си купила шиба,што не требаше, оваа вака не се работи,пред 2 дена да ставеше 15000€ во eth и да ги заборавеше до фебруари, сега ќе беше од најбогатите во Македонија.
Ај па да прашам.Дали некој ќе сака да објасни од ПОЧЕТОК како иде постапката? 1.Колку пари треба минимум да имаш за да вложиш?Пример 10 или 100 евра или 1000 2.На која страна се оди за да ги вложиш,? 3.Како функционира со валетот тоа (wallet) а не да пишете ,,има на фејбук групи" таму друго глеам си постираат.
inaku mene mi kazaa i nasa strana imalo ama seuste ne sum se registrirala i ne znam sto i kako https://ecd.mk/
со 10 нема ни да можеш да ставиш од 70 повеќе да. ставаш влог бираш кој коин дека мислиш де ќе порасне ги заборавеш некој месец и после хи разменуваш ако не трејдаш.
Ама каде бе чоек каде? Еве иам 70 евра на картица, и сеа шо праам? дај пратете страна, да знаев некој во реал лајф шо мајна ќе го прашав. Иам пари, после?Која е страната?Праам акаунт, па после шо праам? Степ бај степ ми треба
Ме пресмеа . Он топик, и мене ме интересира истово. Другар почна да се занимава со крипто пред месец-два и од 100 евра извади едно 5к евра. Ама како што подетално, не знам.
Е и мене ме заима, ја знам еден преку Ада Кардано направи пари, ама не комуницираме за него да го прашам Место да чекам од МОН секој месец пари, и да скенирам ко циган ( мислам секој денар ми значи фала Богу), подобро ќе ги вложам во нешто паметно.Колку луѓе се збогатија вака
ти треба трпение за оваа. не ти е играчка, јас кога влегов у минус 15000€ но ете се исплаќаше мојата инвестиција.
Шо дај бе у лп објасни ми, досадна сум ја, на глава ќе ти се качам Иначе намена, да ги конвертирам у евра и да ги трошам,Или онлајн кај шо може ќе купувам
@999, на Binance може да го продадеш криптото и после од Binance да ги префрлиш доларите на AirTM или Skrill. На Skrill има поголема провизија, ама на AirTM скоро и невозможно е да ги префрлиш на сметка. Од Skrill јас си ги префрлив на дебитната картичка во денарска противредност, меѓутоа имам и девизна сметка, не знам дали тоа има некаква улога.
Ма ајде,вака и ти,уште кога бев во школо го пратев оваа,но тогаш немав пари да ствам,и не се купуавше какос сега преку картички. Сите не ми веруваа,но кога ќе се покаже све на телевизија тогаш ќе верувате што значи оваа.
Како може во минус да одиш? Минус од максималната цена што ја држела валутата или минус баш минус? Ако е ова второво, што после, извршител ќе ти дојде или?