Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Модераторите си се супер, супер си ја вршат работата.
    А ти си ДОСАДЕН, на сите им реплицираш, не си интересен да знаеш. |(
     
  2. noskirT

    noskirT Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    ...мене твојата вербална дијареа не ме занима, да си знаеш... :lol:
     
  3. padme1517

    padme1517 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе дијареа сум имала, ејј абе не сум знаела алал да ти е Триксоне ме просветли |( .
    Не си интересен, ќе сватиш за некое време (да се надеваме).
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас не знам како се толерира однесувањето на еден член,од прееска ми боде очи,плаче за бан! |( :^)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.082
    Пол:
    Женски
    Ќе добие бан секако, да видат админите и средено е. А не знам како се уште му одговарате и како не ви е досадно. При толку теми на форумот тука сте се закачиле.
     
  7. noskirT

    noskirT Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    мене само со бан можете да ме победите ...ве обожавам коа плачете вака :D :lol: :rofl: ..кисссссссссссссссссс
     
  8. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Фин си е форумов... иако е женски мислам дека е интерсен за секого...супер е среден и се е ок...браво за администраторите
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Дали би можела темата Среќен роденден да се премести во скриено катче ???? :wasntme: Мислам дека не мора сите гости да читаат кога на некоја форумџика и е роденден и да претпоставуваат оваа е или онаа е :)
     
    На senza.parole, blueeparadise, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Изгледа си ја згрешила темата, овде се критикува :)
     
  11. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    А освен тоа, може и сп да се премести во Форумски игри? :D И така се бунеа за тоа дека некои си збирале лајкови таму. А? :^)
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    ^Е ич не ми е јасно како можеш во Среќен роденден да собираш лајкови? :^)
    Немој да се бркаш со Специјален поздрав до...
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.082
    Пол:
    Женски
    Штрумфетке нешто погрешно си разбрала. Мислам дека девојчето мислеше покрај тоа среќен роденден да се префрли во скриено катче, сп да се префрли во форумски игри, бидејќи таму се збирале лајкови :) , а не во Среќен роденден.
     
    На FortuneTeller.xD и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Прашање- Зошто ја тргнавте табелата со рејтинг? :wasntme:

    Мене така ми беше најлесно да си пребарувам мислења- отварам си кликам, и пратам која што напишала :!:

    Ве молам за одговор, стварно не знам што беше па со неа проблемот :^)
     
    На BoaVista и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ете и јас вчера баш се прашував зошто ја нема, ама не се сетив да пишам овде. Стварно, зошто ја нема? :^)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    opsti-diskusii/protiv-molenjeto-za-lajk-na-fb-t5741/


    ЗАШТО МИ ЈА ЗАКЛУЧИВТЕ ТЕМАТА? :О

    Што и фалеше, не беше ни дупла, ни навредуваше одредена личност ни ништо :О
    ОДГОВОР !
     
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Темата беше заклучена поради правење на некои промени, како што е насловот, и ете ја отворена и спремна за дискусија. ;)
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам само да дадам предлог под итно Билката да почни да размислува да се укини опцијата „ми се допаѓа“ бидејќи не знам зошто и како, но преценета е и едноставно го уништува форумот. Исто така сакам да кажам дека порано форумот беше многу посреден кога еднаш ќе згрмеше Билката во кратко време работите се враќаа во најдобар ред, сега со многу повеќе модератори наместо да биде посредено настанува поголем хаос и очигледно е дека постојат форумџивки на кои модераторите им сметаат не знам од која причина, но факт е !! И можеби грешам, но отсуството на Билката низ темите се чувствува.
     
    На FBI и enca.69 им се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Еве вака, овојпат директно ќе се обратам до админите на форумот, еве конкретно до билката и ќе ја прашам неколку работи :
    Дали администраторскиот тим не приметува дека форумов е сосема поинаков, и тоа поинаков во негативна смисла, за жал, откако постојат лајковите????
    Да јасна ми е намената на лајкот, ми се допаѓа мислењето и да не се повторувам нели, стискам лајк и тоа е тоа...практично и олеснително ...нема што...но :!:
    Од ова произлегува и второто прашање :!: Зошто е потрбно броење на лајковите, зошто е потребен тој бројчаник под корисничкото име???
    Што треба да ми каже кога јас како еве на пример, нов член го отварам форумов?? Дека таа и таа форумџика има 2000 лајкови и пишува корисни мислења, покорисни, најкорисни ?, таа со 1000 малку помалку корисни???
    На што треба да ми укаже тој одреден број лајкови??
    За што е мерило???? За што е репер???
    Аман, па сигурно можам да проценам и сама која форумџика вреди повеќе, а која помалку, според мене, сама ќе ја создадам сликата и не ми треба таму некое си броило, и туѓи лајкови да ме упати на правиот пат и да ми ја создаваат сликата...
    Башка што според мене со тоа не постигнавте апсолутно ништо...добро можеби нешто, ама позитивно, сигурно не...
    Ќе кажам од два аспекти како тоа изгледа...
    Еве ние што сме тука две години па и повеќе, и немаше лајк од нашето зачленување, нели, што треба сега да се бунтуваме, затоа што нашето ,,броило,, не покажува толку лајкови, колку што можеби ќе сме имале ако се броело од тогаш, од почетокот???...
    Мене лично ми е крајно небитно, поретко сум тука, некогаш ич, некогаш дремам цел ден и пишувам све и свашта, неколку пати сум поздравила во сп...но не било за лајк ама никогаш....
    Но ако погледнеш од страна имам таму околу 1200 мислења, а 500 лајкови да речеме...и што значи тоа????????
    Ако поентата на ,,броилото,, е да покаже колку некој корисни мислења дал, кога вака ќе погледне изгледа дека јас, или некоја од постарите форумџики млатиме празна слама, малтене...не?
    А знаеме повеќето, со колку убави, па и помалку убави, корисни, и конструктивни мислења го градевме форумот..
    Ни ова не е битно, и не ми значи ништо, но го потенцирам во контекст на она што ве прашувам, а тоа е, која е поентата, и што треба да ни значи кога ќе ги видиме лајковите под нечие корисничко име?
    Ако е поентата која ви е наведена погоре, тогаш ви е од старт промашена, баш поради она што го пишав погоре, и она што ќе го пишам сега...
    А што за година-две, тие што ќе се зачленат, некој 20 000 лајкови, тој нула...и ќе го стигне :?: ....никогаш...а можеби ќе пишува најквалитетни мислења дотогаш....
    Што треба, да ставаме однос, вадиме просек, време на зачленување, број на мислења, во однос на звездички...ахам, овој толку е квалитетен.... че го читам овој :?: :x
    Пак ќе кажам, нека има лајкови, еве како на фејсбукот ни, нели, ќе видам мислење, под него 20 лајка, и да не ми била намерата ќе застанам да го прочитам...најверојатно вреди....
    Се согласувам со некое мислење, лајкнувам, и се гледа дека се согласувам со тоа мислење...точка..
    Или треба да видам кој колку лајкови има, па да го барам по темите, него да го читам...
    Го спомнав два-три пати ова, јас не мислам дека проблем се лајковите, тие си вршат голема работа, она што ги создава конфликтите и нетрпеливоста, е броењето лајкови и правење некои си ранг листи...
    Па и по дома се прави проблем и ствара револт, и има кавга, кога брат и сестра, две сестри, или како и да е, ќе ги споредат, рангираат....
    На што сме, на натпревар????
    На олимпијада????
    Форумов оди во бестрага....
    Ова беше пријатно место, да, со некој конфликт, и кавга, спротивставени мислења, но се продолжуваше да се функционира нормално по другите теми...
    А сега?...лицемерие, глума, на форум глума, еееееееееееееј.....јас?
    Кој јас?
    Јас ангел божји, крилјава не ми ги гледате? де седнете со наочарки на компјутер, оти оореолов мој многу свети...ќе ве ослепи вас, обичните....
    А аман, на сите теми проблеми прави...да се циничи и навредува , прва е...
    Ама не го гледа тоа, несака да го види, или неможе...незнам...
    Ама треба секој, секој од нас да се преслуша, и не да вика кој е тој таков, туку да рече, абе јас да не сум ваква?
    Не сум дојдена тука, јас а верувам ни некој друг, за некој да ме демне, да ми ги прати правописните или какви да е грешки...да ми го ,,спушта,, затоа што е многу по сарказмот, демек...таква била она, пази боже...биди дома таква, мене не ми треба тука да ми се правиш интересна и да маваш чврги само да си интересна...
    Можеби и јас сум таква, па и повеќе од тебе, ама ти или друг тоа не го осетил...
    Со усул луѓе, се се прави со усул...
    И јас грешам, и друг, и трет, ама некои стварно претеруваат....
    Како што еднаш реков, ова е виртуелен свет, треба да е поинаков од реалниот, за тоа сме тука...а ако ми се претвори во паралелен на реалниот... :?: што по ѓаволите ќе барам тука??????
     
    На Danilela, x.Daisy.x, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.