Здраво. Некој кој тргува на binance дали може да ми каже како ср врши исплата на добивката и како таа се евидентира во ујп? Бидејќи е нели некој вид на приход
Од Бинанс ги конвертираш во долари/евра и ги префрлаш на некоја друга платформа која ќе може да ги префрли на наша банка. Јас лично со Скрил имам океј искуство. Исто така мора да имаш девизна сметка и не на секоја банка може да префрлиш. На пример јас на НЛБ не можев, на Уни можев без проблем. За УЈП ова не знам како оди конкретно, зависи работниот статус како ти е. Јави се или во банката, или во УЈП да прашаш.
еве да видите што пронајдов. Сакам да видам некои мислења за ова. Дали мислите дека со ова ќе нема веќе да се работи или признае работа со крипто? Сакам да знам па да сум сигурна дали да почнам или не.Ова го препраќам од ФБ група.
Ај види дали е овој https://coinmarketcap.com/currencies/pinetwork/#Markets Ако е тој имаш jup.ag/ прати си ги таму и смени си ги у тетер или што и да е, имаше и некој од македонија одкупуваа ама не ги гледам веќе
Има ли во Скопје некаде менувачница за крипто? Случајно добив околу 400 долари на NOT коин и ги повлеков на бинанс. Сеа проблемот ми е како usdt да сменам за кеш.
Здраво, вложувате ли во mining pool? Гледам дека функционира, особено ако си меѓу првите. Последниот pool што го најдов е многу нов, креиран во саботата од 16.11 (што значи ќе тера уште некое време сигурно), веднаш имаш поврат на 1/4 од инвестицијата во истиот момент и има мин влог од само 10$, враќање на парите кај сите пакети е за само 4 дена. препорачувам проба https://allike.vip/9BCcDG .
Шпекулативни размисли за биткоинот (од Т.Славевски) Да се разбереме, биткоинот и другите т.н. „криптовалути“ не се пари! Не успеа првичната замисла на либертаријанските татковци за истиснување на современите видови пари со пари кои ќе почиваат на децентрализирана контрола. Има разлика меѓу крипто средства и криптовалути. Биткоинот и нему сличните, иако беа замислени да вршат функции на пари, не се тоа. Лансиран во 2007 година, заедно со iPhone-от, биткоинот не врши ниту една од класичните функции на парите: пресметковно средство, платежно средство и средство за одложени плаќања. Делумно ја врши улогата на средство за чување на богатство, по цена на големи стресови и ризик за имателите, заради големите флуктуации во вредноста во однос на американскиот долар. Во меѓувреме, i-Phone-от е постојано усовршуван во 16 серии до сега. Избраниот претседател на САД Трамп своевремено биткоинот го нарекуваше „измама“ (scam). Својот став целосно го промени во текот на претседателската изборна кампања. Промовираше теза дека САД ќе станеле „крипто-главен град на светот“ (crypto capital of the world), а тој ќе бил „крипто-претседател“. Дополнително, САД ќе акумулирале стратешки резерви од биткоини. Биткоин-лобистите во САД го наградија со над 100 милиони долари донации во изборната кампања, што според некои проценки претставува половина од корпорациските донации за таа цел. Вредноста на биткоинот (и на другите крипто средства) од тогаш започна вртоглаво да расте, а растот забрза по изборот на Трамп за претседател на САД. По изборите од 5 ноември оваа година вредноста на биткоинот е зголемена за над 40%. Идниот претседател Трамп вети дека ќе ги укине сите мерки за регулација и дека ќе го смени уште првиот ден по инаугурацијата претседателот на Комисијата за хартии од вредност и берзи (Security and Exchange Commission – SEC), господинот Гери Генслер, кој се залага за соодветна регулација на крипто средствата. Ова дополнително ја подгреа еуфоријата кај крипто ентузијастите и ги зголеми очекувањата дека само „небото е лимит“ за растот на вредноста на биткоинот. Претпоставувам дека лицата кои инвестираат во поседување крипто средства се со повисок степен на интелигенција од просечниот граѓанин. Исто така сум уверен дека голем број од нив се свесни дека се работи за една пирамидална (Понзи) шема која кога ќе дојде „судниот ден“ ќе се распрсне како меур од сапуница и за многумина ќе заврши со солзи. Случаите со бројни измами и колапси на ентитети во последниве три-четири години, кога илјадници субјекти ги изгубија своите заштеди, се доволна поука за високиот ризик од инвестирањето во крипто средства. Сепак, тие одлучиле да го преземат ризикот и да ја играат играта. Деновиве цената на биткоинот варира околу 100 илјади долари, откако ја проби оваа (за сега) „магична граница“. Како и секој инвеститор, така и имателите на биткоини се во дилема дали да продаваат сега или да чекаат натамошен раст на цената. Факт е дека цените на крипто средствата ги движат фондовите, а не индивидуалните инвеститори. За вторите пазарот е „плиток“, односно мал е бројот на трансакции и не е секогаш едноставно да се купи или да се продаде. Сепак, доколку се случи доволен број иматели на оваа класа средства да започнат да продаваат, цената ќе почне стрмоглаво да паѓа, со ризик да се создаде паника, што ќе предизвика падот да се храни самиот од себе. Што очекуваат лобистите за возврат од идниот претседател на САД Трамп во блиска иднина, покрај досегашната поддршка која на хартија направи многумина да станат значително побогати? Тука доаѓа мојата шпекулација за преќутен договор и очекување од страна на тие што го поддржаа во неговиот повторен избор. Очекувањето е во идејата за акумулирање на државни стратешки резерви од биткоини во САД, чијшто пример би го следеле и други земји! Доколку работите тргнат на лошо, а прашање на ден е кога ќе тргнат, државата ќе ја спасува работата од тотална катастрофа. Ќе биде интересно како сето ова ќе се развива. Врзете ги појасите! извор: https://plusinfo.mk/shpekulativni-razmisli-za-bitkoinot/
Имам Exodus wallet и до сега многу пати имам купувано крипто преку MoonPay, последен пат пред неколку месеци. Сега пробав пак, и ми пишуваше дека картицата ми е одбиена, наводно банката не ја дозволувала трансакцијата - на НЛБ сум. Се има променето нешто во меѓувреме, што е проблемот? Заборавив да им се јавам на НЛБ да ги прашам.