Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Потпишујем петиција да се отвори темата за дијалекти, не бивит ова веќе, ми се оболеа феминките. :worried: :D :D :*
    Не, озбилно, како и да е, не дека бев дел од темата, ама сум ЗА да се врати повторно во живот. Јес да сум против спамови и офф (мада знам и јас да забегам понекогаш, сите знаеме), ама темата беше ептен Македонија во мало. :)

    A Пирамитке немој така на лево да гледаш, тоа што се цитиравме со Виножитка (гледам потенцирано е вчера, па тоа беше тогаш) не беше муабетење, едноставно Сакавме Да си Кажеме по една реченица (позната ти е содржината штом потенцираш), па такви разменливи зборчиња има и повеќе па што? Никому ништо. А ако толку боде очи, ги замолувам модераторките нека ги делетнат, немам ништо против. Ако толку ствараат немир тие две реченици, слободно. :)
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Бројче веќе не е за дијалектите, не е ни за твојот цитат во СДК, друга е поентата ;)

    А поентата е- што ви стана наеднаш по ѓаволите? (ова мислам на администрацијата) :^) |(

    Е тоа е целата работа ;)

    И Билке каде си мор, да дадеш официјално соопштение и за министрите и за народот, оти се изгубивме во толкување на уставот, дефинитивно :lol:
     
    На Theodora, Strumfeta93, Fearless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Бројче, јас те гледам право во очи, како така мор лево да те гледам? :)
    Не бевте само ти и Виножитка и други феминки беа, навистина не се сеќавам веќе.

    Мене ако ме прашуваш - јас не би бришела ништо ;)
    Но пред некој ден се бришеа мислења туку така. Се опоменуваше на големо, а сега гледам одеднаш онаа строгост на која се повикуваше некако опадна.

    Тоа ми беше поентата а не дека ми пречат вашите постови. Сакав да има малку повеќе објективност кога веќе администрацијата решила да ја спроведува повеќе. Знаеш, се повикуваше на правила во петокот а за 2 -3 дена одеднаш гледам правилата не постојат. Епа сега, нека се решат, да или не? :)

    Во тоа се состои мојата забелешка, се надевам дека бев сфатена онака право, нит лево нит десно ;)
     
    На Theodora, Sparks, Fearless и 3 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    ^^ И се гледа дека сте направиле табор! :!: .... ]:) :D
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Тоа што со некого имаш слични мислења не значи дека си во табор со него, мислам табор мене ми звучи ептен страшно, не знам за вас, ама јас замислувам една бригада во напад против другите што ми е стварно апсурдно ( Џули знам дека се зафркаваше, т.е. боцкаше за што реално нема потреба ама еве ти одговарам)

    Да можеби сме во табор, во табор против новата строгост за која нема потреба и правилата кои се против смеење и дружба на форумов, само во таков табор можам да бидам 8) :lol:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Пирамитке, се разбравме. :!:

    А ова за таборите навистина е смешно :D какви табори бре луѓе? Па нормално е што вика Сеси, ако со некој се согласуваш не значи дека си во табор. А и нормално е со некој повеќе да си зближен, сепак тука време поминуваме, разговараме по лп, некои ете комуницираат и на другите социјални мрежи... Но тоа не се табори, едниставно не можам со сите можни членови да разговарам по лп, да делам исти мислења...

    Еве на пример, се согласувам со Сеси во неколку нејзини мислења, па тоа не ме прави дека сум нејзин сојузник, или пак ако плукнам некаде по неа во некоја тема (Сеси ова е пример :D ништо лично :D ) не значи дека не можам да ја сварам како личност.
    Едноставно некои работи не лепат. :x
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    :lol: Абе ние се разбравме, ама дали не` разбраа е прашањето? ;)

    Тоа е таа објективност и субјективност што ја спомна Пирамид, јас можам со неа колку сакам да бидам блиска ама ако ми каже нешто отворено и добронамерно нема потреба право да го менувам цело мислење за неа и да се разочарувам од неа, мислам ептен ми е чудно (ама ајде да не забегувам сега во други теми ;) ), значи не може нашето дружење да влијае субјективно кога треба да донесам некоја модераторска одлука, туку мора да реагирам исто како што реагирам за сите (објективно)

    Се надевам дека од нашите постови ќе се извлече еден добронамерен совет до сите модераторки, а нема да биде сфатен како лична критика против било која од нив :!: , тоа никако :shake: не е целта.


    Ајде јас одам, требаше одамна да станам, имајте убав ден :*
    И Бројче дефинитивно ти треба темата со дијалекти, охридскиот не ти го бивАт ;) :lol: :*
     
    На Theodora, Phyramide, Dafnee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Јас не знам како и зошто се заклучуваат теми кои што се посетени и живи. Не си играјте тетрис со темите у канта или заклучените теми, нема никој да биде крунисан ако има некој опасен став, или некој пост кога ќе прочитам - ДОВОЛНО ТОЛЕРИРАВ. ДОСТА БЕШЕ: КАКВА Е ТЕМАВА. СПАМОВИ , ОФФОВИ...Уште по една заушка и топ.
    Мислам, сериозно олабавете, поентата на Фемина е да се дружиме преку комуникација, ако смислата на забавата ја уништите овде со „административна работа“ и извинете вака, ама ве замислувам како петгодишни девојчиња што си играат „администрација“ пред зграда, ќе се изгуби смислата на дружењето и сите ќе лепнуваме глупави еднолични мислења. Модераторите треба да се тука за да ја зачуваат главната форма, облик на форумот, а не да требат сено и на секое мислење и добра тема да ни се покажува кој е кој. Искрено смешно е. И непотребно. И не ви ја гледам сатисфакцијата.
    Фемина е моја колку и ваша, не ми ја уништувајте со его трипови безвезни.
    И бидете пољубезни при предуредувања, а кога зборите во свое име напаѓајте и карајте се или како сакате правете.
    Не заборавајте дека улогата на модератори подразбира и да ги привлекувате луѓето од форумов а не да ги бркате со СТРОГОСТ....
    Мислам... :D Бистревме памет кај диктатурана у политичките теми, препрочитајте нешто.
    И ве молам да се отвори темата со дијалектите бидејќи очигледно феминките сакаат да биде активна.


    Имајте убав модераторски ден ;)
     
    На Theodora, Sparks, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ајде јас да не останам покуса :D
    Претпоставувам дека мислењата во сдк се бришат за другите теми да се поактивни, ама мислам дека тоа нема никаков ефект.Ако некој сака да напише нешто во некоја тема, ќе напише, ваквото бришење според мене има само контра-ефект.Ќе се изнервираш па не ти се пишува никаде.
    Сепак е ова форум и доаѓаме сите за забава, смеење и да дознаеме нешто, нема потреба од толкава строгост и почитување правила.Според мене во сдк не треба ништо да се брише.Ако Петко напишал дека е нервозен, негово право, тоа сакал човекот да каже.
    Според мене за бришење е на пример, кога во сдп некој ќе праша кој ден сме и 10 души по ред одговараат дека е вторник.Тоа ми нема никаква смисла.
     
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Браво за Сесилија и Пирамида :bow: :*
    Абе ова не е реален живот, форум е алоо?! Кои црни табори се правеле?? Дали сте вие нормални и разликувате виртуелно од реално?? Овдека никој не се ни знае за табор да се формира.
    Али пак објективно гледано, луѓето искомплексирани и неприфатени од околината најверојатно овдека сакаат да развиат поголеми социјални врски, па им се причинуваат и сериозно ги сфаќаат сите работи и мислења. Билката треба да замети малку од модераторкиве, или да смени неколку, зошто ако продолжат вака со бришење заклучување на теми за сопствени интереси, изигравање на огорчени учителки (уште стапче им фали), и комплекси нема далеку да стаса сево ова, а баш убаво му одеше на форумов.
    :Down:
     
    На Theodora, Sparks, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Да и јас у последно време забележав. Порано модераторката на љубовни проблеми (незнам која е) нагласи дека секоја нова членка или било која де, може да си отвори сопствена тема за својот проблем а сега приметувам нагло заклучување, па дури нема ни објаснување зошто е заклучена.
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас гласам за проширување на доменот на активности на модераторите, во таа смисла што би се овозможила нивна дозвола за отворање на нова тема. Теми да се отвораат само по претходно барање од феминките, испратено до модераторите, зашто очигледно или не мрзи, или не знаеме како да провериме дали имаме таква или слична тема. Доколку е возможно отворање - ке ја известам феминката која го доставила барањето, доколку не е возможно ке и се посочи во која тема да си го даде мислењето/прашањето. Мислам имаме еден куп и е опфатен голем дел од нашите проблеми и потреби, а со нови со иста тематика само се враќаме на почетокот на дскусијата и џабе сме се мачеле да ја исправуваме Крива Дрина во изворната тема. :wasntme: А и ке се избегнат расправии околу отворање на дупла или повеќекратна тема.

    Во СДК се бришат мислења на некој што сакал да каже нешто, за што во суштина и е осмислена темата... па што ако Штрумфетка напишала дека сака да каже дека е моја приврзаничка и се согласува со мене? Тоа за бришење е? Па сакало девојчето да го каже тоа, и го кажало во темата СДК. И оп, бришка на нашите мислења. Е арно де, ке потрпиме.

    Суштината на темата со дијалектите беше да зборуваме на дијалекти. Зборувањето не беше сконцентрирано само на баук зборови од поединечните говорни подрачја, зашто тоа во суштината на темата го немаше. Значи, можеше да опфати и комотен пазарџиски муабет. И ни ја заклучија. Сме имале чат. А на чат никој не се натега, зашто во определени термини од денот е опседнат со феминци кои настојуваат да набутаат 50 мислења за да дремат на него и да бараат закачки.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Самите членови си ги заклучуваат темите ;)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
  15. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Најпрво, ви благодарам на сите за забелешките и критиките. :)

    Ќе се обидам да одговорам на повеќето забелешки. Дури и да не сум ве цитирала, верувам дека во ова мислење сите ќе успеете да го пронајдете одговорот на она што сте го напишале.

    Модераторите се оценувани како си ја вршат својата работа. Освен тоа, постои „скриена“ секција на форумов која служи за консултации на модераторскиот тим и сите модератори ги носат поголемиот дел од одлуките во координација со другите „колеги“.

    Меѓу другото, не е можно да се спроведе „јавна“ сондажа за рејтингот на модераторите поради простата причина што најголем дел од „дејствијата“ што ги преземаат модераторите се невидливи. Секојдневно се преместуваат/спојуваат/заклучуваат десетици теми, се преместуваат стотици мислења, се бришат стотици оф-топици, спам, реклами и сл. Модераторите навистина вршат многу работа.

    Сепак, сум напишала и претходно, доколку сметате дека некој од модераторите ја „злоупотребува“ функцијата, пишете ми ЛП.

    За форумот се грижат петнаесетина модератори. Иако сите тие се раководат според исти правила и постојано се консултираат меѓусебно, навистина тешко може да се очекува дека сите модератори ќе имаат еднакви критериуми и дека секој од нив би постапил исто во дадена ситуација. Нешто повеќе, секако дека модераторите не се нон-стоп присутни на форумов, па нормално е да има мислења што ќе се „протнат“, а можеби требало да бидат преместени/избришани. Сигурно сте забележале и дека во некои категории почесто се опоменува, се преместуваат мислења и се заклучуваат теми, а во други категории поретко.

    Покрај ова, морам да кажам дека не е лесно да се донесе одлука дали и каде треба да биде преместена/заклучена/избришана една тема или мислење. Еве, јас признавам дека многу често сум се двоумела што да правам во одредена ситуација. И сигурно често сум грешела. Но, ниту јас, ниту било кој друг модератор не сме направиле нешто од инает или од злоба. Колку и да звучи површно, сè што правиме, го правиме за доброто на форумот. Сепак, луѓе сме и колку и да ни се добри намерите, често грешиме. Затоа и постои темава „Критики и забелешки“ и јас сум благодарна за фидбекот што ни го давате.

    Како модераторски тим, постојано се обидуваме да ги балансираме критериумите колку што е можно повеќе.

    Да, секако дека се потребни. И достојни се, сите до еден. :)

    Исто и јас... ниту сакам да се заклучуваат теми, ниту сакам да се прават исклучоци при применувањето на правилата. И се трудиме да биде така колку што е можно повеќе. За жал, не секогаш успеваме.

    Апсолутно се согласувам. Ние имаме прилично строги „внатрешни“ правила за модераторите, а љубезните предупредувања се вклучени во нив.

    Од друга страна, морам да го додадам ова:
    Сите модератори си ја вршат работата доброволно. Одделуваат голем дел од своето слободно време за да го уредуваат форумот, т.е. категориите во кои се назначени. Често губат и по неколку часа дневно во преместување на мислења, средување на теми, организирање на категориите и што уште не. Ќе ви кажам и дека дел од модераторите одат дотаму што ги редактираат мислењата кои некои членови ги напишале на латиница и го пренапишуваат нивниот текст користејќи кирилица. Откако ќе си го потрошат слободното време средувајќи ја категоријата и ќе видат дека во одредена тема повторно се насобрале оф-топик мислења кои треба да бидат преместени на друго место (хипотетичка ситуација), разбирливо е да се очекува малку понервозна реакција од нивна страна. Не велам дека тоа е добро за форумов, едноставно сакам да доловам во каква ситуација се наоѓаат модераторите секојдневно.

    Не можам да се согласам со напишаното. Модераторките имаат инструкции да бришат мислења од типот „Се согласувам“, „Така е“, „Имаш право“ и сл. Еве и зошто:

    ...You get the point. :)

    Наместо да се случува ова и да треба да прелистувате 5 страници со слични вакви коментари за да ги ловите „вистинските“ мислења, поставивме копче „Ми се допаѓа“ за да можете на елегантен начин да го изразите вашето согласување, поддршка или благодарност за одредено мислење. Вистина е дека понекогаш се бришат и мислења кои можеби можеле да се остават, но тоа е помалото од двете „зла“.


    За крај...

    Темата „Да зборуваме на дијалект“ беше заклучена затоа што сметавме дека е поправилно, позабавно и попрактично да се води дискусија од таков тип на четот. Сите членови на модераторскиот тим заедно донесовме решение дека правилниот потег е да се заклучи темата. Не претпоставувавме дека ќе избувне бунт поради таа наша одлука :lol:. Сепак, секако дека меѓу останатото, форумот треба да се користи и за забава, па со задоволство ќе ја отклучиме темата штом има толкав интерес за неа.

    Ми останува да кажам уште едно нешто, можеби најважното. Останав засегната од дел од мислењата кои содржеа навреди на адреса на модераторите. Не ме разбирајте погрешно, ние сме секогаш отворени за жестоки критики и остри забелешки, сè со цел да го направиме форумов попријатно место за сите нас. Постојано ги следиме сите ваши предлози и многу ни значи вашето мислење. Но, јас навистина не сакам да се упатуваат навреди кон модераторите. Со ризик да станам досадна, ќе повторам, ако сметате дека постапките на некој од модераторите се погрешни, пишете ми ЛП (иако можеби нема да ви одговорам, пораката ќе биде прочитана).

    Уште еднаш нагласувам дека модераторите доброволно одделуваат голем дел од своето време за да го одржуваат форумот и не е фер да добиваат навреди за возврат, дури и ако погрешиле.

    Поздрав до сите :)
     
    На Cacy, Monna.Monna, peperutkaa и 6 други им се допаѓа ова.
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    Имам една критика за неколку членки кои не би сакала да ги именувам.Сега гледам дека во темава некои се жалеле за темата Македонски идол дека имала премногу страници и наликувала не чет,меѓусебно се разговарало,меѓутоа ако се погледне подобро низ темата се гледа дека не сите мрчат туку тоа се само одредени форумџики кои си земаат секакви права.Така да,не сметам дека треба да се заклучи темата затоа што одредени си пишуваат мислења од два збора и наликува на чет.И не само во таа тема туку и во други имам забележано дека често и некои од модераторите си дозволуваат и мнооогу офф топици и четување :)
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ииии па тука голема дебата без мене се развила .. како бе така :D

    Мене не ми смета никој и ништо. Малу ќе искритикувам ама добронамерно ... Модераторки вие ако си бришете мислења тоа така треба за да има ред и се тоа, јас се сфаќам ама некоја грешка простете ни ја ... па стари сме веќе ... :$ И ние грешиме и вие грешите ... сума сумарум сите сме луѓе. А форумот е катче каде што секој може што сака да си каже да се олесни и да побара совет. Барем мене форумџево ми е прва пријателка :) И најверна богами :) да си ја задржиме убава и фина каква што ни е и немат потреба од кавги и слично.
    Свите сме паметни чупиња. :!:

    Пример јас во темата литература имав неколку грешки па Горде( со извинение што јавно ја спомнувам :lol: ) фино лепо ме опомена, Тедибеар згреши и јас фино лепо и културно нареден пат се поправив. Па би можеле така сите. Да давате прво како опомена преку лп или било како да укажете на грешките а не толку ригорозно одма се да се брише. :)

    Зашто некој страв ќе го фати па ќе се дума што да пише и во која тема за да не го збришете брзо и лесно :D

    Благодарам многу на вниманието. Имајте си убава вечер :) :*
     
    На macysh, 2468, FBI и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Билке извини вака, ама искрено жал ми е што не го цитираше тоа што го напишавме дека е позитивно за фемина како форум и дека не напаѓаме лично никоја модераторка, вака испаѓам како некоја исфрустрирана феминка која е против модераторките и очајно сака да се отвори некоја тема :fubar:

    Поентата беше друга, ама нејсе.

    Никој овде не го оспорува трудот на модераторките, само сакавме да потенцираме некои работи ;)
    И конечно знам каде ви е администрацијата, амен ту дет :clap: :lol:

    И договорете се дали сите сте одличиле бидејќи модераторките рекоа дека одлучиле заедно без тебе, бидејќи не си била онлајн ;)


    Искрено жал ми е што не сум сфатена како што треба од повеќето, ама тоа е сега неможам да цртам да му се сневиди :lol:

    И не знам веќе дали ќе имам мерак да пишувам во темата за дијалекти, не е веќе тоа што беше дефинитивно

    И ве молам сите кога читате нешто читајте го полека со разбирање а не ради ред и после друго да сфатите.

    Мислам дека сите сме овде со иста цел, меѓусебно дружење и размена на мисли, идеи и искуства ;)

    Поздрав од мене
     
    На Danilela, Phyramide и Fearless им се допаѓа ова.
  19. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Воопшто не ми беше тоа целта, едноставно сакав да одговорам на најголемиот дел од критиките. Навистина се извинувам ако сум оставила поинаков впечаток. :$ Инаку, премногу сум благодарна и за убавите зборови кои силно нè мотивираат и лично мене многу ми значат, но и за критиките затоа што тие ни помагаат да го подобруваме форумов.

    Бев онлајн, убаво ја прочитав цела дискусија на модераторите во „скриената“ категорија и немав никаква забелешка. ;) Само што статусот ми беше „скриен“.

    P.S. Ти должам одговор на ЛП веќе долго време. Да знаеш дека не сум те заборавила... :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Билке, во право си, но не мислев на такви псотови од типот браво си.
    Еве пред некој ден ја забележав Џули дека беше малку изнервирана што нејзин пост во сдк бил преместен, а била нејзина лична мисла.Во никој случај не мислев на да, не, така е и слично.Сепак вие сте модератори и администратори и вие го "кроите" форумот ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.