1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    епа морав да се смешам овде.... :$ имам многу убави одговори на сите да ви дадам на повеќето ама само ова засега ќе го кажам:
    НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА испраќање мислења кои содржат само смајлиња без текст.....но тоа не е исто со НЕСМЕЕ да се испраќаат такви мислења :) така што тоа и не е некој пропуст или прекршок, се разбира доколку некој постојано само такви мислења испраќа или пак има зачестено испраќање на мислења од тој тип кај повеќето корисници ДА во тој случај е веќе проблем, но на форумов моментално нема таква ситуација односно таков проблем. ;)
    Впрочем има и една новоотворена тема чија цел е да се опише денот со анимации, сето тоа не е против правилата на форумов....има мнооогу посериозни проблеми кои се јавуваат.

    Правилата се направени за да бидат почитувани, но некогаш за одредени повисоки цели мора да има толеранција и сметам дека администраторите еден период попуштија со работата малку, но повторно се вратија во кондиција (ако може така да се изразам) и солидно ја вршат нивната задача на форумов. Ги исполнуваат 90% од нашите желби и барања, тие се тука за нас :) но во секое нешто кое ќе се направи има некои кои се задоволни и некои кои не се, тоа е сосема нормална работа неможе на сите да им биде погодено, овде не има многу и сите сме свои, посебни, различни....не е возможно на сите да им се погоди и да се задоволни.

    Кога веќе се распишував да се надоврзам за банирањето на членовите, засега некои добија бан, а некои само опомена....има членки кои упорно започнуваат кавги доколку некој не се согласува со нивното мислење и не им вика амин. За кавга се потребни најмалку двајца, едната страна која е причина за честите кавги е отстранета, но другата упорно продолжува да иницира расправии (кои за жал неможе да се наречат дискусии бидејќи содржат навреди) за најразлични банални причини, на повеќе теми.

    Засега толку :)
    Поздрав до администраторите и до членовите на форумов :hai:
     
  2. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    Да и јас сакам да се надоврзам на ова,постојано се наоѓа некоја членка која забележувам во последно време не се согласува со ниедно мислење(да не напоменувам која е)ама и не само една,нон-стоп има карање,навредување,кавги...и што добиваме само упропастување на темите,ако не некој не му се допаѓа тоа што е напишано слободно нека не коментира,и нека ја помине темата...а не цело време се наоѓа некој да дели совети,памет,божем ние сме малоумни другите...се користат и погрдни зборови...едноставно на човек да му е страв да напише нешто па треба да се мисле дали се совпаѓа со другите мислења,зошто другите членки кои не се согласуваат да речеме со моето мислење или било кое,одма креваат врева....имаме среќа што неможат да не натепат инаку незнам што ќе беше ова :lol: секогаш се наоѓа некоја паметна да не поправе и да не советува ,посебно па забележувам една членка се однесува како да ни е мајка :)
    И давам рака на девојката стварно е начитана (и не сум имала проблеми до сега со неа)ама забележувам секое мислење го критикува,а нема потреба од тоа секој си има право на свое мислење...
    п.с Не сакам некоја да ме свати погрешно ама во последно време постојано има караници на форумот,еве и Гоу го приметила тоа,па сакав малку да се изжалам :D :D

    4.3. Мислењата не смеат да содржат пцовки или навредливи зборови. Таквите мислења нема да бидат толерирани и ќе бидат избришани, а корисникот што ги испратил ќе биде опоменат или исклучен.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Затоа е формот,за да има про и контра мислења.Ако имаме сите исти размислувања,тогаш не би имало за што да дискутираме,плус тоа што секој е индивидуа за себе,секој има различен начин на изразување и однесување.Ова не е реален живот,но сепак можеш да си селектираш кого ќе читаш,а кого не,а ако ти се обратат,не враќај едноставно и тоа е тоа.До стилот е!Проблемот го гледам во тоа што некои прелично го сфаќаат,па се наоѓаат навредени,а има и такви кои едноставно си го бараат.Поентата е да можеш да имаш различно размислување со некого,а сепак да задржиш пријателски однос и по други теми.Забележувам некои ако те закачат за заб на една тема,така се однесуваат и на други теми,побогу не те ни познавам откачи се!И на крај краева,премногу лицемерно е тоа ако исто расмилуваме супер,те сакам,а ако сме различни тогаш заслужуваш бан и не знам што...Да бидам искрена,имам неколку омилени,редовно ги читам,а другите кога-како ќе ги забележам по темите и на некои теми ќе се обратам со строг тон,на други ми е сосема сеедно ако се согласуваме.
    Не знам што барате...ако вие сте се нашле навредени заради тоа што некој употребил остар тон,можеби е до вас...другите не мислат поинаку.Ако не кажал отворена навреда,погрден збор,туку едноставно не се согласил со твоето мислењ,макар и да биде критички настроен,нема ништо лошо.
    Знам дека многу од тука сакаат јас да бидам банирана,гледам индиректни муабети за тоа.Повеќе би ценела ако директно ми се обратат,а до тогаш играм на карта кукавици и ги множам со нула,игнор!
    Повеќе ценам конструктивна критика,него ли лицемерно согласување,а забележувам феномен на групно критување и ругање.Ако еден се дрзне (често ми се случува мене),тогаш е лош и се наоѓаат спротивни размислувања и оние другите и да размислуваат критички се плашат да пишат баш ради овие тн душегрижници,а на друга тема поише ќе се соберат и отворено се руга (макар што се согласувам делумно на некои теми).Синдром на стадо,типично женско размислување и однесување,секогаш се бара друштво за да се покажат заби,заради несигурност,демек ќе ме мразат ако сум поунаква,а вака се јачаат една со друга и кој поише...
    Вие си знаете...
     
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    Да тоа е така!!!Незнам јас до сега со никоја девојка од форумот не сум имала било каков конфликт,а и немем потреба зошто да се карам...Туку погоре се ижалав дека во последно време има многу критикувања,карања,навредливи зборови што и не е толку потребно,тие такви теми само така ги поминувам и не ни коментрам,не сум зачленета овде за да ширам негативна енергија,а најмалку да застанам и да се карам :)ова ми е така прв пост каде што има мал дел на негативан енергија меѓутоа тоа е резултат од несогласувања кој постојат на темиве,ама нема врска како што спомна Lilit па немора на сите теми да одговарме,како и да е до до сега супер си поминав со вас девојки! Поентата ми беше да кажам да се намалат караниците кои беа по интезивни во присуство на Бојфромтаун,но сега сме за пофалба како и да е се подобруваме.поззз :*
     
  5. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    и мене ми се случува ова во последно време, што е работата?? :?:
     
  6. erotic-bt

    erotic-bt Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Здраво!
    Кко релативно нов член на форумот сакам само накратко да се обратам до Вас
    Како прво, големи честитки за администраторот- творецот на овој форум, јас за Вас би ви дал највисока оценка, ако би се рангирал од 1-10 објективни ви давам чиста 10. Иако како многу го нарекуваат женски форум, како машко за мене е, многу интересен и забавен.Многу интересни прашања и одговори прочитав кои многу ми се најдоа во животот, активно учествувам со свои теми и одговори на поставени прашања доколку можам да помогнам
    Сега, јас би предложил некои препораки, доколку може да се остварат- профункционираат :
    1.Дали постои како опција можноста, на просторот за слика од корисникот наместо определените од вас, може да се ставаат наши лични фотографии од комјутер,
    2 Во врска со новината чет, многу ми се допадна, многу пријателки и пријатели запознав, што многу ми е мило,само ме нервираат некои членови од женскиот пол, што како да си го присвоиле како лично нивен, и преговорат што бараш тука на женски форум, демек е наменет само за женски.
    Засега, овие се моите мислења и сугестии за овој навистина преубав форум. :D
    Поздрав, уште поголем успех и масовност во иднина на форумот, да го надмине дури и кајгана форум, кој одвреме навреме го користам :D
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Можеш да ставиш твоја слика и сега.
    И што ти е предлогот ?
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Еротик,ај доста со фикс идеи!
    Ова не е сајт за осамени души,а судејќи по твоите -еротски- постови,тебе сликите ти се потребни за манијачење и ништо друго.
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    некое време и мене така ми правеше, лелеее колку само се нервирав... ама му ја најдов цаката :lol: сум го сменила фонтот на компјутерот, на македонски ми бил направен, а кога се регистрираш нели на анг е :wasntme: па пробајте и видете можеби до тоа е ;)
     
  10. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    фала бројче, ќе пробам сега :*
     
  11. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    youhuuu :dance: :dance: :dance:
    :y: :y: :y:
    thank you бројче :* :* :* ај лав ју :inlove:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Папката со пораки ми беше преполна,а три пораки сум добила меѓувремено и ми ги покажува дека ги имам,но да избришам претходни пораки.Ги избришав,но останаа 18 кои не сакаат и не можат да се избришат,но сепак има доволно простор за да ги прочитам новите лп,но не ми ги дава!Зошто?
     
  13. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Lilit, над списокот на пораки треба да имаш нешто вакво:

    Имате 1 нова лична порака која е запрена заради преполна папка.
    Ослободи ги сите запрени пораки… ќе бидат преместени во соодветната папка ако се ослободи доволно место.


    Кликни на синиот линк и ќе ти бидат ослободени пораките.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Благодарам,отпосле видов,не го запазив текстот баш.
     
  15. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Правило: 4.14. Форумот не е место за спроведување на истражувања за дипломски работи или семинарски. Доколку постојат мислења кои имаат таква цел, истите ќе бидат избришани.

    Ова правило се однесува за спроведување на истражувања, т.е. отварање на теми со цел да се проучуваат навиките и потребите на членовите на форумот.

    Дозволено е консултирање на различни теми за дипломски работи или проектни задачи (постои и тема наменета токму за тоа). ;)

    Кога и да забележите мислење или слика коишто ги нарушуваат правилата на форумот или сметате дека се несоодветни, ве молам да го пријавите со помош на копчето „Пријави го ова мислење“ (триаголникот со црвен извичник до копчето „Цитирај“). :$
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    * Пријави го ова мислење
    * Одговори со цитат

    #37 Зголемено либидо?

    Мислењепред 3 минути
    Lilit iskuliraj!a ti unfaithful si retardina!idi leci se.

    Superiskа
    Искрено по овој пост мислам дека си залсужи бан, Па да ве замолам да го разгледате случајот.
     
  17. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Neka proveri kako se zapocna,unfaithful ne navredi site maski,rainbow,a lilit nesakam ni da kazam.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Леле леле кој прв почна еј. Цццц Ајде озбилно кажи колку години имаш? И пиши каков проблем имаш, па може ќе ти помогнеме. Искрено мене не ми се верува 35годишен маж да пишува вакви глупости бре. Срамота!
    Навистина ги замолувам админките да реагираат.
    И не се расправам повеќе воопшто. За што и да ми се обратиш да знаеш дека имаш игнор од мене.
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Еротик-Бт и Суперишка, ова е наменето само за вас и за никој друг на форумов. Ако го прочитате, ве молам најсериозно ставете малку ред во вашите глупи и доста навредливи постови, прекинете со препукување со сите девојки без исклучок, бидејќи ова не ве води никаде. И самите гледате дека на форумов досега немаше некои поголеми контрирања, секој си има право на свое мислење, ама ниту една од нас досега немаше потреба да цитира и да се увредува, ниту па да бара правдина. Ова е форум побогу, мислите ли дека можете туку-така само да упаднете и да се правите најпаметни, нај се, да вреѓате без причина, да се фалите за работи кои после ќе ви излезат дека биле една голема лага?
    Во ред, прифаќам да има и машки членови, добредојдени се, ама се додека не почнат да ес однесуваат како вас. Суперишка, треба ли да ги цитирам твоите постови? Во ниту еден немаш пишано нешто за пофалба, и два збора да ти се, навредливи се!
    Прво почна со Реинбоу, па сега на Лилит и се нафрли, следна која е?
    Еротик-Бт, немаш никакво, ама баш никакво право да нарекуваш така како што ги нарече Лилит и Анатх, посебно кога воопшто не ги познаваш!
    И дај, можеби ова на некој ќе му звучи глупо, ама барем стварно е право-побарајте ги постовите на сега веќе бивш член Марли (нека ми прости што го именувам) и видете ги сите негови мислења на форумов. Дали тој доби бан? Не! А зошто? Затоа што човекот се дружеше исто како сите, пишуваше на теми кои му доликуваат и со никоја од форумџиките не се скара ниту еднаш. Нека ви биде пример ако веќе сакате да учествувате во женски форум. Ако не, ако си продолжите со истото, се знае што ви следува. И пак јас ќе бидам таа што ќе го побара тоа од администраторите. И се сомневам дека било која од форумџиките ќе ве брани.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во право е Кате и ја подржувам целосно,како и останатите членки,сметам дека некои машки на форумов се уклучуваат само за да се контрат со некого тука на форумов или да навредуваат.Можам да кажам,исто што и Кате кажа,дека Марли беше културен,одговараше на теми за кои сметаше дека се соодветни за неговиот начин за размислување и не се мешаше во теми за кои се во прашање женските работи,не навредуваше или било што,незнам зошто го снема човеков,ама сметам дека не се контраше со никого.Додека за новите машки членови,можам да кажам дека би требало од страна на администраторите да се следи нивната ситуација,начинот на однесување итн.Можеби ќе се повторам,не викам дека не треба или неможе да се зачленуваат машки на форумов,но сметам дека не е добро да се навредува,па мислам дека би требало да има некакви опомени кон нив,приметив дека некои се однесуваат некоректно,дека навредуваат,искрено ми пречи тоа.Само се мешаат во женски работи,зборат женските се вакви-такви,ако нешто не им се допаѓа нека не се мешаат каде што не треба,па ќе ги споменам еротик-бт и суперишка,дека се дел од таквите машки,кои имаат цел да навредуваат или да се контрат со некого.Ова го кажувам отворено,без задна мисла,па ако тие го прочитаат ова,нека го прочитаат тоа што мислам.Смешно ми е кога се уклучуваат преправајки се дека со добра намера,а што воопшто не е така.Сметам дека непотребно се мешаат во некои работи,а и начинот на размислување им е погрешен,што не им доликува на годините.Треба да се стори нешто во врска со сето тоа.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.