Веќе подолг период барам антиперспиранти за под пазуви, кои се природни и не содржат ни алкохол, ни алуминиум, а се воедно ефикасни. Ги пробав тие на ДМ, ама не сум задоволна. Дајте предлози.. го пробал некој кристалот?
http://www.naturallivingideas.com/dangers-of-deodorant/ http://organics.org/7-harmful-ingredients-in-your-deodorant/ http://www.globalhealingcenter.com/natural-health/why-you-should-use-aluminum-free-deodorant/ овде е објаснет ризикот од користење на секакви антиперспиранти и дезодоранси. Јас пошнав да користам прво органски ролони од ДМ, ама без никаков ефект. Дури мислам дека имаше и контра ефект (полоша миризба дури и од ситуација во која нема да нанесам ништо). Сега употребувам ролони кои ги има во Стокомак по многу ниска вена (околу 50-60 ден (што не е најважно), ама без алуминиум и алкохол во составот. Моментално ме интересира вашето искуство со вакви и слишни производи. Или друга помалку штетна варијанта. https://grouper.mk/m/skopje/deal/kristalen-kamen-roll-on-ili-sprej-duris http://rsi.rs/proizvodi/kristalni-kamen/ http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=fe73841a-670b-45df-8a9c-1462da74240e
Јас ги имам користено ролонот и спрејот кристален.Ролонот беше друга амбалажа во маркети го има и аптеки.Задоволна сум не се чувствува лошата миризба на пот.Ролонот на секое користење треба да го намокриш со вода и да го нанесеш.Мислам дека е полесен спрејот за употреба.Користев и на Еуцерин ролон многу е добар не е кристален,но е без тие состојки што ги наведе
А кристалниот камен на Балеа го имате користено? Мене најмногу ме интересира за него, се мислам дали да го земам или не.
Тетка ми го имаше користено, неа не и се допадна баш. Јас се двоумам веќе доста време дали да го пробам, може ќе ми се погоди.
Другарка моја го користи и вели дека ептен и` се допаѓал. Јас да ти кажам многу се двоумам затоа што антиперспирантите на Балеа ми се онака, ниту премногу погодени ниту крш. Па не знам што да мислам за ова.
^ мене па сите на Балеа ич не ми се допаднале па затоа си викам пак да не биде џабе фрлени пари. Не дека се кој знае колку пари у прашање али сепак...
И јас сум често во потрага на нешто вакво. Го имам користено кристалниот камен за кој што зборевте http://rsi.rs/proizvodi/kristalni-kamen/ но не е целосно природен , во составот има амониум алум што е пак еден вид на алуминиум. Во однос на намената мене лично не ме штитеше 100% секогаш плус и зимно време го користев а има некои па што се мноогу задоволни од него. Секој е различен. Не ги затнува порите и дозволува да се потиш нормално , а ја спречува непријатната миризба. Ги имам користено и тие од ДМ на Алверде но немаат никаков ефект, баш како што кажа членката погоре се сложувам со неа мислам дека повеќе имаат контра ефект.
Ролонот мислам дека е до 300-400,спрејот го земав на попуст не се сеќавам точно мислам дека беше поскап од ролонот и Еуцерин ролон 500 денари
Кристалниот камен е глупост, и тој содржи алуминиум како антиперспирантите, само различна форма (различна сол на алуминиум). Не се лажете по ова, ако сакате да го одбегнете алуминиумот користете дезодоранси, ама тие пак содржт алкохол кој исто така е штетен. Од природниве препарати јас имам еднаш пробано рол он на Алверде, и не бев ич задоволна, катастрофа жива беше, ми се чини уште повеќе се потев откако ќе нанесев од него. За жал мислам дека нема производ кој е скрос нештетен а би бил ефикасен.
Zdravo, sostavot na kristalite e slicen kako obicnite dezodoransi a I specificen e za koristenje. Ovoj rolon go koristam vekje 3-4 godini I porano go zemav od Srbija ili mi go nosea od Germanija. Sega go ima I vo Makedonija vo DM I Zegin I mislam deka bese okolu 320 denari. Eve I slika vo prilog, edniot e za zeni dr e za mazi.
Јас досега двапати го имам земано на Алверде спрејот со нане и баш ми се допадна само што треба 2-3 пати да се шприцнеш. Имам користено и кристал од аптека и тоа 10 евра го имав платено ама не штити од лоша миризба воопшто. Сега од Балеа корустам од тие новите дезодоранси и супер е.
Јас рол-он - ов го користам моментално , од Зегин ,и мислам дека подобар од овој немам користено до сега. Малку е скап, кошта околу 450 ден , ама вреди за секој денар.
Potassium alum, ammonium alum се состојки на кристалниот камен, сепак се алуминиумови соли, иако не се во форма на хлорохидрат како кај класичните антиперспиранти. Сепак содржат алуминиум. Има доста природни антиперспиранти и дезодоранси, јас лично ги имам пробано рол-оните и спрејовите на Алверде, ок беа, иако не ги користам веќе. Исто и на Уртекрам има рол-они, од тој со кокос сум позадоволна отколку од тој од нордиски бобинки. А најзадоволна сум од Аромако на Лаш и антиперспирантите на Ben&Anna. Овие вториве додуша оставаат бело на блузите, ама се пере, за разлика од класичните антиперспиранти.
Од се природно што сум користела, а нема што не пробав, од се по извесно време потта замирисуваше Спасот го најдов во Аромако на Лаш, презадоволна сум, од летоска го користам и не знам зашто порано не го купив уште кога прочитав за него на форумов.