Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Забележав дека многу од вас дадоа предлог, да можат да отворат теми само со тие над ??? мислења.
    Јас не се согласувам со ова. Зошто? Затоа што тогаш би се направил уште поголем хаос, и некој што се зачленил со цел да отвори тема, за да си праша нешто, кога ќе види дека само тие со над еве пример 100 мислења можат да отворат тема, по сите теми ќе пишува само глупави и безмислени постови (во стилот на:да, се соглесувам,точно така или ќе стават некое знакче) само да си стигне до 100то мислење за да може потоа да си ја отвори темата.
    Според мене треба да се постават повеќе модератори, коишто ќе се во тек со случувањата и ќе средуваат.
    А за глупости-секогаш ќе ги има дури и да се спроведат најстрогите мерки.
     
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    па затоа и како пример дадов 400, бидејќи и јас мислев на истото имам забележано дека членки кои се зачлениле после мене, а имаат отприлика колку мене постови, мислам дека една членка за првите 2-3 дена направи стотина мислења - во секоја тема напиша мислење од по некој збор па уште ја гледам шета по форумов (значи не е голем проблем да се направат толку мислења), а доколку е малку поголем бројот кој будала ќе седи цел ден и ќе пишува базмислени работи само за да отвори тема, а голема е веројатноста и пред да ги допиши, па и на едно мислење пред тоа да добие бан, бидејќи ништо му нема смисла и спамира, толку не би се малтретирале и налутениве банирани корисници кои постојано се враќаат и отвораат бесмислени теми, а ако има некоја тема што вреди и се сетила некоја членка со помал број постови може слободно да си замоли на чет некоја членка со поголем број на постови да и отвори во нејзино име, сигурно нема да и биде проблем доколку темата има смисла
     
  3. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    А вака отвараат кој како стигне тема, ќе се вратат од иэлегување и си отвараат тема эашто типот не ги смувал,или што кажал ,што мислел со тоа. Вака ќе биде поредуцирано доколку се лимитира отварањето на теми.
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сепак не ми се согласила. 400 постови се многу за да може да се отвори една тема, а јас сега да сум нов член, а да ме мачи нешто, да сакам да отворам тема во која би побарала помош или пак би ми текнало нешто интересно, неможам да чекам да напишам толку многу мислења, самиот факт би ме иритирал, и што би направила? Би се заченила на друг форум каде што би имала малку повеќе слобода.
    А за тоа да замолиме некому да ни отвори тема на чет или било како малку ми е глупаво, си ја замислувам ситуацијата како некој нов сега ме моли да му отворам тема и ми ги објасува проблемите на четот за да го разберам подобро, па правиме расипан телефон. Или пак јас ќе ја отворам темата и што? Ќе напишам цртичка-марија го прашува ова? Дефинитивно не се слагам со ова. И останувам на тоа дека треба да има повеќе модератори кои ќе средуваат несакани ситуации, па може и тие прво да одобрат дали да се отвори тема или не. Тоа би имало повеќе логика.
    И да се преземат строги мерки околу отворањето теми, повторно ќе има проблеми од друга природа и тоа е нормално. Неможе да се сопре.
     
  5. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Зашто да не се отвораат теми за омилениот изведувач? Немам ништо против и не би требало и вие да имате, секако, ако поттикнуваат дискусија, инаку не припаѓаат овде.
    :!: Само членовите со над 100 мислења да отвараат теми? Никако, само би можело да има некој што ќе ги одобри темите.
     
  6. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    ^^ И јас мислам така..Да си остане тоа ,секој да може да отвори тема,но таа тема прво да биде одобрена од модератор..Е сега за тоа треба да има повеќе модератори,кои редовно ќе се уклучуваат на форумот..
     
  7. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    новите членови што доаѓаат и отвараат тема или се некои налутени банирани членови, или имаат проблем, а откако ќе му дадат совет ги снемува исчезнуваат сосема.
    Инаку јас не реков конкретно 400 туку го дадов како пример, како јас мислам дека е најдобро, не значи тоа дека одма администраторите ќе направат како што јас ќе речам и ќе биде тоа таа бројка, инаку ни јас немам 400 па би се согласила, за некоја поинаква тема можи да си замолиш некој да ти отвори ако сака, а ако е проблем па и најдобро е да си оди во сакам да прашам и така на проблемите ќе одговорат 2-3 членки и се затвора дискусијата и темата базпотребно зафаќа простор, а може и да се отвори на пример една заедничка тема проблеми, би се ослободил простор, не би се повторувале темите со ист тип проблеми, секој ќе си најде одговор.
     
  8. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    ^^ Добро, темата после ќе се избрише. А да молиш некој друг на chat да ти направи тема е бедно.
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мислам дека е добро да има опција да поднесеш барање за нова тема. Пример сакам да отворам тема за Омилена песна/пеач и чекам модераторите да ја одобрат. Откако ќе биде одобрена да може да се јавува во под темите и да може на неа да се дискутира.
     
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    за жал сеуште си седат заклучени колку што имам забележано ... гледам нова членка си па сеуште ги немаш забележано спамерите што отвараат теми од типот каде сакате да живеете во град, село или држава |( (нема смисла), дали замислувате жена без коса, дали сте излегле по пижами, што е потребно за да станеш манекенка, имам влакненца на грбот, кејти пери т.е. гласајте за мене ( леле онај како ги собира гласовите неферски јас како и да е фер ќе си останам, а моли по форуми да гласаат за неа |( ), и уште еден куп други теми кои или немаат смисла или се повторуваат, или одговори можат да се најдат во претходни теми и претходни постови, или пак да се праша во сакам да прашам- сите се од нови членки т.е. дел од стари веќе банирани членови кои сакаат да се одмаздат со тоа што ни го реметат форумот, а за ова што викаш ти дека е бедно зависи од темата ако ти е темата бедна, нормално дека ќе биди бедно и ќе молиш и пак нема да ти ја отворат, ако е темата како што треба никој нема да го гледа како бедно и првата што ќе и речеш ќе ти ја отвори ( да нема забуни не зборувам за теми за проблеми туку обични - за нив може да се најде друг начин)
    ова да сосема е во ред и е подобро, но проблемот е што нема доволно модератори , а не знам ни кој уште би си зел за должност да проверува на секое дали има некој поднесено барање за нова тема, сепак сите си имаме обврски, а форумот мислам дека не може да си дозволи да плаќа на некој за тоа, па затоа и ова би било добро решение, и други форуми го користат
     
  11. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    И еве на пример темата би ја нарекле Изведувачи... И едни ќе пишуваат за Queen и Metallica, други за Britney Spears и Paris Hilton, трети за Сека и Стоја??? Нема да има здрава дискусија, уште помалку прегледна дискусија. Штом има интерес за темите, се пишува во нив и се популарни, сосем е во ред да останат... Можеби треба да се бришат само оние теми за кои нема интерес и имаат премалку постови иако стојат повеќе време.
     
  12. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Само што разгледував во Музика, видов тема Offspring, која иако со мала посетеност и интерес постои и понатаму... Сепак не сум единствена што отворам теми за моите омилени изведувачи... ;) :) Барем не се бунам, и не им бранам на другите да отвораат, искрена сум и поштена :D
     
  13. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    ^

    Тогаш треба да им се направи ban за да немаат пристап до форумот воопшто.
    А кои членови ќе имаат "привилегија" да отвараат теми? :^)
     
  14. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    веќе добија бан, но некои се враќаат со нови профили и повторно спамираат, а некои нови членки отвараат теми кои веќе постојат, одговори можат да се најдат во претходни постови на некоја тема или можат да прашаат во сакам да прашам и само се пренатрупува форумот со безвезни теми и се губи прегледност, а за тоа кој би имал привилегија не знам тоа сепак е решение на администраторите, можеби тие ќе си најдат и некое подобро решение од она што јас го дадов како предлог, тоа мене ми беше само пример, инаку ни јас немам 400 мислења како што реков па и јас би ја немала привилегијата некое време ако е така
    белен, па сега ни јас не мислев така, мислев за некои кои не се толку актуелни и со позитивни и негативни мислења и што не создаваат дискусија да се определат по жанрови, за нив може да се коментира во темата за жанрот во кој спаѓаат, не во една тема за сите изведувачи, и на никој не би му пречело да се отвори тема за некој изведувач доколку е некој за кој би се развила дискусија
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    А дали виде тема со наслов Блинк 182, или Грин деј? Отворена од мене? Дали имаш видено некаде тема со наслов од жанрот на Оффспринг? Имаш видено тема отворена за бенд сличен на Оффспринг ? НЕМА.
    Додека, лигавешниците како Ријана, Кејти Пери и остали стојат таму за секого посебна тема.
    За мојата тема никој не напиша во Критики и забелешки. Освен ти, сега.
    Не ме терај да бидам дрска оти барем за тоа ме бива.
     
  16. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Значи ти веќе беше дрска кога побара да се избришат теми, кои не се во спротивност со правилата на форумот, едноставно зашто тебе не ти се свиѓаат. Нели е лицемерие да зборуваш против отварање теми за секој изведувач, кога веќе го имаш направено истото? Тоа ми беше поентата. Знам дека мислиш дека Offspring се претставници на punk rock музиката и дека тоа го прави прифатливо отварањето на посебна тема за нив, меѓутоа можеби друг смета дека тоа место е подостојно за некој друг изведувач од истиот жанр. И што сега, само затоа што имаш ти веќе отворено тема Offspring, тој нема да може да отвори тема за Blink 182? И дискутирањето за punk rock музиката би го сведеле единствено на Offspring? Патетично.

    Второ и последно, овој форум има членови кои имаат различни вкусови. Некој слуша панк, друг техно, а трет турбо фолк. Секој има право да отвори тема за кој било изведувач и притоа да внимава дали тоа е во согласност со правилата на форумот а не со твоите вкусови!
     
  17. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Баш истото и јас го реков... Најдобро решение за т.н. проблем би било администраторите на одредено време да прават чистка... И тоа не само во категоријата Музика, туку општо по форумот. Тоа што тие би требало да го направат е да ги бришат оние теми за кои очигледно нема интерес, а постојат веќе некое време. Е сега, ќе треба да направат некои квоти, со колку постови една тема ќе се смета за непопуларна, и колкав тест на времето ќе треба да издржи.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Немате право за овие теми.Пoдфорумот е музика...има фанови на некои пејачи и пејачки,групи што си имаат дискусија,си се сфаќаат,има простор да се развива и тоа е тоа.Не знам зошто ви пречат,не прават хаос темите,хаос би настанал ако има една тема и во неа се збори за се и сешто и за било која ѕвезда.
    Се додека е во соодветниот подфорум,не е дупла темата,има простор за муабет,е ок.Музика и онака нема простор за многу теми,освен за жанр на музика,каква вие слушате,про и контра типови,што друго?!Мислам дека е ок да си отвараат такви теми,се додека не се од типот на фанови како лудакот што се дереше -лиииив бритни алоооооооууууун уаааааааааааааааааа-.
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас мислам дека категоријата Музика подобро би се средила ако постојат теми за различни жанрови музика, на пример поп, рок, техно, метал и слично, затоа што навистина има огромен број изведувачи и нема потреба за секој одделно да се отвараат теми. Во темата Рок би се коментирало за различни изведувачи на овој тип музика, па секој ќе си каже што мисли за Џон Бон Џови, Грин деј и други изведувачи. Ама да отвараме посебни теми за Витни Хјустон, па за Џеј Ло, па за Кејти Пери... ехехеее, крај нема да има. На крајот на краиштата, имаме тема Македонски јавни фаци во кои се коментира за еден куп јавни личности почнувајќи од Игор Џамбазов, преку Анета Кочишки, па се до Софија Каракаева, и видовме дека сепак таква дискусија може да се оствари. Олеснителна околност е ако во една тема се коментира за изведувачи на ист жанр музика, па така нема да настане хаос.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Не знам,мене не ми пречат тие теми,а гледам практика е и на многу форуми,страински и наши,така да....не гледам ништо лошо.
    Има други поголеми проблеми тука на форумов,подфорум музика е најмалку засегнат.Онаа трачарска тема,е трачарска зошто се збори за луѓе кои се навистина вредни за трач и сите се на куп,но за музика,некои луѓе сметаат дека нивните идоли се вредни за дискусија.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.