Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Крајно!!! Ама најкрајно и редно време е да се банираат спамерите на форумот!!!!
    И пишувам дека спамира и не ме регистрира!!! Секое мислење скоро е цитат со "Се согласувам"!
    Или пиши ако имаш што да пишеш или фамозното "се согласувам" објасни го зошто се согласуваш!!!
    Неможам да ги сварам, едноставно... На нерв ми газат несодржајни мислења и ми предизвикуваат оваква фаца |( и потоа оваква :puke: !!!
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    За кој збориш Офспринг? Не се нервирај, туку пријави го мислењето и таму ќе ти се појави да напишеш зошто го пријавуваш мислењето, и ќе објасниш на кратко. :*
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    ^Вери , можеш од постовите на дарки да видиш за кого зборува . Одамна веќе и кажува , ама ете , џабе кажува .
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ах тоа цветче :fubar: Претеризам!!! :puke:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    За Брокен 099 се збори.Да се и се даде опомена.Молба до администраторите.
     
  6. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    извинете ако ве повредив со нешто, нема да се повтори .. :$
     
  7. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Се согласувам!
    :lol: :lol: :lol: Извини оффспринг, ама морав малку да се пошегувам на твоја сметка :rofl:
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    :clap: :clap: :clap: Добра идеја! Јас се надевам за брзо време ќе се решат овие проблеми со латиницата, отворањето исти теми и регистрирањето на една иста личност повеќе пати!
     
  9. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Ме нервира тоа што опцијата Нови мислења ја нема кога сум на форумот, мора да одам на домашната страна на Фемина, за да можам да ги видам најновите мислења... :^)
     
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    И мене исто...А,исто така ако може да се направи сама да се рефрешира страната Нови мислења
     
  11. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Пак ќе повторам некои работи од мои претходни постови и плус нови мислења ќе додадам :!: Секој ден се повеќе се чудам до каде оди непрофесионалноста на администраторите на форумов :o Јас разбирам дека е сезона на годишни одмори, ама пак ги гледам онлајн секој ден и не реагираат на ништо :!: Еве гледам пријавувано е спамирање(една девојка ги дотера сите стари теми на почетна страна) и ништо не се превзема околу тоа...Друга работа - во категориите СЕ И СЕШТО и СЕКС е тотален хаоос :tmi: , безврска теми, кои не поттикнуваат дискусија, натрупани теми, кои се заклучени(хаоос невиден...)!!!!! Јас еве лично ќе бидам искрена и ќе си признаам дека имам доста оффтопик мислења и препукувања и не сум цвеќе за мирисање...Па, еве ОПОМЕНЕТЕ МЕ да се поправам - вие и за тоа не реагирате :lol: Уште нешто - тој табор од 5-6 членки, кои се здружиле толку многу меѓу себе, ме вади од кожа(не затоа што се дружат, туку ако влезам јас во остра дискусија, еве ја другава од таборот ја брани и мене ме напаѓа, па уште се случило да прочитам - еднава и вика на другата- "Ај не се замарај со прити, гледаш дрска е, безобразна, невоспитана :D " Ова на форум личи? Дефинитивно НЕ...Моите цинични, иронични и дрски постови се баш кон членките,што го формираат тој табор...И, не знам каде прочитав - една од нив вика"Немојте Марли да ни го закачате" Мене искрено Марли ми е многу ок дечко и ми се допаѓаат неговите мислења...Ама еве да речеме дека ќе водам остра дискусија со него и ќе го нападнам и тогаш вие што ќе правите..??? :D Според мене GORDANA10 е пример како треба да се однесува еден член на форум...Јас имам многу спротивни мислења со неа во многу теми, ама во ниеедна од тие теми јас и Гордана10 не сме се препукувале или цинично да се обраќаме...Буквално, тотално различни ставови имаме и тоа за сериозни теми и зашто да ја напаѓам, ако мисли поразлично од мене...Знае културно да се однесува, почитува туѓи мислења, макар и да не ги подржува истите...Респект голем за неа :!: Сега да се вратам кај админите... Би ги прашала имаат ли некој претпоставен, што ја контролира нивната работа? Не ми се верува...Или играат на онаа карта - ние сме крупни риби и не сме достапни за вас...Колку ЛП сум им пратила, колку мислења сум пријавила и да ми извините ама наудрени ќе се прават..Со ваквото понашање само форумот добива лоша репутација..Мене уопште не ми е гајле, ако сакаат и траен бан нека ми стават, ама јас влакна на јазикот немам...Срамота стварно!!!!!!!!!!!
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Прити, јас кажав да не го закачаат Марли- ама на зафрканција, и сите го сфатија тоа, само ти не. :D

    Дај те молам прекини едно исто да го повторуваш по 100 пати, досадна си веќе, ти правиш 70% од хаосот на форумов- пред да се зачлениш скоро се беше супер. И треба да се запрашаш зошто само тебе админите не ти одговараат на пораките :emo:
     
  13. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Јас сум го направила форумов хаос??? :^) Сесилија, барем тебе те мислев за објективна, реална и аналитична девојка,ама гадно сум погрешила изгледа :o Ај добро, што админите мене не ми одговараат - ок, ама си погледнала форумов на што личи со темите(распашана команда :D ) Проблемот со спамирањето го реши ли некој??? НЕ!!!! И јас на крај правам хаоос на форумов(па нека ме опоменат тогаш, ама и за тоа не се заинтересирани) Сесилија, бркај си своја работа и во иднина не ми давај вакви бедни реплики :emo:
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Јас веднаш знам што да кажам а ти твојата издржана контра-реплика кон мене ја мислеше повеќе од 20 мин.

    Си кажав што си мислев, нејќам повеќе да коментирам. Се што ве мачи пријавете со копчето за пријавување мислење и таму напишете што ве мачи и админите ќе средат, а не преку лични пораки.
    И како што кажа Билката, форумов ќе претрпи низа промени, само треба да се стрпиш бре Прити, а не како мало дете по 100 пати се едно исто. Ќе има и канта и се`, само стрпи се :D

    :* Ајде сега оди освој некој трофеј, да не пишуваме веќе офтопик :*
     
  15. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Имам еден предлог, а да се направи да неможе да се отвори тема со ист наслов како некоја друга? Исто и да се направи да се регулира големината на мислењата (да се доведе и минимум) и да неможе да се пишува на латиница (да не се праќа). Мислам дека тоа ќе реши барем дел од проблемите :)
     
  16. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    па колку што имам јас забележано насловите се различни на повеќето ама со иста смисла :worried: :!: инаку супер ти е идејата и оваа и за минимумот и латиницата :)
     
  17. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Мене не ми се допаѓа што се цитираат цели постови и со тоа се повторуваат исти работи по 100 пати низ темите. Издвојте го делот од посто што сакате да го цитирате, а не цел пост да го копирате.

    Или се копира цел пост само за да се каже дека се сложувате со постот. Се губи концизноста на темата.
     
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Би било добро ако при отварање на темата, штом го напишеме насловот долу би се појавила листа на слични теми. Вака се средени и други форуми што е многу добро затоа што новите членови не знаат дали има таква тема или не, а форумов веќе не е баш мал и изобилува со најразлични теми.

    За тоа со латиницата - потполно се согласувам. Направете опција да не можат да се испраќаат пораки на латиница. Па никако веќе да се научат! Ај да разберам да немаат македонска подршка, ама ако добро ги прочитаат правилата, ќе видат дека има и друга опција за пишување на кирилица.

    Мислам дека треба многу корисници да се избришат (зборувам за оние кои немаат ниту едно мислење, а веќе одамна се зачлениле) затоа што очигледно профилите им служат само за читање на чатот и други бенефиции кои ги имаат регистрираните корисници на форумот.
    За банови да не зборам, има многу што заслужуват ама никако да добијат.

    И последно - според мене цветчето треба да се тргне, затоа што некако на сите како да им е трофеј за освојување. Постови од типот „Се согласувам“ вријат на форумов, а да не зборувам за ептен кратки коментари пишани во некои теми на дискусија. Нека пишува колку мислења има корисникот, ама за тоа пусто цветче се билдаат глупави постови.

    Толку од мене :)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Притигрл ј,кажи ми како да има издржана и АНАЛИТИЧНА дискусија,кога секое мислење контра твоето преоѓа во навреди на лична основа и недостаток на аналитичност и објективност,а единица мерка за нив,се само и само твоите ставови?!
    Не може да биде секој разумен и добар говорник,воедно прифатен и почитуван...и не се однесува ова лично на тебе,да не ме сфатиш погрешно.Овде пречат наметливи личности,кои освен доминација,сакаат и стравопочит.

    А што се однесува до хаосот,верувам дека ќе се среди откако ќе се постават модератори.
     
  20. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Не би било добро... понекогаш е потребна латиница (странски песни, филмови, естрада...) ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.