1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криптовалути

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Medical girl, 6 декември 2021.

  1. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Генерално крипто-валута е дигитална пара која е децентрализирана (не се издава од централна власт т.е. од народна банка,). Може да се поседува на неколку начини и тоа, купување/тргување на берза или рударење (копање) за кое е потребно скап хардвер.

    Моментално на берза постојат над 7800 крипто валути, од кој биткоинот се смета за врв (еквивалентно на злато и го нарекуваат дигитално злато), по вредност е 59000 долари од биткоин, потоа следи етериумот, па бинанс коин, тетер, кардано итн повеќе инфо на https://coinmarketcap.com/

    Крипто валутата моментално е актуелна затоа што го заобиколува традиционалното финансиско работење, средствата се пренесуваат директно од корисник на корисник без посредување и притоа се избегнуваат сите трошоци при трансакции.

    Самото гуглање на темата ти дава онлајн извори, ако добро владееш со англиски ќе најдеш многу литература на оваа тема.
    Дали инвестирате во криптовалути?
    Пишете ги вашите размислувања.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас купив крипто валути преку CEX.IO пред 10 дена. Моментално земав 4 криптовалути: SOL, ADA, OMG и Shiba inu со минимален влог од 20 евра. Се уште учам и имам доста непознати работи. Планирам да ги чувам на подолг рок па ќе видиме..
     
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    16.158
    Пол:
    Женски
    Би инвестирала во иднина сигурно. Немам многу познавање со криптото, ама познавам многу што имаат и се занимаваат со тоа.
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    49.087
    Пол:
    Женски
    Кажете како се инвестира
    Страни нешто
    Еве коа има више тема бар помогнете на тие што не знаеме ништо
     
  5. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Вака и ја сум нова незнам многу.. Зачленете се на фб во групата Криптовалути има доста совети за почеток. Јас ги знам менувачниците CEX.IO, Binance i Coinbase. Јас купив преку CEX.IO зошто една другарка преку нив има извадено пари со македонска картичка и ми кажа дека е сигурна страната. За да купиш една криптовалута минимален влог е 20 долари и зависи од цената толку добиваш криптовалути. Пример АДА ја купив на 1.6 долари некаде значи за 20 долари 11 ми доделија. Цената им се менува секоја минута и чекаш да порасне. Ти одлучуваш кога ќе ја продадеш. Пример ако порасне на 10 долари ќе земам 110 долари а ако почекам подолго може да стигне и повеќе. Голем ризик е ама известирај колку си спремен да изгубиш. Никогаш не се знае..
     
    На Justicija, kikikikirika, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    4.245
    Треба да се примени шведскиот или кинескиот модел за таквите валути, т.е. да се забранат а не да плаќаме скапа струја, прескапи графички карти и кеси затоа што некој решил да си „рудари„. Да не дозволиме Македонија да стани Салвадор!

    Шведска бара од ЕУ да ги забрани криптовалутите


    Кина забрани трговија со криптовалутите
     
    Последна измена: 7 декември 2021
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Мене пред околу две години на меил ми стигна покана да се зачленам на платформа за продавање на фотографии. Кога отворив видов дека не се продаваат во ethereum што тогаш поим немав што е. Ставив неколку слики и скроз ја баталив платформава, додека не ми стигна меил дека некоја фотографија се продала. Кога отворив ми даде инструкции како да си ги префрлам парите на онлајн сметка за крипто и тогаш сликата што ја продадов за 300 денари, максимално стигна до 7000 пред да ги извадам парите.

    Сега поставив пак слики на истата платформа, ама веќе месец дена чекам да одобрат, гужва е... :lol:
    Да имав поголемо познавање тогаш, дефинитивно ќе се вложев повеќе. Сега има и други начини за продавање на фотографии, ама треба прво ти да платиш, едно друго... не знам колку ќе се исплати.
     
    На honey.11, IRBBB, Indiegurl и 3 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    77.220
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од забранување, многу други нешта трошат скапа струја, па пак ги користиме.

    Користам coinbase, crypto.com, metamask, trust wallet, safemoon wallet и револут крипто опцијата, а ги имам симнато и битмарт, бинанс и куоин :drunk:
    Инвестирав и чекам.
    Таман направив некој ок профит, буквално се крахираше, пред два дена го хакнаа битмарт и уште повеќе паднаа цените на криптото :drunk:

    Долгорочна инвестиција е, треба да имаш луда среќа денес да купиш коин и веќе утре цената да му појде Х10
     
    На Sweetlove_0312, Guns N` Roses, Medical girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.840
    Допаѓања:
    131.939
    Дај ти страната за фотографии.

    Има кај нас продавница за Крипто, у центар. Во секој момент ќе ти откупат Крипто за денари.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    https://makersplace.com/
    Малку да се поправам, не е само за фотографии, можеш повеќе видови на визуелна уметност во дигитална форма да продаваш тука.
    А таа каде што треба да платиш данок пред да почнеш да продаваш е оваа:
    https://opensea.io/
    Ко оваа има повеќе, треба и јас убаво да се расчепкам да видам што како.
    Супер информација, не знаев. Јас изгубив 10 долари додека најдам од каде можам на картичка да си ги префрлам.
     
    На Guns N` Roses и Medical girl им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не ми е мака што не сум почнала порано, од причини што воопшто и не бев запознаена.

    На почетокот на годинава сите кога почнаа со крипто, купив и јас нешто т.е. два месеци заштедените пари ги ставив на различни коини, имам нешто ситно добиено.

    Не се надевам многу, но не ни планирам да ги вадам парите, нека си стојат, ретко и отварам да видам колку се.
     
    На Ketchup и Medical girl им се допаѓа ова.
  12. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Колку данок се плаќа? И дали сликите ти ги правиш и ги продаваш? Како потоа ти праќаат?
     
  13. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Треба да чекаме може неколку години, меѓутоа со минимален влог помалку ќе добиеме..
    Јас планирам наредниве месеци да појачам некоја со поголем влог и да се надевам дека ќе ја изберам правата платформа ...
     
    На Ketchup и kikikikirika им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Глупости.
    Коцка се криптовалутите.
    Буквално.
     
    На Bezimenka90, Ava.84, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    3.523
    Пол:
    Женски
    Сакале ние или не то е иднината.
    Е сеега дали ќе бидат криптовалути или нешто друго е прашање.
    Факт е дека ќе исчезнат физичките пари само прашање на време е.
    Еве јас ќе се земам за пример. Ретко кога подигнувам пари од банкомат, во најголем дел пазарам со картички и немам потреба од физички пари е сега дали ќе бидат евра, денари или биткоини не се знае сеуште.

    Планирам да инвестирам во иднина со некоја мала сума, но сеуште не се сметам за добро подготвена, целосно информирана.
     
    На темјанушка, Justicija, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.078
    Допаѓања:
    87.610
    Пол:
    Женски
    Нфт арт е ова.
    Сега е во експанзија.
    ненормална побарувачка има од мај месец наваму.
     
    На honey.11 и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Free for Everyone
    We take 15% only when you make a sale, plus an additional 2.9% for purchases made through credit card.

    You'll also earn 10% every time your works are re-sold.

    Ова е од Makers Place.

    Иначе на платформава поврзуваш онлајн wallet, во мојот случај Coinbase, па Binance. Таму ти стига криптото.

    А на OpenSea треба да дадеш некои 250 долари за да продаваш.
    Иначе да, сликите се лично мои.
     
    На honey.11 и Indiegurl им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Кечо срц може и дигитална уметност да се продаде???
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Точно е дека физичките пари ќе исчезнат, ама криптовалутите моментално не се акредитирани на глобално ниво и нема регулација за нив.
    Ептен се движат 'ко шо ќе дувни ветрот'.

    Кога ќе се регулираат како валидни валути, на рамниште на Евро, Долар, Денар.... било која валута, тогаш можи.
     
    На Bezimenka90, JoyJoy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.078
    Допаѓања:
    87.610
    Пол:
    Женски
    Црни пари за црни бизниси.8)
     
    На g8lQQk и WildMk им се допаѓа ова.