Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криптовалути

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Medical girl, 6 декември 2021.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    По заострувањата на мерките во Шпанија, и забраните во Шведска и Кина , еве и братска Русија се приклучува кон барањата за забрана на криптовалути ]:)

    Русија ја разгледува можноста за забрана на криптоивалути


    Извештај на Руската банка во врска ризикот од криптовалутите и потребните контрамерки

    :!: Затоа македонската влада би требала да биде изразито внимателна во поглед на било какви идеи за легализација на криптовалутите.
     
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    12.216
    Пол:
    Машки
    Шо се случува со криптовалутиве овие денови? Гледам доста актуелни се на вестиве… :?:
     
  3. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Речиси сите сме свесни и сме слушнале за нивното постоење.
    Ретко кој не е слушнал за Биткоинот BTC, Ethereum ETH, Solana,BNB, популарните Меме коини Shiba inu и Doge.

    Прв пат засилено во Македонија почна да се зборува некаде околу 2017 година кога BTC почна нагло да расте десетици илјади долари, достигнувајќи го својот all time high (ATH) 67 000$ лани во Ноември. Моментално цената сега му е падната а со тоа и целиот крипто пазар е паднат и вреди во целост околу +900 милијарди $ од некогашните 3.1 трилиони долари$, главно поради стравот од вложувања поради Руската Инвазија во Украина.

    Интересно е тоа што, креаторот на најпознатата дигитална валута Bitcoin е познат под псевдонимот Satoshi Nakamoto, го направи проектот и исчезна, оставајки го така, тој од пред 11 години вредеше само 0.01 $ па кој е вложил и да е почувал неколку години знаеме што е сега. Така многу од новите милионери во светот дојдоа до тоа богатство да станат милионери преку трговијата со дигиталниве валути. Што од влог, што од среќа и трпение.

    Во главно има доста менувачници за Криптовалути, меѓу кои најпознати се Binance и Coinbase.
    Во Македонија во главно не може да се прави withdraw (им завидувам на Босанците) па менувањето-продавањето се врши во менувачници за Криптовалути како што е cryptotresor, ги има во повекето поголеми градови во Македонија. Им префрлаш одредена валута а тие ти исплаќаат во кеш, со 5% провизија мислам дека имат.
    Дел од коините направија BOOM, посебно тие на Мета универзумот(Metaverse), би ја спомнал овде Mana Decentraland која што од 0.46 отиде на 5.19$. А со проектите на Метаверс се очекува таквите коини да ги срушат нивните ATH и да достигнат нови повисоки цени. Бум направи и DOGE поради тоа што Илон Маск твитна доста пати дека поседува DOGE и дека стои зад него и инвестира во негово купување. Shibata исто направи свој boom во кој некој си 50$ станаа стотици илјади па дури и милиони долари во октомври минатата година кога достигна ATH а е создадена во 2020.
    Добар дел од народот добија со влогот и со самиот раст на валутите а добар дел и изгубија, поради избрзување, страв и несигурност и незнаење.

    Во последно време е доста голема вревата за колапсот на Terra LUNA која од 117$ падна на 0.000005 $, откако се сруши стабилниот коин на Терра UST. Па сите што беа вложиле изгубија, доста од инвеститорите изгубија и стотици илјади $ влог па дури милиони. Па направија нов коин на Луна LUNA 2.0 за да ги вратат парите на инвеститорите и да ја оживеат заедницата, ама тешко им оди или пак се само измамници, како оние на токенот Squid Game.

    Доста бизниси ширум светот почнаа да прифаќаат дигитална валута меѓу кои и познати ресторани, авионски компании, летувалишта и луксузни хотели, дури и официјална Украина остави адреси за донации во крипто валути.

    Дали Вложувате во крипто или пак можеби ги мајнате(копате) или не сте заинтересирани? Ај кој знае нека муабети.
     
  4. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    CEX. IO може да повлечете само има ограничувања некои за корисниците на mastercard.
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    Што мислите дека е попаметно да се купи у моментов, Bitcoin, Еthereum или некоја друга валута у подем? Имам и Биткоин и Етериум, ама се мислам да го exchange-нам ЕTH за BTC, Litecoin или Shiba inu. :D Ама прогнозите се дека ETH би требало доста да се крене до крајот на годинава, и не знам дали е попаметно да ги оставам вака како што се уште некој месец и двете валути и да ги извадам у менувачница. :)
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Osogovski.

    Osogovski. Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Машки
    Пред Септември се очекува Shibarium. А со тоа и се очекува раст на цената. Имат добри проекти. Само многу токени има во циркулација. Ама никогаш не се знае па остај ги и чувај ги.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Deni_srce

    Deni_srce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    123
    Чувај BTC, ETH,....Shiba inu менувај,...нема од тоа ништо
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Koceto03

    Koceto03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Што е проблемот што на Binance ми одбива картичката кога пробувам да ставам депозит или да купам крипто добивам само "unable to process" пробувам со мастеркард на комерцијална?
     
  9. Deni_srce

    Deni_srce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    123
    На некој картички од МК прави проблем, на некој не. Пробај со друга картичка, или стави си преку менувачница тетер.
     
  10. Koceto03

    Koceto03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Пробав кај еден пријател да купам со мојата картица на Binance си работеше нормално, кај мене цело време ми ја одбива последно што купив беше пред 6 месеци зошто е ова вака знае некој?
     
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    12.216
    Пол:
    Машки
    Да не имаш рестрикции за купување онлајн или на конкретнава страна/апликација од банката? Најдобро да си прашаш таму.
     
  12. Koceto03

    Koceto03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ни дозволи да купеме на апликацијата со истата картица од друг профил, само од мојот не сака..
     
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    12.216
    Пол:
    Машки
    Па контактирај ги од Binance, објасни им го проблемот.
     
  14. Koceto03

    Koceto03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Едино што најдов беше оној support chat што е многу глупо и не ти објаснува ништо на друг начин како може се контактират?
     
  15. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Си се заебала на шиба ину 100%-но
     
  16. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    We meet again, wise one

    Ова е страшно застарена информација нажалост. Криптовалутите страшно почињаат да се прифаќаат деноноќно. На пример, у Хрватсла имаат маркет од калибарот на Кам и Стокомак. У одредени продавници на маркетот, можеш да плаќаш со биткоин, етереум и УСДТ - прочитај овде (исто така читателу земи предвид дека артикалов е постиран у декември 2021!)

    Од друга страна, банки чии сопственици се легендарните Лоордови Ротшилдови(ако не знаеш кој се и која е нивната важност у светот, тоа е тема за друг пат) веќе повеќе од година дена пополека брцаат прстиња у крипто - прочитај овде .

    И како шлаг на муабетот - Централната банка на САД, уште од почетокот на 2021 почна да шушка околу оснавање такозвани „дигитален долар“, крипто валута која ќе биде поддржана од централната банка на САД - прочитај овде

    Така шо, кога знаеш веќе дека сиве овие ѕверки се умешани у кашата, не е работата „кај ќе дувне ветрот“ ниту пак „не се регулирани“. Последниот огромен пад на криптото у пролетта 2022 беше подбуцнат од Блекрок (актер со моќ кој се рамни со Ротшилдови). Неам конкретни линкови пошо искрено ме мрзи да копам линк за се, имате и вие гугл.


    Пошо незнам колку долго форумов ќе ми го држи вниманието, а и неам некој голем инсентив да држам лекции за беспари ќе ви го кажам ова на сите шо сте заинтересирани у крипто -

    Ако се мислиш дали да влезеш, влези. Ама влези со мали пари. Ако платата ти е 20 иљади, не влагај со поише од 2-3 иљади на 6 месеци, а може ќе треба и помалце, зависно од твојата поопширна финансиска ситуација. Биди спремен дека ќе се дупнеш од читање. Ако немаш познавање од макро, микро и бизнис економија, прво реши го тоа.

    Ако имаш кредити или слични долгови, НЕ ВЛАГАЈ!


    У случај да си заинтересиран у приватен коучинг, пиши, ќе договориме нешо. Ама не работам за беспари.
     
    На MissAlena му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Deni_srce

    Deni_srce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    123
    KYC направи ли на твојот профил? Веривикуван?
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    Некој што се разбира повеќе од crypto.com да ми каже нешто повеќе за Cronos валутата, дали се исплати да ја чуваш подолг период, дали има некоја иднина.. Ја добив како sign-up бонус од referral. Видов дека почна да се качува вредноста за неколку дена и се мислам да купам сама. Исто ме интересира, дали од оваа апликација конкретно валутава може да ми ја сменат во менувачница? Или како да ги извадам парите некако понатаму, зошто пишува дека на тој што ќе правам трансфер мора да има CRO Wallet.
     
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Moonlight88

    Moonlight88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Кој е заинтересиран да инвестира на платформа за тргување со криптовалути може да ме контактирате во порака за детални информации.
    На кратко можам да кажам дека платформата е легитимна можеш кога сакаш да си ги повлечеш средствата, а сигналите ги добиваме од админот на групата во која што сме зачленети на фб. Следиме финансиски план кој е составен од 5 чекори за да нема загуба, и секој инвестира согласно планот. Сигнал се добива секој ден и секогаш се завршува со профит. Кој сака во порака можам да ви го пратам планот и сите дополнителни информации.