Кристина Агилера (Christina Aguilera )

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од BlackSwan5, 26 јуни 2012.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Како што видов нема тема за Кристина Агилера :o.
    Ако не сум видела убаво, клуч ;)

    Кристина Агилера е американска музичарка која за првпат се појави на националната телевизија во 1990 како натпреварувачка на програмата Потрага по Ѕвезда, а потоа настапуваше на телевизиските серии на каналот на Дизни. Во 1999, Агилера стана позната по својот прв албум наречен Christina Aguilera, кој имаше голем комерцијален успех. Нејзиниот прв латино-поп албум, Mi Reflejo (2000), Божиќниот трет студиски албум, My Kind of Christmas (2000) и други соработки кои следеа веднаш по албумите и донеа светски успех. Откако се одели од својот менаџмент, Агилера ја презема креативната контрола на нејзиниот четврт студиски албум, Stripped (2002). По Stripped Агилера го издаде соул, џез и блуз албумот, Back to Basics (2006), кој доби позитивни оценки од критичарите. Четири години подоцна Агилера го издаде својот шести албум, Bionic (2010), кој содржел R&B, електропоп и синтпоп музика и доби различни критики, а исто така имаше и мала продажба.

    Според мене таа е еден од најдобрите вокали на сите времиња. Најдобар од нејзните албуми ми е секако Stripped. Додека морам да кажам дека со овој последниот албум Bionic ме малку разочара пробувајќи да ја имитира Гага за да се вклопи во сите електро поп глупости кои излегуваат денес. Дефинитивно постарите песни и се поубави.

    Моите омилени

    http://www.youtube.com/watch?v=PstrAfoMKlc

    http://www.youtube.com/watch?v=kIDWgqDBNXA

    http://www.youtube.com/watch?v=nA2k79EG ... ure=relmfu

    http://www.youtube.com/watch?v=z4q05resEvc

    Од поновите, дефинитивно оваа

    http://www.youtube.com/watch?v=wwCykGDE ... ure=relmfu


    Има и многу други, ама нема место ;).
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Кристина ја обожавам, уште од самите нејзини почетоци и Genie in a bottle.
    Ја сакав и со пирсеви, ја сакав и со црна коса, и ја обожавав нејзината целосна трансформација во Back to basics. Физички е преубава, има невидено добар, страшено моќен глас, па ете и Туна ме потсеќа малце на нејзе можеби затоа ја сакам.
    Да спомнам за нејзината дискографија, и што ми се допаѓа од неа.
    Од првиот албум Christina Aquilera е нели нејзино првенче, и од оваа перспектива и покрај тоа што има преубав глас ете така малце детски песни би рекла, па би ја издвоила само Genie in a bottle.
    Наредниве два ги рипам, овој латино америчкиот не сум го чула и ми е малце whierd и осеќам дека нема да ми се допаѓа нејзиниот изговор на зборовите. Третиот албум со Christmas песни исто така не сум и го чула.
    Stripped е еден меѓу најомиените албуми, но не ми е најомилен. Изобилува со песни што ми лежат на душа како The voice within, Fighter и Dirty - овие 3 ми се омилени од тој албум, кој претставува една целосна експреција на она што доживеала во детството. Е сега, доаѓаме до мојот најомилен нејзин албум Back to basics. Нешто генијално, го обожавам стилот на песни, нејзиниот стил во спотовите, фризурата, прекрасно! :bow:

    Ain't no other man, Hurt, Candyman, Oh mother, I got trouble, Without you е исто убава песна, Still dirty оууу каква песна, и доста се ајде. :emo:
    Нема нешто подобро во нејзината дискографија од овој албум, во било кое време ги слушам песните од албумов, енергијата и духот на тие години го пренесува перфектно.

    И стигнав до последниот нејзин албум (не сметајќи го овој што го работи сега) Bionic. Гледав една емисија скоро за цела нејзина кариера и самата кажа за овој албум дека навистина сакала да го работи тој електро модерен звук, и било предизвик и океј е тоа. Насловната Bionic и Not myself tonight не ми се допаѓаат, и ме потсеќаат на Гага style. Али БлекСвон преслушај ги и другите песни, точно е дека имаат електро звук но далеку од тоа дека сите песни се налик оние на Гага. На пр. мене Prima Donna, Sex for breakfast, па и оваа Wohooo со Ники Минаж (која не ја обичам) ми се допаѓа. Vanity и I hate boys ми се ужас. Фаворит од овој албум ми е You lost me, страшно добра балада.
    http://www.youtube.com/watch?v=WOKI_tIBWVI

    Го очекував најновиот албум, да биде уште подобар и да не продолжува толку многу со форисрање на електро песниве, нека се врати на она што најмногу и го истакнува гласот, а не да и го изобличува.

    И не спомнав уште 2 песни што ми се омилени, едната ја има во албумот на Diddy, а другата е од мјузикл:
    http://www.youtube.com/watch?v=aOKXzt1DgDY
    http://www.youtube.com/watch?v=RQa7SvVCdZk
     

    Прикачени фајлови:

    На antonina, crazylady, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И јас ја обожавам, и никогаш ниедна нејзина песна нема да ми биде досадна или преслушана. Секогаш ги слушам одново и одново.
    Пред околу три години едно девојче (кое има извонреден глас, исто ко Кристина и воедно нејзин голем фан) ми ги пееше, и уште ги пее песните од неа и со тоа ме натера да и ги слушам сите песни и да ја сакам уште повеќе.

    Fighter ми помогна да пребродам еден период во кој мислев дека пропаѓам. Една од најомилените песни. You lost me и Hurt се извонредни балади. Oh mother ја слушам со секое вклучување на винампот.
    Save me from myself, Dirty, Genie in a bottle, Keeps gettin' better, Ain't no other man..и можам до бескрај да набројувам.
    И не и ги делам песните, мене сите ми се убави.

    И само ќе кажам дека има прекрасен и многу моќен глас. Настапите и се многу енергични без разлика дали пее балада или не. Тие од нејзината генерација можат вода да и носат.

    Јас обожавам во живо да ја слушам:
    http://www.youtube.com/watch?v=9bLx9dGMOSk
    http://www.youtube.com/watch?v=7ONaGgWF ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=grfNzIRH ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=ovTP3e_p ... re=related
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.509
    Ја обожавам Кристина Агилера, нејзиниот глас и појава.
    И јас ја гледав истата емисија за неа пред некој ден, ;) дечко ми ми се смееше кога ја потпевнував секоја една песна, т.е. не му се веруваше дека ги знам скоро сите нејзини песни.
    За мене изборот помеѓу Бритни и Кристина бил отсекогаш no brainer - it's Christina. ;)
    Кога отиде на турнеја заедно со Џастин Тимберлејк да ги промовираат новите албуми, потајно се надевав дека ќе се плеснат и ќе се развие романса :$ . За второво сме сигурно дека не бидна, за првото којзнае... :lol:

    Од првите песнички поголемиот дел ми беа симпатични и певливи поп хитчиња.
    Genie in a Bottle, What a Girl Wants, Come On Over Baby (All I Want Is You) и баладата I Turn to You.
    За тоа време, па дури и за денес се многу убави песни.

    Шпанскиот албум го имам, ама никогаш не го заслушав и засакав. Едноставно не ја видов како таков изведувач.

    Stripped ми е убедливо најомилен. Предизвика вистинска револуција со стајлингот, за тоа време голотијата во Dirrty беше д ултимејт момент. Се' уште не бевме изложени на рапериштата со цицкотрес видеа.

    Покрај женската химна на секое раскинување Fighter една од подобрите феминистички песни ми беше Can't Hold Us Down заедно со ѓулето Lil' Kim. Предобра песна.
    Impossible и Beautiful ми се фаворити од албумот.

    За мене лично Кристина имаше најлош стајлинг со црната коса. Така искварцана ми беше некако ко недомиена и мрсна на изглед.

    Но затоа со промената на имиџот во Back to Basics девојката блесна. И љубовта си го направи своето. :)
    Мислам дека нема некој што не ја сака Ain't No Other Man. Толку е позитивна и заразна, те тера да рипнеш од столче и да играш.
    Oh Mother е убедливо најемотивната песна која ја испеала. Посилна и од Hurt и од I'm OK.

    Save Me from Myself е мојата најомилена песна од Кристина Агилера.
    Нежна, чувствителна и искрена песна. Многу се пронаоѓам во неа.
    http://www.youtube.com/watch?v=HYxmS4UNrWY

    Од Bionic ја слушнав само Not myself tonight и ми се допадна, ама потребата да се изгледа како Гага ме разочара сосем. Очекувам сјаен нареден албум, кој ќе биде потполно во нејзин стил, со песни кои ги заслужуваат нејзините гласовни способности.

    Песнички од тинејџерките денови кои ми се допаѓале и уште си ги слушам со мерак и се смешкам се -
    http://www.youtube.com/watch?v=hS2Xk5skJwQ
    http://www.youtube.com/watch?v=oX1iabP5_k8

    Задолжително погледнете ја во Burlesque, филмчето е сосем за опуштање, а песните и нејзината изведба феноменални.

    Самиот факт што MAROON 5 ја одбраа неа за вокал во MOVES LIKE JAGGER, иако значително се здебели (индустријата тука можеби би ја прогласила за неуспех и би предложила некоја skinny bitch за подобар визуелен ефект) кажува доволно - Кристина е гласот, а гласот е најбитен. ;)
    Мислам дека во многу брзо време ќе се врати во форма, а уште многу години понатаму, долго ќе уживаме во нејзиниот глас, песни и изведби.

    http://www.youtube.com/watch?v=rBAY2Fx9 ... re=related
     
    На JuLleE, BlackSwan5, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Ја обожавам!
    Без разлика на ситуацијата во која е сега, на неактивноста, за мене си остана тоа што е.
    Stripped е меѓу првите албуми кои ги имав и гарантирам дека и сега да го слушам ќе знам да ги пејам песните од него. :wasntme:

    За мене е комплетна. Од талент до изглед.

    Покрај You lost me која е убедливо најубава песна од неа според мене ги сакам особено и Somebody's Somebody, Blessed, дуетот со Алиша Кис, не можам да се сетам на името и I turn to you, најверојатно мојата најслушана песна во 2010 година. :D
     
  6. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    http://www.youtube.com/watch?v=uemwJIvkMmg
    Незнам за вас ама новиот албум е предобар! Баладите се нешто ...незнам. Sing for me, Blank Page, Just a Fool & Light Up The Sky се без конкуренција. Дефинитивно!
    За овие побрзите, имам фаворите како All around the World, Let There be Love & Army of Me, ама сепак во балади и нема никој рамен!
    Сепак незнам зошто не е толку слушана последно време, се денеска се врти околу истите и истите неталентирани музичари кои користат Autotune. :( :(
    Тој што го нема преслушано го има на Youtube целиот албум и нема да зажали ако го преслуша.
    [​IMG]
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.197
    Допаѓања:
    74.715
    Пол:
    Женски
    Jaс едноставно не можам да си поверувам на очите (а и на ушите) какви песни ака непесни почнала да прави Кристина. :^)
    Виждам но не вјарвам работава. :D
    Мислам дека не е таа Кристина која навикнав да ја слушам, почнувајќи од Bionic албумот па навака. Што му стана на девојчево, не можам да си објаснам.
    Ми фали некоја нејзина моќна песна од типот на The voice within, Oh mother, па дури и Ain't no other man, само да не ги слушам глупостите од типот I'll be in my castle golden, едноставно преБарби ми е текстот и не можам да ја сварам во комбинација со Питбул. Марун фајв се јадеше некако, ова не можат да го поднесат моите уши - првокласните рими се моментот. :D

    Факт е дека поседува гласиште најмоќно на свет и ја замолувам да извади некоe баш Агилера песниште, а не вакви тралалајки за газотресење. :|
    Омилена од неа, без сомнеж оваа.
    http://www.youtube.com/watch?v=t64j-9_lH8Q
    Уште ми е омилена, со неа и со Пинк пораснав, ама навистина ме разочарува во последно време, се' повеќе и повеќе. И жал ми е, жално е затоа што не можам да се помирам вакво гласиште да пее bitchy песни од типот All I wanna do is love your bodyyy ooooooh-oh-ooooh-oooohhh во Барби аутфит. :|

    П.С. Омилен албум - Back to basics.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.766
    Не ми е јасно зошто отсекогаш постоеше ривалство меѓу неа и Бритни - Кристина е светлосни години подобра.
    Арно ама, баш преска коментиравме со Сестра ми, ова со Питбул е смешно. Дечкото со сите направи дует, не мораше баш и со неа. А и сите песни што излегоа од неа во последно време се :puke:

    Омилена:
    http://www.youtube.com/watch?v=PstrAfoMKlc
    Thanks for making me a FIGHTER :l:
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.210
    Пол:
    Женски
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам особено како пеачка. Има посебен, моќен вокал кој ме воодушевува а песните и се нешто најнеобично и ми се допаѓаат! . :)
    Иначе еве ја најновата песна која инаку многу ми се допаѓа
    http://www.youtube.com/watch?v=6cfCgLgiFDM
     
  11. ivana0

    ivana0 Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    0
    your body mi e omilena pesna :)
     
  12. tweety-tweety

    tweety-tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Имењачки сме :D :D :D :D
     
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.287
  14. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Има убави песни и добар глас, ама незнам многу песни од неа :)
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.210
    Пол:
    Женски
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.287
  17. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Многу ја саκам...и убава е, згодна, сеκогаш со добра κореографија, убаво игра а, за гласот немам зборови...ме освојува во сеκој момент, сеκогаш κога ќе ја слушнам! Интересна шминκа има сеκогаш!
    Тоа што отсеκогаш ме интересираше, беа нејзините почетоци, бидејќи јас ја дознав по нејзиниот голем хит Dirtty. Пред неκое време ја слушнав песната Gennie in a bottle и κаκо и сите нејзини други песни, ми се допадна. Го имав κупено албумот Stripped (го имаВ, затоа што после многу слушање се расипа цедето и го фрлив) и сκоро сите песни ден денес си ги потпевнувам :D... Потоа престанав да ја следам толκу многу но, тоа не значи деκа воопшто не сум ја следела и деκа не ми се допаѓа повеќе.
    Од κај знам зошто наши музичκи ѕвезди не ги саκам толκу многу...!

    Bionic