Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    E да, сепак немаме толку многу фанови што би одржувале тема за фан клуб, ама тогаш барем нека се преименува темата во фудбалски натпревари, трансфери и новости.
    Макар што мислам дека за Барса, Реал, Милан, Интер, Манчестер и Челзи би имало доволно фанови за да ги пишуваат последните новости.

    Јас сум за :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.077
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто спорно во подкатегоријата спорт да се отворат нови теми. И така не е развиена. А темата фудбалски натпревари нека си остане за натпревари, а за другото може да се отворат нови теми :)
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hе знам дали овде пишувате критики за членови со несоодветно однесување :^)
    Hо мислам дека е време на една личност да и се даде опомена или да се банира затоа што крајно e некултурна и претерува со провокациите и навредите :x
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.077
    Пол:
    Женски
    Волфче, пријави доколку мислиш дека мислењето е навредливо. Има тука толку личности, со толку мислења, во толку теми... Има опција пријави мислење, ќе си ставиш причина и завршена работа :)
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Tи благодарам Pеинбоу,само што сакав да го преместам мислењето во банирани корисници :)
    Oдма пријавувам ;)
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ако е за истата и јас пред некое време ја пријавив со пораката што ми ја пиша. Зошто се толерира таква особа долго време?
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, inimini претера со темиве. Без врска ми се сите, на што личи темава Седење со влечки на кревет?

    Inimini, без навреда.

    Мислам дека треба да направите со дозвола да се отвораат темите, а не вака, секој отвора што сака. Безврска.
     
    На gochhe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.077
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку се нервирате со темите. Не ги отворајте, не пишувајте и готово. Кога ќе види модератор ќе ја среди темата и никому ништо. Вака само вие тензии кревате. И милион пати наназад е кажан предлогот за отворање на нови теми, а за тоа можат само администраторите да одлучат. Затоа ве молам доколку имате некоја нова и конструктивна забелешка или идеја, што не е кажана на секоја страна поназад да ја пишете, бидејќи вака и темата станува непрегледна и само се повторува.
     
    На mims-89 и LittleDevil им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    епа веќе вака не може!
    вчера една тема расипа, сега пак ли друга?

    psihologija/siluvanje-t3243/170.html#p683586

    видете што пишала во темава, т.е што и пишала на лакримоса!
    Kаква врска има коментаров со темата? |(
    Mислам дека крајно време е да ја опомените оваа Cања лазања, пред да ги расипе сите теми на форумов!
     
    На kikikikirika, wolf4e и thinkerbell им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674

    Криво ми е што воопшто се мешам во ова, посебно што станува збор за марама, но сепак енца е во право- двоен аршин и тоа како. Рејнбоу можеше да даде било каков коментар на ова, но тоа не се случи. Секоја чест за марама која се најде повикана и девојчето си кажа што има да каже.
    Јас ќе поставам едно прашање - толку ли беше проблем после напишани 10 мои мислења да ми дозволите да го сменам корисничкото име?... и покрај тоа што на неколку модераторки им објаснив каде е мојата грешка и зошто тоа го барам. Мислам дека Лилит и Рејнбоу ме упатија да и пратам ЛП на билката, но таа не ме удостои ни со едно - неможе.

    Не дека неможев да направам друг профил, но тоа за мене е исто како да се претставувам како нешто што не сум . Јас сум таа што сум како во реал така и на форумов.

    Од тогаш помина многу време, но сеуште се чуствувам како да сум во друштво во кое бараш услуга, а никој не те ферма.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.077
    Пол:
    Женски
    Не дадов одговор бидејќи не се чувствував повикана. Само администраторката е таа која може да одобри за бришење на мислење. Инаку ние се водиме според правилото што го постирав погоре.
    А за корисничкото име Билката има објаснето дека е многу тешко да се смени и има многу процедури, па затоа тоа веќе и не се прави. За тоа зошто и како не можам да одговорам во нејзино име, верувам дека кога ќе биде послободна ќе одговори на поставените прашања. :)
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Вашата порака содржи премногу смајлиња, максималниот број е 10 :devil:.

    Колку и да сакам да спојам две пораки во една намерно морам да чекам некој друг пред мене да постира за да можам да пратам нова порака, ова со смајлињава на нерви ми иде :devil: .

    Зашто има ограничување, не еднаш сум морал да шетам по цел пост или ПП и да барам кое да го бришам. Уште и ако цитатот имал смајлиња одма стануваат 10. Лошо и неубаво ограничување.

    Има чаре некое?

    Пс. Ако не е темата за тука преместете ја во соодветна.
     
    На Monna.Monna, crazylady, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Благодарам што сте ме удостоиле со одговор, се гледа дека демократија и еднаквост владее на форумов, и мене не ми е гајле дали можело, и кој колку и какви причини имал, и јас имам причина да барам една тема отворена од мене да се избрише цела, но правилото што го цитирала виножитка ми кажува дека тоа ни под разно не смее и не може да се случи, па затоа и не побарав, но сега ќе барам богами...
    Правилото, да е потребно и корисно, знам во каква конфузија бев јас кога читав одговори а проблем никаде нема, но само ако важи секогаш и за сите...некако многу дискриминирачки почнавте да се однесувате на форумов, уште па и не не удостојувате со одговор...напредувате богами...
    п.с. Марама мене не ме интересира да ми објасниш ти, нити те повикав тебе, повикав да ми објаснат одговорните, те посочив, затоа што за конкретниот случај ти беше пример, и јас им посочив каде они се побиваат самите себе, да беше било кој друг член исто него ќе го напишев...
    Ти не си ни должна ни повикана да ми објасниш, ти си побарала тие ти излегле во пресрет, а напишале дека ни под разно тоа не е можно, се губел смисол на темата и трудот на тие што одговориле, што од дотичната тема многу добро се приметува, башка што потенцирале, ако не знаете да си ја сочувате приватноста, дрн дрн...па нека важи за сите тоа, кој си пишал си пишал, сега нека му ја мисли, или само некој ќе му ја мисли?
    Па ги повикав нив да ми одговорат, ама ги нема...
    Секоја чест...
     
    На Squirrel, velesanka, happygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Мислам дека малце е напнато на форумов, искрено јас мразам општо некој да ме ограничува тоа си е мој проблем ок, али овде мислам дека мааааааааалце се претерува. Оф топик, несоодветна тема, избришано мислење, не се карај, не може така, не може вака, на некој му попуштиле, на некој не, па се трудат сите да покажат колку им е широк речникот, па кој на кого ставил лајк, па кој има повеќе лајкови, па чиви мислења повеќе се вреднувале, едноставно и овде е нагласена потребата некој над некој да се постави. Жени сме, такви сме, се ми е јасно. Ама дај да не се сфаќа форумов толку сериозно, совети и забава тоа си е основната намена, а не кавги и ограничувања. И за тој што ќе ми пише ако не ти се свиѓа arrivederci, во право е да никој не ме држи со сила, ама имам сега многу слободно време па си го трошам и покрај тоа што понекогаш повеќе замара отколку што одмара форумов. И јас сум влегла во конфликти, секој си има лош ден па мора негде да се истури, ама поентата е баш затоа што е форум никој тоа да не го сфати толку сериозно, па од тоа да излезат кавги без крај и повторно избришано ради оф топик, несоодветна тема, никој не го лакнува, опомена. Мислам дека многу подобро би било на форумов да постои опција само да се бришат дуплите теми и оние што се отвораат како прашања. Убав си е многу форумов, нека остане така само полабаво малце.
     
    На Cynthia, Doozy и eli25 им се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Зошто ако се развие некоја дискусија и се коментира на малку поостро ниво веднаш ја заклучувате темата |( ?
    Што треба, сите да пишуваме безлични постови и да не се надоврзуваме еден со друг затоа што ако малку има тензија веднаш паѓа клуч :x

    И Енца е во право, ако важат правилата нека важат за сите, а не некој субјективно да одлучува за некои работи.
    А Хман, тоа со смајлињата го отековме, ама никој не не регистрира, да не може човек да се изрази како што сака.
     
    На sweetyears, Monna.Monna, MSkorpionka и 13 други им се допаѓа ова.
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Јас уште сакам да додадам до Марама, дека нити имам нешто против неа, нити ме интересираат постовите во кои го изложила нејзиниот проблем, нити кој е проблемот, нит пак побарав да се вратат нејзините постови, едноставно во таа тема барав информација, и наидов на контрадикторност со правилото кое последно беше толку јасно цитирано и подвлечено на форумов...
    Марама побарала, и јас не и замерувам апсолутно ништо, замерките се сосема на друга адреса, и немаше потреба од реакција од типот јас не образложувам, немам потреба, бидејќи јас ништо не побарав од тебе, јас само наш налетав на место кај што ти си бришена и им укажав со пример, каде, во која тема , на кој член, да не викам во една тема, на еден член...значи ништо до тебе, ти си побарала, некој друг одобрил, а одобрил тој кој го поставува правилото и не им одобрува на другите кои исто како тебе имаат проблем, имено никој од глупости сигурно нема да бара да му бришат мислења...
    И срамота веќе, некој ќе каже нешто што му смета и одма се јавуваат душебрижници 1000, аман бе, остајте веќе, што се замарате...
    Ај вие не се замарајте...нормално дека ќе реагирам секаде каде мислам дека треба да се реагира, а па дискриминација било каде и по било која основа мразам, и ќе мрчам, и вие не мрчете зошто некој мрчи, затоа што тогаш и вие сте мрчатори, кој сака нека не се замара, кој сака ќе се замара, сите имаат право на слободен избор, се додека не се работи за правила...прекршени во случајов...
     
    На eli25 и girl.23 им се допаѓа ова.
  17. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ми смета малце тоа што мислењата во Кафе муабети и Форумски игри не се бројат. А уствари зашо ?
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Прибидејќи бев изигнорирана кога си го поставив ова во Сакам да кажам, решив да го префрлам тука...може ќе се најде јунак да ми одговори на едно толку едноставно прашање...еми да, јас упорна мома сум...некогаш и досадна. Еве пастирам:

    Добар ден!...навратив да бунтувам, тука бре...нека се чуе и нека се знае, нека знаат овие напатени жени со каква неправда се соочува феминскава раја

    Во темата со наслов : „ Лошо е кога возот еднаш ќе помине“ поставена од една ни помалку ни повеќе туку 18 год девојка која кука оти чеизот и останал недовезан или ватева....моето мислење беше избришано!!

    Порке??

    Го погледнувам насловов на темава и се обидувам да ја укапирам поентата на нејзиното постоење, се разбирам откако се собирам да не прснам во смеа....арно ама после размислувам...некоја смешна тема која носи уште посмешна дискусија е достојна да стои на форумов, а мислење во кое да не се лажеме немаше ама баш ништо навредливо е избришано??? Амиии добро де, јас сфаќам дека невестава е осеќајна оти возот и заминал, ама треба ли тоа да ја скратува мојата слобода на говор.

    Епа и јас сум осеќајна што сум обесправена бе...и пошто нема сигурно да ми купите бомбонче како ќе ми ја надокнадите празнината и претрпениот стрес м?

    Во демократско општество секој ќе си каже што има, наместо да ги бришете квалитетните мислење кои носат издржана порака, избришете некоја од темине со содржина за телетабиси

    Фала многу и пријатно!
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Затоа што во тие категории повеќето членки често пишуваат и така би имале многу мислења и не би имало баланс, туку би имале 100 илјади мислења пр. и ништо не се постигнува, а се многу често посетувани категории, особено Кафе муабети :)

    Инаку општо гледано ќе забележам дека има се пообесправени и понезадоволни членки од постапките на уредувачите на форумов и јас сум се нашла во таква ситуација, само не сум дала негативна критика зошто сепак мислев ретко кому се случува, јас сум пишувала ЛП до модераторките и Билката. Сега гледам дека не е така, ај еднаш-два пати ќе се прогледа низ прсти, преку ЛП ќе се среди, но штом членките се решиле да пишат значи се претерува и без никакво право се отстапува од правилата. Форумов оди во надолна линија. Немам никакво прашање и не очекувам одговор, но оние кои очекуваат заслужуваат да го добијат, имаат право барем на тоа.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ЗАЕБЕЛЕШКА- не мислите дека темиве се буквално исти:
    film-i-tv/sajtovi-za-simnuvanje-na-filmovi-t80/
    film-i-tv/programa-za-simnuvanje-filmovi-t569/
    film-i-tv/torenti-za-simnuvanje-filmovi-t7257/10.html

    Искрено незнам како не сте го приметиле ова а се замрате и бришете мислења секојдневно, што некогаш и не сте во право, мое мислење, немојте сега одма да ме напднете како тоа е ваше право, ок не се бунам и не ми ич гајле. Едноставно ми паднаа во очи и кога отворив мислњата се мислеа на едно исто-сајт за симување филпмови е скоро секогаш торент. Незнам вие си знаете, ама само непотребно се отвараат исти теми! Ако ништо бар споете ги.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.