Темава ја отварам со цел да ги насочиме оние кои го негуваат фотографирањето. Правила на кандидатите за критикување: -Сликите да бидат со соодветна содржина -Не е битно дали е сликата фотографирана со профи апарат, идиотче или телефон -Да ги прифаќаат критиките како доброволни совети -Фотографиите да бидат лично дело на кандидатот за критикување Правила за критичарите: -Да ги знаат основните правила за фотографијата, значи поставеност, композиција, стилови на фотографирање и тн. -Критиките да бидат доброволни, без навредливи содржини Ќе скршам мраз, ќе поставам една моја скорешна фотографија: Доколку темава не поттикнува критики ни кандидати, може да оди во канта.
@Papillon.Papi фотографијава е совршена!!! Многу ми се допага, но јас само лаички можам да дадам критика!!! Мислам дека во оваа фотографија си сакала да ги нагласиш капките вода на ливчето од љубичицата!!! И тоа совршено ти успеало!!! Браво ... Фотографијава ти е за чиста 10-ка!!!
Само пофалби можам да ти дадам за сликава. Прекрасен пејзаж и супер е поставеноста. Од тревата, до дрвата, планините и небото со облаци- комплетна фотографија. Мене не ме бива за сликање пејзажи, во макро слики сум подобра...
Супер фотографија @Viktorijaaa5 Мене единствено ми пречи рефлексијата од прозорот на левата страна, претпоставувам од кола си ја сликала
Заборавив да ја пофалам Папилон за темата, баш интересно, може да се консултираме и да учиме едни од други. Само повеќе феминки да ни се приклучат Јас не знам колку фотографии имам постирано на форумов, сигурно преку 100 Еве сега ќе постирам една постара фотографија, од лето 2010, направена со еден релативно лош апарат (барем споредбено со тој што го имам сега).
Не е важен квалитетот на апаратот, важна е креативноста на фотографот. Одлична композиција, ми се допаѓа што има градација од најсветло до најтемно, а гранките секогаш можат да бидат шара што ја красат фотографијата. Ми се допаѓа и идејата. Дозволени се слики со ефекти. Еден хак ќе ви кажам, доколку фотографијата ви е опржена со јаки бои, црно-белиот ефект е спас. Тоа ми го кажа познаник-фотограф. Најубава црно бела фотографија е кога има градација од најсветло до најтемно. На фотографијава ќе ти најдам замерка што лебедите не се во средина на кадарот и фокусот е накај земјата, а инаку идејата и приказната се совршени.
@IronLady , мене пак ми се допаѓа фокусот, отрпилика испаѓа како лебедите да се некаде во златниот пресек и ми се допаѓа како композиција - опседната сум со се` што е приближно на златниот пресек.
Доколку мотивот е тој, се сложувам, но доколку мотивот се лебедите, не баш. Мотивот многу зависи од фокусот, а доколку целта и била лебедите да се мотивот, тука утнала затоа што не се во втората третина. (Кога се слика има 3 третини, фокусот треба да биде во средната хоризонтална линија. За вертикалните третини нема некои правила, може да се наоѓа и во првата и во третата, не само во втората третина, односно средината.
Одлична композиција, супер градација, идеја и мотив. Ќе ти најдам замерка во големата асажа (зазрнетост), но претпоставувам дека не е сликана со професионален апарат? Како и да е, би одговарале 64 ISO (асови) за сликава. Во главно, прекрасна е. :up:
браво за темава , мислам дека идеава е одлична предлог , може да имаме топик за сликање на пример дрво, и потоа да ги критикуваме фотографиите еве една од мене цвеќево беше многу нежно неможев да го наместам право за да го сликам мораше легнато
Добра идеја за ова со темиве. Поставеноста кај твојата слика не е баш најпрецизна, листот долу е сецнат. Фокусот супер, мотивот супер, асажа одлична, сенки и испакнатини одлични. Значи само поставеноста не е одлична. Предлог тема: МАКРО ЕЛЕМЕНТИ (ситни елементи и објекти)
Тамбс ап за идејата со поставување теми Може секоја недела да имаме различна тема што ќе ја пишува во насловот
Фотографијата не е лоша, ама светлото не е добро, зошто е еден дел затемнет и тоа скоро тотално. За убава фотографија, искористеноста на светлото е клучен фактор.
Убава, јасна фотографија и добра композиција. Да си и направила crop или скратила од небото, би била поубава. Отсјајот од стаклото исто така. Користете некој програм за кореции. Па и најдобрите фотографи фотошопираат нон - стоп.
Интересни силуети кои си ги врамила со гранките од дрвјата и убав отсјај од зраците на сонцето. Да била малку поосвлетлена - мала корекција со brightness, ќе беше супер.