Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Имам видено дека некои и тие со кирилица ги пишуваат па затоа мислам дека нема врска
     
  2. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Не зезај, "I Will Always Love You" би била "И Њилл Алњаѕс Лове Ѕоу" :D
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Мислам дека мислеше на вака нешто: Ај вил олвејс лав ју
    Ама според мене сепак е безмислено
     
  4. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Јас ги наведов тука моите критики и забелешки на форумов(гледаш Сесилија вика како мало дете сум била, едно исто 100 пати сум го повторувала :?: )...Нема везе тоа, батали, нејзино мислење....Само ова ќе ти кажам - го прочита ли во мојот пост примерот со Гордана10..Јас ама буквално ти кажувам дека не се согласувам со 90% од нејзините мислења на форумов, а беспрекорно ја почитувам и не ми паднало на памет остро и дрско да се контрам со неа :!: А, ќе ти повторам, тотално различни ставови имаме и тоа за сериозни ѕеми..Епа еве ти го одговорот на твоето прашање, преку пример ти го наведов... :)
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^^ Не можеш да наведуваш такви примери. Многу зависи и од тоа ти како си се поставила на почетокот, а и другиот член. Има разлика од дискусија до дискусија. Ти мене ако ме навредуваш (ко што беше во случајот, ајде сега фина да излезам и и јас да ти дадам пример) јас нема да премолчам сигурно и ако знам дека не ме почитуваш, дека ме провоцираш од сите страни, омаловажуваш, дискриминираш нема јас да се умилкувам сигурно и да се правам како ништо да не било. Со многу членки и членови на форумов имам дискутирано, па ете најнормално контактираме, ама во ниту еден случај не сме се навредиле и сл.
     
  6. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Се извинувам за оффтопик мислење што ќе дадам тука :!: Покажи барем грам почит кон мене и поголема објективност(мислам на тоа кога се контрам со членки од твојот табор), да не улетуваш и да ги браниш одма..Еве ти ветувам исполни го ова и ќе ја видиш другата страна на мојата личност(таа најпозитивната страна моја...) Тоа е твој избор, во спротивно нема да те навредувам и понижувам, ама дискусиите ќе бидат прилично остри...Не барам многу од тебе, ама само немој сега да ми одговориш - јас да се променам и да не бидам вака онака итн............. :^)
     
  7. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Аааа уште нешто, тоа за сликата вчера во форумски игри - беше само шала :lol:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Мојата критика е во врска со темите
    P!NK
    Lady Gaga
    Katty Perry
    Ј.Lо
    Whitney Houston итн, итн.

    Сега за секоја омилена пејачка ли ќе отвараме цели посебни теми и ќе дискутираме? :^) Не може некако да се спојат во една, па таму нека се истураат мислења за сите нив. Благодарам :)
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Исто и јас тоа сакав да спомнам ама си поќутев. Прво темата за пинк напишана со извичник :^)
    Кејти Пери, ајде јас ќе земам ќе си отворам тема за String Forces ако не... И за кој и да ми текне. Па и не се којзнае кои па да заслужуваат 100 теми. Ај за Џенифер Лопез пак, држи вода колку толку... Ама другиве? :^)
     
  10. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Offspring ако ти повеќе ја преферираш Џеј Ло од другиве, тоа е во ред. Но, тука твоето мислење вреди онолку колку на останатите, така што ако некој друг повеќе ја сака Гага на пример, има право за тоа да коментира и дава свое мислење (како и оние кои не ја сакаат).
    Ова понатаму се однесува и на двете (Trendafilka и Offspring). Во описот на категоријата Музика стои Омилени песни, изведувачи, спотови, текстови на песни, концерти... Што значи, неизбежен дел од оваа категорија се популарните музички имиња. Не знам зошто воопшто ви пречат? Повеќе од очигледно е дека има интерес и се пишува во овие теми (темата за Ријана има над 60 постови, што е одличен пример за тоа).
    И уште нешто што се однесува за Offspring, темата P!nk ја отворив јас и напишана е со извичник со причина. Ако ја напишев Пинк или Pink, бидејќи е во категоријата музика, можеше лесно да дојде до конфузија, па да се мисли дека се однесува на истоимената српска телевизија. Ако ја напишев Алиша Бет Мур (нејзиното вистинско име), малкумина ќе знаеа за кој се работи. Сепак, на крај краишта тоа е нејзиното уметничко име (P!nk) а извичникот е дел од него.
    И конечно, што изигравате на форумов? Некој вид на полицајци? Ако на некој му прави задоволство да пишува и да ја коментира Кети Пери или Витни Хјустон, зошто воопшто да му го скратите тоа задоволство? Не гледам ништо лошо во тоа, дури и го сметам за неизбежен дел од категоријата музика.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Јас си искажав мислење. Администраторите ќе си решат дали е во ред или не. Конечно, не реков да се избришат , реков само ако може да се спојат во една. Инаку крај ќе нема на темите, што е наредно во темата - Благица Павловска и Сузе Национале? Само се трупаат подтеми, за безвезе. Мене омилена пејачка ми е Ciara, и имам уште 5-6 сигурно, што да направам - да отворам сега посебна тема за секоја од нив?
    Или во темата храна и пијалоци - да земеме место омилени коктели, да отвориме за секој коктел посебна подтема, па таму ќе им го коментираме изгледот и вкусот? Тоа е поентата. И не се навредувајте одма , аман - кого навредивме, фамозната Кејти Пери, уште некоја пејачка да беше...
     
  12. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Слободна си да отвориш тема за кого сакаш. И не се работи за Кејти Пери, туку се работи за тоа што овде има девојки што ја сакаат, и сум против да им се одземе правото да имаат простор за неа на форумов. Ако се спојат во една, ќе стане хаос и нема да се знае ништо.

    Темите се во согласност со правилата на форумот и се разбира се во полза и корист на членовите на овој форум, поради што сметам дека администраторите не треба да си го дадат луксузот да трошат време на ова прашање.
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Истото сакав и јас да го кажам.
    Да земам јас да си отворам тема за Deep Purple, за Pink Floyd, White Snake, Guns n Roses, и за ред други посебно на ништо нема да личи.
    Јас незнам зошто Белен фати за зло овде дека шерифуваме. Не шерифуваме, туку гледаме да придонесеме да заличи убаво форумот. Вчера се откорнав од пријавување мислења. Не затоа што шерифувам, туку за да личи ова на форум, а не на фејсбук групи.
    За македонските јавни фаци има една иста тема и таму сите ги коментираме. Што ќе се случи ако се отвори посебна тема за Игор Џамбазов, за Натали Грубовиќ, Софија Каракаева и кои други се спомнаа таму?
    Затоа, една иста тема за тој жанр на музика доста е.
     
  14. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    баш вака настанува хаос .. ај замисли сега сите ние да отвориме посебни теми за омилените изведувачи(за секој посебно)
    немаме сите исти вкусови .. знаеш колку пејачи има ако почнеме странски, наши вакви такви, ова нема форум да биди :fubar: ќе има еден куп теми и некој никоја нема да можи да си ја пронајди, ок е за неколку кои креваат голема прашина да се отвори тема како лејди гага на пример не дека ја обожавам ама ете крева прашина во светов ама сега за сите ако почнеме не знам на што ќе личи ова како што кажав има премногу пејачи и не дека не ги сакам другиве баш напротив пинк на пример ја обожавам а и другиве не ми се лоши, :!: но сепак нема да има прегледност вака
     
  15. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    На сите можни форуми што ги энам, од странски и наши, секаде секој си има слобода да отвори каква сака тема, се додека потикнува дискусија и не се повторува. Неэнам што е спорно во тоа што се отвараат теми эа посебни иэведувачи, јас лично би коментирала во сите , и би отворила и доста теми. Многу е раэлична дискусијата на некоја тема ако е само на пр. эа Пинк Флојд, ќе се дискутираат песните,муэиката, смислата на нивните песни, отколку доколку некој ги спомне и каже два реда во општа эаедничка тема. Луѓе што немаат што да кажат им сметаат раэни теми каде може да се раэвива конструктивна дискусија и аналиэа. Затоа не ни отварам раэни теми, а имам што да кажам особено од облата на муэиката и филмот.
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Јас преска кога видов дека има отворено нови теми и за Џеј Ло и Витни Хјустон, баш истото го помислив дека секој почнал да си отвара тема за својот омилен пејач. Прво ми изгледаше некако пренатрупано, па после си реков штом сите отвараат, тогаш и јас да си отворам за Бритни. Ама сега кога гледам дека се испокаравте за тоа, изгледа не би било паметно да отворам. :$ :wasntme:

    Инаку, Трендафилка лошо ли ќе ни биде јас и ти да си отвориме една тема за Ne-yo? :l: ;)
     
  17. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Зошто бе да не отвориш тема. Можеш да си отвориш тема эа што сакаш и эа кој сакаш, се додека имаш што да кажеш и другите кажат што мислат на таа тема.
    Јас сакав да отворам тема эа Muse, Queen,Балашевиќ , ама се предомислив, эатоа што энам на што ќе личи темата, пола постови ќе бидат эа песните од Twilight,эа Queen неколку песни ќе се вртат, исто и эа Балашевиќ, а има многу да се дискутира. Ама мислам дека ретки ќе бидат луѓето со кои ќе можам да дискутирам эа муэиката, текстовите суштината на албумите и сл. Затоа се откажав од идејата :worried:
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Од една страна се согласувам да се отвараат посебни теми за изведувачите од друга страна не.Сум затоа што ќе се дискутира конкретно само за еден изведувач,а од друга страна ќе има многу такви под теми бидејќи секој си има омилен изведувач и различен вкус.Доколку се стават сите во една тема нема да се знае за кој се пишува ќе се префрла од еден на друг ....Сепак администраторите треба да одлучат и да најдат некое решение
     
  19. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    криси ќе те молам разгледај го ова
    muzika/katy-perry-t2786/10.html
    девојкава се зачлени само за да гласаме за неа и за ништо друго ја нема, а нема ни да ја има нема да биди активна 100% и потоа велиш секој имал право да отвара теми, и мислам дека администраториве треба да ограничат некако со отварањево на темите на пример тие што имаат над 400 мислења (пример е ова)


    а за другиве не реков дека не треба да не се отвараат туку сепак не за секој можи само за некој за кој може да се развие дискусија, за некој за кој ќе најдеш и позитивни и негативни мислење за некој кое е актуелен да речеме, за некој кој ги полни медиумите, кој крева прашина меѓу народот а вака на пример за лопез сите ќе кажеме се најубаво ќе и ги набројме песните таа е убава таа е убава и ништо со тоа веќе сме ги знаеле песните и џабе простор зафаќа темата кога не води до никаква дискусија. како што кажав претходно има многу пејачи и за сите така ако правевме посебни теми форумот ќе ја изгубеше смислата и нема да има прегледност......
     
  20. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Па да, јас баш истото го реков,
    Да се отворат теми эа некој эа кој има што да се каже и има кој да каже. И стварно ти е добра идејава эа отварање на нови теми, навистина треба да се ограничи, моэеби не над 400, ама еве на пр над 100. Сум го сретнала ова решение на доста форуми, и во можноста эа отварање на нови теми и на праќање на лични пораки. Треба да се раэмисли на таа тема.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.