Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.084
    Пол:
    Женски
    Ашлинг, искрено, личиш на паметно девојче. Зошто се обидуваш со сите да се караш? Доколку смирено го искажеш својот став, без иронија, сарказам, цинизам и сигурно уште некоја стилска фигура, сигурно повеќе ќе те послушаат и може да се развие квалитетна дискусија. Вака испаѓа дека си дошла само да се караш и нормално никој веќе не сака да дискутира со тебе и на сите им бодеш очи. И темава место да биде конструктивна, каква што и треба да биде, за подобрување на форумот, служи како бојно поле.

    Сите сме дошле тука со намера да се олабавиме, а не да се препукуваме по сите можни теми, и мислам дека барем маллку треба да го смениш односот и верувај, сите други членки ќе го направат истото.
     
    На LivingGlam, Annath, Bokicka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Чујте и почујте!!!!

    Од утре се распишува петиција за акцијата „Преродба на модераторките во неколку чекори“

    1.Секоја нова тема во стилот на „Ме чешка третото влакно на десната рака-помагајте!!!!!“ , „Дали да му ја пратам на ѕидот Кукавица од Цеца,оти пред два дена ме погледна,а од тогаш штама“ , „Другарка ми си купи порозов џемпер од мојот,како да и го изгорам?? Давајте предлози“......
    Значи мора да ја етикетираат како важна и на сите што нема да коментираат на истата под итно опомена и тоВа пред исклучување ;)

    2.Секоја дупла тема башка по могуќност од калибар како горе наведените не смеат да ја заклучуваат минимум една недела,се со цел форумот да се натрупа со глупости и да се преименува во ДРИСЛА!

    3.Пцуење во опсег до трето колено,провокации,тролање...има да се толерира, башка секое сабајле на тие дотични особи ќе им се праќа по една до две шољи кафе,цигари во зависност која како милува да може труењето по форумот да им оди подмачкано,оти денот по утрото се познава нели? 8)

    4.И за да нема дискриминација дневно по најмалку 3 пати ќе треба да ни го бакнат зад***от на сите,да не се осетиме запоставени и увреЃени :hai:

    Епа кога може Грујчо 24/7, можат и они бе...нема веќе лабаво.Не сме нели на Олимп а? ;)

    Мислам ТИ НЕ СИ ТИ АКО НЕ ИСПРОВОЦИРАШ! затоа модераторки засукујте ракавите оти треба да лечите нечии комплекси.
     
    На Lovely, Incroyable, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Добро, која е поентата? :^)
    Ашлинг, на крај краева, ако не ти се пишува, не пишувај тука. Ако нема правда тука, не биди дел од форумот...
    Ти изгледа си дошла тука за нешто друго, а не за основната цел на форумот.
    И пак ќе ти кажам, оти веќе ми стапна на нервата ]:) , ако не ти се бендисува, не пишувај бре човек повеќе! Брееееј |(
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    А зошто мислиш дека се карам?
    Не воопшто.
    Барем јас не го доживувам како карање, туку изразувам мислење кое на НЕКОИ теми е поразлично од другите.. и кога ќе си го бранеш својот став,како и секој впрочем , викаат "досадна си"
    Епа фала.
    Не морам да глумам фина,при таков однос.
    *патем да не сум во право, ќе признам и никому ништо
    не завршувам со дискусија "досадна си,јас си имам мое мислење и никој не може да ми го промени" кога некој ми до докажал спротивното, на пример serafima мислам дека беше, во религија.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека на форумот има препукувања, сарказам и навредувања, секако секогаш ништо лично. Некако имам чувство дека меѓусебно се натпреваруваат поедини феминки која ќе биде попаметна. Ако кажеш мислење што е различно од целината одма вр вр вр...сите тебе те напаѓаат...Почнува да се губи смислата на форумот.
     
    На beached и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Е добро бре луѓе, дај престанете веќе еднаш, и нема да има препукувања, сарказам, иронија.... :devil:
    Ајде да тргниме од себе најпрво. ;)
     
    На Angelche и marama им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ашлинг веќе ни е познато дека со тебе никој не може да излезе на крај. Јас стварно незнам кое задоволство го осеќаш со константно безпотребно контрање по речиси секоја тема?!? И за се нешто си незадоволна. Де од модераторките, де од неаргументирани мислења... Како може за сите модераторките да се ок, само за тебе да не се? Запрашај се во кого е проблемот.

    Ај сега реплицирај ми во твој стил, како јас сум неинформирана и без аргументи и немој да заборавиш да ми дадеш дефиниција(исклучиво од Википедија) за тоа како треба да се однесува еден модератор |(.
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^^ Вака да те замолам, да не врткаш одоколу, кон кого целиш со тоа ОДРЕДЕНИ?
    Кажи си директно. Од прилика знам врз кого ти е критикава, ама мудро ќе си молчам дур не решиш да кажеш. ;)
     
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Многу точно,јас уште и забележувам дека доколку некоја попопуларна форумџика даде мислење кое е ''многу паметно''а всушност мислам дека е нејзина лична фрустрација,веднаш на сите им се допаѓа нејзиното ''корисно мислење'' и одма имаш на ти ѕвездичка ,дај ми ѕвездичка... :^) :^) :^)
    Форумов подолго време го следам,од неодамна и се зачленив, и можам да кажам дека има многу убави и конструктивни мислења.За модераторките се најдобро,со исклучок на една која мислам дека нема основна култура во изразувањето(можете да ги прочитате мислењата и да се уверите).
    Освен погоре кажаното има и многу упикување,удварање,умилкување...на тие многу популарните.
    Ова треба да биде едно место каде секој би си го поминал слободното време се со цел да се разменат искуства и мислења. :D :D :D
     
    На firequeenn и Ashling им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мислам дека треба да си расчистите со самите себе, и со вашите комплекси на намела вредност дека не постои поделба на форумот на модератори и „обични форумџики„, мислам :^) поделбава ви е апсурдна.
    Дај тргнете од самите себе, има многу челнови на форумот, невозможно е да се согласувате и да не се согласувате со сите, ова е форум побогу, не се знаеме вистински.
    Некои за жал премногу сериозно го сфаќаат форумот и го зимаат толку лично и при срце секое мислење, затоа за вас не е форум боље гет а лајф.
    Друга работа е што сите некогаш сме биле нови форумџии, некои се прифаќаат добро, некои лошо, се тоа зависи од вашиот карактер и од глупостите кои ги лупате тука.
    А коментари како „леле нова сум сите ме мразат на форумов„ се сосема излишни, примери има безброј, доказ едни од поновите форумџики кои со задоволство беа прифатени и обожавани Дафни, ФБИ, Георгина :)
    Размислете убаво зошто сте дојдени на форумив, на никој не му треба вашиот лажен морал и делењето правда кој што треба да прави и како да се однесува на форумот!
    Бај бај
     
    На Bokicka, sesilija и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Не знам, јас кај модераторките не сум забележала некое посебно однесување, бар до сега не. Гледам дека на темава се разви таква дискусија и одлучив и јас да си прокоментирам :wasntme:

    Се однесуваат како и секоја друга форумџика, која повеќе која помалку, но во глобала, мене ми се девојките ОК. Бар си ја вршат работата како што треба. Форумов се пренатрупува со оффтопици, кои понекогаш и јас и вие ги правиме и мора да се чисти то смече наравно :lol: Теми се отвораат еден куп и какви треба и какви не треба, така да мора да се заклучат непотребните, не за друго за ние да имаме поголема прегледност на форумов, инаку се губи смислата.

    Секогаш некој ќе се чувствува поинаку во одредена заедница, друштво, група, тоа не е абнормално, меѓутоа ќе треба да се потруди да се вклопи. Немам ништо лично против Ашлинг, јас не ја ни познавам, девојката си има некои свои ставови и си држи до нив и тоа исто така е ОК според мене... Но, начинот кај неа е малку поинаков. Не дека и други форумџики немаат таков начин на изразување и толкување на нештата, па побогу и јас на многу пати сум изреагирала бурно, како и сите на форумов, меѓутоа кога тоа нема граница, станува малку непријатно.

    Мое мислење е дека сите треба да олабавиме малку, не за друго за мир у кучи :D

    Ете тоа се моите критики и забелешки за денеска, утре може пак ќе пишам нешто 8)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Повеќето девојки што креваат бунт против модераторките се зачленети на форумов после поставувањето на оваа функција кај форумџикиве. Па поради тоа не знаат дека тие форумџики (модераторките) се однесуваат исто како и порано. Секоја има различен стил на пишување, па ако ви паднало во око како подрско мислење и мислите дека тоа е поради тоа што е модераторка, прочитајте ги и останатите мислења, па после кажувајте дека се однесуваат како богови. Тие одлично си ја вршат нивната работа и нормално е дека не можат да ги остават сите офф мислења. Не дека мои мислења не се избришани или пак на некој друг. Па и нивните мислења ги бришат доколку се офф топик.
    Само не ми е јасно зошто толку им се пуштивте на модераторките? Па сигурно не се тие единствени кои не ги прифаќаат вашите мислења.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Може не е местото тука ама морам да кажам.
    Јас разбирам дека сме жени, ама ова е веќе претеризам.Во секоја тема буквално има солење памет.Или не е девојката на сликата, или како може да не знае како се забременува, или мислењето било избришано и не знам што.Што ви се битни тие луѓе па да се нервирате колку се сексуално едуцирани?Што ви е битно дали е сликата лажна или не?Или ти избришале мислење, па добро што има сега три страни за тоа да се пишуваат.Кој што сака ќе пишува, кој какви сака слики ќе става и ако се расправаме нема да се смени ништо.
    И не се сложувам, некаде прочитав како на модераторките им се создавало работа со дуплите теми.Со сета почит кон нив и пофалба за извршувањето на задачата, ама навистина не разбирам зашто би се нервирале.Отварање дупли теми има и ќе има, кога би немало, би немало ниту потреба од нив.А да бидат модераторки сами се пријавиле.
     
    На pufi-cufi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас ја сакам Фемина, и Фемина ме сака мене :)

    Морам да кажам дека имам силно чуство дека сите модераторки си ја вршат „комуналец“ работата беспрекорно. Можеби се избришале некои мислења кои не требале да бидат избришани, ама да ни биле толку битни веројатно досега Билката ќе добиеше забелешки и тоа не една.
    Јас како „обичен смртник“ на форумов ќе кажам дека сум сосема задоволна со тоа како модераторките го средуваат форумов и еве една најискрена пофалба до целиот тим од мене.

    Не знам што е работава со нечие божествено однесување? Нит модераторките пијат амброзија, ниту имаат вечен живот. Ќе се повторам со она што беше нагласено од некои девојки - форумов е форум! Не го правете нешто небесно и пред се не сфаќајте премногу сериозно некои работи.
    Дојдени сме да си помогнеме, да си дадеме совети, да размениме искуства и да се забавуваме, а пред се да здивнеме од секојдневните обврски или пак избегаме од секојдневниот живот. Ако треба и тука да се напнуваме, ај создравје.
    Иронијата и сарказмот чувајте си ги за теми каде тоа прилега, каде што можеме да се шегуваме. Бидете фер и коректни, ако имате некоја забелешка - има културен начин да се каже тоа без ароганција и претеран цинизам, и никако немојте да потценувате нечии размислувања, затоа што како и во реалниот живот така и тука - нема да наидете на пријателски одзив, а уште помалку во иднина ќе има некој желба да ви помогне.
    Општо секоја една форумџика треба да си го знае ова. Па и јас. Свесна сум и јас до која граница може да се зезаме а кога треба да се прекине. Но и ти Ашлинг треба малку да тргнеш од себеси и малку самокритика и прифаќање на нечии совети не ќе ти е на одмет.
    Пред се сите имаме свој удел во тоа дали форумов ќе биде пријатно катче за дружење или не и се надевам како таков и ќе го задржиме ;)

    За крај бидејќи темава е критики и забелешки, можеби само предлог од моја страна, темата со модните критики навистина да биде наменета само за членови :)
     
    На strangewoman, Annath, rainlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Се сложувам со ова.
    Исто така сум забележала дека оние популарните или што се вели со поголем стаж тука мислат дека повеќе можат да си дозволат.Се нервирам кога некоја од нив ке нападне некој понов член и потоа оп ајде се бранат една со друга безразлика дали се во право или не.Сум забележала коментари од нив во стил "вчера се зачленила глеј одма во оваа тема пишала"-како да има правило во која тема прво треба да се пише,во која второ,во која трето... Оставете ги кај сакаат нека си пишуваат.
    Е сега незнам зошто сите се нафрлија на модераторките? :^) Да,има дрски и безобразни модераторки,но има и обични форумџики кои се такви.

    Од друга страна воопшто не се во право оние кои отвараат теми само колку и тие да имаат отворено тема,па потоа се лутат кога истата ке им биде заклучена.Исто така и оние кои се зачленуваат и веднаш отвараат тема како да освојат момче,хеееелп и бла бла бла. :) Зачлени се,прочитај правила,разгледај убаво,па ако нема тоа што го бараш тогаш отвори тема.Не е фер модераторките цело време да одат по нас,да заклучуваат теми и да бришат оффтопици.

    А да,и не ми е јасно зошто Ашлинг така и се обрати на Хипица во еден од претходните постови?! :^) Мене Хипи ми е баш ок и една од омилените форумџики. :*
     
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    и зошто темава е КРИТИКИ И ЗАБЕЛЕШКИ ? Еве чист пример,кога пишавме забелешка вие пак по ваше..модераторките се срцки,си ја извршуваат работата блабла.
    НИКОЈ НЕ ОСПОРУВА ДЕКА СИ ЈА ВРШАТ РАБОТАТА?
    И ниту некој пиша дека сите модераторки се дрски.
    Ги вадите премногу работите од контект,ги превртувате и читате баш како што вас ви одговара.
    Инаку форумов е сосема океј,содржаен е и интересен.
    P.S се согласувам со Даниела дека има дрски членови,кои им лижат г'з на модераторките и се бранат без разлика дали се во право или не.
    peace
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    По се` јас донесов комплетен заклучок:
    Ако не го слушаш Слаткар си дрзок! Без глумење beached, знам на што се однесуваше. ;)
    Не сме ние роботи кои тука мораат да климаат со главата на секое мислење, напротив, сите сме тука исти, а ако 10 форумџики имаат виолетов ник и пар опции за испраќање офф - топици во канта, не значи дека не смеат тука да продолжат со мислењата и да влегуваат во дискусии, се во граници на нормалата.
     
  19. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Aaaa ти најверојатно се пронајде некаде и сега се браниш? Баш убаво..ајде пушти си Слаткар и биди помалку дрска.
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    我討厭當我想起中國沒有人理解我

    no hard feelings побогу!

    Океј да сме начисто.
    Јас го сфаќам форумов премногу лично,но што толку ве повреди мојот коментар кога го кажав односот на некои модераторки?
    Чекај моментов со НЕКОИ да го овековечам со боја и болд за да не ме нападните како јас ве мразам сите.

    Да се вратиме назад.
    Сум пријавила мислење на форумџивки што мислам дека на теми не се изразиле соодветно,ако некој мисли дека јас не сум се изразила нека ме пријави.
    Сигурно не ми е дојдено да си го билдам егото со тоа "me like it yeye"
    Moдераторките ги спомнав тука како ПОСЕБНИ,бидејќи тие најмалку од секој друг член треба да покажат дрскост и унијата на здружени сили "еден за сите, сите в бунар".
    Да, не планирам да посочувам абсолутно никого, како што кажав сами си се знаат кои се за да не дојде до понатамошни препукувања на темава.


    Само не ми мрчете мене за моите комплекси на нижа вредност аманте!
    Ги покажавте на "модни критики за храбри феминки" многу добро вашите.
    Така да..
    Последна моја забелешка е тука.

    п.с.
    Во коментарот не е спомната ниту една членка, при тоа не би ми била примарна цел да навредам некого туку да дадам критика.
    Ваше е дали ќе ја прифатите или не.
    Ама бидејќи не ја прифаќате добронамерно, би ве советувала да ги читате зборовите онака како што се напишани,а не однопаку да не испадне дека сум голем хејтер, никого не поднесувам во животот, постојано седам дома и учам од википедија.
    Тенќју на внимание.
    *и онака знам дека нема да се воздржите,а да не ми го прочитате коментарот..
    уствари критиката

    Поздрави.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.