Мала сум уште за факултет да размислувам. али од серииве на FoxCrime.. се заљубив во криминалистика, али како што ги прочитав мислењата тешко било
Не бе на економски ќе идам зошто не сакам за криминалистика ја сакав безбедност и финансова контрола ама го ставија во мирување :/
имаш на мит универзитетот смер безбедност и финансиска контрола (цела програма комплет е префрлена таму) 1300 евра годишно, братучед ми е таму!
Знам истото го видов и јас баш на Саем кога бев но на жал не можам да им барам толку пари на моите искрено кога можам ете на државен да идам и според мене бар ќе можам работа да најдам зошто со приватниве слабо работа некако . Имам и јас другр таму што е и вика не е тешко им дават и прашања и одговри за испитот ама нема теоретски шанси моите да ми дадат 1300 евра зошто солидна ученичка сум и не би ме пратиле на приватен
Според вас кој смер е поперспективен криминалистика и бфк? На денешен ден за што е полесно да се најде работа, некако криминалистика потешко ми изгледа или грешам
Да ти кажам искрено тешко е со овие смера да се најде работа не знаеш колку души се жалат што се невработени од овој факлутет и баш за двата смера. Ако имаш врски не му ја мисли запиши се но ако немаш мој совет ти е немој зошто на телевизија видов како се жалат луѓе дека нема работа со овој факс
Можеби малку каснам со одговорот, но да ти кажам дека физичко воопшто не е лесно како што кажуваат. Кога ќе си осетиш на своја кожа најубаво ќе знаеш. Во прв семестар немаш физичко, но од прв до шестти имаш. Во втор семестар полагаш трчање 2км за максимум 12мин и 50 сек, бенч 20кг за 30 секунди, стомачни за 30сек, растегливост, скок од место во далечина и шпринт 20м. Во трет семестар полагаш истото што го полагаш во втор и имаш плус карате и бокс. Во четврти семестар имаш полигон со пречки и џудо (падови,флања)... Додека петти и шести семестар се сценарија.
Озбилно До сега сите што сум ги прашувала сите ми имаат речено дека не е многу тешко и активноста се стекнува и се се научува.И криминалистика и БФК го има истото, бидејки прочитав дека скоро исти предмети имало и во двата смера? Фала ти многу што пиша и ве молам некој нека одговори на прашањето на bonbona92.Јас мислам дека нема приемен но да не грешам
Мене желбата да бидам детектив се повеќе и повеќе ми расте. Имам еден пријател кој студира во Идризово на факултетот и како што знам било многу тешко да се прима таму. Тој, иако одличен сите четири години, со сите петки пак морал да фати врски за да влезе. Е сега проблемот е што јас не сум одлична, многу добра сум значи со четворка и како што ги прочитав мислењата се разочарав дека мора просек 5.00. И проблемот е и тоа што многу тешко се наоѓа работа со овој факултет. Мислам да имаш врски многу е полесно, но што кога немаш? Можеби ќе ти се посреќи и ќе добиеш работа некаде, но тоа е 40% сигурно. Ајде тие што сте на овој факултет пишете ги своите искуства да знаеме што не чека и со ваша помош да го одбереме вистинското.
Просекот многу, многу не игра улога дефинитивно.На факултети.мк ја гледав листата и со колку малку поени имаат некои влезено (да не речам двојкаши) па се примени Така да желба и врски и терај
Кога за прв пат го слушнав зборот ФОРЕНЗИКА (судска медицина) нешто однатре многу ме влечи кон таа наука. Најмногуу од се ги сакам природните наукии
што предмети има за безбедност и финансиска контрола? и сакам да ве прашам дали има работа после овој факултет?? и што предмети треба да земам за полагање?
http://www.fb.uklo.edu.mk/studiska.programa.bfk.pdf Еве ти ги предметите а со смеров не се надај на работа
Се што ти треба имаш на тој линк од факултетот. Науката е перфектна затоа и таму се запишав, но жал со ова кај нас не се просперира и цени. Се што гледаме по криминалистичкиве серии/филмови мислиме и кај нас е така, ама далеку е од тоа. Доколку го одбереш смерот БФК (на кој сум и јас) верувај дека нема да го работиш тоа за кое што си учела, а дефинитивно ни Криминалистите не се на завидно ниво со вработување за жал .. Кратко кажано факултетов е чисто срање или постручно кажано перење пари со што у здрав памет со твои пари те праат идиот..
Девојки, ај да ве прашам нешто. Брат ми сегае матурант и слушнал дека од следната година смерот Криминалистика ќе го стават во мирување. Има ли вистина во тоа?