Форумџика на годината

Критики и забелешки

Discussion in 'За форумот' started by bilkata, Jan 14, 2010.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    13,246
    Likes Received:
    167,775
    Ливинг,тоа беше еден груб израз за нешто што е така,но е признавам,груб,но Офспринг е таква по природа, не да ја бранам, ама стварно можам да се прилагодам и да разберам секој,па верувам дека тоа е у нејзин стил и повеќе е момент на бес и лутина,па затоа е силен. А за ирелевантни *аргументи* во момент на немоќ што можеби некого навистина повредија,а биле негова и само негова ствар?! Такви работи нели ве замислуваат дека можеби утре вие да погрешите некој така ќе ве тресне по глава?! Или некој да ми рече дека сум му разочарување?! Извини,те почитувам и се,ама леб и вода од тебе ни јадам и ни пијам,само затоа што ем не ја сфати поентата,ем ете тука имаме конфликтни размислувања и муабетот е после мене потоп,што беше беше, јас тебе те нејќум. Или после првиот тн бунт,мене што ми се препиша вина и тоа човече,ладнокрвно мавање на збор кој не доликува и тоа подоцна убаво се чувствуваше,а стана јасно дека не била моја вина?!Тоа не навредува?! А замисли тие беа толку директни,толку сурови и сирови работи,насочени со јасна мета,а не колективни муабети и колективен проблем,а муабетов е Кока кола те Амди,половина е левица,половина од другата половина се десница,а другите не знаат кај тераат.

    Можеби Офспринг погрешила во тој израз и го утна примерот,ама не можеш да кажеш дека Рејнбоу не е во право сега.
    Јас немам проблем со искреност и признавање на делови кои не штимаат,ама дали другата страна ја има таа доблест,а утре да ми збори у сдк за добрите луѓе,искреноста,прекрасноста на светот, суштината на постоењето,почитта и пред се искреноста кон нив самите?! Бирам што читам, а тоа што го читам сакам да држи вода макар било за првите јаготки.
    А друго е што е глупаво да се зборува за ега од било која страна, паралелно раснејќи го своето ко пециво да му додале. Неам проблем со тоа,ниту со комплекс на нижа вредност,никогаш тука никој не ме маргинализирал за да се чувствувам така,ама сакам секогаш правда,пошо се повикавте на Макјавели, сто посто се превртува човекот од мука сега,а според Маслов особено ми се задоволени базичните,а рака на срце и онаа на врвот. Така што се без везе муабети и детски работи и искрено можам да кажам,од Пирамид може почна, ама најзрело изигра, сите останати балавштини кои излегоа од под прстите на луѓе кои верував дека се зрели,срам ми е да ги читам мајкеми. А овие кај и пофалени на делови,па уште силни,ете ги егата! Коа ќе размислам, може сите се фатија за неа пошо во неа гледаат симбол и продужение за себе самите,дел кој можеби никогаш нема да го имаат,што ги знам.Можда мајка,дада,стрина,не знам....Себе не ќе се бранеа така.

    Кога сум влегувала на форумов сум ве читала вас прво и сеуште ми застанува погледот на вас и ве препрочитувам,никој не ми пречел,ниту со некого сум се врзала некого (па дури и со Офспринг,иако многу мислат така),ги читам сите и еднакво делам ми се допаѓа и покрај тоа што се се случило,ама знаеш што...од другата страна никојпат нема да биде исто,затоа што ега се у прашање и детски работи,неможност да се надраснат некои работи и да се рече,хеј може не се скроз у право,ама нешто мора да има.И да,дека ова било ХЕЈ форум,САМО форум!Аха!
    Никого не ставам во непријатели,ама за некого ќе се размислам дали сеуште ќе го гледам со исти очи.
    Ама не,секогаш секој гледа прво за тоа што него го боли,потоа гледа за страната што ја зазема, а не гледа за односот на некоја личност со останатите.А како беше она,некој го имаше постирано...Умните учат од сопствените искуства,мудрите од туѓите...И тоа е тоа,затоа утре и во реалноста се плачат од луѓе и за луѓе,затоа што некои работи ти се пред нос,а не ги забележуваш додека тебе не те тупне по глава.

    Никој не ми пречел како личност, ми пречело и тука и секаде отекување со комплименти (ако пак некој не ме разбра,па пак даде дијагноза-комплекс на нижа вредност,нека ме препорчита и горе и на другата тема постот,неам намера веќе да објаснувам).Ако ти си паметна и денес ти кажам паметна си,што има утре пак да ти го кажувам истото?!Нели ќе помислиш дека можеби сакам да те придобијам,нешто сакам од тебе или нешто такво?!Не велам дека е така,ама велам дека е чудно,смешно,на моменти досадно.Од нив почнав да губам дел од себе на форумов,само за да некого не навредам,па добив анемија по тема сарказам,а не дека некого би го мразела со тоа,туку напротив,увек го употребувам. Ти,Пирамид,Сесилија итн итн сите кои биле изредени,сум ве почитувала,ама никогаш не го направив тоа претенциозно,ама за на крај...да ми се удри од глава за една тема дијалекти...да,ете толку вредеа сите претходни нанижани комплименти на моја адреса.И суди ми дека не сум во право....

    Нема да ви речам дека сте ме разочарале,јас сеуште ќе ве читам и ќе ве *допаѓам* ако е тоа така...неам нездраво его,неам комплекс на виша или нижа вредност,а форумот е форум.Реалноста повеќе ме исполнува...ама тука,веќе кога доаѓам и давам дел од своето слободно време од задоволство,како што се трудам да бидам квалитетна,сакам да го начекам истото,а не да ми се врати со лошо.
     
    caroline.costa, velesanka and Lux like this.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    1,660
    Likes Received:
    4,480
    Абе види, све е тоа во ред. И ја имам феминки што ги читам и што не ги читам. Не ради тоа што се мање елоквентни туку ми смета пристапот, начинот на изразување итн итн. Додуша тек сеа прочитав у другата тема шо било работава и зашо се крена толкава узбуна, и не ми е јасно зошто?
    Два клана крекаат, кешки по 15 години да имаа па да разберев. Ја читам и Лилит, ја читам и Ливинг Глам, ја читам росоњерка, те читам тебе :) , и ред други независно од репутација. Кога се зачленив на форумов имав многу убава слика за речиси сите, и ми е жал што тоа веќе не е така. Ми е страшно жал ради тоа, идемо даље.
    Теми како специјален поздрав и слични муабети не ги ни отварам,пошто секој си има своја причина зашто дошол на форумов. Едните ме смеат, друга ми е креативна, трета ми е права поетеса. И така. Тие шо ги неќам, не ги ни читам. Енд оф дискашн. :)
     
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2009
    Messages:
    2,664
    Likes Received:
    2,482
    чудно ми е тоа што сите ја ценеа, сакаа да ја читаат и бараа искреноста на offspring, на крај ја нападнаа баш поради нејзината преголема искреност..
    се извинувам што ви се умешувам во муабетот, не повикана..
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2011
    Messages:
    2,399
    Likes Received:
    6,337
    Mене па ептен ме изнервира мислењето на Фиарлес,ок си е девојчето,ама тоа што го пиша беше ептен грешно.
    Лелее ау уа како можете така за Пирамида,ауу леле срам да ви е, одете утепајте се ако не ја сакате смислава беше, а исто и на Сеси,срам да ви е ,ова она.Мислам... :fubar: Дајте, и јас ја сакам Офи исто така,интересна е за читање,исто некои други,ама па не рипнав одма, лелеее како можете така за Офи,што ви е на вас,ненормални едни.
    Пирамида овде е како и секоја друга форумџика,барем за мене.Не можеме сите да ја сакаме,треба да сфатите..Тие што си ја сакате и милувате,сакајте си ја прајват,ама нас другите не мораше да не направите бесрамници,само затоа што сме потпишале под мислењето на Офспринг.

    Беше во право,за некои од нас да. А за вас спомнатите,секако дека нема да биде...
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,286
    ^ ^
    Девојки, извинете вака ама смирете ги страстите- не правете некој жртва а некој не и не се мешајте ако не сте засегнати- ние сепак се знаеме кои сме по карактери, одамна се читаме овде- ја знам Офи, таа ме знае мене на некој начин, сепак и после се ние си имаме некоја почит и се, така да не ставајте масло на огнот кога веќе се оладуваат работите. ;)
     
    Fearless, Queen.S and wolf4e like this.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,578
    Конкретно бидејќи јас ги употребив и Макијавели и Маслов за да нема никаква забуна и да не се мисли како на сите останати форумџики кои се надвор од таканаречениот наш „клан„ мислам дека имаат некакви си комплекси на пониска вредност,ќе кажам дека тоа беа одредени форумџики што никнаа од немајкаде да се бунат како им смета поздравувањето во СП,пак ќе кажам каде е нивното место и засегнатост тука?!Никаде,како тоа никој не го сфаќа-едноставна работа е,не алудирам ни на нечија надмоќ ни на нечии комлекси туку за нив беше ова добра прилика да се истакнат со тоа што ќе ја тапшаат по рамо Оффи,која беше фајрстартр.И сега можеме да зборуваме како нејзиниот стил е таков,погруб и сл.дека имаше навредливи делови имаше,само јас можам и да разберам и да преминам преку тоа.И јас не ја ставам во листа на непријатели,ни неа ни никоја друга од вас,нити ми било целта да демонстрирам супериорности,ни па некому да набивам комплекси,ама па не можев да ги гледам мирно сите овие што сега трчаат да редат лајкови на овие ај да речеме препукувања,па као и мислења постираат со цел да се истакнат себеси.Тоа ми е како некоја да и рече на другарка и на улица „Еј,поздрави ја Маре„ јас поминувам и им фрлам ваков поглед :^) „Ма што има ти Маре да ја поздравуваш,мене ми е преку полов орган за вашето лигавење„.Е толкава е и нивната поврзаност со нашите СП.А јас фактот дека нема на сите да им се свиѓам го надраснав уште во детството-најсериозно.
    И ок е тоа што сакате како модераторки да го направите форумот попријатно место за сите,во ред е да постојат правила на контактирање и постирање,ама и вие сте луѓе и може сте од оној тип кој не е по гушкање и поздравување и сл.јас и некои други може сме различни од вас.Ако јас го сфаќам тоа дека сте различни треба и вие да ја сфатите мојата потреба да поздравам некоја форумџика кога ќе добијам желба за тоа.Искрено сега после сите дискусии дури и не се чувствувам слободно да пишувам ни во СДК бидејќи имаше коментари дека целта е само да импресионираме,да се трудиме да сме оригинални и што ти знам јас не,јас пишував најискрено она што ми доаѓаше да го кажам тој ден,не замарајќи се со тоа дали и колку лајкови ќе добијам,или колку импресионирани и од оние што превртуваат очи бидејќи пробувам да бидам оригинална-ќе има.Тоа беше спонтано,а мене ми ја уби цела оваа ситуација спонтаноста.Така да во овој обид некои ќе се задоволни ако јас се воздржам да поздравам во СП,ама па јас сум незадоволна од тоа што никој не ја зеде во предвид опцијата дека и нас ова ни влијаеше,не дека барам имунитет за себе или за Пирамида или било која друга,ама во обидот да удоволите на вашата потреба да ги намалите нашите СП кои пак ќе речам освен фактот дека вие не сте такви по природа нема друго оправдување,дали не дојде до дискриминација кон нас,во смисол на губење на искрениот и спонтан пристап и фер-плеј кон сите на форумов?!Улогата како модератор е поодговорна од онаа на обична форумџика бидејќи треба да мери многу пати повеќе пред да пресече,разбирам јас се‘ тоа,само мислам дека толкав гнев да предизвикаат на форумов нечии поздрави е најблаго речено неоправдано од било кои разбирливи и конкретни причини.Мислам дека го разјаснав недоразбирањето кое очигледно настанало и кон кого и зошто беше насочен мојот револт,бидејќи како што и вие сите кажавте различни нешта во демонстрирањето на вашиот револт,кажав и јас,така да не сум надчовек,како што некој пишуваше некаде за нас како „клан„ ама па ако некој ме нападнал,не ме нервира толку директниот нагаѓач туку армијата с‘скачи зад него у стилу „убаво им ја спука,тук држ‘те ме ги убив„ тие се трагачите по врвот од пирамидата кој очигледно вака им се виде лесно достапен.Детс ит.
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,579
    1. Да.
    2.Секако.
    3.Нормално.
    4.Крајно,крајно ќе се разочарам.
    5.Постојан.

    *навистина мислиш дека некој ќе ти одговори искрено?
    И зошто воопшто вакви "научни" истаражувања?
     
    lolyta777 likes this.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,457
    Likes Received:
    68,804
    Gender:
    Female
    Темава е отворена за конструктивни критики :)
     
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Joined:
    Apr 23, 2011
    Messages:
    469
    Likes Received:
    536
    Јас мислам дека многу се замарате со баналности , кој кој навредил кој на кој што кажал глупости . Индиректни навреди кој каков е . Ако не ти одговара не се дружи и готово ! Ако ви одговара дружете се . Ако ви пречи кажете што ви пречи , има и ЛП .
    Секој со своето размислување , не треба да осудувате .

    А тоа за групите на дружење , не сакам да сум дел затоа што ја сум личност која сум отворена за нови другарки и другари така што не би се придржувала до една група . Тука сум за сите :) :hai:
     
    LivingGlam likes this.
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Joined:
    Jun 10, 2011
    Messages:
    833
    Likes Received:
    5,566
    Сакате да кажете дека го идолизираат и опсипуваат со добри зборови секој со добра смисла за хумор?
    Многу просто сфаќање.
    На пример,ја ценам смислата за хумор,па затоа ми се свиѓаат мислењата на Лилит,Пирамида и Мерлин.
    Никој неможе да ми забрани да ставам лајк под нивниот пост,се додека ми се свиѓа како размислуваат.
    А ако патите од комплекси дека сте помалку популарни поради малку лајкови,Господ нека ви е напомош. :^)
     
    BeYourself, Annath, lolyta777 and 7 others like this.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Joined:
    Feb 13, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    2,465
    Критика :nod:

    Зошто мислењата кои се избришале не ни ја кажуваат причината ? :^) Мислам дека е во ред да знам зошто мислењето ми го снемало нели :wasntme: . Како што е редактирано мислењето на некоја тема каде пишува јасно ПРИЧИНА зошто тоа да го нема и ваму ....

    Многу мислења ми се избришани од не знам зошто ТВРДАМ дека не ги кршеле правилата на Фемина :!:
    Тоа не е во ред ... Не ги обвинувам модераторките може да се греши 1 , 2 ,3 ама ... |(

    Прост пример .... Ми беше избришано видео во темата Фудбалски натпревари ... На тоа видео беше Балотели ... И што е финтава да не се налути се тргна видеово ? :^) |( Не ни знам кој е надлежен за ова тема ама како и да е ... Не би било на одмет да се поведе повеќе сметка ... Не се бунам кога ми бришат мислење со причина кај што сум забегала ама вака .... |(
     
    FBI, crazylady, MonnaSi and 6 others like this.
  12. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Joined:
    Jul 19, 2011
    Messages:
    63
    Likes Received:
    14
    Стварно е добро што имаме ваков македонски сајт за жените ... само мислам дека треба да се направи мажите во општо да не можат да се логираат на овој сајт... сепак за да се зачува тајната на жените ... тоа е мое мислење... во право сум?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,457
    Likes Received:
    68,804
    Gender:
    Female
    Не си ни во право, ни во криво, тоа е едноставно твоето мислење :)
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,824
    Квечшн, плиз - дали е темава отворена и за конструктивни одговори, како што е отворена за конструктивни критики или ќе си кажуваме тука и прашуваме и ќе дочекаме одвај некаков одговор да не речам никаков? :)

    Моментално еве ме интересира навистина дали кога се бришат мислења не постои можност да се наведе причината, како што рече Венди.
    Едноставно не ми се допаѓа правилото - не прашувајте кога нечие мислење било избришано. Ми мириса правилово на тоталитаризам во рамките на еден форум :wasntme:

    Однапред благодарам :)
     
    LivingGlam likes this.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,457
    Likes Received:
    68,804
    Gender:
    Female
    А како би се извело тоа членовите да бидат известени за избришано мислење и за причината?
    Прашувам, бидејќи јас лично немам никаква идеја, а и не сум членувала по други форуми да знам дали е ова пракса и дали е можно да се изведе :)
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    3,457
    ^^^
    Една идеја од мене...
    На местото од избришаното мислење да се напише зошто е избришано, исто како опомените што ги пишувате под мислењето...
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,457
    Likes Received:
    68,804
    Gender:
    Female
    Идејата не е добра. Прво, многу мислења се бришат, како благодарам, се согласувам, и јас исто мислам и.т.н... И сега на местото на мислењето да стои причина зошто било избришано се пореметува текот на читањето. Гледаш ново мислење во темата и да отвориш и да пишува мислењето беше избришано... мислам дека ќе почне да оди на нерви. И оф топици се бришат од таа причина да не сметаат во текот на темата. А ова ќе го прави токму истото :)
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,361
    Gender:
    Female
    Затоа што немаме таква опција за наведување на причината за бришење на мислењето, според тоа сега пред секое избришано мислење (најчесто оф-топици бришам) т.е пред мислењето да го пратиме во канта треба прво да го редактирме па да ја напишеме причината па после да го избришеме, ама тоа одзема многу време и нема потреба да се прави зошто никаде не го пишува, редактирај се знае зошто се користи, не можеме да го користиме и за да наведуваме причини на избришани мислења тоа е ту мач.
    На крајот кажете кое мислење ви смета што ви било избришано како што кажа Венди па да видиме зошто и како.
     
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    3,195
    И за тоа има лек. Отворете една тема во "За форумот" пример, нека се вика избришани мислења и таму кажете чие мислење е избришано и причина. Нека можат само модераторите да пишуваат, ние само да прочитаме зошто е избришано мислењето.

    Пример: Избришано мислење на Спаркс во СДК, причина оф топик.
    :)
     
    lolyta777, FBI, Emotional123 and 2 others like this.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,312
    Likes Received:
    57,403
    Gender:
    Female
    Епа може кога ќе праша некој зшто му било избришано мислење, да му се одговори на поинаков начин од тоа што нонстоп го цитирате. Зашто реално, има мислења кои не требало да бидат избришани, а други кои требало стојат.
    Па и мислења кои се одговор на избришаните стојат, со што ја губат смислата.
    Еве на пример модераторот кој го избришал мислењето на Венди би можел да даде објаснување зошто го избришал, кога веќе Венди си праша.
     
Thread Status:
Not open for further replies.