Епа, колку што знам дигиталните комапктни немаат 8секундарна експонтажа. Професионалните имаат и поголема.
Скроз го изумив ова, се извинувам. Јас се прешалтав на друго сосема друго, а ја знам таа опција ама искрено ретко сликам со неа. Претежно дека слика портети па вајда затоа. Многу ми е криво што не можам да ви ги постирам зашто не верувам дека било кој од нив сака да биде ставен на јавен форум, ама имам десетици навистина добри, барем за се одлични и мило ми е на на душава кога ги гледам. Eдна за мене стандардна, дури и сум досадна со вакви слики.
И со најидиотскиот апарат може да се направат супер слики. Се е до тој што слика колку води сметка за некои основни параметри при сликањето. Јас знам неколкумина кои имаат врвни фотоапарати, ама незнаат да сликаат !
Искрено не знам колку оваа фотографија би се вклопила во темата, ја сликав лани со телефонот (5мп) и ставив малку ефекти на Инстаграм , фокусот повеќе оди на земјата отколку на цветот ама ај.
Викторијан мислам дека ефектот што го имаш малку го уништува фокусот на фотографијата-цветот. Не се гледа воопшто јасно а тој нели треба да е најјасен.
Засега нема да давам критики, бидејќи ептен сум дудуче во врска со поимиве кои се впрочем нови за мене. Аматерче.
Со зум накај цветот (претпоставувам тоа била целта) и со тргање на тревката напред супер фотографија би постигнала!
многу ми се допаѓа фотографијава, само замаглената тревка си можела да ја фатиш пред да излезе на слика,и скроз малку зум на цветчето , другото се е добро ако имаш фотопоп мислам можеш да ја тргнеш , селектираја, десен клик и Fill - Content Aware
Оваа ми е интересна, акробации сум правела за да го фатам фраеров што ми јадеше цвеќиња. П.С. Може темава за некое време пак да дојде на ред, мислам. Бидејќи на сите ни е некако прилично интересно да им навлегуваме на работиве во детали. И која би била нредна тема (знам кога завршува оваа, не видов кога е поставена ). Има ли некој идеја?
Во саботава може да менуваме тема. За тоа време уживајте во сликање деталчиња. Патем, фотогеничен е полжавов, но и креативен (и флексибилен) фотограф.
Одлично! Да, да, фатен на дело ептен! Се чудам после зошто се изгрицкани ливчињата во мојава градина (т.е. веќе не е моја, туку на моите, ама активно уредувам ). Фотогеничен си е, златен тој, добро ухранет и пораснат. Шала на страна, нема нешто пофотогенично од природа, според мене. Некои места и нешта се толку фотогенични што не ни мораш понекогаш да се трудиш за да испаднат убаво. Супер, ќе уживаме уште некој ден со темава! П.С. Едно извинување за претходниот пост, кога видов каква каша попара со текстот ми се направила - ми се стемни (со печатниве грешки). Тоа е, ќе почнам нешто да пишувам, па ќе прекинам, па ќе фатам нешто друго да правам и лом.
@Papillon.Papi, фотографијата од другата тема („профи фотографии“), ќе ти ја искоментирам тука. Фотографијата ти е одлична и немам никаква замерка, Сакам само да те пофалам и да кажам што се' ми се допадна. Прво, ми се допаѓа неутралната позадина. На тој начин до израз многу ти доаѓа објектот. Второ, вазната е awsome, обожавам мозаици. Добро си ја вклопила, во однос на бои, како контраст на лалињата. Од друга страна, материјалот и начинот на кој е изработена ми се комплементарни. Падот на светлината ти е супер погоден, инаку излегуваат фотографии на кои објектот повеќе наликува на силуета и едвај се разликува боја и текстура. Great job! Btw, обожавам лалиња!!! Ма, какви лалиња, обожавам секакво цвеќе! Одлично!
^ Интересна фотографија. Делува доста мрачно, ама па можеш да си правиш приказни од неа. Да не кажеше дека е скршен ретровизор најден во ѓубре, немаше на памет да ми падне. Ми се допаѓа тоа што е во ладен спектар на бои (веројатно на стемнување си сликала) и отскокнува само скршеното огледало. Многу добро! Бидејќи при крај ни е темата „Макро“, ај да ја закитам за последен пат со следнава фотографија, малку поразлична од вообичаено. Пуста љубов кон гитари.