Ги ископав сликиве од ланскиот одмор во Истанбул, тогаш ги чкрапнав онака на брзинка колку да им покажам на моите кај сум била. Еве некои од подобрите слики што ги најдов
Најголемо задоволство ми е пејсажи да фотографирам,да не испуштам некое дрвце или момент Така да,очекувајте многу фотографии од мене. Еве за почеток.. Си ја најдов омилената,само не знам дали беше за уличната фотографија или за пејсажна Спојлер: Слика
Еве и од мене за почеток што најдов. Некои слики ми се преголеми, не можат да се прикачат, треба да ги намалам... Не се обработени воопшто :/ И треба ли по една или може неколку одеднаш? Река Дрина, Србија Лисец, Кратово Поградец, Албанија
@Snow-Star, да си го отворела прозорецот, за да се избегнат матните капки, ќе било супер. @Peppermint - си го кажав своето за твојата слика, прекрасна! @AnaKarenina, богами се исплатело, ова е глетка од 1000000$. Тој спој на тиркизот и песокот е priceless. @martine, ова баш и не е во контекст на темата. Но како и да е, убава е сликата. @Abrakadabra, зајдисонцата веќе ти стануваат заштитен знак. Секогаш интензивни, колоритни, експлозивни, впечатливи у м*јчину! Не знам ти дали си романтична личност, ама мене твојов пејзаж ми оди повеќе накај експресија на страст, отколку романтика. Што е битно, феноменален е. @Dream-Girl, гледај да не ставаш датуми на слики, ја уништуваат убавината. Инаку, без разлика на тоа, убава слика, убаво си го врамила морето со бујната вегетација. Ефектно. @Someonespecial, ефектот очигледно е со затемнување, можеби би било подобро без затемнувањето. Ама мислам дека сум ти ја сфатила поентата на тоа - да се прикријат тие жици што веќе се неизбежни каде и да сакаш да сликаш. Не е битно, и со нив е интересно, особено што се поставени така како што се поставени. Јас сум за тоа да не дозволуваме да не' одвраќаат тие печати на цивилизацијата во овековечувањето на пејзажи кои сметаме дека се вредни за тоа. @Femin4e.mk, првата слика мислам дека не припаѓа баш на оваа тема, нека ме исправи некој ако грешам. Останатите се доста добри, фини, релаксирачки. На последната слика ми е дури и симпатично што се гледа дел од бродот на кој се наоѓаш. Датумите само ми пречат. @Marossa, убави фотографии. Првата - прекрасна, втората - ми се допаѓа таа блага дијагонала, третата и твоја омилена - без зборови. Мислам дека може тука да се вброи (пак нека ме исправи некој ако грешам). @Serafima, со право ти е една од омилените. Оддава некоја мистичност, нешто моќно, нешто чудно на убав начин. Не можам да си ги средам мислите додека гледам, не можам да најдам вистински зборови. @Sky-butterfly - немам замерки, само пофалби. Преубаво. Втората ти е доста комплексна фотографија. Многу детали во игра, многу работи опфатени, сенката од дрвото, таа вода, поточе, што и да е, карпи, треви, дрво, па и за небото се нашло место. Уживам. Ова е одмор за мозок и за очи. Одлични фотографии според мене.
@Lady Phoenix се сложувам потполно со сето што го напиша Си опфатила сѐ и си дала одлични коментари за секоја фотографија поединечно. Благодарам за убавиот коментар на мојата, а она околу романтиката и страста, ќе оставам другите нека го толкуваат ^_~ Гледам постојано го споменувате Фотошоп за корекции. Фоптошоп е за напредни корисници и искрено немате потреба да се замарате со него. Во секој софтвер за фотографии ги имате оние алатки кои ви требаат, само треба да експериментирате малку. Фотошоп е извонреден програм, но за аматерски слики не ви треба, а секако дека е убаво да го научите понатака. И ајде, нели пејзажот е интересна тема чекаме уште убави слики.
Темава ви е супер, ептен ме релаксира. Сликите ви се одлични, барем јас колку што се разбирам. Се мислев дали да се приклучам, имам доста фотографии, ама ми се за душа само, не со намера да бидат профи. Можеби ќе постирам по нешто од време на време, не ми замерувајте. Имам само желба, а за другото се снаоѓам Апаратот ми е дигитален Сони со камера од 12.1 мегапиксели, со доста опции, ама не ги користам постојано, кога како ќе ми дојде. Во последно време сликам храна, ама и тоа ретко, бидејќи не ми е предизвик да сликам секојдневно готвење. За почеток, во склоп на темата зајдисонце на плажа. Не е нешто посебно, ама сакав да ја ставам тука.
Одлични коментари ви дала @Lady Phoenix што и да кажам само ќе се повторам. Јас искрено кога ги гледам сликиве најбитна ми е композицијата и што е тоа што сте сакале да го доловите. Нормално за целосен пакет треба да се обрне внимание на повеќе работи, но затоа и е темава тука да се научиме нешто што не сме знаеле. Засега пример за фотографија во зададенава тема ми се таа на Пеперминт, на Абракадабра, втората со дрвото на Скај и таа на Серафима...имаат конструкција и прекрасни бои.. Без разлика на апаратот, затоа што се гледа дека со различен квалитет се сликани, но го доливиле токму она што треба. Според мене де Еве нешто јас што најдов. Планина Јакупица, некаде после планинарскиот дом Чеплес. Патот преку Папрадиште искачувајќи се кон Чеплес. Прекрасна е природата во целиот тој крај.
Темава е супер! Не ме бидува многу за фотографирање, па затоа ве следам со надеж дека ќе поднаучам нешто. На тема пејзаж дури и јас имам нешто во телефон, пошто Охрид прекрасно позира. Па еве мал придонес. А еве и една што мислам дека може да помине како улична фотографија, на претходната тема. Спојлер: Улична
Еве две сликани на есенски облачен ден пред 5 години. Градски парк. Овие ми се со некој друг дигитален апарат, не можам да се сетам кој бренд беше, ама се гледа и по самиот квалитет дека е со послаби перформанси.
Е сега ми ја погодивте темата, ќе ве 'бомбардирам' со слики Сливница, Преспанско Езеро Сан Гален, Швајцарија (случајно и јас сум влегла во кадар) Песталоци, Сан Гален, Швајцарија to be continued...
колку талентирани членови и членки имаме на форумов е неверојатно , сите фотографии се ПРЕКРАСНИ многу ми е мило што се множат одговори во темава @Abrakadabra @Peppermint и прекрасни слики, неможам очиве да ги тргнам , одлична комбинација на бои, сенки и светлина 5+ @Someonespecial одлична слика, помалку ефекти ставај, кога сликата е без ефекти делува по природна , ако треба да ја едитираш , само малку додај saturation, иначе многу ми се допаѓа , како за фејзбук cover е @Dream-Girl добар агол, светлина и позиција , како езерото да се гледа низ круг од дрва @Marossa ми се допаѓа, добар релаксирачки пејсаж, аголот може да биде сменет и скроз малку затемнета.. втората слика е супер @Serafima 5+ немам замерка, многу добра композиција и боите во целосно даават ладно чуство на сликата @Sky-butterfly 2 втората слика е одлична, 1вата и 3тата малку зеленило може да се додаде на дрвата .. ако имаш фотошоп оди во edit-adjustments-selective color за да ги исткнеш боите повеќе , ако немаш фотошоп оди на picmonkey или befunky во hue/saturation, јас малку бојата им ја едитирам на сликите кога не се познава @Annath @Giovanna @LivingGlam многу ми се допаѓаат , посебно планините на сликата од Giovanna omg прави пејсажи за на календар @Aquarius21 одлична @Jordanovska-K боите на небото исто така во вториот пост, сите од убави поубави , ПРЕКРАСНИ пејсажи
Неверојатно колку одлични слики од сите !!! Па тука имало куп таленти за фотографија. Браво !! Има неколку кои се дури супер добри да се чудиш дека не се од профи. Само напред..чекаме уште !
Инаку, девојки, многу ми се допаѓаат вашите фотографии, растурата, вистински професионалци сте! Особено ќе ги истакнам на @Abrakadabra @Serafima и @Peppermint Се надевам дека не е проблем што некои од фотографиите порано ги имам ставено во темата „Ваши лични професионални фотографии“. Ксамил, Албанија Маврово Берово Инаку во врска со поправањето на фотографиите на програми, јас малку им го зголемувам контрастот на Photoscape. Таа воопшто не е комплицирана како Фотошоп, и за еден ден ќе научите како да ја користите, а има доста опции.
Најдов една што ми е многу драга од искачувањето на Голем Кораб. Со телефон е сликана, го заборавив апаратот...далеку е од доловена, ама мене ми е посебна, ваљда пошто видикот се исплатеше на цело пентарење нагоре