Колку убаво што ни се приклучуваат нови феминки Темава ми е веќе една од омилените, до душа јас најчесто во Литература и уметност си се врткам Јас најчесто сликам природа, ама избегнувам да користам ефекти, да ги обработувам фотографиите, затоа што сакам да го доловам вистинското. Сепак, природата е најдобриот уметник Единствено некогаш ми се случува да осветлам некоја фотографија за нијанса. Еве уште една од мене што ја направив додека одмаравме од шетањето низ Tegernsee.
Искрено кажано... Навистина имате преубави фотографии. Па како што кажа некоја од феминките, навистина има прекрасни таленти за фотографија. Затоа и не би издвоила некоја фотографија посебно, зашто секоја за себе си зрачи со своја убавина. Што се однесува до мене, моиве фотографии најчесто се необработувани (99 %). Некогаш само кога имам некоја потреба од тоа, може само да зголемам контраст или светлина (доколку е потребно), но многу незначително. Па како што кажа Ана Каренина и јас сум најчесто за не обработување на фотографиите. Природата си е навистина еден склоп на преголема уметност за самата себе, но до нас е само да го доловиме вистинкиот миг од неа и да го прикажеме во едно светло по наш вкус како сме ја доживеале во тој миг. Мислам дека тука се крие таа уметност на фотографирањето. А моиве фотографии се просечни, аматер сум во оваа област . Да се надеваме на подобро . Малку зима .
Девојки, оти не се разбирам многу во сликување, поточно во поимите на едно сликување, сите фотографии што ги имате постирано се прекрасни, и не можам да им одолеам Оти веќе не можам да го редактирам претходното мислење за да ставам плус слика, ќе мора како ново мислење Сликава нема никаков ефект, така испаднала...но секоја критика е добредојдена
Ајде една мини едиција на слики од Ѓавоља Варош во Србија. Прекрасно место, со многу интересна приказна и убава природа. (Ќе искористам една фотографија во другата тема што ја ставив пред некое време). Без ефекти. Се сложувам дека природа се фотографира без ефекти. (Рекичката е црвена поради оксидираното железо; таму има и рударско окно од кое истекува таква вода)
Еве нешто и од мене. Се надевам дека не е проблем што фотографиите ги имам поставено и во Ваши лични "професионални" фотографии. Ова е од минатата година во Охрид. Не е со врвен квалитет со оглед на тоа што фотографирав со стариот телефон. Фотографиите ви се прекрасни! Само тоа можам да го кажам, другото не го разбирам. Многу ми се допаѓа темата и ми е една од поомилените. Јас ќе се обидувам да ве дружам повеќе.
Браво за темата @Papillon.Papi! Пофалби и до сите феминки на темава, прекрасни фотографии, особено пеjсажите. Фотографиjата е сликана со Sony Cyber-shot DSC-W570.
Каде ги наоѓаш ваквиве зајдисонца? (смајли што паѓа во несвест, се превртува, се валка... нешто такво). Човек да помисли дека живееш на некое магично место каде секогаш е вакво. Како и да е, не ќе беше лошо некој да дадеше некоја критика, мене ми е веќе незгодно, како учителка некоја што фали или „кара“ деца се чувствувам. А не сум ни толку стручна. Не дека има нешто да се критикува, само за пофалби беа фотографииве оваа недела, релаксација невидена. Психа да одмара човек додека ги разгледува. Ај, уште нешто ситно од Метеори, да се збогувам и јас
Немам никакви забелешки, прекрасни слики, луѓе! Мислам дека може да се смени темата. Овој пат нешто по комплицирано, но и забавно: Животински свет. Се согласувате?
Неколку секојдневни фотографии, повеќето сликани со телефон. (светлото беше феноменално, штета беше да пропуштам да го фотографирам, макар и со телефон) (Поглед од Зебрњак, Куманово) (Дворот на баба ) (Градски Парк, Скопје)
јас мислам да има гласање за топик под насловов на темава како анкета со 3-4 топици , ако е тоа возможно
Може треба без ефекти, ама на инстаграм само ја имам и морав вака.Инаку многу ја сакам сликава. Вашите се прекрасни, јас просто не знам која да ја издвојам и да ја пофалам.Браво.
Хехе..па од патувања таму - ваму, како и твоите. Инаку супер се фоткиве од фемкиве, а и твоите се супер и се чудам колку се добри ? Јас кога бев во Метеори беше Мај, а од облаците и некое тмурно време, ништо убаво не фатив во кадар. Имам една мислам само добра фотка. Фантастично место, Метаморфосис е најкул.