Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па да го знаев одговорот и како е можно да се изведе тоа, немаше да прашувам :D

    Еве Венди праша, некогаш се наведуват причините - мислењето е редактирано заради вулгарности, барем што сум забележала, па ете истото тоа да функционира и при бришење.
    Вака често пати не си го наоѓаме постираното мислење и неаме поим зошто е избришано.

    Јас немам везе како изгледа кога се брише мислење бидејќи не сум модератор, еве ти си модератор па знаеш повеќе, но на пример ми текнува на еден арт форум каде што се постираат лични фотографии и слики. Кога сакаш да ја тргнеш сликата те прашува - You want to remove this picture because of....и наведуваш опција/одговор, која ја испраќаш на сајтот чисто како информација да знаат што ти текнало да избришеш нешто.

    Што ти знам, нешо вакво. Хеј, абе не сум јас админ, од кај да знам?! :wasntme:

    И не сум инспирирана од други форуми, инспирацијава ми дојде од Фемина. Други форуми - не ме интересираат ниту пак сакам да ја направам Фемина копија на нешто друго, веќе постоечко ;)

    Лукс фала за исцрпниот одговор. Значи и ако погрешите, и избришете мислење, бидејќи е избришано а јас сум цела прашалници зошто сте ми го избришале, немам како да ви аргументирам дека постоело пошто е веќе избришано и да ви докажам дека не сте требале можеби да го избришете? Добро разбирам?
     
    На FBI и enca.69 им се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Не е добра, не е добра...прифатено ;)
    Смислете нешто тогаш, незадоволството се шири, затоа што се повеќе се брише и тоа без врска. ТВРДАМ.
    Ај еднаш, двапати ќе замижи чоек, имате многу работа вистина, ама јас да трошам 10, 20, 30 мин од моето време и на крај избришано ми е мислењето???? А реално мислам дека нема основа за тоа, (затоа што добро знам кога има, и си молчам во случајот, како што е примерот со политика, стално вреѓам и ме бришете, сосема О.К), и уште без образложение :^) ???
     
    На Emotional123 и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    И ние ќе напишаме оф топик, а членката пак ќе пише по лп дека не е оф топик. Јас мислам дека ова едноставно нема решение. Доколку за некое мислење навистина сметате дека е неправедно избришано, пишете на модератор за објаснување. Ако не сте задоволни обратете се до Билката. Друго решение нема. и навистона премногу мислења се бришат за секое едно да пишуваме зошто било избришано.
    Ливинг, го цитираме тоа бидејќи се оди оф топик во темите. Си пишува да се праша по лп, а не во тема.
    А венди може да се обрати по лп, па да видиме, вака не знам ни кога било тоа, ниту кој го избришал :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Еве пример во вашето катче, тоа што го гледаат само модератори, може да се збираат сите избришани мислења, од која тема се, што како зошто, и еден од модераторите да гледа дали навистина требало да бидат избришани. Така ќе има повеќе кредибилитет, зашто искрено, многу субјективно се бришат мислењата.
    Еве пример - во темата за парализа во сон имав напишано дека читајќи ја темата, ми останало нешто во потсвест и го имав опишано непријатното искуство од претходната ноќ. Јас не можам да смислам друга причина зошто тоа било избришано (зашто дефинитивно не беше офтопик, нити пак навредуваше некого), освен дека на модераторката не и’ било по ќеиф мислењето :^)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    A мојов предлог? Еве баш сега проверив, како што е во правила и новости, каде што само Билката пишува, не може ли да се отвори таква тема и само вие модераториве да пишувате? Еве нека не мора членовите, затоа што ќе бидат истите прашање и одговори, зошто и не е фер, ама барем да можеме да прочитаме зошто е тоа така. Мислам дека не одзема многу време за една реченица, да се наведе причината само, дали е оффтопик, рекламација, вулгарно итн... А верувам дека ако сите се незадоволни оти им се брише и пишат кај Билката, Билката нема ни време ни нерви да одговара на секој посебно.

    Да се направи ем вие да немате многу работа, ем ние да си знаеме зошто се мислењата избришани. Вака не е фер од причините погоре што се наведоа.
     
    На lolyta777, FBI, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    Спарск, првата реченица од мојот пост на тебе се однесуваше. Значи, членот знае кога отишол оф топик и затоа му е избришано мислењето. Доколку мисли дека неправедно му е избришано мислењето секако ќе праша по лп, без разлика дали ние сме образложиле во темата. Значи тоа ќе биде само дупла работа. И не можеме за секое мислење да пишуваме, мислењето беше избришано, за изразување благодарност искористете го копчето ми се допаѓа. Кога ќе биде онлајн Билката ќе биде дискутирано и со неа за темава, па да видиме дали ќе испадне некакво решение. Сепак, се знае кој е администраторот :)
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Да...и мене ми беше поентата, да избришаното мислење сепак некаде постои, па ако се утврди дека е неправедно избришано, да се врати...а не тука на кој како не му одговара нешто, лично, партиски, да ми брише...и мислењето веќе никаде го нема....ашшшшш
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Од вашите забелешки можам само да видам дека многу ви е важно шо ќе напишете и што ќе се случи со вашето напишано што е добро, која е смислата ако пишуваш за џабе.
    Туку во врска со бришењето, добро толку внимание обрнувате на избришаните мислења?
    Многу мислења се бришат треба да набројувам од кој тип, ајде ако е толку важно мислења од типот:
    1.Пост со една реченица што содржи: Фала, благодарам, или цитирано цело мислење и само под него се согласувам и јас, и јас така мислам или пак цело мислење цитирано и на крај само едно фала.
    2.Многу пати се има истолерирано кога несвесно членовите се зазборуваат во темите со тема која не е поврзана со темата, ама тие т.н оф-топици се бришат се само ради прегледност на темата и тој што ја отворил побрзо да стигне до тоа што го бара и да напише мислење, верувајте здосадува да читаш нешто што не те интересира или не е поврзано со тоа што го бараш само ради тоа што со такви мислења се наполниле 2 страни на пример, затоа постои четот, ваквите случаи се толерираат додека не се претера барем јас правам така.
    3.Немој НИ да помислите дека НЕКОЕ мислење ви било избришано само ради тоа што на некој од модераторите му сметало дека вие со некого сте направиле муабет на темата или не му било по ќеиф или некоја друга ваша причина. Штом било избришано модераторот има цврста причина.
    Се прават грешки, ама најчесто се знае зошто се брише, па секако дека не одиме ние по темите и бришеме што ќе ни текне.
    П.С Постои тема со сите избришани мислења кои и се пристапни на Билката па во секој момент може да се провери, доколку има некои нерегуларности мислењата можат да бидат вратени, но штом е избришано постои цврста причина, а можно е и некое да биде избришано по грешка .
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ние ви даваме идеи и наши забелешки за сајтов/форумов да фунцкионира подобро и сите да се задоволни.

    Најлесно е да се рече - нема решение.

    :|

    Едноставно очекував поконструктивен приод кон дадениот проблем. А верувам не сме само јас, Енца и Венди кои забележале дека се бришат мислења понекогаш како им текне на модераторите.
    Али немаме мемори чипови во главите точно да ги памтиме мислењата од збор до збор за да можеме да даваме забелешки за истите доколку се избришани кај дотичниот модератор.

    Плус може у фаца да ми биде плеснато - забрането е да се прашува зошто е избришано вашето мислење....и така пак се вратив на почетокот на мојата поента ;)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Епа Лукс за грешките зборуваме де :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    Ако не памтите зошто се избришани, како тогаш знаете дека не биле избришани без причина?
    Јас реков, Билката само може да каже какво решение ќе се најде за ова :)
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    сите ние феминки го сочинуваме овој форум и ние сме тие кои треба да внимаваат што пишуваат, а не што на ум тоа на друм, си пишуваме се и сешто што ќе ни текни во моментот (нормално не секогаш!) и им отвараме многу работа на модераторките. па и ним не им е лесно да се озрачуваат пред компјутер, да го средуваат форумот затоа што сме си направиле каша со постови.....
    и тие не треба ни да јадат, ни да спијат ако почнат на сите нас да ни пишуваат ЛП зошто мислењето ни било избришано, па ние да враќаме replay да се нагаѓаме кој е во право...
    ако нешто не чини одма модераторките се виновни, тие да најдат решение!, па дајте и ние да покажиме разбирање, култура меѓу нас.
    и да, се отвараат секакви теми, најчесто од нови членови, но да не ги напаѓаме, да имаме разбирање и за нив, да ги упатиме во правилата на форумот, а не уште првиот ден да се осетат како недобредојдени!
    :)
     
  13. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Навистина е коректен предлогот да се наведуваат причините за секое избришано мислење, но барем јас не гледам начин таквата идеја да се реализира. Мислењата кои се бришат воопшто не се малку, па наведувањето на причина за секое избришано мислење би им одземало премногу време на модераторите, а во над 90% од случаите времето би им било залудно потрошено затоа што форумџиките најчесто знаат зошто им било избришано одредено мислење. Да речеме дека и покрај тоа би го прошириле модераторскиот тим за да го решиме проблемот, но дури и во таков случај не би било можно во детали да се наведуваат причините за бришење (верувам дека разбирате зошто). Па, сè ќе се сведе на објаснувања од типот на: оф топик, навреди, спам, латиница и сл. Сметам дека ова не претставува решение, туку само ќе наметне нови дебати како: Зошто неправедно се бришат мислења, а се наведува причина „оф топик“?.

    Веројатно вистинското решение би било секој член да има пристап до своите избришани мислења. Значи, откако некое ваше мислење ќе биде избришано, тоа не би исчезнувало целосно, туку вие би имале пристап до него (ќе треба да размислиме како би се реализирало ова). Па, така ќе можете да си го копирате оној дел кој не е против правилата и да го постирате наново, или пак да го постирате мислењето во соодветна тема итн.

    Инаку, потполно ја разбирам фрустрираноста во случај кога сте потрошиле половина час во пишување на одредено мислење, а потоа истото ви било избришано без да знаете зошто. За жал, едноставно немаме можност да организираме да добивате објаснување за секое избришано мислење, но сметам дека предлогот што го дадов погоре би го решил проблемот. Во секој случај, ќе се консултирам со колегите колку би било изводливо такво нешто, а и ќе размислиме за евентуални други решенија.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Мое мислење, со извинение на Билката што погоре се произнесе е еве на пример ова...

    Доколку избришам мислење кое можеби не сум требала да го избришам, ова зборам за моите категории, членката нека ми се обрати по ЛП, па така да си образложуваме. Ако навистина има потреба да се врати мислењето ќе го вратиме и решен проблем, да не ги усложнуваме работите :)

    Јас сум одговорна за Кафе-Муабети, Сингл и Секс. Доколку ви фали мислење од овие категории што сметате дека не требало да се избрише, пишете ми лп ќе ја средиме работата. Ако не е избришано од мене, обратете се кај другите модераторки :)

    Кафе муабети - Офспринг, Вајлд Чајлд, Ким.
    Сингл - Офспринг, Тенкаи.
    Секс - Офспринг, Багуфче.
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    И ?

    Дневно ќе добивате по не знам колку лични пораки . Како би изгледало тоа еј Офи зошто мори ми го избриша мислењето од таа тема , па не си фер па вака па така ... |(
    И тогаш ќе се жалат модераторите дека ги замараме со лични пораки :wasntme: . Пак проблемот не е решен :!: . Да не го земаме фактот што не се сите модераторки 24/7 на форумов ... Значи јас треба да чекам кога Височеството ќе се приклучи , кога ќе биде расположена да ми одговори и објасни и евентуално да ми го врати мислењето . :^)

    Да си ја почекаме Билката зошто вака не ја бива :shake:
     
  16. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Билката ќе донесе најадекватно решение за такозваниот "проблем",како што и секогаш правела.
    Во меѓувреме нема потреба од препукување,а уште повеќе и од ароганција,височества и продавање пуфки.
    Се продолжува и понатаму со истиот коцепт на работа,се додека Билката не каже поинаку...
    Ви се излегува во пресрет секако,ама некако како да не сакате да се реши ова...
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    А јас па незнам што толку узбуна се дигна? Ние не бришеме редовно мислења кои не требало да бидат избришани, ретко се случува можеби некогаш некое да ни летне низ рака. Да не треба и за оф топиците за кои сами знаете дека сте ги напишале да ви образложиме? Еве и јас пишувам некогаш оф топик, па ме бришат, нема потреба од галама? А и не е нешто без што не се може. Како да ние фативме и се по ред избришавме мајка му стара. И не сме височества ццц.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.080
    Пол:
    Женски
    Билката одговори и тоа е тоа. Не знам што е толку проблемот, сите што прашале по лп добиле одговор, ниту некогаш сме се пожалиле :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сепак да си ја почекаме билката ... :)

    Инаку како што кажав ништо против ни една од модераторките ... Да искрено сум револтирана како и останатите форумџивки и вие би биле ... Како и да е . Ако се однесуваше на мене тоа дека сум била арогантана или не знам што . Пост погоре вики4е нашата конструктивна забелешка како што кажа и самата Билка ја нарече "такозвани проблем "

    До тогаш се повлекувам од дискусја и онака гледам не ме сфативте и нејќам да тргне цела тема во погрешен правец . :)
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Мој предлог е да се опоменуваат тие што повекепати го прават следнотоЧ
    -Цитираат нечие мислење од 100 редови за на крај да остават само едно :D :D
    Многу ме нервира тоа ако им се допаѓа нечие мислење нека кликнат на Ми се допаѓа не мора цел пост. Еве кај темата Насмевка еден куп такви ги има. И што е најинтерсно секогаш истите особи тоа го прават

    Ова не е критика туку предлог. Не можете вие да се борите со оние шо трчаат за цветче ко луди и така имате премногу работа на форумот. Инаку морам да Ве пофалам :clap: :clap: дека форумот е многу среден, многу убав распоред, дизајн, па и членовите се добри (со исклучок на таквите како овие кои ги критикувам)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.