Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    И јас сум за укинување на опцијата Ми се допаѓа....Сериозно, нека размислат администраторите за ова.
     
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Ако не се укине опцијата ми се допаѓа тогаш нека се укине барем бројачот на лајкови. Од проста причина што на некои им прави проблеми. И морам да кажам дека кога се зачленив бев среќна што постои место што не е како фб баш со тие глупости како што се лајковите и сл, а сега форумот се повеќе почнува да личи баш на тоа.
     
    На Asparagus, AIT, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Барем машките си се фалат со големината на пенисот,а ние со лајковите.
    Тоа што лајковите не прават раздор меѓу форумџивките,ние го правиме меѓу себе.. бидејќи кој помалку,кој повеќе пати од комплекс на нижа вредност и се одразува на севкупните мислења на форумот.
    А,зошто не се размисли за опција "не ми се допаѓа" ?
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Уште не ми се допаѓа фали на форумов, е тек тогаш ќе биде рат на велико! :shake: :shake:
     
    На Tinker-Bell, lolyta777, FBI и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Нека стои ми се допаѓа од причина да не се повторуваме ама нека не се бројат.
    И СП да се заклучи!
     
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Зошто бе да се заклучи СП ??? Тогаш ќе има многу оф топици кога форумџивките ќе се поздравуваат на секоја можна тема
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам што толку ви смета СП...што ви пречи ако си се поздравуваат меѓусебно девојкиве...зошто ви пречи ама ич не ми е јасно :?: Од вчера се обидувам да сфатам ама никако не ми доаѓа на ум...
    Еве да си кажам за себе, најмалку користена тема ми е таа, речиси и не ја отворам освен ако не сакам нормално да поздравам некој/а...а зошто сум ја поздравила?..Затоа што ми се допаднала на пример во мода и стил, затоа што сум применила рецепт и бил успешен, затоа што сум прашала и сум добила корисно решение за некој проблем итн. итн....
    СП гледајте ја како благодарност, а не како средство за лајкови...на крајот на краиштата и што ви е гајле кој колку звезди има...еве јас повеќе давам отколку што примам (ама перверзно звучи ова :lol: ), не се секирам за рејтинг, баш ми е гајле дали имам 2000 или 2...
    Посреќна би била ако моето мислење му помогнало некому, ако го насмеало, ако го утешило, ако нешто научил итн.итн., а дали јас тоа ќе го дознаам -не, може да ми се стиснат милион лајкови и сите да бидат лажни, да се стисне ради реда, затоа не се замарам...
    Еднаш реков и пак викам - за мене форумов е место за рекреација и едукација, научи тоа што не се знаеш, избегај од проблемите на секунда оди во темата-насмевка и насмеј се...
    Сакам да ве прашам дали на секое уклучување на Фемина прво си го проверувате рејтингот и ѕвездите? Ако одговорот ви е ДА тогаш разбирам зошто ви сметаат ѕвездиве...

    За сите кои не прочитале или заборавиле
    1. Употребувајте го копчето „Ми се допаѓа“ секогаш кога ќе наидете на квалитетно и корисно мислење. Целта е да се истакнат најквалитетните мислења во темите.

    2. Критериум треба да ви биде содржината на мислењето, а не дали авторот на мислењето ви е мил или не. Не се расфрлајте непотребно со „лајкови“.

    3. Ако некој ви помогне да го решите вашиот проблем или ако ви даде корисен совет, бидете учтиви и заблагодарете му се со тоа што ќе кликнете „Ми се допаѓа“ на неговото мислење.


    Она што сакам јас да прашам е зошто се заклучуваат темите каде има дискусија, по кој критериум одлучувате да заклучите одредена тема а сепак се почитуваат правилата на форумот, еве вчера не коментирав на заклучената тема, бев уморна и таман сакав денес да пишувам сте ја заклучиле, јавно прашувам да не праќам ЛП на сите модератори...

    Не прашувајте во темите зошто ви било избришано одредено мислење, заклучена одредена тема и сл. Најверојатно не сте ги почитувале правилата. Ако сметате дека некое ваше мислење било неправедно избришано, испратете лична порака до некој од модераторите.
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Според неа се мисли дека се направени клановите, тебе и мене и на Трајко и на Петко не ни смета ама на пола форум да.
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Лоли77 не сметаат звездите, нека има некој и 50 000 лајкови, и рејтинг и се...ми е гајле....а најверојатно и на повеќето...
    Туку, проблемот е баш тоа....дека овие точки, што ти ги издвои, не само што не се почитуваат, туку целосно контра примена од наменетата имаат лајковите....и цело време кавгите се за тоа пустото, размената на лајковите....
    Од бројачот, корист нема, само штета (поради :devil: страна на женската природа )...затоа што баш поради броењето, јас мислам дека лајкот се злоупотребува, и ја губи смислата и намената заради која е воведен...
    И мислам дека баш тие форумџики кои имаат најмногу лајкови, најмалку им значат....и на нивните постови не им треба нит лајк нит па рејтинг листа за да бидат приметени... ;)
    тие по секако нема да бидат оштетени....
    Затоа, според мене, ако се укине бројачот, можеби лајковите нема да бидат толку проблем, и дека веќе нема да стисне некој лајк, само за да му стиснат, и да му се бројат...
    Се само да нема кавги веќе на форумов....
    Нормално е да профучи некое контра мислење, па и некоја навреда :lol: женски форум е сепак, да се знае :lol: ама да не доаѓа до овој степен...не е убаво...
    п.с. Ова никако незначи да се прекине со потенцирање на најомилената и најдрага форумџика на гоината, по повод 8-ми март и тн...
    И порано немаше лајкови, ама секогаш се знае кога некој е најомилен во друштвото ;)
    п.с. И да, нема потреба од укинување на СП...кога нема да се бројат лајковите, чисто се сомневам дека ќе има толку поздрави и честитки....дајбоже да сум грешка, ама ќе замрат како и форумските игри, кога престанаа да се бројат мислењата таму :)
     
    На Neytiri и lolyta777 им се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Па нека се прават кланови, нека се умилкуваат ако немаат попаметна работа...нека копираат и нека глумат...фаворити секаде и секогаш имало па и тука ќе има, нормална работа си е тоа...само не треба толку да се замараме со тоа...еве мене баш ми е евентуално дали некој ме поздравил или не, дали му се свиѓам или не, па побогу форум е и тоа анонимен, никој не ме знае ни која сум ни што сум...

    ОК Енца нека го укинат бројачот, ама не и лајковите, мене ми се корисни и ми требаат.
    Сакам кога на некој ќе му се заблагодарам за било што со само едно кликнување, навистина е олеснителна опција, и сакам кога без да коментирам некому ќе му стиснам лајк затоа што се согласувам со конкретното мислење, па да не повторувам стискам само лајк, некогаш ме мрзи да пишувам и да мислам па само читам и стискам лајк....тоа е тоа.

    Само сакав сите да ве замолам да не го уништиме нашето прибежиште, тука барем можам да бидам своја, можам да ја оговарам свеки без да ме дознаат комшиките, можам да се пофалам за добриот секс или да се пожалам ако не ми дава у 3 саат сабајле без да и вртам на другарка ми :lol:, да добијам одговор за ххх проблеми и можни решенија без да ме гледаат еве вака |( ,можам сите да ги почастам со утринско кафе, да се испукам, исплачам, насмеам.... не сакам тоа да го изгубам...
    Се извинувам што пишувам во погрешна тема, ама другата ја заклучија....и секако поздрав до сите кои ме разбраа што сакав да кажам. :hai:
     
    На kate21, Theodora, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.316
    Допаѓања:
    158.347
    Решение,ограничено делење на лајкови дневно,на пример 3 и тоа да мора да се на различни форумџики и таа тебе да не може да ти даде лајк веднаш потоа,додека претходно друга не ти даде лајк и крај.Тогаш разумно ќе се користат и ќе има поента.Да влегуваат лајковите од кафе-муабети во бројачот и крај.

    Искрено мене не ми значат многу лајковите,колку ги има некој или јас,па дури и сеуште се прашувам која била таа листа која била укината,ете толку сум неупатена.Ама како и да е,се провлекуваат други проблеми.Ете нека не е бројот на лајкови,ама доаѓа до израз *сакањето* и злоупотребата на лајкот ( подточка 2 од правилникот на фемина форум. :D )
    За друго кој што сака нека прави,ама смешка ми е кога некој збори за ластовиците и кокичињата,а друг се убил од пишување (особено понов) навистина корисни мислења и не е рецкан два посто.А башка што имам забележано една-две нечу да ги именуем,се као у филм и имаат улога да аплаудираат кога никој не аплаудира,се гаѓаат погрешни моменти и едвај чекаат некој да ги вдоми и гали и коа се таму,најјаки се. :( И буквално го силуваат копчето ми се допаѓа.На мета им е Пирамид,Теодора,Ливинг,нејмит и човече ги бркаат по темиве и само гледаш,лајк,лајк,лајк... :D :D :D :D :D Е јас за тие зборувам цело време!Stalker-и,дури шубе ти е.Далеку од тоа дека некој особено пречи шо вибрира позитивно или е среќен или не знам како.Кој ненормален пати од туѓа среќа и позитива?!Некогаш коа сите се у бед човече,доаѓам тука и мене ме обзема кога читам,кога сите се у колективна среќа и мене ме фаќа...мешање баби и жаби и малку нереалност.

    Јас мислам дека вака повеќе ќе го биват,а Билчето нек пресуди.

    Него јас мислам да не ја давиме темава повеќе или било која повеќе со претходните работи...помина,веројатно ќе биде подобро,условот е сите да подразмислат за вооченото.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    18.454
    Пол:
    Женски
    НЕка се преименува копчето Ми се допаѓа во Благодарам и тогаш ќе се стиска само кога некој ќе ни даде совет или ќе ни одговори некое прашање,за да не се трупаат фала,фала,фала под секое мислење.А ми се допаѓа и немора да има,приметувам дека на крај ќе се испокараат меѓу себе,а и мн. пати е неправилно користено
     
    На Rock-a-Fella и Mygirl им се допаѓа ова.
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Абе само ние жените можеме да направеме проблем од се. Па лајковите постојат скоро на секој форум, некаде под друго име, пример кога одиш на профил на некој член ти пишува: на овој член му се заблагодариле 200 пати пр., тој се заблагодарил 300 пати. Точно е дека се злоупотребува ова копче понекогаш, ама знае да биде доста корисно. Пак кога ќе погледнете од страна, најмногу лајкови имаат форумџики кои навистина даваат квалитетни совети и мислења. Арно си е копчето, нека си стое, ама ете може да се преименува некако, пример: „ти благодарам“, па ќе добие повеќе смисла копчето, ќе се разјасни неговата намена.

    Инаку, да си прашам и јас, каква е таа листа за рејтинг? :?:
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Единствена работа со тоа со лајковите кога веќе сме кај нив е тоа што нивната намена не е сфатена целосно.
    На многу корисни мислења не се става лајк, а на некои кои немаат да речеме конкретна содржина како корисно мислење ќе видиш 5 лајка на пример, е тоа малку иритира и на тој начин се ствараат и групи и поделби. (ова грубо звучи ама очигледно тој што ти става лајк многу побрзо ќе го забележиш по тоа одколку по некое негово мислење на пример)
    Сега без разлика дали мислењето е корисно или не, си ја обожавам бе личноста ќе ставам и 2 лајка ако треба со две раце и непрочитан пост.
    Се согласувам со предлгот да постојат ама да не се бројат.
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека толку внимание на лајковите, јас па не ни забележувам дека некој ми ставил лајк. Внимание обрнувам само ако некој ме цитирал. Не патете од желба за внимание луѓе, потрудете се да го добиете во реалноста, ова тука е само место за забава.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Добро нели постои тема љубовни проблеми???? Зошто секој може за било кој љубовен проблем да си отвори тема ??? Зар неможе да се пишува во веќе постоечката тема?? Му ѕвонам да дечко ми недостапен е и сега да отворам тема? Глупости ! Форумов почна да се гуши за жал
     
  17. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Навистина претеравте!!! Како може да ви сметаат лајкови, поздравувања, зафрканција, дружење помеѓу форумџики и слични работи. Јас навистина не ве сфаќам, ама го направивте форумов бојно поле и крајно непријатен за читање. Па да ги немало лајковите ваму, па таму, па овие да не се броеле мислења - КАТАСТРОФА НЕВИДЕНА...како некому незнам што да ќе му донесе ако има 37257832985 мислења и исто толку лајкови.
    Каде е листата со рејтинг??? Таа на мене ми служеше за полесно да си ги најдам најинтересните форумџики и да ги читам.
    Зошто во се гледате натпревар некој, конкуренција и слични работи.
    И зошто ја заклучивте темата Што ми се допаѓа а што не кај форумџики??? - Очигледно е дека поттикнала дискусија која сега се прелеа во СДК. Ако не и таа тема заклучете ја.
     
    На Phyramide, BoaVista, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Токму така, јас ги проверувам мислењата за да видам дали сум цитирана, да дообјаснам, да решам недоумица, па и да контрам ако мислам дека сум си во право :lol:

    И со ова се согласувам, премногу нови теми за сличен љубовен проблем...сепак мислам дека тоа е од брзање, се отвара тема за да побрзо се добие одговор.
    Еве еден апел до сите нови форумцики да ги бараат соодветните теми, навистина многу ги има и скоро во секоја ќе се најде решение.
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    A, шо треба?
    Зошто повеќето живеат во форумскиот свет и секоја работа што може да ги 'надразни' да ја снема?
    Јас досега не сум сретнала некој масовен форум да нема копче за репутација.
    И незнам зошто е толку важно кој колку ѕвездички има.
    Моето мислење е мое, ако му се допадне на некој во ред,ако не да се затворам дома меѓу четири ѕида и да смислувам начини како да дојдам до ѕвездички?

    И втора работа сметам дека треба да има построг ред во смисла на банирања.
    Досега се банираат само тролови и некои што треба да ти речат "пичка ти матер" за да се банираат.
    Треба да се банираат и поредовни членови кои не ги почитуваат правилата,а свесни сме дека секоја од нас во некоја тема има прекршено барем едно.(воедно си алудирам и на самата себе,зошто и јас некогаш знам да претерам,како и секој друг)
    Не штети, напротив, ќе не научи на сите на ред зошто на теми каде што се кажува критика, преминува во лична навреда меѓу членови, бидејќи критиката не е сфатена како критика, туку како "ТИ ИМАШ НЕШТО ПРОТИВ МЕНЕ КУ4КО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!111"

    Не можи на форумов све да се забрани, зошто одредени се скрчкале на некоја тема.
    Можат да се банираат, еднаш,два пати, па после ајде навредувајте се.
    И онака некогаш добри теми се затвараат,само ради тоа што темата била "дирлива" и опасна по нечиј форумски живот.
     
    На Angelche и milky-candy им се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Еве еден предлог и од мене може и некој претходно спомнал не сум ги исчитала сите страни низ темава па нека не се лути или па да ме тужи како му крадам патент :D - нека мерачот на лајкови биде визуелно невидлив и на крај година нека се објавува јавно,така ем постои,ем ќе се види за сите и пред сите во ист момент.Така може ќе престане оваа ај лајк ит лајк :nod: еуфорија или камен на сопнување,море подводно карпиште ќе да е.

    И морам да споменам овде бидејќи има веќе клуч на другата тема и кој сака нека го сфати како фаворизирање ама мене ми е искрено многу криво што падна обвинение дека Пирамид е воЃа феминске розеве лаЃе и нејзиното форумско име се извалка со репутација на некој желен за внимание и штанцање паравоени групации околу себе.Јас искрено ретко среќавам личности како неа со толку изразена емпатичка способност,кои се како дијаманти со троцифрено бројче карати,па тешко ми е кога некој прави обид да ги девалвира.Едноставно,не може,потпис и штембил печат мавам.Не била единствена што советувала-факт,меѓутоа мене нејзиното советување ми влева доверба бидејќи зрачи со искрена желба да помогне секому и често приметувам како се внесува и сочувствува со тој што го има проблемот,што не е одлика на сите советувачи,некои советуваат онака испрано од емоции,други држат лекции и проповеди од типот „па како не се цениш,па со кој памет бре еееј„ о,фала ви на сите премудри што ве создал Бог,што ме допревте со жезолот и удостоивте со вашето ценето внимание барем за миг-работава.

    И друго што е на неколку наврати потенцирано како на модераторките им е тешко,како бесплатно ги обавуваат своите должности we've got the point so far :nod: !Разбирам дека е така,никогаш не сум обезвреднила ничиј труд така нема ни сега вашиот,само не мора на секој клуч на тема да не потсетувате на тоа,веќе знаеме.Исто како што на некои им е тешко да учат,на други им се тешки работните или домашни обврски,ама не можеме да ги избегнеме,значи ако сме се фатиле на орото ќе играме!

    Причината што јас се зачленив на форумов беше што разгледувајќи го ми се виде како забавно и фино место за дружење.И разбирам јас дека сечиј хумор не е за сечиј дигестивен систем,али треба сите да го разбереме тоа онака колективно.Како што знам и дека нема да имам милост кон никоја од оние кои ги почитувам ако ми стапне на жуљ во ПМС кога цел ден ми е полн ремет од сите страни ]:) .И конкретно за темата со дијалектите нека не била креативна и стимулативна интелектуално,па забавна беше,сите сме полни до врв со проблеми кои демнат ко тие стокерите што ми ги спомна Лилит,а не ги знам стварно туку се загледувам во ќошињава од мониторот сега да не ми скокнат од некоја страна :?: :D ,се зезам,мислам ме пресмеа тоа искрено,ете не сум забележала дека сум цел на стокери,ама да се навратам поентата ми беше дека малку забава е неопходна како воздух на сите што повеќе-подобро здравје ;) .

    И со чести препукувања и напади на модераторки кон најактивни членки се создава лоша слика за цел форум,се зачленува некој нов и цело време фрчат клучеви и подбуцнувања од сите страни,која стимулација ќе ја има до остане?!Фемина сакам да остане забавно катче какво што верувам дека може да биде и не сакам никој да стекнува лош впечаток за сајтов,ни инсајдер уште помалку па аутсајдер,бидејќи тој е одраз на сите нас,како негови членки и членови,да не правам полова дискриминација.
     
    На Danilela, Phyramide, wolf4e и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.