Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Да пишам една критика/ совет како сакате сватете го. Ова зборам од искуство 18 месеци со кгн.

    Прво отварајте четири очи кој го ставате за модератор, ќе има огромен број на членови со партиска книшка кои ќе се редат за да добијат модераторско место ако треба и другарчиња ќе ви станат само за да се пикнат во администрација имаше еден пример не знам дали знаат дел од членовите ( тие од кајгана) но сегашен инспектор со вмро книшка се упика во администрација се спријатели со сопственикот водеше кампањи во 2009 за изборите после доби награда вработување сега го нема никаде... ( ова за сопствениците), без оглед дали се сдсм или вмро. Кајгана ја направи истата грешка дозволи пола од модераторите да и се со партиска книшка и резултираше со затворање на политика подфорум и заминување на дел од квалитетните членови, не мора да значи дека од вмро ќе ви се упикуваат туку и од сдсм.

    Друго гледам дека форумов и порталот привлекуваат голем број членови околу 19 000 веројатно бројката ќе стигне до 30 000, колку повеќе членови и активност толку повеќе постови а и понапорно е за модераторите но и повеќе им се лижат па малце повеќе стануваат ароганти. Не заборавајте ве молам дека е двонасочна улица , ароганцијата на модераторите и константното бришење и казнување за кур ќеиф има истерано дел од членството особено квалитетните членови на кгн.

    Трето имам забележано дека има шовинизам наопаку мажите се тие кои се на мета на модераторите,да се согласувам да се банираат ептен непристојните членови, ама не тие кои пројавуваат аргументиран шовинизам . Потребно е ниво на фрикција меѓу членстовото за да има некаква дискусија. Исто така форум кој е доминантен само еден пол редовно е осуден на медиокритет во најдобар случај. Кгн беше во обратна смисла со блага доза на шовинизам и држење морални лекции на жените заврши со голем број девојки овде да седнат и да пишуваат без страв дека ќе бидат осудувани. Имам еден куп пријатели кои сакаат тука да пишуваат но поради хуморот кој го носат со себе е благо шовинистички се плашат дека ќе бидат банирани плус бидејќи се машки иако се докажале како квалитетни членови. Затоа оставајте да им спротивност некаква или барем катче нивно овде, сепак ни требаат повеќе машки членови.

    Се надевам дека ќе го имате ова во предвид :)
     
    На Theodora, Staredad и Offspring им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Не проверив дали некој го спомнал ова на претходните страни, ама мислам дека би било убаво да се направи мало подфорумче за домашни миленици во склоп на подфорумот Дом. Гледам само таму има теми за миленици, и малку е непрегледно, а има потенцијал за многу теми од оваа област.

    Не е критика ова, повеќе е сугестија. :)
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Како би било темата "Да зборуваме на дијалект" да се префрли во Кафе муабети?
    Многу ни оди муабетот таму, и не може да редактираме, бидејќи како чет му доаѓа - баш ко кафе муабет. :)
     
    На Phyramide и Theodora им се допаѓа ова.
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Претераја со отворање теми во Врски и Сингл. Се отвораат теми за секакви ситници,еве последно за Како да дознаам дали ме сака. Па нели има тема љубовни проблеми и совети..
     
    На Miss-Independent и Offspring им се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Би сакал да повикам на поголема толерантност и разбирање на форумов. Не ми се допаѓа исмевањето на нечии постови, ниту пак нивното иронизирање или лицемерно одговарање. Тоа што за мене е „голем проблем“, за него/неа можеби е „ситница“, и обратно, нели? Треба да се почитува различната класификација и приоритети кои секој од нас ги има за одредени теми и мислења. Доколку не може конкретно да се надополни на цитираното мислење, мислам дека нема потреба воопшто да се одговори, доколку тој одговор содржи иронија, навреди, омаловажување, дрскост...
    Освен тоа, останатото мислам дека е на место. :)
     
    На girl.23, blueeparadise, karina8 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Корисничкото име не може да се менува. Нема да одговараме на барања за промена на корисничко име.

    Забележав дека на една форумџика и е сменето корисничкото име...
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Сменати им се на повеќе форумџики, но пред да излезат новите правила на форумот :) После новите правила не може
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505


    На 6 март 2011 е напишано мислењето
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    јас би да има повеќе смајлина , незнам дали е веќе предложено од некој ама јас да си кажам оти кога цитирам некој неможам да ставам повеќе од 2 смајлина ( мои) ...
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Кажа Билката дека доволно се 10 смајлиња и нема да има повеќе. А кога цитираш, избриши некои од смајлињата на цитираниот пост за да можеш да додадеш твои ;)

    Бланка може линк? :?:
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ех па и вие сега ама ја разглабате. Се направил исклучок за да се смени никот и готово. Детективи едни :) и плус јасно е дека е сменет, зошто уште истражувате :wasntme:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    На кои им се сменети корисничките имиња?
    Немој некоја да ја немам препознато. :lol:
     
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас сакам да предложам нешто :)

    Како што се мери рејтингот на членовите на форумов, така треба да се мери и рејтингот на модераторите. Да се прават времени анкети за модераторите, за коректното и правилното вршење на работата. Доколку членовите на овој форум не се задоволни од начинот на кој некој од модераторите ја врши работата, истиот да биде заменет.

    Нели сепак се наоѓаме во модерно општество, каде што желбите, барањата и потребите на корисниците треба да бидат задоволени ;)
     
    На Theodora, Dafnee, Marilyn-Monroe и 5 други им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Кога веќе одлучувате да применувате некои одлуки од Администрација нека важат за сите теми, а не само за селектирани, не може да имате еден куп страни со чет (поред вашите критериуми) во темата за Македонски идол и да си постои и никој да не биде опоменат, а другите да ги бришете и заклучувате, нели ;) ?
     
    На Theodora, senza.parole, kate-the-great и 4 други им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    А јас би додала ... да ја преиспитате одлуката за форумџии - модератори ... дали се потребни толку и дали се сите достојни за истата функција, модераторство.
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Темата ''Македонски идол'' многу повеќе плаче за клуч
    отколку темата која веќе е заклучена ''Да зборуваме на дијалект ''
    барем таа тема ни го продолжуваше животот на сите по малку , оваа другата тема зрачи со мрчење и негативна енергија бидејќи се бара влакно во јајцето .
    Темата ''Македонски идол'' многу повеќе наликува на чет отколку другата тема.

    Значи Обџекшн !
     
    На Theodora, FBI и Phyramide им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Јас не сакам да се заклучи ниедна тема, само сакам ако има правила да важат за сите и да се применуваат секаде.


    Ама сепак сум со став дека немаше никаво потреба ни од линии ни од аларми ни од клучеви, фемина беше едно пријатно чадорче под кое имаше место за сите, а сега некој сака да направи поделба на пази табори и да не сме сите под истото чадорче, а зошто, навистина се прашувам? :wasntme:


    Оставете да си биде едно топло катче каде што сите се друживе, доста ни се правила и авторитети во реалноста, нема потреба тоа да е така и овде.

    И не велете дека е за доброто на форумов и сл, форумов си беше добар и пред линијата и алармите и се друго, бидејќи форумов го правиме сите ние, членовите ;)

    Џабе строгост кога ќе нема над кого да се применува ;)


    Поздрав до сите вас, мали, големи, млади, постари, ниски, високи, црни, плави- со еден збор ЖЕНИ.
    Да продолжиме да го правиме форумов место каде што секому ќе му биде пријатно да дојде, место каде се добива совет, се споделува проблем ,масто за да се размени мислење.
    Нека си биде едно неформално пријатно просторче кое ги прима сите.

    Мир сестри :rock:
     
    На Primavera, RedRose97, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    :clap: :clap: :clap: :clap: :clap:
     
    На RedRose97 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Се слагам, многу попријатен ќе ни е форумов ако сме опуштени и едноставно го правиме она за кое повеќето сме тука - се дружиме.
    Модератори секако дека треба да има, поради спамот, препукувањето и сличните глупости, но забавата оставете ја да продолжи, греота е некому да му го скратите смеењето.
    Дали била потребна темата или не - не дискутирам, тоа е веќе индивидуално, но факт е дека го направи форумов поинтересен и многу беше забавна. Ја разгледував од почетокот и првичната намена беше запазена - "Да зборуваме на дијалект". Немаше никаква стручна обработка на дијалектите ниту на почетокот кога била отворена, не гледам зошто токму сега требаше да биде затворена, кога ја раздвиживме. Дали беше корисна? Да, убаво се дружевме и се запознававме во неа. И гледавме разлика меѓу дијалектите во Македонија, преку обичен разговор. Како што спомна Сесилија - ја споивме Македонија во мало.
    Една тема е, можеби е глупост да се бунам за една тема, но мене ми пречи затворањето, и ми пречи што потоа ми беше избришан постот од СДК кој не беше офтопик, па потоа беше вратен. Зошто е вратен ако веќе требало да биде избришан?
     
    На sesilija, Theodora и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Бидејќи искреноста ми е силна страна ајде и јас сосема отворено да си напишам една забелешка овде. Ќе се однесува исто така на работата на модераторките.
    За жал ќе ги ставам сите во една група бидејќи не знам точно која што модерира - не ве памтам секоја за која тема сте одговорни поединечно, извинете девојки :)
    Но би ве замолила да разграничите како прво СУБјективност од ОБјективност. Значи немојте за едни мајка а за други маќеа ако веќе сте одлучиле да сте построги и посериозно да си ја вршите работата.
    Да, ќе се повторам и јас но и мене ме жуља вашата работа од минатиот петок. Заклучувате без предупредување една тема, но друга оставате сосема отворена иако и таму се разврзува повеќе од чет.
    Забележав дека кога девојките постираа мислење во СДК, веднаш, експресно беа избришани, ама вчера конкретно забележав дека си се цитираа взаемно некои форумџики повторно во стил на чет, и нивните мислења не беа избришани.

    Се прашувам кој е критериумот тука?

    Сакавте да подигнете нечија свест на форумов? За жал мислам дека само создадовте огорченост кај дел од форумџиките воедно и кај мене. Нема да лажам ниту да се кријам.

    Скромна забелешка од моја страна. И ве молам секако, немојте лично да примате забелешки, затоа сте модераторки ;)
     
    На Primavera, RedRose97, Danilela и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.