Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Критики и забелешки... не за форумот, за нас! Ние сме форумот, а не буквите и смајлињата. Значи какви сме ние, таков ќе биде и форумот... Најубава молба до сите, да почнеме од себе и да се менуваме уште од денеска!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Белен во потполност се согласувам со тебе.Форумот ќе биде таков каков што ние ќе го направивме,а ние направивме бојно поле.Секој му соли памет на другиот како треба да бидат почитувани одредени правила,а самиот тој не ги почитува!
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.317
    Сакам да ве прашам...кои се сопственици на фемина?!
    Дали има побратим сајт на овој,односно уште еден уредуван од истите луѓе?!
    Како дојде до идејата за фемина?!
     
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Да нешто како нотификатионс на фејсбук.Големо ЗА!!!
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Пола мислења од темата отидоа в канта. Жалам ако таму завршило и некое мислење што не било оф-топик. Сега ќе одговорам само на последните мислења, затоа што во меѓувреме решивме голем дел од проблемите или пак веќе има одговор овде.

    Опомените не се јавни, т.е. опоменатите ги добиваат како лични пораки. Сепак, новите модератори ќе опоменуваат и јавно.

    Сајтот е изработен од фирмата Емедиа Груп ДОО. Тимот одговорен за Фемина не стои зад други веб сајтови и е постојано ангажиран со нејзино проширување и надградување.

    Идејата за Фемина се роди во септември, 2008г., период кога скоро сите земји во регионот имаа свои сајтови целосно наменети за женска публика. Отсуството на популарен сајт од ваков тип на македонското интернет пространство нè мотивираше да се зафатиме со проектот „Фемина“ и да ја пополниме оваа празнина.

    Мене лично ми сметаше што онлајн не можев да најдам никаква информација за многу женски теми на македонски јазик. Да не зборувам и за непостоењето на силна женска заедница, т.е. форум. Честопати сум сакала да побарам совет и да прочитам какви се туѓите искуства за одреден проблем, а немало каде. Гледајќи какви квалитетни дискусии се развиваат на женските форуми во Србија, Хрватска, Бугарија, ме фрустрираше тоа што не постоеше слично женско место и во Македонија.

    Нема да се жалам и да споделувам колку многу проблеми и непреспани ноќи имавме на патот до реализирање на идејата, но пресреќни сме што Фемина се развива одлично и нејзината популарност постојано расте, за што сме ви бескрајно благодарни.

    Сајтот официјално започна со работа на 19. ноември 2009г., иако беше онлајн неколку седмици пред оваа дата (во незавршен вид).

    Инаку, воопшто немаме намера да застанеме овде. :party:
     
    На angelce1, teddybear, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    Kritiki nemam,..se e super...
    zabeleshka imam edna,..samo neznam do koga...
    Gledam pochnavte da me koregirate,..
    ako taka i teba,..jas sum vo momentov...
    najgolem problem...
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    штом корегирале значи не било нешто како што треба во твоите постови! Нема потреба за тоа никој да се лути... :!:

    Јас сакам да прашам што се случи со правилата за кирилица, дали ќе се превземе нешто??
     
  8. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ^^...Eve ova ne e za kritika,..ushte pomalku da i zabelezish..............
    .......tematva e greshno postavena...nemoze sekoj da ja razbere........

    .......a eve shto treba da se razbere...

     
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    ...........Па можеби јас не можам да ја разберам.........
    ...............жал ми е за тоа!.................
    ............Ама јас пак ќе речам: мојата критика за форумот е што некои не го почитуваат основното правило, тоа е да пишуваат на кирилица!!! Ова е македонски јазик, а во нашиот јазик е прифатено кирилското писмо!.....................
    ..........Ова не е забелешка за Билката, туку за форумот, како што гласи во нејзиниот пост!

    пс-се извинувам за безбројните точки, но морав да се поставам на стилот на Марли!
     
    На annnni му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    346
    Немам никаква критика,се е супер.
    Само ме интересира дали новите модернатори ќе имаат пристап до нашите лични податоци(како пример e-mail) :?:
     
  11. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Секако дека не. Сите ваши податоци остануваат приватни.
     
  12. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    Одамна сум член на форумов иако повеке читам отколку што пишувам и порано можев да ја отворам страната и да ги прочитам активните теми без да се логирам , може ли да се врати таа опција увид во активни теми и нови мислења без да се пријавиш?
     
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Имам неколку забелешки за во „Се и сешто“.
    Има премногу теми за подароци. Мој предлог е да се спојат во една (или барем во две) што би било подобро отколку да постојат(и да се отвараат уште) теми за подароци на тетки, стрини, баби...
    -Што да му подарам.
    -Подарок за годишнина.
    -Поклон за дипломска.
    -Што да му купам на дечко ми за Св.Валентин.
    -Подарок за годишнина од брак.
    -Подарок за годишнина од брак на пријатели.
    -Што ќе подарите на најблиските за нова година
    -Што би подариле за роденден на блиска пријателка.
    -Новогодишен поклон
    Теми што можат да се спојат т.е што се слични:
    -Најнеобичен и најоригинален подарок што сте го добиле и
    -Најдобриот подарок што сте го добиле

    -Каде на одмор.
    -Каде на летен одмор.

    -Што најмногу ве нервира.
    -Нервоза.Колку се нервирате и зошто?

    -Темите „Љубомора во семејството“ „Односот мајка-ќерка“ и „Семеен проблем“ „Што кога мојот татко се срами од мене“, „Мајка ми ја изгуби довербата во мене“ треба да се преместат во категоријата Семејство
    --Темата „Предрасуди“ повеќе одговара да стои во Психологија.
    -Темата „Дебелина и оставањето на пушењето“ да се премести во Здравје.
    -Темата „Реалност или фантазија од друг свет“ и „Петок 13“ во Другата наука.

    Поздрав :)
     
    На nesa, Lina24, Hopeful и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Многу ми се допага форумов, но треба да има опција и членот што ја создал темата да може и да ја избриши :) Мислам дека ако го има и овој услов би било подобро за да не се собираат многу "бадијала" теми :D поздрав ;) :)
     
  15. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    И ова е одлична идеа ;)
     
  16. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Имам забелешка во врска со заклучувањето на темата „Фемина трачеви“. Мислам дека Билката беше премногу строга, во ред ќе беше прво да се опоменат членовите кои ги нарушија правилата, па доколку истите продолжат, тогаш да следи заклучување на темата.
    Јас како автор на „Фемина трачеви“, пак ќе кажам дека темата беше најдоброволно отворена, со цел малку да се разбие монотонијата на форумот која веќе долго време е присутна (сигурна сум дека и останатите членови ќе се согласат со мене), и дека нема цел да ги исмева членовите кои навистина имаат проблеми, туку оние кои поставиле смешни прашања и троловите.
    Темата успеа уште на самиот почеток и мислам дека со нејзиното заклучување форумот губи многу.Затоа ќе ја замолам Билката да ја отклучи темата.
    Однапред благодарна, Анфеитфул18 :)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Еве и јас ја замолувам да ни ја отклучи темата, личните проблеми воопшто не се исмејуваа, дали јас немам убаво прочитамо но јас никаде не видов вистински пост со личен проблем да се исмева :^)
    Треба да се отстранат мислењата што бараат да се пратат ЛП, и да се опоментат личностите што се препукаваат, што не е нивно да кажуваат кое мислење одговара за трач или не! Модераторите да бидат поактивни и да предупредуваат. За таквите челенови т.е. тролови нека следи бан а не заклучување, бидејќи како и да е темата е супер за да се заклучи заради провокатори!
    Ајде билке, чекаме да ни ја отклучиш темата :)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Јас мислам дека темата фемина трачеви треба да се отклучи.
    Воопшто не беа трачарани вистински проблеми, туку измислени проблеми исфилувани како латино-американски серии, глупави теми што се веќе во канта, психолошките случаи, големите лажги итн.
    Поздрав ;)
     
    На peperutkaa и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Forumov e mn interesen bukvalno za se sto te interesira mozes da prasas da dades sovet extra ste prodolzete taka :) :)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.