Не видов дека моменталната тема е слика од улица ама нема врска сликана погоре не можам да ја избришам
Ајде една тазе од мене. Со денови се обидувам да направам ваква слика, ама не ми успева (недоволен промет на возила и високи семафори ). Очигледно требало на Партизанска да излезам. Првата слика ќе биде без никаков ефект (долу десно тоа е отсјај, за некого интересен, за некого недостаток), а во втората од мерак додадов ефект (многу ги сакам таквите уфилмани улични bokeh-a). Па сега, вие одлучете дали воопшто сликава е добра и ако е - која повеќе ви се допаѓа.
Супер тема, има многу што да се научи. Јас сум ептен аматер, немам добар апарат ама ми е мерак да си штракам, па по некогаш и излегува нешто интересно Мислам дека овие што ги поставив одговараат на зададената тематика.
Апаратот и неискуството не се пресудни за добра фотографија, а кај тебе се гледа естетика во сликите и тоа е дарба, која или ја имаш или ја немаш. Мене ми се допаѓаат многу, иако велиш дека си ептен аматер...ама со дарба аматер.
Обидот е интересен да се доловат возилата и светилките, ама за мој вкус мислам дека без ефектот или не толку нагласен ефект би биле подобри. Премногу се осветлени и немаат јасност. Ама супер ти е идејата.
@Peppermint , ubava Urbana fotografija I interesten agol.Si opfatila vo kadar od se po nesto, pa e prilicno raznolika.
Со тој апарат - толку. Се чудам воопшто како ми излезе толку добра и јасна сликата, затоа што апаратот за ноќни слики ми е лош . Отсјајот од семафорот не знам да го отстранам (не знам со Фотошоп да работам), неизбежен беше, семафор со лед - светилки. Тоа е тоа. Мило ми е што ти се допаднала идејата.
Ноќните фотографии се најтешки за фотографирање поради слабата осветленост. Тука веќе факторот понапреден фотоапарат игра голема улога. @Jordanovska-K одлични слики, првата посебно, а втората малку заматена во долниот дел најверојатно поради раздвиженоста на луѓето на неа.
Аааааа, @Peppermint!!! Втората слика од птичја перспектива! Фаворит! Не друго, ретко имаме такви слики, ако не се лажам. Се обидував и јас таква да направам, од 5-ти кат сред центар, ама не бре, не иде и не иде. Одлично!
@erica и @Ginger111 чувајте си ги овие фотографии за друг пат, кога ќе имаме некоја таква тема Сега темата ни е Улична фотографија. Модераторите ако можат нека ја пишат темата во насловот, да нема вакви збунки. Како во читателскиот клуб што ја менуваме секоја недела, добро би било и овде така да правиме, за да бидат сите во тек.
Темава критики на фотографии,ама јас немам што да критикувам Сите фотографии ви се одлични,без закосеност,со бистрина и најубаво од се,спонтаност. Посебно ми се допаднаа: -Ноќната слика на @Lady Phoenix ,и двете верзии се ептен интересни,уште во ефект да се фатил сообраќајот и брзината на моторните возила и 10че -Птичјата перспектива на @Peppermint ,вакво нешто ретко гледам,посебно на улични фотографии,а навистина изгледа убаво.