Нема никаков приемен Порано било тоа, инаку јас сум криминалистика и има најмногу предмети, во еден семестар има по 7.
Тоа е исто како да речеш - што ќе одиш на еконмски или правен, има со лопата да ги ринеш Не ни ја потценувајте професијата, не сме ние на улица најдени Утре кога ќе ве ограби некој, прво во МВР ѕвоните.. Кога има убиства, ние излегуваме на терен, не вие.. Кога има војна, нас први ќе не мобилизираат на терен по потреба додека некој ќе си го пече газот на плажа на југ
@Juicy Ti blagodaram. A za ovoj drugiot smer imas nekoja informacija(kriminologija i kriminalna politika)? Inaku koja godina si, kako ti ide do sega?
Искрено не знам за другите, јас сега 3та завршив сеа за сеа супер ми е, има предмети кои со мерак ќе ги учиш, а има и досадни како и сегде. Интересно е во секој случај
Единствена надеж за вработување од тука - цајкан, сите што ги знам од факултетов еве ги во полиција влегоа, напредување мноогу тешко.
Хахаха,абе аман,кој детектив ке те спаси од криминалец...Не го потценувам факултетот,но до вчера и не бе ни вработуваа во МВР,не знам зошто?Можда од многу што сте опасни за фаќање лопови и штеточини,Колку што знам тие се приватни факултети,кај што и магаре зема диплома.Навистина се надевам дека некој ке вработи детектив-можда ако сте Ник Слотер
Очигледно дека врска немаш од животот Факултетот за безбедност е дел од Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола и како таков функционира од 1977година.. Во 2003год познатата Полициска Академија со законот за Полициска Академија се трансформира и влезе во состав на Климент Охридски. Пет години подоцна, се подели на две институции.. Е сега, има и приватни - факултет за детективи и безбедност во склоп на ФОН и еден во склоп на ЕУРМ ама еве те поканувам да одиш и да го завршиш со 9.6+ просек, па ќе дискутираме.. Да научиш да ракуваш со огнено оружје од мал и голем калибар, да научиш да преживееш на 2 метри снег или пак во сушно подрачје..Да научиш како да разоружиш лице со огнено оружје, со нож, со друго ладно оружје... И многу други работи.. Тогаш ќе бидеш компетентна да ја понижуваш дипломата на било кој од погоре споменатите факултети... Вработување од ФОН мнозинството добија, не се секирај Особено стипендистите, кои го испотија газот за да задржат просек додека другите си ги ладеа во ресторанот.. П.С.... Ако не знаеш сама да се спасиш, никој нема да те спаси од напаѓачот..затоа повели и научи некоја вештина, за да не мора после тоа инспектор да води истрага против твојот напаѓач П.П.С ... подобро да бидам високо образовано магаре со стекнато вистинско знаење за кое сум се препотила 100 пати и можам да го применам во секој сегмент од животот, отколку да бидам марионета на искомплексирани професори и пак да не најдам работа.. пих..штета
Не се секирај,знам да се одбранам и да ракувам со оружје и имам лиценца за обезбедување.И не чекам некоја полицајка да ме спаси,значи какви се изгризани,смешни се ,да ги дувнеш ке паднат.За приватниве ми беше муабетот факултети,знам како се завршуваат,сите неписмени земаја дипломи.А пак сега и во секое село има факултет па и благо ретардирани се со диплома.Има и студенти кои се испотиле од учење ама се многу ретки.И можам да преживеам во планина и на минусни темперури зошто сум и планинар.Факултетот не те прави јак за да преживееш во екстремни услови,туку изджливоста и организмот.За тоа не мудрувај,туку барај си работа по струката и да најдеш ти посакувам!
@meganbaby http://study.com/articles/Criminology_vs_Criminalistics_Whats_the_Difference.html Еве прочитај си, да не пишувам на долго тука Иначе приемни нема. А на факултетов мислам дека криминологија имаат по некој предмет помалце ама може и грешам. Јас сум криминалистика и имам по 7 во семестар
Значи криминологија е повеќе како детективска работа, а криминалистика е да се занимаваш со докази ова она нешто како инспектор , така е или лошо сум разбрала? Добро, ај вака, сакам да студирам за криминалот, видови, психологијата на криминалците и така натаму(п.с детективска работа) , не за форензичарската работа, како истражување на местото на злосторството и сл. Значи, кој смер да го изберам, криминалистика или криминологија?
Јас би ти рекла криминалистика, бидејќи криминологијата повеќе се однесува на превенција на криминалот и негово изучување како научна дисциплина. Кај нас во Македонија криминалистиката не можеш да ја рамниш баш со форензика, си има постдипломски студии на УКЛО и на ПМФ за оваа намена. На запад, особено во САД важи оваа поделба.. Во криминалистика изучуваш криминалистичка тактика и техника, виктимологија, пенологија, тероризам, методика на истражување (неколку предмети имаш, од различни гранки), контраразузнавање, компјутерски криминал и сл А реално ако гледаме на околината во која работиме и живееме, било која гранка и да ја одбереш, кога ќе дојде време за работа на терен, сите сте исти
Фала ти што ме натера уште повеќе да си ја зголемам желбата за ваков факултет. Иначе ти на кој факултет за криминалистика си?
Јас одамна дипломирав. Мило ми е што имаш желба а уште помило што сум помогнала таа желба да стане уште поголема.. се надевам и реалност во иднина
Дали ако се запишам на овој факултет после може да се работи исто така како Судија или мора правен факултет дајтее совеет
Девојки, некоја што е 2, 3, 4 година или дипломирала на Факултет за безбедност, насока Криминалистика? Ми треба мислење за професорите, колоквиуми како се и некои информации. Прва година сум и малце сега пред колоквиумска ме фаќаат бубачките, па да си прашам...
Се прашувам вие кои учите на Криминалистика и кога препишувате како се чуствувате ? Како Криминалци или ?
4та год сум средно, после тоа планирам за криминалистика но незнам дали ќе можам потоа да влезам во алфите или за тоа се поминува посебни курсеви или незнам некој ако е запознаен со тоа да ми помогне. Фала однапред