Пак нишо не сфативме.. Биља: како може у минус да влезеш? Х (го забораив) не ако работиш Ова е као ,,шо праиш”? -,,добар еве”
Исто. Сега дури почнав да читам по нешто, затоа што постојано се зборува за нив па да знам да се вклучам во муабет
ni jas ne se razbiram ama u minus lesno ke otides m pr ke kupis kripto i ke mu padne vrednosta i u minus si
Криптото е иднината, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не. Може мислите дека дека е скам, ама не е, екстра инвестиција е, подобра и од инвестирање во недвижнини. Нормално дека си има ризик, ама јбг, ризик ствара капитал. Колку повеќе инвестираш, толку подобро https://www.coingecko.com/en Според странава, има над 11 000 коини. Си бираш сам, читаш што имаат во план да реализираат во иднина и одиш ол ин Еве, фамозната Шиба Во септември, цената и беше 0.0000065$ Значи, за да купиш милијарда токени, плаќаш 6500$ Во рок од 5 недели, цената скокна вртиглаво многу, така што милијарда токени чинеа над 85 000$ Ама во март, милијарда токени чинеле околу 6 долари. Па така, неколку среќници што инвестирале ситна (или голема) пара и чекале трпеливо, искешираа милиони долари. А некои уште поголеми среќници, си ги чуваат токените и чекаат, за година две ќе имаат уште повеќе пари, затоа што цената ќе оди нагоре, уште десетина пати. И не, Шиба нема да стигне до 1$, затоа што маркет капот не го дозволува тоа. Постојат 450 трилиони токени, па така што цената да стигне до тој 1 долар, треба да се инвестираат 450 трилиони долари. Ама многу лесно може да стигне до 0.0005, или и до 0.001, што би значело, милијарда токени купени за 6 долари да имаат вредност 1 000 000$ Еве ја спомнавте и Ада (кардано) Моменталниот маркет кап е 41 милијарда долари, па така цената и е 1.30$, што е веќе бааги висока цена. За да направиш Х10 пари, треба да се инвестираат уште 350 милијарди долари во ада, што според мене тешко дека ќе се случи, мада никогаш не се знае. Биткоин е легенда веќе, пишува историја. Јас имам познаници кои што направија луди пари со инвестирање во биткоин пред 6-7 години. Ама тоа е, ризик ствара капитал.
јас мислам криптовалутите се криминал од криминалци за криминални употреби и треба да се забранат. само да се види какви личности криминогени копаат такви валути и преку кражба на струја сите плаќаме, јасно е што е работата.
А добро што се прави после со тие пари, со оглед на тоа што не може да се претворат во реална валута? Како може да се искористат?
Не сум навлезена во ова ама имам другар што работи. Во многу земји можеш да купуваш со криптовалути, буквално во ресторан да седнеш и да си платиш. Има онлајн плаќања исто. Низ Европа има банкомати кај што си ги вадиш парите.
Не знам дал сум заостаната ама не верувам во овие валути, а не ни вервувам дека можам да заработам од нив.Сите што ги познавам што вложиле ништо не добиле. Лажни ми се како Америка.
За мене ова е како замена за акции. Не за недвижнини. Барем мене ми е најблиску до акции. Зашто со парите што се заработуваат луѓето пак недвижности купуваат. Ова е некако лесни пари зашто за брзо вреем имаат брза заработка. Мене ми е само сомнително како активност зашто не се знае ни кој стои зад валутите нит ништо. Дување bubble ми е. Само што овој не се знае ни како ќе пукне ни кога. Е сеаг во процесот некој ќе добие некој ќе изгуби, впрочем како и во се до сега. Лично се надевам дека нема да пукне брзо зашто луѓево во светов стануваат очајни за пари. Ако на генерација X во Европа и требало 7/8 години да соберат пари за куќа (за депозит) и 15 години да ја исплата хипотеката, на генерација Y им требаат 10-15 години за депозит и 30 години за исплаќање на хипотека (значи никогаш нема да имаат нивна куќа ако не превземат драстични мерки). Се богатат некои гротото осиромашува. А социјалните мрежи пунат глава дека се треба да имаш за да можеш насмеан да правиш селфи и да постираш ако ти преубав животот. Нов rat race е ова. На крај се знае дека големите играчи најмногу ќе добијат. А секак опланетава Земја ќе ја уништиме во процесот. Зашто сите здружено сме станале премнгоу себични. И така не е битно што и колкус струја трошиме. Како се поттикнуваме едни со други се нешто да ни фали и слично. Така што како и за вложуваш колку имаш и колку мислиш дека си подготвен да изгубиш без загубаат да ти значи. Јас сеуште не сум вложила ама се мислам што и како би вложила следно.
Според мене, сејфмун. Можеби и Саитама Ину, можев да ја купам на 31ви јули, ама изгледав неколку видеа и ми се виде копија на Шиба. Решив да не ризикувам. Не гледај цена, гледај маркет кап и прочитај си вајтпејпр Секој те советува да купиш тоа што тој има DYOR
Зашо она да не може а ти да можеш? Иначе може да се извадат на македонска сметка, само треба преку НЛБ да ти биде отворена сметката за да поврзеш. Јас не би му дал на никој друг да ми вади пари од безбедносни причини, особено не на некој лик онлајн.
Не знам за тука ама слушнав дека во Косово имало банкомати. Кај и да е и кај нас би требало да стигнат.
Зошто само мене ова ми личи на ТАТ. Кој ви гарантира дека тие страници утре нема да се затворат и некој нема да го собере кајмакот. Лаички еве. Инаку ме интересира каква има врска струјата со криптото, како ''копаат'' кога од тоа што сфатив оваа е на некој начин берза.