Инаку пријатно сум изненадена од тоа колку од вас, кои постиравте фотографии на темата пејсаж сте добри со композицијата и искористеноста на светлината. Браво !!
^Хахаха, јас бев во октомври месец, а времево среќа добро ни се погоди баш тој ден. Претходниот кога пристигнувавме во вилата беше о-чај-но! Врнеше, испаруваше, влага 200%, ужас невиден! За среќа, следниот ден пукна сонце, се разведри и специјално за посетава изгледаше ете вака како на сликиве. Па и со специјални ефекти (некои испарувања кои се издигнуваат од подножјата на подалечните планини, абе филмови ). Инаку, @1209, многу убава слика, без разлика што е со ефект, а гледам и другиве девојки најубавото за крај го чувале. Одлични слики, убава тема, фина недела и места - да си исплакне човек очи, ако веќе не бил таму во живо тоа да го направи. Ок е и новава тема, ако остане животински свет да биде, ама гледам и други сакаат со гласање, така што мора околу тоа нешто да се преземе. Не знам како одат тие работи, поискусните нека го направат тоа.
Може Фотографии од храна, Животински свет, Поретрети. Ако сум заборавила некој предлог, потсетете ме.
Еве анкета, ако имате некоја опција плус пишете ми да ја додадам. Нека стои анкетава до утре до 15.00 часот, да не се одолговлекува многу. Кажете ако сметате дека треба подолго време да стои анкетава. Инаку, дали не мислите дека е подобро темава да си остане за секакви фотографии и секој да прими критика? Вака некако се изгуби смислата, се редат фотографии само на темата. А да се отвори нова, Фотографии на тема, или да се направи нешто како натпревар, да се пријавуваат слики на темата и со гласање да се одбере најдобрата? Патем, ова се само предлози од модераторска гледна точка за подобро функционирање, не мора се да биде во едно место, и критики и теми... Ама, како што реков, само предлози, вие како сакате.
Мене сега не ми е јасно, тука ќе гласаме за некоја тема, а @Papillon.Papi гледам отворила нова тема "Динамика" во која треба да се натреваруваме ? Јас не сум за теми, веќе пишав зошто. А ова со динамиката, нели го опфативме веќе со уличните фотографии ?
Јас мислам дека испаднаа премногу теми за фотографирање,а сите со скоро иста цел. Онаа темата натпревар е малку неефикасна,бидејќи на кои критериуми ќе ги бираме победниците?Можеби јас повеќе сакам пејсаж со зеленила,а некој друг повеќе сака пејсаж со море,трет со планина итн. Башка подобро овде да си продолжиме со темата и да си укажуваме на недостатоците во фотографиите. На крај ќе испадне иста слика и овде постирана,и таму,и во Лични фотографии и каша попара форумот од беспотребни теми.
Мене не ми се јасни сега многу работи. Постои тема „Ваши лични профи фотографии“ каде секој става без никаква тема и без никаква критика слика што мисли дека вреди да ја сподели. Тоа ми е јасно. Оваа тема („Критики на фотографии“) имаше смисла до сега, зашто почнавме да воспоставуваме ред - анкета за избор на тема која ќе трае извесен период, ама со новава тема - „Натпревар на одредена тема“, „Критикиве“ почнуваат да ме збунуваат малку. Ќе нема тука тема? Ќе има тема? Ќе коментира ли некој, бидејќи се критики? Во „Натпреварот“ има одредени правила, но ќе нема критики. Тука ли ќе се критикуваат фотографии? Не знам, можеби јас не знам да артикулирам што сакам да кажам. Можеби треба да се соединат „Натпревар“ и оваа тема и да се изменат малку правилата. Појма немам. Во секој случај, (да потенцирам уште сега) намерата не ми е да се карам или да навредам некого, се' се ова сугестии, со единствена цел - да направиме една квалитетна тема за фотографирање, каде ќе се ставаат навистина добри фотографии. Ама според мене треба да постои тема која ќе се менува, затоа што „Критикиве“ ќе се разликуваат од „Личните фотографии“ само по тоа што се пишуваат критики, а би требало да се разликува и по некои други критериуми за да изгледа малку поразлично и попрофесионално од „Личните“ (if you know what I mean). И јас се изврткав веќе во текстов. И во главава хаос ми се направи.
Во темата Вашите фотографии си става секој какви слики сака, без тема, без критики, без ништо, значи сликани од мобилен, од било што. Оваа тема, критикиве, да си остане за оние кои сакаат да си ги подобрат техниките и сакаат да слушнат некоја забелешка. Во таа што би требало да е како натпревар, ќе се направи анкета откако сите што сакаат да учествуваат со слики ќе го направат тоа и секој ќе може да си гласа за таа што мисли дека е најдобра. Значи таму нема да има забелешки, ни критики, туку ќе се одбира најдобра фотографија на дадена тема. Мене сите теми ми се различни, не знам зашто би се мешале.
Јас мислам да не ставаме фотографии од една тема само,затоа што ќе се изгуби смислата на темава и сите само ќе поставуваме слики без да се критикуваме Јас сепак сум да ставаме слики по наш избор какви сакаме и да добиваме критики за истите Мое мислење и мислам искрено дека така е најдобро
http://forum.femina.mk/threads/Фото-натпревар-Тема-Животински-свет.24023/ Темата е Животински свет, таа што ја изгласавте овде. Оваа ќе си остане како што напишав погоре, за секој што сака мислење и критика, без одредени теми. Ако имате некаква забелешка пишете ми лп, или ако се однесува за новата тема пишете таму, да се ослободи оваа за нови фотографии.
Девојки, расположени сте повторно да ја активираме темава? Знам дека другата (со фото натпреварот) е полесна, се постира и се гласа но, некако оваа тема беше поинтересна.
Не е лоша идеја но, без согласност од авторот, не би било малку ко зборување позади грб или не те разбрав добро Лејди? Добар беше концептот, секој доброволно да си објави фотографија за која би сакал да слушне мислење.