Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Еве истото и јас го прашувам.Очигледно нема никој кога после твоето мислење ниту е одговорено нити е обрнато внимание.
    Луѓе ако ве има, погледнете што стана форумов, мислам прво личи на детска градинка, со смешни и глупи теми, дупли теми,заклучените си дремат у подфорумот место да идат во канта,мислам општ хаос. да не зборам дека на форумот не се разработени ниеден подфорум како што треба, најмногу поради недостиг на навистина вредни мислења,а не заработени цветчиња во потфорумот игри. Очигледно не сте погледнале форумов од кога е направен, ако вака продолжи ќе си играте игри само и толку.
     
  2. devojka99

    devojka99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Искрено почнува тапа да станува сајтов ништо ново ништо интересно нема,3 дена поминаа без ниедна статија сеа коа ке набутате за 2 мин ке ги прочитаме и толку па 5 дена без ништо па и форумов стана гс преку глава барем да се пришат темите што се препуни немора темите коментарите по 500 ги има неможам да се снајдам а кај и да пишам проблем никој не го чита од што е пребукирано со муабети за безврска и цитирано и вреѓано на некои страни ..средете го малце зашто не ја биват работава
     
  3. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    36
    Дефинитивно треба да се активирате со некоја нова статија па потрудете се барем и за викенд да ставите нешто ново и интересно. А за форумов дефинитивно сами сте ги пишале правилата и доколку некој не ги почитува мислам дека треба да се банира. Не е поентата само да расне бројот на членови.
     
  4. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Најпрво, ви благодарам на сите за полезните коментари. Забележав дека одредени членови останаа со впечаток дека мислењата тука остануваат непрочитани, па чувствувам потреба да одговорам на сите досегашни критики и забелешки, како и да појаснам дали и какви мерки биле преземени во секој одделен случај. Следува веројатно најдолгиот пост на форумот, па вооружете се со трпение ако планирате да го прочитате. :lol:

    За жал, над 2/3 од темите се отвораат со наслов напишан на латиница и голем дел од мислењата исто така се пишуваат на латиница :tmi:. Ги променуваме „лошите“ наслови и ги спојуваме/бришеме темите со наслови „heeelp! mi treba sovet!“, „POMOOOOOOOOS!!!!“, „aj kazete mi sto da pravam.......“ и сл., но не можеме да ја редактираме и содржината на испратените мислења.

    За да го мотивираме користењето на кирилица, интегриравме модул за веб-кирилица, напишавме инструкции како треба да изгледа едно мислење, а извесен период и ги опоменувавме членовите што не користеа кирилица. Ефект имаше, но за жал не таков каков што посакувавме. Следниот чекор е бришење на сите нови мислења што се напишани на латиница. Сепак, не сме сигурни дали тоа ќе придонесе или ќе му наштети на развивањето на форумот, па сè уште не сме почнале да го применуваме, но веројатно ќе се стигне и дотаму. :?:

    Се случи и тоа, корисникот Boyfromtown е исклучен од форумот поради повеќекратно кршење на правилата и испраќање на навредливи мислења. Ако го исклучиме банирањето на повремените членови чија цел била да испраќаат спам и да досадуваат со лични пораки, ова е прв случај да употребиме ваква мерка. Веројатно и во неколку други наврати требаше да постапиме на сличен начин заради упатени навреди.

    Во блиска иднина ќе поканиме дел од најистакнатите членови да станат модератори (се разбира, доколку сакаат да помогнат). Тоа е единствениот природен начин за понатамошно развивање на форумот, но не би сакале да избрзуваме, па сè уште планираме како ќе го изведеме тоа и какви привилегии ќе имаат идните модератори. Stay tuned.

    По ваш предлог, на форумот има нови смајлиња веќе подолго време и тоа баш од Skype. ;)

    На барање на голем број од членовите, веќе извесен период си имаме и чет.
    (Овде сакав да намигнам, но веќе сум го преминала максималниот дозволен број на смајлиња. Остатокот од мислењето ќе биде без емоции.) Уфф... пак пробав да ставам смајли.

    Прифатено! Веќе извесно време четот можат да го читаат само регистрирани корисници.
    P.S. Rainbow, 10x за грешката. Веднаш беше поправена.

    Корисникот natasa69 беше уште веднаш исклучен од форумот, а нејзините несоодветни мислења беа избришани. Благодарам за известувањето.

    На emce-kremce и shiningstar им беше веднаш одговорено преку ЛП со цел разрешување на нивните проблеми.

    На Rossana исто така ѝ одговоривме навремено со лична порака. Да дополнам, модераторот којшто нема ниту едно мислење е всушност администратор и тој се грижи за техничкиот дел, т.е. пишувањето на мислења воопшто не спаѓа во неговите обврски. Како што споменав погоре, наскоро ќе поканиме дел од членовите да станат модератори.

    Има, има. На сите ваши предлози, идеи, критики и забелешки им посветуваме повеќе внимание отколку што веројатно си замислувате. Ниту една буква од оваа категорија не останува непрочитана. Голем дел од предлозите се прифатени, некои од нив веќе се реализирани, а некои се во процес на реализација или ќе бидат остварени во иднина.

    Навистина и ние би сакале да се пишуваат поквалитетни мислења, но тоа воопшто не зависи од нас.

    Општоприфатена добра пракса е заклучените теми и сенките на преместените теми да не се бришат веднаш, туку најпрво да се остават да потонат (инаку за нас е многу полесно едноставно да ги избришеме). Впрочем, и воопшто не се многу и според мене не создаваат општ хаос (по неколку се во секоја категорија). И уште еднаш да напоменам, форумот добива многу повеќе внимание отколку што можеби ви изгледа.

    На сајтот Femina.mk секој работен ден (понеделник-петок) се објавува по една нова главна статија. Го избравме квалитетот пред квантитетот и сметаме дека не сме погрешиле. Покрај статијата се објавуваат и неколку новости.

    Желбата за поголем обем на забавна содржина и новости од различни области е присутна и кај други членови. Ова го имаме во предвид и засилено работиме за да ви донесеме многу повеќе содржини.

    Уште еднаш благодарам за сите упатени критики и забелешки.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    И ние ви благодариме на исцрпниот одговор :) Добро е да се види дека се тука админките ;)
     
  6. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Баш ми е мило што обрнувате внимание на забелешките, можеби добив друг впечаток на почетокот. Во секој случај треба да го направиме форумов интересен,полн со дискусии и добри содржини.за тоа ќе се потрудиме ние ;)
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    голема благодарност до админките ;)
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Нели ќе биде подобро да ги избришете новотворените теми кои биле заклучени затоа што веќе постоело таква тема? Да не зафаќаат само место.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    Не си го прочитала внимателно постот на билката :^) :)
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Дали можете да се позанимавате со членовите кои своите постови ги пишуваат во стилот, ај не јадете гомна, не се фолирајте, глупави сте, неинтелегентни и уште незнам какви навреди??????????што треба во тој случај????да игнорираме нечии навреди, или да вратиме и да се претвори темата во бојно поле и навредување??????????форумов стварно губи така...ако некој навредува преземете нешто, затоа што не сме должни останатите да го трпиме, а доколку вратиме еден на друг, отидовме во бестрага....посебно што некои од нас се тука подолгo, и несакаат да си дозволат да паднат на толку ниско ниво, затоа што имаат изградено одреден имиџ, а некој со 20 поста, се приклучува само да се кара и навредува...
     
  11. MoonGirl

    MoonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Во право си за некои работи, не треба да се навредуваме никој ниту да се караме, но тоа што викаш...некој што биле подолго...имаат имиџ...па ти се молам....ова не е маскарада, ова е форум, и тие 20%....нивните мислења не се ценат? само затоа што се нови и ''немаат имиџ''! А што би кажале во мојот случај, во право е што не сум образложила што точно е темата, но барем видов какви видови на форумџивки има ( имаше и машки ..), и си ги покажаа своите вистински лица! Арогантни, цинични...и што уште не...! После тоа не би отворала овде дискусија, затоа што одма ке ти речат дуплаааааа тема...и ке станат толку досадни што ке одиш да повратиш неколку пати...Моите теми беа заклучени поради, премногу офф топик мислења, од горенаведените форумџии!....
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    Значи прочитај убаво пред и ти да почнеш да навредуваш. Ги потенцирала тие што се приклучуваат само за препукување.
    Тебе ова не ти личи на навредување или? :^)
    И не сме ние досадните со тоа што ги опоменуваме форумџиките кога се отвораат по стотти пат едни те исти теми. Е тоа е досадно. Да седнеш и да читаш се едно те исто.
     
  13. GuitarHero

    GuitarHero Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Не знам што очекуваш,да ти нацртам ли дека темите беа ДУПЛИ и дека сите дупли теми се бришат ? :fubar:
    Инаку фала за навредите,се виде кој е овде некултурниот.


    Од кај извлече само дека сум арогантен и циничен.Меѓутоа тоа е... Сакав само да ти укажам дека ЏАБЕ ја отвараш темата,а во случајов мислам дека само ти си досадната бидејќи сите на форумов ги иритира кога гледаат дупли теми или теми за приготвување тавче гравче отворени во категорија религија.
    Поздрав :hai:
    И едно големо ИЗВИНЕТЕ до администраторите и модераторите што само им отворивме работа. :(
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    девојче ај слоу даун малце може??????не реков дека е маскарада , и реинбоу убаво ти потенцирала, дека пишувам за членовите кои ќе се појават и
    и навредуваат и се караат, а притоа не му е гајле затоа што кога сака ќе си се исклучи и толку....додека моментот со имиџот е друг...имено ние тука долгу време коментираме, си даваме совети, одредени членови си се познаваат меѓу себе, и несакаме да се глупираме, и сеа некој рандом член се појавил, те извреѓал зашто му се ќејфнало и што треба ние??/или да му молчиме а тој да се удира во гради дека е прав, или да му враќаме а со тоа и да го уништуваме форумот....моментот не е во 20 мислења, сите сме почнале со 1, 2, 3,5,20 поста, проблемот е во содржината на постовите....и за твојата тема само побаравме објаснување како што е ред и правило на форумов, и пред да скокнеш другпат размисли што всушност е муабетот...
     
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    и ајде кога веќе тргнавме со средување на форумов, и тука да ги прашам админите ... нели според правилата на форумот не смее да се бараат информации за дипломски, проекти, состави, семинарски и такви работи??????????????или јас сум грешка????? мислам дека така прочитав во правилата, а темите не ги блокирате нит па ги предупредувате луѓево ....????????????????
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.092
    Пол:
    Женски
    Еве има, ама најверојатно нешто попустливи се админките...
     
  17. MoonGirl

    MoonGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Ако не ви се чита некоја тема, не читајте ја, немора на некого да му го пукате умот, со те едно де исто...јас нагласив ако е проблемот за дупла тема, админот ке ја заклучи темата, а колку што знам вие не сте тоа и крај! И баш се замислив, ако сте вакви во однесување, тогаш како можете да му помагате на некого!!!......цццц...
     
  18. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Попустливи се и тоа ептен. Друг пример:

    4.7. Не се препорачува испраќањето на смајлиња без текст.

    Сигурно сте сретнале многу одговори каде само е селектиран нечиј пост а одговорено е со само смајли. Мислам дека не се потребни ваквите постови само да зафаќаат место.

    3.2. Сликата не смее да биде од порнографски, рекламен или пропаганден карактер.

    Мене лично не ми смета, само сакам да потенцирам дека и ова правило не се почитува на форумот.

    За пишувањето на латиница немам што да кажам. Не се научија и не се научија. Давам предлог, барем за оние што допрва ќе се регистрираат да не ја прават истата грешка, да не можат да направат профил без да ги прочитаат правилата и да кликнат на пр. Се согласувам. Вака се кладам дека повеќето не ги ни прочитале правилата, што докажуваат и прегледите кои на таа тема ги има само 2000 и нешто.
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски

    МунГрл сега те сваќам за твојата отворена тема на форумот:

    singl/sto-koga-nikoj-ne-me-saka-t1557/

    Зборуваш за другите, им го коментираш однесувањето, а самата си толку расположена за кавги што ни не прочитала добро се втурнуваш да навредуваш. Среди се себеси па потоа збори за другите.Толку имам да кажам
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Секако дека сите не можеме да бидеме администратори. Но нив итекако добро им доаѓа нашата помош и со тоа што потенцираме дека темата е дупла или слично им помагаме полесно да си ја вршат работата.
    И не е работата само да не читаме некоја тема ако не ни се чита. Треба форумот да изгледа убаво и да личи на форум, а не на советувалиште. Не е потребно за сешто-нешто НОВА тема да се отвара. Можеби веќе постојат ТАКВИ теми.

    И се обраќам до сите форумџики и форумџии кои веќе ја кажале или пак некогаш имаат во план да ја кажат: ве молам да престанеме со фразата Ако не сакаш, не мораш да читаш. Не се решава се со два збора.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.