Критики и забелешки

Discussion in 'За форумот' started by bilkata, Jan 14, 2010.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Joined:
    Apr 3, 2010
    Messages:
    606
    Likes Received:
    384
    Ауф месец дена ве читам како се расправате за лајк дали треба или не треба, дали некоја собирала во сп така што ги поздравувала сите, дали се давало само на омилени а другите не се рецкаат! :tmi:
    И мене ич не ми е гајле кој што сака нека си прави, ако сака нека копира некоја форумџика ( нејзино си е ), нека се редат поздрави за лајк ( пак си е нејзино ), која на која нека и лајкнува ако сака нека и е нај омилена...Све е џабе затоа што е виртуелно! :!:
    Дефинитивно секоја караница и препукавање е всушност тој лајк! :^)
    Апел до Билката нека стои да се лајкува ама нека не се брои лајкот и нека не стои под аватрот!
    И решен проблем! :!:
     
    zhap4e, LivingGlam and FBI like this.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    Кога подобро ќе размислам, јас го сфаќам форумов сериозно и лично-тука сум присутна секој ден, читам, давам совети како што би советувала и сестра, среќавам различни судбини и животни приказни и искрено многу работи научив тука за најразлични области.Како би можела да сум рамнодушна на нешто што ми одзема добар дел од денот, веќе повеќе од една година?
    А ако овде никој не го сфаќаше форумов лично никој и немаше да се буни дали треба да има лајкови, дали многу дупли теми се отварале, имало тролови и не знам што.
     
    MacaLove likes this.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    3,194
    Би сакала да можам онака вешто да си играм со зборчињата како Теодора, но ете не можам. Она што можам е да дадам една критика за лајковите. Кога веќе толку сметаат - нека се тргнат. Ако тоа ќе направи да е форумов поубаво место за целина луѓе, нека ги нема. Но :!: убавите мислења пак ќе се издвојуваат и ќе останат запаметени, без разлика дали под нив стои реченицата "Ова корисно мислење на .... им се допаѓа на ...". Убавото мислење кое води до насмевка на лицата, не плаче за лајк. Поголемо е од еден лајк, од два, пет, шеесет, сеедно. Нека се укинат лајковите, иако досега не ми сметаа, еве гледам дека тоа ќе направи подобра атмосфера на форумов. Но кога и тие најубави мислења ќе се истакнуваат и без лајкови, тогаш се прашувам што ќе смета ? ... Looking forward да го видам и тоа.

    Затоа што може да се одземе правото за лајкнување, правото за специјално поздравување, правото за контактирање преку лична порака, но она што не може да се одземе е тоа што го прави секое мислење посебно. Тоа е кај некои форумџивки хуморот, кај други убавите зборови, кај трети уникатноста, кај четврти креативноста.

    И да, еве и јас потпишувам да се тргнат лајковите ;)
     
    Phyramide, zhap4e, kate21 and 2 others like this.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,260
    Likes Received:
    67,817
    Gender:
    Female
    Јас како што разбрав не беше работата за лајковите. Туку беше за фаворизирањето и дека пречи на форумот. Работите малку се испревртеа.
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2010
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    2,932
    Gender:
    Female
    Море колку прашина се крена, книга цела се напиша.
    Јас да кажам накратко, ме мрзи да читам скроз се, али од тоа што видов можам да кажам според мене дека во двете страни има точни работи. Ама се претера како и да е. Премногу сериозно се сфаќа форумот, мислам дека ова да се случуваше во живо немаше дотолку да се обрне внимание.
    Мене ми е интересно да читнам нешто, да добијам и дадам совет, па ми се разјаснија некои работи што не сум ги знаела... едноставно фемина е тука и сакам кога ќе седнам да си кулирам, да си читнам нешто, да ми помине времето, а не да се замарам кој каков е и со кја цел е дојден на форумот. Битно да ми е мене убаво и пријатно, како што кажав да се позанимавам и да читнам нешто.
    Ако сакам некоја да ја запознам, ја викам на кафенце. А цело време да комуницирам преку нет не, зошто така најчесто се добива погрешен впечаток за личноста, и не се доловува точно што сака да се каже. Верувам дека кога би се познавале во живо, немаше да дојде до ова. (или ќе беше се во ред, или ќе дојдеше до некоја тепачка, кубење коси :lol: )
    Како и да е, бидете умни. Пис.
     
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Joined:
    Nov 6, 2010
    Messages:
    703
    Likes Received:
    715
    Откако се зачленив на овој форум по втор пат ми стигнува лична порака, во која ме прашуваат за мојот профил тука на Фемина...Ќе го кажам истото и тука - доколку нешто не е во ред со мојот акаунт или доколку постои сомнеж дека имам дупли профили или сум личност, која е претходно банирана тука, слободно нека се провери мојата ИП адреса...Мислам дека ги почитувам сите правила на форумот...Само се чудам како некои членови тука имаат време да постираат мислења, да реплицираат и цитираат други членови и згора на тоа да изигруваат полицајци на Фемина, кои ги ловат сомнителните форумџии... Браво... :clap:
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,579
    Не е исто да споделуваш искуства, да дискутираш на теми и да не те засега нечија критика упатена врз твоето мислење,а не КАРАКТЕР.


    Некои пак се притресени кога некој ќе ги искритикува и во претходниот мој коментар,кажав како го сфаќаат.

    Други пак мислат дека ако на некоја тема не се поклопат мислењата со некоја членка или дебатираат до степен на караници, тоа треба се одразува и на други теми, бидејќи нели членката има ОЧИГЛЕДНО нешто против другата членка.

    Трети мислат дека ако добиеш лајк на мислење, дека тоа е доказ за твојата интелегенција,иако мислењето било "се ебев"


    Уште потрагично е што овие три типа на форумски ликови,кои воедно постојат и на секој форум, животниот стил им се раководи според форумот, имаат некоја доза на арогантност,мислејќи дека се uber kewl и дека ако си стекнал репутација на форум,ти автоматски стекнуваш репутација во општеството или обратно,ако не стекнеш репутација на форум, тебе општеството не те тангира воопшто.

    За клановите незнам што се фативте толку.
    И да постојат и да не постојат мене не ме засега воопшто, туку ако постојат,тие истите автоматски спаѓаат во горнонаведените типични три форумски карактеристики,а богами тоа е силна навредна врз нивниот карактер.
    Да.
    Сега мешам форумски лик и карактер, зошто ако на форум бараш внимание и сеење љубов, ондак си имаш проблем сам са собом, не со цел форум.


    И тоа.
    Редно е како што кажав построг ред на форумов.
    Опуштање,опуштање,ама во границите на нормалата, а во моментов сме како шпанско село.
    Затоа банирање,бидејќи има разлика од офтопик и офтопик.
    Само знам пак, тоа банирање повторно ќе биди истото тоа со критиката "ИМАШ НЕШТО ПРОТИВ МЕНЕ КУ4КО??!!!" Aма со тек на време, верувам дека со таа "реформа" форумов ќе го направиме подобро место за релаксирање, отколку за препукување во теми.


    * Тој што ќе ми реплицира во делот каде што ги спомнувам клановите, веднаш си докажува дека е во клан,макар и тоа да го направи за инает на Ашлинг бидејќи тропа глупости!
     
  8. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    1,660
    Likes Received:
    4,477
    Да не останам покуса :rofl: , не сериозно, не постирам али редовно го читам форумов така да тоа со лајковите најмалку ме тангира. Сега ми е јасно зашто толку бурно се реагираше и за сп, Боже мој, дефинитивно треба да се тргне тој бројчаник. Па таму нека се поздравуваат феминките, ем другите нема да патат ради тие sвездички. Само да не испадне работава после "Ама неа ја поздравуваат на секој втор пост, мене не. Заклучете ја! :talk: " А ко што тргнала работава.. ;)
    Тој што има квалитетни постови без разлика дали се регистрирал вчера, денес утре, ќе биде приметен веднаш. Мајко му, па ние демек не знаеме кој се издвојува, не за џабе се тие лајкови, кога ги добиваат од нас - феминките. Никогаш нема да ми стане јасна опсесијата за виртуелна репутација на анонимен форум :^), но ако тоа привремено ги реши проблемите, thumbs up и од мене. ;)
     
    LivingGlam likes this.
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    667
    Likes Received:
    2,008
    Боже, боже...што ли се случи со времето кога мислевме дека демократијата е значаен сегмент? :^)

    Изгледа овојпат минусот ми се препишува мене, што се одалечив од форумов и сум останала назадна и слепа на сите дешавки тука. Арно ама, се чувствувам компетентна и си земам за право јасно и гласно да го сервирам моето мислење на маса во врска со препукувањава кои за момент ми заличија на комшиско сеирџиска граканица поради земениот ред у маалската месара :!: |(


    Прочитав некаде...не било до лајковите, до фаворизирањето на форумов било :^) Е така де, не е до Американците, до Русите е :D ...исто е!!!

    Ама чекајте малку...јас не сум завидлива личност ако ми сметаат нечии лајкови нели :$ Нормално дека не сум, тоа би ме направило само претпазлива личност која пати од комплекси на пониска вредност :!: Е добро де, не е толку лошо тоа. Јас и онака сум се зачленила на форумов од едноставна причина шо сакам да бидам лидер...лидер на што бре??? Па секако на лајкови бе, така ми се полни срцето дека рајава ме сака и главна фаца сум |(

    Значи моето мислење, мојот став е моја констатација на нештата, мое гледиште на она што ме засега или пак не, ако некој се согласува со тоа пеки, ако некој не се согласува нека повели и нека изнесе аргументи кои ќе го побијат сето тоа.

    Мојот даден лајк е исто така мое право, ако мене ме бендисало дека некоја форумџика пишувала за некоја мува на прозор или некој комарец у лет, или за некое најлон кесе шо се веело пред влез ако во мене предизвика некоја реакција тоа мислење за која вреди маусот да го принесам до опцијата лајк или по старословенски ми се допаѓа не гледам зашто би му сметало некому тоа :^)

    Ако јас мислам дека Трендафилка, Лилит, Пирамидата, Офи, Сесилија се исклучително паметни девојки, интелегентни и вреди секој мој лајк потрошен на нив па макар да пишувале и за кривиот нос на Гадафи зашто некому би му брцнало у очи моето гледиште на нештата?

    Да не обесувам додатно...секоја самостојна постапка е лично право, ако некој има проблем со тоа тогаш воопшто не му е ни местото на било кој форум.Ако некој пати од помислата дека нечие мислење е подобро од неговото, дека некој е поголем виртуелен фаворит од него...ондак нека земе палома, нека чичне на тросед и нека липа ама нека ги остави луѓето кои се спремни за дискусија, за аргументи, за поезија да тераат како шо е редот.

    Фала многу!
     
    kate21, zhap4e, Phyramide and 5 others like this.
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    1,513
    Likes Received:
    5,299
    Сакав да искоментирам во соодветната тема, ако ја отклучите пак, но еве....дискусијата продолжува тука и мислам дека и моето мислење заслужува публикување. Епа најпрво би ви кажала дека форумов личи на ринг и тоа не било каков ринг, туку на женски кечери или нешто слично на ова....
    http://www.youtube.com/watch?v=Gy3bDpXePRo
    (Така да, ако некогаш сте ги осудувале девојкиве, сетете се дека моментално не сме ништо подобри од нив)

    Ќе се согласам со ставот на Георгина, мое право е кому јас ќе дадам лајк. Мене искрено секој пост на Пирамидата во СДК ми е напишан перфектно и ми измамува насмевка на лицето. Не се чувствувам како член на клан, имам разменето ЛП со неколку девојки на форумов, но тоа не подразбира дека јас сум г’*о-лижач или не знам ти што таму. Едноставно се некој ти оди муабетот, поради заедничките полиња на интерес, а со некој не.
    Со никој се немам замерено и не ни планирам да се замерувам.

    Е сега, ако толку пречат овие рејтинзи.....и јас се согласувам да ги нема, добиените ѕвездички да не стојат под аватарот, само Билката нека си има преглед над истите ;)
    Но би сакала во контролниот панел да имам преглед над дадените ѕвездички, бидејќи има корисни мислења од повеќе области кои ми се допаднале, па би сакала да имам полесен пристап до истите :)

    Така, девојки....искрено два дена форумов е полн со негатива, да се обидеме да го вратиме во нормала :*
     
    karina8, kate21, Phyramide and 4 others like this.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Мене ми е смешно што толку се (зло)употребува терминот паднале маските.Како фантоми во опера да ми продефилираа по мониторов и баш сега кога завршија маскенбалите како рифреш ефект.
    И така со цутењето на пролетта се расцути и искреноста на форумов,па во знак на тоа само ќе речам нема маски и не ни постоеле,да,некои форумџики ми се помили за читање од други бидејќи ми будат ерупција на насмевки,задлабочување на мисли и стимуланс на мозочниве ми вијуги-факт,меѓутоа јас пак ги читам сите,ставам и на новозачленети лајкови ако ми се свиѓа одредено мислење,токму затоа и нема потреба од „има нека тајна веза„ да оди во позадина,па да бараме совети како да не сме втори или не знам кои по ред кај некоја форумџика во љубовната ни или другарска врска,па ако сакањето беше јавно и демонстративно од кај сега излезе тајноста и маските,значи заплеткување во мрежата на своите контрадикторности ми е многу мило кога некому ќе се случи.
    И нема сега што да се уверуваме за тоа дали ќе продолжиме со играње улога на советодавец-сестра,мајка,маќеа бидејќи пуста манија за вадење зборови од контекст е непресушна.
    Ех,чичко Макијавели колку си ја погодил за многу луѓе човековата природа.Се создаде плодна почва од ова за некои да се самоактуелизираат и самоафирмираат за да докажат дека и чичко Маслов бил во право со тоа пирамидата на човечки потреби.Абе,каква коза работава да му цркнат на комшијата и сите мравки во двор,сите мушички што му кружат околу сијалица и сите стаорци во подрум,бидејќи некој наместо да брои калории на намирници барем на неколку дена ќе се размава виртуелни маја гери како фитнес да правел исто,море и подобро.
    Туку ај сочувство за паднатите камчиња од нечии дијадеми и палома марамчиња гратис „А,ти дуваш ли?„ :D
    Јас продолжувам да дебатирам како и досега со сите и со тие со кои сме се поткачиле низ темиве на форумов,па некаде и сме се согласувале видиш што и не е толку тешко да поверуваш ако не си стак ин а мидл во некакви си ограничености,така да ја сакам искреноста како особина и сакам предизвици и бидете сите искрени и кон себеси и кон другите,само со доза на издржаност да е поткрепено.Се читкаме и пишуваме пак :) .
     
    zara, FBI, Punx and 4 others like this.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2010
    Messages:
    2,314
    Likes Received:
    12,979
    Gender:
    Female
    Читам и се смеам. Еве да се категоризирам како една од “НОВИТЕ„. И што со тоа? Јас се зачленив на форумов, затоа што е интересен, можам да си прашам ако ми треба нешто, можам да дадам совет ако сметам дека така е исправно. И тоа е тоа. Не очекувам, не сакам никакви признанија, ништо. Се си е лично за мене. Факт е дека има некои здружувања (да не речам табори), ама искрено тоа никого не би требало да го занима освен дотичните. Си ставале меѓусебно лајкови. Па што ако? Нивна работа. Има направено тема молење за лајк на фејсбук. Ќе си земам слобода да прашам нешто (да не ме искритикува некој)... А ова не му доаѓа исто? Молење за лајк- НА ФЕМИНА. Не разбирам стварно. Поправете ме ако грешам.
    Значи ова е форум. Анонимен. Тука ги кажуваме нашите најинтимни работи токму затоа. А ако некој/а смета дека со одреден член може да има повеќе од виртуелен контакт, пак ќе речам- тоа е нивна работа.
    Факт е дека пак се се сведува на ВИРТУЕЛНОТО. Почнете да правите разлика. Ова е далеку од реалниот живот. И не смее да биде појдовна точка за социјализирање.
    Како и да е.. од моево неколку месечно искуство, знам дека ако порано баш ми беше пријатно да седам на фемина и си читкарам, сега повеќе е спротивното.
     
    sleepingbeauty, Klaudi, Punx and 3 others like this.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342

    Сето тоа плус би додала, ако не ги сакате толку лајковите тогаш зошто и ги користите? Тоа не ми е јасно, ако никој не ги сака и бла,бла, бла а пак ставаат ,, мисе допаѓа,, :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,260
    Likes Received:
    67,817
    Gender:
    Female
    Мене искрено се уште ми лежат некои работи на душава и ми останаа недоречени. Па ете така, за да продолжам мирно да си пишувам на форумов ќе си ги кажам :)
    Прво, како и некои други и јас се разочарав од многу форумџики, па сепак не изнаредив навреди, како што направија многу други.
    Ја нападнавте Офспринг како да го навредила лично самиот Господ. Ја направивте Пирамида божество на форумов, па како една обична членка се дрзнала дури и да каже нешто против неа. Уште еј, замислите, како се осудува некоја си таму Офспринг да каже што и пречело за почитуваната Пирамида?
    Ја изнавреѓавте без око да ви трепне, сите што некогаш сте кажувале убави зборови за неа, а за што? Само што имаше храброст да истакне нешто што и сметало. И ајде, батали тоа, туку сите погрешно ја разбравте, никој не сакаше ни макар да размисли што имаше и сакаше да каже. И да, ставив лајк под нејзиниот пост со ризик да разочарам некои тука преценети форумџики, бидејќи се согласив со нејзината поента. Бидејќи и мене ме нервира се едни те исти СП да читам, за истите прекраснотии на форумов. Не беше за лајкот поентата, ниту беше спорно дека споменатите форумџики се вреѓани, баш напротив, еве ќе си кажам дека Ливинг ја обожавам, ама не ја поздравувам на секои 5 мин и и кажувам колку е она најпрекрасна најинтелигентна. Тоа беше поентата, истото потенцирање на истите форумџики over and over again. И да, стана досадно, и мене ми стана досадно истото да го читам. Офспринг ниту рече дека Пирамида е безобразна, глупава, проста, ниту ништо налик на тоа. И потенцираше дека и она ги почитува наведените форумџики, дека ги смета за интелигентни и се тоа, ама дали некој обрна внимание на тоа? Не, изнаредивте лајкови на постот на Фиарлес, кој еве ќе спомнам, ужасно ме изиритира. Почнавте да кажувате дека било забрането да се поздравувате и секаквимити глупости. Не е забрането, само е досадно. Да, и ќе ги превртувам очите, и мене никој не може да ми го оспори тоа.
    Викате дека некој пресериозно го сфаќал форумот. Да, тоа е сигурно. Сите што за една тема се џитнаа како децата да сме им ги убиле, што изнаредија еден куп навреди. Еееееј за една тема. Какво сфаќање на форумот е тоа? :fubar:
    Јас ќе си пишувам во темите што си ги сакам, ќе си ги читам форумџиките што ги сакам. Другото од овој момент се оди во непријатели, јасно и гласно си кажувам, луѓе што не ги сакам не им обрнувам во реалниот живот внимание, не пак на форумов, каде си седам да си поминам пријатно временце. Толку од мене, фала, чао и пријатно.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,270
    Likes Received:
    57,129
    Gender:
    Female
    Реинбоу како прво - и јас многу те почитувам тебе и сите други спомнати форумџики.
    Не зборувам во множина, туку еве ќе кажам како мене ми пречеше постот на Офспринг.
    ^ Овој дел најмногу. Бидејќи бев и јас спомната во тој "клан", затоа што се поздравувам со другите спомнати форумџики. Сакам да сфатите дека тоа не е клан, туку обично и убаво дружење. Ако сакам јас да поздравам некого, нема да се мислам дали тоа некому ќе му пречи, или не дај Боже некого ќе избрка од форумов. Кој тоа побогу си заминал од форумов поради такви "идиотштини и лигавештини"? Ми пречи тоа што некое мое мислење се карактеризира како идиотштина, или нечие друго мислење на кое сум стиснала ми се допаѓа. Нема секој ист вкус за она што му се допаѓа. Не постои празно мислење на кое сум му дала ѕвездичка, туку постои мислење во кое јас сум видела нешто што некој друг не видел.
    Да, мила ми е Пирамидата и сакам да комуницирам со неа, сакам да ги поздравам форумџиките што сакам да ги поздравам, па макар биле истите. Или некоја нова форумџика што ми запнала за око. Ако ја поздравам не значи дека сакам да ја намамам во некој си клан (а ова ми е многу смешно, морам да напоменам).Колку и да се трудам не можам да разберам како тоа ќе избрка некого од форумот.
    Мислењево не е за бранење на некого, туку изразување на став, како што верувам беа и сите мислења од дотичната тема. Можеби секој не виде навреда во постот на Офспринг, но јас на пример видов.
     
    FBI likes this.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,260
    Likes Received:
    67,817
    Gender:
    Female
    Пак за ѕвездичките. Абе не е таму проблемот, стискајте и по сто пати ако сакате. Тие не пречат. И не пречи да се поздравиш, ама пречи бре кога цело време имаш СП до прекраснотиите тие, тие и тие. потоа од едната прекраснотија имаш леле и ти си прекрасна, уникатна и уште низа од уникатните придавки. Потоа иде од уште едната поздрави колку се другите нај, нај, нај. Потоа во сдк се префрлува ова, колку се сите бла, бла. Е тоа е тоа потенцирање, се истото па истото, тоа е веќе лигавењето. И не е кај ко стискал, кој кај сака нека стиска на ми се допаѓа. Аман не знам веќе како да ви објаснам да не испадне за лајковите или дека било вреѓање.
     
    x.Daisy.x likes this.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2010
    Messages:
    1,805
    Likes Received:
    5,895
    Нели форумов е место за сите?
    Нели сите имаме право на мислење?
    Нели нечие мислење по дифолт се разликува од туѓото (барем и минимално)?

    Ако некој сака да си клика лајк - бујрум.
    Ако некој не сака да му биде кликнат лајк - нека пише на крајот на мислењето - Не сакам лајк на мислењево. И пеки, тамам. С'ка проблем. Нема лајк. Нема нервози. Нема омраза.

    Ако лајковите создаваат комплекси - бујрум, еве можност за петиција. Да собереме лајкови на петицијата, за да го бувнеме системот на лајкови.

    Немаше да коментирам воопшто, иако сами ме вмешавте во приказнава, како приврзаник на омилената лајковска, ем лигава и патетична чета, па ова беше претерано и морав да изреагирам.

    Ако на некого не сум му фаворит како лигава и патетична особа - нека не ме чита.
    Јас тоа што го мислам - ке си го кажам пак.

    И не ја продолжувајте дискусијава, или расправијава, веќе не знам како да наречам, зашто ем нема крај, ем само на негативно тера.

    Не ми зборувајте дека не ви одговара кога ке видите нечиј поздрав упатен на ваша адреса или зголемен број на лајкови. Човечко чувство е да се чувствуваш супериорно кога си успеал некого да воодушевиш. Точно е дека лајковите мене работа нема да ми најдат, исто и коментарите дека сум успеала на некого да помогнам или да насмеам - па ме поздравува, ама тоа се различни делови од социјалниот живот. Со едното не можам да се прехранам на дневна база, а другото ми го храни егото.

    Толку.
    Ова не сум само јас, ова сме сите ние.
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,270
    Likes Received:
    57,129
    Gender:
    Female
    Добро Реинбоу, еве не било за лајковите готово веќе не спомнувам (а ги спомнав бидејќи некој баш кажа дека пречат).
    Ама дека погоре цитираното не е навредување, тука не можам да се сложам. И твое мислење да беше окарактеризирано како идиотштина, лигавштина и патетика - верувам ќе се навредеше.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,260
    Likes Received:
    67,817
    Gender:
    Female
    Верувам дека тоа не се однесуваше на темите каде што се дискутира, туку во веќе споменатите теми. И искрено Ливинг, да лигавење е. И тоа големо лигавење. И можеби поради тоа некоја не се чувствува убаво да пишува, се чувствува како да не е прифатена и затоа не ни пишува.
    И јас веќе тука не дискутирам, се согласувам со мерилин, ова веќе нема сврха, сите истото ќе си го тераат и тоа е тоа.
     
    velesanka likes this.
  20. All-that

    All-that Истакнат член

    Joined:
    Dec 28, 2010
    Messages:
    104
    Likes Received:
    67
    Од почеток да изјаснам дека Реинбоу е закон и синоним за одлични мислења, меѓутоа,

    Еве, како што убаво објасна, ке ги читаш тие што сакаш, и ќе си поминуваш убаво на форумот, што е целта на сите зачленети. Тогаш, ако некој ги иритира поздравите, НЕ мора да ги чита, нели? Исто, Оффспринг си го кажа мислењето, нејно право и храброст, но нели истото го направи и Феарлесс?
    Поздрав :)
     
    FBI, kate21, Lilit and 1 other person like this.
Thread Status:
Not open for further replies.