Нема ваква тема, а ни треба. Памтите кога викав дека не може без амин од гоеере? Ако не знаете кои се овие лево, првите имиња на двете слики, гуглнете. А Мијалков, Меџети и Бајрами ги знаете.. од Кајгана*
Добра тема си отворила. Криминал има на секој чекор, на секој чекор, и секој што може прави нешто незаконско. За мене е мито и кафе и бомбониера да му дадеш на лекарот, и 1.000 денари да му дадеш на шумарот оти откако ти одмерил се по пропис кај треба да си сечеш од своја шума, чека да го честиш ручек, се вртка, па му даваш 1.000 денари, нека се почести сам. Криминал е кога една очна им велела на пациентите „празна ти е книшката“, демек пари да и стави за да закаже операција за око, мито. Ја фатија на крај со некои 2.000 евра кеш, ја уапсија, никому ништо, си најде подобра работа, во приватно здравство. Државата не санкционира, форсира дури криминал, и нормално дека како таква не ужива никаков имиџ, никаде.
Виновни се луѓето оти даваат, а не пријавуваат. Добро, ако тргнеме од полицијата ко полиција знаеме и зошто. Него, не треба да ни се мешаат отстрана држави. Премногу гнило ни е одвнатре и фокусот треба да биде како од корен да се реши криминалот.
Вака е секаде низ светот. Трамп 100 кривици му најдоа, еве сега кога победи сите му ги повлекоа. Бајден, може таткото е чист ама син му веројатно им парира на овие на сликиве.
Добро ова кај нас е ептен поразително. Мијалков беше директор на УБК. Шеваљ Муареми си го лади во Дубаи, има меѓународна потерница по него. братот има слика со Меси.. За ова се плаќа многу дебело https://emagazin.mk/кој-шеваљ-муареми-лидерот-на-групата-о/ зашо Сашо да ги искористи своите моќи и ресурси и да им го даде другарот?
УБК ти е една многу сериозна институција, во други земји де, кај нас еве примерот од погоре ви кажува. Што се чудиме после зошто се случило Диво насеље? Па требало разузнавање да работи, и да работело немало да дојде до напад. Па погледнете во светот како осуетуваат напади, како тајни служби решаваат криминалци, ги ликвидираат, а овдека па се сликаат со нив. Аматери. Богами какви не водат и како ништо не функционира, дури и оваа безбедност е одлична.
За најбогатите моќници, закони и правила не важат никаде во светот. Да, кај нас има можеби повеќе ситен криминал и ситна корупција на метар квадратен, но за големите риби, во цел свет не важат правила, закони и прописи. Еве во Америка имаме најсвеж пример со Трамп, а и во секоја друга демократска земја што себе се нарекува (нај)праведна, (нај)демократска и тн. Живееме во свет во кој парата купува сѐ. А повеќето најголеми криминалци најчесто се поврзани едни со други.
Само јас не знам изгледа кои се овие? И зашто секој еден го класифицираме во криминалец? Па тие и тоа го сакаат. Читни на кајгана. Самите си прават профили за да си се рекламираат. Кога има некое пукње, самите известуваат во групата. Благоречено, нека си се елиминираат самите меѓусебно. едит: сега го видов Мијалков. Ко теле некое. Ете знам еден криминалец.
Па нормално ќе му се закачи кога преминува од една во друга банда.Во тој свет има принципи. Меѓудругото Мијалков му ја даваше целата дрога на Шеваљ да ја продава,па сега види ти колку е моќен и колку пари има направено.
Чудно како овој вид на луѓе имаат некоја типична физиономија, исти интереси кои сами по себе не се криминални како фудбал, тетоважи, престој или посета на богати арапски земји...