Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    За тие теми, за музичките изведувачи, нема проблем да постојат како такви, бидејќи ако се спојат во една тема, нема да биде изводливо кој за кого стаса да зборува, нема да се знае кој што кажал. вака секој за секого посебно си кажува мислење, и чао, готово, нема никаква забелешка. Едно е кога станува збор за на пр. за изведувачи на РНБ, ама сосем друга дискусија се развива ако е поставена темата баш за Бијонсе, или за Агилера, Бритни и слично. Значи нема да оди во еден правец туку целосно ќе се рашири, па фати крај. Мене не ми смета, и милсам дека не претставуваат никаков проблем.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Значи ти веќе беше дрска кога побара да се избришат теми, кои не се во спротивност со правилата на форумот, едноставно зашто тебе не ти се свиѓаат. Нели е лицемерие да зборуваш против отварање теми за секој изведувач, кога веќе го имаш направено истото? Тоа ми беше поентата. Знам дека мислиш дека Offspring се претставници на punk rock музиката и дека тоа го прави прифатливо отварањето на посебна тема за нив, меѓутоа можеби друг смета дека тоа место е подостојно за некој друг изведувач од истиот жанр. И што сега, само затоа што имаш ти веќе отворено тема Offspring, тој нема да може да отвори тема за Blink 182? И дискутирањето за punk rock музиката би го сведеле единствено на Offspring? Патетично.

    Второ и последно, овој форум има членови кои имаат различни вкусови. Некој слуша панк, друг техно, а трет турбо фолк. Секој има право да отвори тема за кој било изведувач и притоа да внимава дали тоа е во согласност со правилата на форумот а не со твоите вкусови![/quote]
    НЕ! Туку да имаше тема за панк-рок немаше јас да отворам за Оффспринг. Сега, јасно?
    И не побарав да се избришат туку едноставно се пренатрупаа еден тон со Ријана, Кејти Пери ( :^) ) Џенифер Лопез, П!нк, Витни Хјустон... Зошто да има толку многу?
     
  3. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Оффспринг, сепак правиш дистинкција помеѓу темите. Оправдано ти е да има тема за Џ. Л. на пример, а не и за Кејти Пери. А како што гледаш на работите, бидејќи веќе постои тема за панк рок бенд, не треба да се отвора за некој друг од овој жанр (бидејќи и самата викаш дека да постоела таква тема, немало ни да отвориш). Повторно доаѓа на моето, дека таквото гледање на работите би не одвело на тоа панк рок музиката, на пример, да ја сведеме на Оффспринг. Па на крај краишта, иако се од ист жанр, секој изведувач е поразличен од другите. Во тема за посебен изведувач може да се дискутира посебно за неговиот приватен живот, кариера, изглед, стил, песни, спотови на песни, текстови на песни... Дискусијата би била далеку поквалитетна на овој начин. Истото не можам да го кажам ако Eminem, Tupac и 50 Cent ги ставиме во ист кош!

    Форумот постои за дискусии на различни теми, колку ги има поразлични е подобро. Секако, нивното постоење е оправдано се додека има интерес. Како што можам да се убедам од претходните постови, повеќето го делат моето мислење.
     
  4. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    прво погледни ја темата за кејти пери, бидејки не е за неа темата туку за некоја си тијана |( muzika/katy-perry-t2786/ еве разгледај , инаку ти викаш дека во посебните теми на изведувачите би се зборувало за нивниот приватен живот, кариера, изглед и сл, па еве види во темава дали се зборува за тоа muzika/djenifer-lopez-t2834/ не така!? епа тоа сакам да ти го кажам јас уште од вчера, дека не развиваат никаква дискусија само се набројуваат кои песни од неа ни се омилени, веќе ги знаеме тие песни и знаеме какви се, и што сега од тоа? само безпотребно се зафаќа простор, за омилени песни има посебни теми, сега јас слушам секаква музика и имам еден куп омилени пејачи од сите стилови и замисли што би било сега јас да почнам да отварам за сите нив теми, би отворила минимум 20 теми и останатите членови по уште неколку замисли на што ќе личи ова, па ќе го надминеме бројот на групи на фејзбук :lol: и што со тоа после!? не би ни можеле да си ги пронајдеме темите што сме ги отвориле! Во ред е ете за лејди гага темата бидејки има дискусија иако ми е :puke: девојката во ред ми е темата за неа, но за останатите кога не се развива дискусија не знам зошто постојат
     
  5. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Ги спомнав како имиња, не мислев конкретно на темите, затоа што Оффспринг смета дека одредени изведувачи треба, а други не треба (не заслужуваат) да имаат теми на форумов. Инаку вистина е дека темите се промашени, нема дискусија, меѓутоа тоа не значи дека е крај на свет и ајде и сите останати да ги избришеме/сместиме во само една тема. Предложив еднаш, еве повторно: отварајте теми, во согласност со правилата, внимавајте да бидат интересни и во нив да се развива дискусија, ако сепак темата ги разочара нашите севкупни очекувања, тука се модераторите да ја избришат.
     
  6. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Јас се согласувам со тоа. Се додека не се кршат правилата зошто да не.

    И со оваа се согласувам би требало да се имаат повеќе модератори за форумов да се држи под контрола
     
  7. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    На крај краева, не може некој да ми рече да не отварам тема што сакам.
     
  8. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Сега јас да дадам мислење, на ова :!: Нонсенсе е секој да си отвара тема во категоријата музика, за својот омилен изведувач :!: Еве јас да речеме, слушам различни типови на музика - Sting, Eminem, 50Cent, J Lopez, Liberty X, Arash, Beyonce, Celinе Dion, али исто толку обожавам да ги слушам некои од српската естрада - Анабела(сите песни нејзини ги обожавам), Цеца, Дадо Полумента се разбира :$ , па и Јелена Карлеуша ја слушам...И, сега што треба јас да правам? Во категоријата музика да си отворам теми,посебни - Дадо Полумента(и еве ќе дискутирам таму за неговите песни, знам и на кои локации му се спотовите снимани и колкав е буџетот на истите, знам за неговите менаџери на кој принцип работат,знам во кои клубови по светов, кога има настапи и сл.) И???? Живи глупости, ќе направам :!: Или за LIberty X, да отворам тема или за Sting :?: Тоа е исто како во категорија филмови секој за својот омилен филм да си отвори тема или за филм што мисли дека е вреден...И, на што ќе личи форумов??? Кај што е хаоос невиден моментално, така ќе биде уште поголема каша попара... Не ни очекував за вакво нешто дека ќе се развие дискусија тука :o ...Не знам што би рекла повеќе :|
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мислам дека треба да се тргнат цветчињата. Се билдаат постови и се пишува само колку ради реда за да се добие тоа пусто цветче. Нека си стои само бројот на мислења. Или решете го тоа некако поинаку.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас се извинувам што влетувам со ваков коментар ама имам едно прашање!
    Зошто во правилата за форумот стои дека ТРЕБА ДА СЕ ПИШУВА НА КИРИЛИЦА а некои упорно си тераат по нивно и си цепат на латиница?
    Нели се тие правила ставени за да се почитуваат?
    Како што се санкционира секое друго кршење на правила, така санкционирајте го и пишувањето на латиница.
    Или тргнете го тоа правило од правилата за форумот.
     
  11. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    И јас го мислам истото. :y:
     
  12. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Не бе некако е повесело со цветчиња :D
    A за тоа што некои пишуваат мислења,колку да ги напишат,поточно да добијат цветче да.Се согласувам.На крајот на краиштата зар толку ли им се битни цветчињата ?Цветчињата на форумот немаат баш некое значење....Mене би ми било монотоно без цветчиња,без боја. :?: :D
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не се замарајте со цветчињата, што ако некоја има 1000 мислења кои се по 3 збора и никој не ни знае дека е на форумов?
    Оставете нека си стојат ;)
     
  14. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    238
    Точно така,тие што се нови во ред е,сеуште незнаат,но има некои со по над 200 мислења и упорно си тераат латиница...
     
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Јас па мислам дека новите не треба да грешат! Ај ние веќе имаме стаж тука и некогаш и да згрешиме се простува ама некоја се регистрирала вчера и одма оп- нова тема, латиница да ти се повраќа, стил на пишење- ужас и простотилук! Тоа не можам да го поднесам! :puke: :puke:
     
  16. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Имам да предложам нешто.Убаво би било,се разбира доколку е можно,да се воведе известување за цитиран пост или дел од пост,може како лична порака на некој друг начин да бидеме известувани.Во интерес на подобар квалитет на дискусијата,пожелно би било навремено да се одговори на некое поставено прашање или реплицирање,или пак во темите кои се бара некоја информација/совет се губи редоследот и тој што поставил прашање пред неколку страници најчесто не ни очекува дека некој ќе му го одговори затоа што е во постари мислења,а може да се случи токму спротивното.И тие што одговараат немаат увид дали тој што го поставил прашањето ќе го прочита одговорот.
    Поради горенаведените причини,се молат администраторите да размислат за воведување на ваквата опција и по можност да одговорат дали постојат и колкави се шансите за нејзино реализирање. :)
    Толку.Фалачаопријатно
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    За крај...

    Корисниците што не ги почитуваат правилата ќе бидат опоменувани, а нивните мислења редактирани!


    Сигурно ќе се согласите дека горенаведените правила ќе придонесат за полесно користење и поголема прегледност на форумот. Искрено се надеваме дека со нивното почитување заедно ќе го направиме ова женско место уште попријатно.


    Ноу хард филингс, ама немам забележано досега некој да е опоменат или пак мислењето да му биде избришано или редактирано ватевр :?:
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    4.5. Забранети се четот, флудот и спамот.
    # Флуд – потопување на форумот со бесмислени постови или постови што се повторуваат.
    # Спам – оф-топици, рекламирање и сл.
    4.6. Не се препорачува пишувањето мислења составени од само еден збор од типот „Да“, „Добро“, „Чао“ и сл. Ако имате да кажете нешто во врска со темата опишете го со повеќе од еден збор.

    Овие одамна не се почитуваат и санкционираат. Посебно спамот и флудот!
    И да, тргнете го тоа цветче, или ставете од 100 мислења нагоре да се појавува ама само во една боја. Бесмислените постови се пишуваат само заради цветчето.

    За пишувањето на латиница веќе кажав.

    Ако почнете да ги бришете, ќе почнат да се освестуваат. Ни се смачи од читање бесмислици! |(
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Администратори ве нема никаде ? На форумов има куп членови што само навредуваат, а вие не реагирате. 50% од членките пријавуваат мислења, ниту бришете, ниту банирате.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.