Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криминални умови (Criminal Minds)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од eutixismena, 27 јуни 2011.

  1. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Неможам да ви опишам колку се опседнав со серијава. Порано ја гледав на фокс крајм ама онака. Пред некој месец ја фатив на сител и да не објаснувам, го знаете чувството кога ќе видите на македонска тв некоја серија што сте ја следеле. Сега ја гледам третава сезона на сител (а во меѓувреме другите сезони ги гледам на watchseries.lt) и некако поинаку ја доживувам, можда не сум ја сфаќала целосно порано. Тешко ми задржуваат внимание крими серии зошто во суштина одат шаблонски, ама во криминал мајндс се им е така добро осмислено никогаш, ама баш никогаш не се досадни. Досега не ми се случило во серија да ги сакам сите ликови, ама во оваа ама баш сите ми се симпатични дури и Ерин Штраус :lol: Симпатии 3 имам :lol: 1.Морган - на лик опасен дечко ама колку е срце бре.. душичка ми е кога е со Гарсија. 2. РИИИИИИИД мислам дека нема потреба да објаснувам зошто...we all love our geeky genious :D 3. Хочнер, со неговата сериозност и промисленост и секогаш среден со костимче машниче,а и тоа синчето срценце е.
    откако е испадната новава епизода одложувам да ја гледам , несакам да си оди :(((
    Како што веќе спомнавте,и мене еден од поомилените делови ми се цитатите. Сериите многу ми помагаат во усовршување на изговор и акцент на англискиот, често знам да ги паузирам за да си повторувам,а кај цитатите неизбежно е. Еден од оние кои ми оставиле најголем впечаток, а и најсвеж од епизодата вчера што ја даваа на сител: „The noir hero is a knight in blood caked armor. He's dirty and he does his best to deny the fact that he's a hero the whole time.” од Френк Милер.
    A и да, сега видов дека auroraa прашувала која епизода е сега на сител(каснам малку..) Во понеделник ќе биде од трета сезона 11та епизода - Birthright :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Оф леле како можеа онаа никаквана да ја донесат, не можам да ја гледам. |(
    Џенифер Лав Хјуит, мислам, стварно? Одвратна е бре, не знае да глуми. Ич не е ни средена, се гледаше дека и е незгодно.
    Премногу ја сакам серијава, ќе продолжам да ја гледам, ама се надевам нема да остане оваа глупавава. Ај нека и свирнат еден куршум.
    Од сите Прентис најмногу ми се свиѓаше, штета што си замина.
    Ми фалеше серијава и baby girl. :lol:
    [​IMG]
    :смајлиштоселигави:
     
    На Trnche, MaxyMax и 1209 им се допаѓа ова.
  3. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена серија, за век и векови! :D Шала на страна, серијата е заразна. Обично ја гледам на интернет, со оглед на тоа дека гледам по 2-3 епизоди минимум во една вечер ( не редовно, кога имам време). Не знам дали е до мене, дефинитивно најинтересно ми е кога ја гледам навечер. Најверојатно е поврзано со тематиката, ме потсеќа на ноќ, мистерија....пред спиење ми е идеално време за гледање. Ми се допаѓа концептот на серијата, ликовите се природни и навистина соживеани со улогата и карактерите кои ги играат. Има некој дух серијава, буквално те тера да се соживееш со неа. Не знам, јас уживам кога ја гледам. И секако, мојот омилен, еден и единствен, Рид :) :D Ги поседува карактерните црти кои би сакала да ги има мојот иден сопруг....ахх, фантазија :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Одлична беше новава епизода, се размрдаа малку. Иако уште се надевам дека ќе си замине грдана, воопшто не се вклопува.
    А читав дека по твитер особено ја хејтале, имало дури и смртни закани, па го исклучила твитерот. Ај може сега со бременоста ќе се ослободат некако од неа.
    Bare reflections (50 shades) добра драма направи. Актерот што беше убиецот беше одличен, и онака ми е симпатичен, ама тука фантастично си ја одигра улогата, добар татко, а сериски убиец.
     
    На UnordinaryOne и 1209 им се допаѓа ова.
  5. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    И јас редовно ги следам новите епизоди од 10-та сезона. Најновата дефинитивно ми остави впечаток, ми се допаѓа што разработуваат актуелни теми. Би било убаво и темава да се размрда малку и да ги коментираме тековните епизоди, навистина ја сакам серијава и редовно ја гледам па не е лошо да размениме и по некое мислење :)
     
  6. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    МНОГУ НАЈДОБРА СЕРИЈА!
    Ја пратев целосно до 7ма сезона си симнував на торрент...
    Сега не сум у тек а искочиле меѓу време уште не знам колку сезони.
    Многу луда серија. :) Ќе си фатам темпо пак за некое време.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Рид си најде пријателка.^_^ Редно е веќе да му најдат една добра девојка, некоја што може да се носи со неговиот ум. Добро беше заплеткана епизодава, ми се допадна и крајот, што немаше типичен среќен крај. Ама малку му го згрешија профилот на конгресменот. Добро, не му правеа профил на него, ама требаше да заклучат дека што бил под толкаво влијание на мајка му тоа и ќе продолжи, не се искоренува туку така.
    И на крај немаше цитат.:o
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Епизодава беше спектакуларна! Не трепнав додека ја гледав.
    Морничава од почеток до крај. Прво ја гледав со исклучени светла, ама се упрпав, морам да признаам и не додржав до крај така.
    Не ми е јасно што се случи, ама овој Питер направи нешто со Хоч, останува да се види само што. Сега е темпирана бомба. плус, не изгледаше премногу потресен што го фатија. Дали Хочнер пукаше, или тоа само го замисли? Или пукаше во празен постор?
    Сигурно во финалето ќе се разрешат работите. Се надевам нема да ги остават за следната сезона.
     
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ги симнувате или гледате на нет? Има добар стриминг? Не сум фан на гледање на серии на нет, но Криминални Умови ми е дефинитивно омилена омилена серија и баш би сакала да ги гледам последниве 2-3 сезони што сум ги пропуштила.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Јас ги симнувам, ги има на kickass, а за онлајн ги има тука. http://watch-series-tv.to/serie/criminal_minds
    На gorillavid или на vodlocker можеш да ги гледаш, побрзи се.
     
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам!!!
    9те сезони ги изгледав многу брзо, преинтересни ми беа.. Сега 10тата пополека си ја гледам си чувам неколку епизоди оти ако немам така во резерва ко ќе ми се пригледа да си спуштам лошо е :P
    Џејџеј ми е многу јака. Морган е уфффф.... Рид омилен! Пресладок е и не можам да ви кажам колку плачев ко му ја убија онаа мистериозната... В крај се приврзувам за ликојте и всушност и заборавам дека се ликој само, и зато премногу сакам Рид да си најди некоја ко него. Пенелопе уникатна, Хоч вистински лидер... Не знам ја обожавам. Кога сме на муабетот да си спуштам сега една-две епизоди од резервата :P
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Јесссссс, ќе си оди онаа грдана и нека не ја враќаат никогаш! Не беше лоша епизодата, ама се знаеше дека нема на Мег ништо да и се случи, фалеше таа тензија.
    Морам коментаров да го споделам, се умрев од смеење, на EW статија.

    WeirdGuy • 10 hours ago
    Greg Grunberg is hot. I want him to take his pants off, sit on my face, and wiggle, wiggle, wiggle. Then do it all over again.
    • JEREMY WeirdGuy2 hours ago
      YOU TRULY ARE WHAT YOUR SCREEN NAME SUGGESTS!!
      YOU SHOULD PROBABLY AUDITION FOR A ROLE AS THE UNSUB NEXT SEASON.
      :rofl::rofl::rofl:
     
    На Hipica и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Ова се мои досегашни импресии:)
    Серијава ја почнав уште одма по препорака од Реин и можам да кажам дека е една од најдобрите серии што сум ги гледала.
    Иако секоја епизода си има посебна тематика ниедна епизода не ми била досадна или непотребна. Толку си се соживеав со ликовиве што на моменти си се осеќам како дел од нивниот тим (збудалувам). :D
    Не сериозно, сите ликови се толку добро претставени и не можам да одвојам кој ми е омилен. Сите ми се посебни, доловена е и нивната емотивна страна и стравови и кастингот е ептен погоден зашто никој друг не би можела да го замислам во нивна улога.
    Сепак оној кастинг со Хоч,Морган,Роси, Рид,Прентис,Гарсија и ЈЈ ми останува најомилен. И тука би го додала Менди Паткин како Гидион заради кој си пуштам пак епизоди од прва сезона и посебно го обожавав неговиот однос со Рид кој им беше посебен.Тука би ги вброила и Пенелопи и Морган,секогаш се смеам на бејбигрл.:D
    Онака како најпотресни моменти би ги издвоила кога Гидион си замина, Фојет кога ја уби Хејли,заминувањето на ЈЈ и смртта на Емили,иако знаев дека не е уствари мртва глумата ептен ме погоди.
    Ми се свиѓа што посветуваат епизоди каде повеќе дознаваме за нивниот приватен живот,семејства. Ма,да единствено ми фали повеќе романса,знам дека ова е тип серија каде нема романса меѓу членовите од тимот и тоа е една од работите што ми се свиѓа ама можат почесто да вметнуваат некој love interest.:D
    Моментално ја завршувам 6та сезона и полека си ги влечам епизодиве зашто не сакам туку така да ги завршам ептен си се приврзав. Сеа толку,кога ќе завршам со 10 сезона ќе пишам пак:)
     
    На 1209, tace73 и RainBow им се допаѓа ова.
  14. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    И јас си го сакам стариот кастинг.. со Гидеон :(
     
  15. ecka.da.wiz

    ecka.da.wiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    na temava nikoj nema pishano, nova sum na serijava, ja sledam od kaj septemvri nekade, izgleda ovaa kje bide posledna sezona oti ne se znae ushte dali kje se pravi cheternasesta sezona ; - ; planiram da ja gledam od pochetokot letovo (oti nemozham ja da bindjam po celi sezoni na den ko drugi lmao)
    vie ushte ja sledite li serijata??
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Обновена е за 14та сезона. :)
    Јас ја гледам уште, ми фали Дерек многу, има досадни епизоди, ама си има уште моменти.
     
    На 1209 и ecka.da.wiz им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.502
    Допаѓања:
    42.743
    Пол:
    Женски
    Дали некој уште верно ја прати? Јас не можам да ја оставам, не е толку добра како порано ама сепак ја гледав со години. Последната епизода ептен ме изненади, не очекував иако секогаш потајно де надевав на тоа.
    Рид и ЈЈ ми беа отсекогаш најблиски меѓу сите,Рид го гледам како многу млад секогаш и покрај тоа што е многу паметен не можев да замислам како би било да е сериозен и заљубен и моментот кога рече, "Jenifer truth or dare"... знаев дека и тој ја сакал отсекогаш. Јас сум за овој пар, иако ме е жал за Вил, сакам да го видам Рид заљубен и среќен.
    Што мислите вие кои уште ја пратите серијава?
     
    На lola55 и Animali им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се допадна моментот. Ама воопшто. Супер врска си имаа, зошто вака да ја уништат? Среќна е со Вил, семејство си имаат, со Рид никогаш не ни имале хемија, едноставно не ми кликаат. Се надевам нема да продолжат во таа насока.
    Да видиме во последнава сезона што ќе направат. Жал ми е што ќе заврши, ќе фали некоја вака мрачна серија.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Некој да ми објасни зошто заминаа Дерек и Хоч? незаменливи ми беа иако омилен ми е секако Рид.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    За Дерек не ми текнува, а со Хоч ептен проблеми имале за време на снимање и го отпуштиле.
     
    На A_star му/ѝ се допаѓа ова.