистички филм, со уживање ги гледав CSI и си мислев дека тоа е исто и тука, но за жал не е. Кај што нема да можеш да се вработиш во мвр освен ако татко ти не е началник, туку и опремата со која работат кај нас не е како во CSI сериите. Преку казнено право бевме на посета во мвр-криминалистичкиот оддел, ни објаснуваа за докази, за оружје и сл. Не знам како е сега ама тогаш самите вработени ни рекоа дека уште се користела парафинска ракавица а имало посовршени методи, и не се сеќавам за каков апарат ни зборуваа дека немале а истиот бил 50 илјади евра :D смешна сума за таква сериозна институција. Памтам секира со крв ни покажуваа како тазе доказен материјал. :rofl: Просториите внатре ми беа разочарувачки, можеби дека очекував нешто како на филм. Ми се сруши филмот, не дека тоа не е нешто што не го очекував туку поради тоа што мојата желба не зависи од мене туку од многу појак фактор-врски.
    И така јас се помирив со тоа дека криминалистика во оваа земја а и во околниве, нема да можам да студирам а уште помалку да се вработам. А ако имаш финансии и си упорен можеби ќе можеш да го направиш тоа во Америка или во другиве развиени земји.
    Можеби сте ги приметиле нашиве криминалисти, на тв кога има некое убиство или при сообраќајки, колку бедно делуваат, среќа Хорејчио не ги гледа.
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски

    Јас имам наумено да идам на полициска академија и сигурно ке идам не се откажувам така лесно јас.Ако не успеам тука да се запишам тогаш во србија ке пробам.иначе уште како дете сакам тоа да го работам.и го имам зацртано. :) :D
     
    На rak4estip му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Значи факултетот за безбедност и кримиалистика е лоциран во Јурумлери,Идризово и е во рамките на УКЛО-Битола.Меѓутоа не треба никакво патување до Битола,затоа што на самиот факултет во Скопје си имаш и студентски прашања,таму се поднесуваат пријави,се пријавуваат испити и др.Има два смера:безбедност и финансиска контрола и криминалистика.Државата нормално дека не ти нуди никаква гаранција дека ќе те вработи.За некоја од девојките што ја интересира за форензика,мислам дека имаше и ваков смер,но за жал смерот е укинат некои 4-5 години.Во склоп на факултетот имаше и студентски дом,но и тој моментално не е во употреба.Се пријавуваат многу студенти,а се примаат малку.А за некоја што ја интересираше судска медицина тоа е специјализација од времетраење од 4 години по завршување на медицински факултет и како гранка го нема на овој факултет.Поздрав
     
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Јас студирав на ФОН на овој смер, бев во првата генерација и со доста добар просек. И таму криминалистиката е како предмет.
    Ако имаш толкава желба да го учиш тоа, пробај, само да ти кажам дека не е така лесно...навистина нема математика, физика, ама има еден куп закони и мора да си добро физички подготвена.
    Јас и специјализирав на истата струка, сега веќе сум Специјалист по детективска дејност и безбедност и најискрено не планирам да магистирам и за по џабе да фрлам пари кога знам дека во МВР не се влегуви со школо туку со нешто сесема друго (секоја чест на некој ретки случаи).
    Среќно во изборот и се надевам ќе одбереш нешто што ќе го учиш со желба.
     
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Ај ако може да ми помогнете сакам да се запишам на безбедност и финасова контрола ова во Идризово што е дали задолжително се учи англиски јазик и математика и дали на овој смер или вежби и такви ствари ?
     
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    ^
    Оди на страната на факултетот и се ти пишува.Англиски ти спага во изборен предмет.

    Инаку колку тоа треба да бидеш физички подготвен.Како што зборувате искрено само тоа ме плаши.Не знам дали би издржала се, вака од понежничките сум (физички) :D За учење и се друго нема проблем, ќе си средам :lol:
    Дај кажете што толку работите на физичко.Еве како девојки ваше искуство :)
     
  12. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Ништо страшно. Физичката подготвеност се добива, немора да ја имаш...ќе ја стекниш. Токму и тоа е целта на факултетот. Здрава храна, активност, вежби... само да се сака и се се можи.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А знаете колку просек бараат за запишување на овој факултет?
     
  14. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    5.00 а ако имаш врски си влагаш одма :)
     
  15. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Не зафркавај :o Сите 4 години да немаш ниту една четворка :o Па на медицина и ред други по лесно ќе влезеш ако е таква работата :D
     
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Сакав да се запишам на овој факлутет и најдов врски првин и дека сум имала 2 четворки само во 1ва година ми кажаа дека можно е да влезам во приватна квота едино ако ме бутнеше човекот некако во државна квота зошто се што влагале биле 5.00 а исто така се дешавало и 5.00 да не влезе да влезат некои други послаби се разбира што имаат јаки врски :)
     
  17. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    БАРАМ ЦИМЕРКА ЗА ВО НОВА КОЛОНИЈАААА :)
    НЕКОЛКУ СТАНОВИ И КУЌИ РАЗГЛЕДАВ ЦЕНИТЕ СЕ ЕФТЕНИ МОЖЕ И САМИ ДА ВИДИМЕ ЗАЕДНО ПА АКО СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ПИШИТЕМИ ВО ПОРАКА ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    кој ве лаже дека треба 5.00 просек, кога пред три години во мојата генерација се запишаа со 40 поени вкупно со матура во приватна квота а во државна влегуваа со 75 и нагоре, и не е некоја подготвеност физички не е ништо страшно, башка е интересно школувањето има интересни предмети, само шо факултетот е во идризово и многу е мачно секој ден да одиш до таму. иначе сум на смер безбедност и финансиска контрола имам пријателки на криминалистика скоро исти предмети имаме од таму и знам затоа коментирав.позз и не му ја мислите многу за примање секако ве примат само нз дали во приватна или државна квота
    п.с отворете на страната и видите од лани список на примени студенти кој со колку поени е и во која квота!
     
    На Hiii и rak4estip им се допаѓа ова.
  19. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Пред 3 години ... сега не е така ти викам професор што предава таму што имам 90 поени со се и матура и успех од средно и кажал на мајка ми не може државна квота да влезе
     
  20. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ти пробај па ќе видиш дека ќе влезеш,зависи од конкуренција ама сите шо имат над 85 поени се у државна квота (практиката така покажала) за нашата генерација беше спуштена границата скрос.