@Papillon.Papi ако сите даваме сугестии и критики за секоја слика, нема ли да биде малку хаотично овде ?
Воопшто не е лоша, ама освен силуети на дрвјата пожелно е да има и нешто друго на неа за подобра композиција.
Ми се допаѓа, само малку на лебедот одлево, главчето да не си го сецнала, би била уште подобра фотката. Инаку, интересен ефект со малото накрививање ..јас сакам експерименти !
Јас саκам да ја пρашам Ана зошто мислам деκа пρофесионално фотогρафиρа, дали има официјален пρофил со фотогρафии на инстагρам зошто многу би саκала да ја следам твојата ρабота: )
@1209 немам инстаграм, само на мојот профил на фејсбук и тука на фемина ги објавувам сликите. За своја душа сликам (освен кога ќе ме ангажираат за фотосесии ). Ми предложиле да си направам блог или барем фејсбук страна каде што ќе ги постирам, ама уште не сум се одлучила за такво нешто @Abrakadabra истата слика ја имам во посветли изданија, јас тука ја постирав најтемната. Тогаш експериментирав со експозицијата, па истиот кадар го имам од најсветла до најтемна варијанта
Штета, јас паκ немам фб, па затоа нема κаκо да те следам, аκо напρавиш блог пиши го туκа обавезно.Се извинувам што отидов офф.
Тоа што е темно е со цел темно. Значи градација од најтемно до најсветло. За такви градации многу одговара и црно бел ефект, но немаше некаква потреба тука. А и колку што читав по книгиве кога се спремав за фото техника натпреварот дозволени се вакви градации.
Јас незнам како е во таа тема. Тука сум месец дена. Ако сметаш дека нема да биде, во ред. Твоја е идејата.
Браво Папилон за темава, секоја чест и за воведниот пост и за идеата. Ни требаше ваква тема и општо многу сиромашен е форумов за теми од фотографија. Немаме ни тема за дополнителна опрема нит за совети нит за крикити. Добро е да се почне од некаде. Јас го имам тој проблем, сликам сликам ама нема кој реално да ми дава критки. Сите само пофалби, а најрелано јас сум светлосни години од пофалби. Пред се зашто сеуште не ја знам добро техниката на сликање и целата наука, зашто за мене фотографирање е наука, колку и смешно да звучи тоа. Не ценам слики на среќа сакам сликање со познавање т.е композиција на фотографијата. Јас не знам колку ќе ви бидам од корист зашто пред се не сум баш дочитана во ова, а од читан а не дочитан човек да бегате, па ќе се повлечам се додека не ја проучам убаво работава. Плус сакам да сликам претежно портрети, луѓе и архитектура, слабо ми одат пејсаживе и природава. Со исклучок на вода, дал море, океан, езеро, река па дури и слики од базен иам доста солидни. Само јас не се согласувам да се ставаат слики со ефекти, посебно ретика и тако сличните на неа не. Не е тоа вашата оригинална фотографија. Да професионалните фотографи ги уредуваат сите слики на фотошоп ама ние сме далеку од професионалци. Затоа сметам дека треба да ја покаже умешноста бе ефекти, а сликите без разлика дали се од ДСЛР апарат или од "идиотче" најбитна е креативноста. Eве една според мене најдобра до сега што сум ја шкрапнала. Оваа е сликана со послаб апарат од мојот, поточно Никон Д3200, сликата беше во формат .nef ама ја конвертирав за да ја поставам тука.
Одлична тема, Папи. Еве една макро фотографија од мене за темата, а ќе ме извините, не знам да критикувам, бидејќи тие термините што ги користите се шпанско село за мене. Само ќе си кажам дека засега сите фотографии се топ, само на Ајронка со лебедите мислам дека би била поубава да не беше закривена.
Само папи јас не ти ја сфаќам темата, велиш макро а потоа велиш ситни елемнти. Макро значи големо, микро значи мало. Не паметувам не е страшно о да се згрешила само се збунив. Плус не се согласувам со тебе за фокусот на фотографијата. Мене фокусот ми е класот (не знам шта растение е) а не замокот и водата. А за тоа добив коментар од фотограф баш таа слика да ја изберам за портфолио (не дека ќе праам тоа ама нејсе) пред една друга која ми беше понаква, кога класот беше по на средина.
Макро е опција која ја има на дигиталните напредни (како мојот) и DLSR фотоапарати. Тоа е сликање на ситни елементи од близу, а позадината е заматена. На фотоапаратите има макро и супер макро (доколку се слика инсект или цвет како синоличката). Одлична замисла, креативност, но не баш најдобра поставеност. Фокусот чинам, треба да биде на листот со капки што е во преден план, само што не е поставен во средина на сликата, туку сецнат на врвот. И кога ќе сликаш преку ден, нагоди ја асажата на 64ISO оваа претпоставувам е сликната со 400ISO што повеќе одговара за ноќни фотографии.