Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики на фотографии

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Papillon.Papi, 5 мај 2015.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    image.jpg
    Трст.
     
    На LittleChili, Annath, Cka и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @Peppermint @Magnolija @crimson :*::*::*::*::*:
    Ме интересира, дали воопшто ги корегирате сликите ? Овие се одлични, а со малку коректура би биле супер !!
     
    Последна измена: 23 мај 2015
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Abrakadabra не, нема потреба. Светот е поинтересен кога е фатен искрен и отворен :)

    Само на инстаграм ставам ефекти :angel:
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Немислев на ефекти и чуда, туку на мала корекција со контраст и вивидност.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @Abrakadabra да да, те разбрав. Лично јас ги немам корегирано:)
     
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Поентата на оваа тема е да ви се укаже како со мали корекции може да си ги направите сликите одлични. Секој базичен software за фотографии ги има овие алатки за балансирање на боја, контраст, осветленост итн. Со малку корекција @Magnolija сликата може да биде супер. Пробај ! :D
     
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Фала @Abrakadabra, кога ќе имам време би седнала да научам нешто повеќе. Сега за сега имам време само да фотографирам и тоа многу ме исполнува.

    Од критики, што знам, не се разбирам многу, ама еве ќе ја пофалам сликата на @Lady Phoenix, ми даде посебно џез чувство и последната на @crimson ми се допаѓа зашто сликата опфаќа толку многу работи, а сепак изгледа чисто и средно.

    Еве ја улицата на Карлови Вари. Факт е дека овде не може да се направи лоша слика :)
    11303727_10204833416209809_1142363602_n.jpg
     
    На LittleChili, SV1911, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Не.
    Ама сакам малку повеќе да научам фотошоп, така што ќе се трудам да ги средувам наредните :)
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    На сликава уште малце да се нагласеле боите на зградите, одлична би била. Патем јас моите ги дотерувам во фотошоп пред да ги објавам (само макро фотографијата не ми е едитната во фотошоп). Татко ми работи со овој програм и ментор ми е. :D
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @Papillon.Papi ќе ја мењаш темава ?
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Ако дозволи Папи, ќе нафрлам неколку идеи за следни теми (по жанрови): портрет, пејзаж, мртва природа, кулинарна фотографија (иако се сомневам дека би им се допаднала на помладите членови), концептуална фотографија, архитектура...

    Инаку, мислам дека една седмица е кратко време за една тема. Уличната фотографија се покажа доволно интересна тема за да се вклучат и членови кои не постираат во темата "Ваши професионални...". Тука особено сакам да ја издвојам "Карлови Вари" на Магнолија. Нема потреба од било каква корекција. Пре-кра-сна. Moody, мрачна, пригушен колорит, меланхолична атмосфера - цела приказна можам да си измислам на основа на фотографијава. А, за мене во тоа и се состои успехот на една фотографија - да предизвика емоција.

    Не секогаш технички издржаните фотографии се и успешни. Добро е теоретски да се познаваат основите, но во крајна линија сепак за крајниот резултат, според мене, пресудна е личноста на оној позади објективот, неговото чувство за естетика, поглед на светот, моментална душевна состојба итн.

    Абракадабра во неколку наврати спомена подводен фотоапарат, па сакам да ja прашам дали има некоја подводна фотографија, ако сака да сподели? Ова би било многу интересна тема, ама не знам колкав одзив би имало. :D
     
    На Magnolija, Victorian, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi, супер идеи. Во голем дел ни се совпаѓаат. Портрет е одлична идеја, ама не знам колку е изводливо, бидејќи сепак е ова анонимен форум, а инаку, обожавам портрети. И на архитектура помислив повеќе пати, мртва природа, пејзаж, тоа се супер идеи. Може повремено да имаме и некоја слободна тема, па на пример, таму би дошле фотографии како подводните (затоа што не знаеме, како што рече, колку одзив би имала таа тема). Меѓу другото, затоа и во еден претходен пост предложив да се најават, да речеме, барем 2 теми, па со „гласање“ да избереме една, баш заради тоа што не секогаш постојат услови за некоја тема, за да се заврши во една недела, или тоа е малку време. Па, знаеме, оваа недела е таа тема, а следната не' чека другата тема и паралелно правиме фотографии. За кулинарските - нема проблем :), ама па постои Фемина инстаграм? Освен ако немаш некоја друга замисла за тоа. :) Еве, може некоја поопшта тема, на пример одраз, отсјај, проекција, па може тука да влезат повеќе други теми (пејзаж, мтрва природа, нешто друго)... Има многу можности. :clap:

    Едвај ја чекам новата тема. :D
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мислам дека портрет не би била можна за темава,како што рече Лејди,анонимен форум е.
    Но за останатите,која и да ја одбереме,супер се.
    Оваа кулинарска фотографија,за храна да фотографираме,за тоа се работи? Ако е за тоа,прва сум,секако си ја љубам храната :D Башка ќе биде како сликите од Фемина инстаграм,само што овде би искоментирале како изгледа естетски целокупната фотографија,а не како ни изгледа вкусот на јадењето :D
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас веќе си спремив фотографија за портрет :D
    Може да направиме распоред, да знаеме две недели однапред што ќе биде тема. Макар што јас постирам само веќе направени фотографии, ама може и специјално за темава да тргнам во потрага по добар кадар :) Ми се допаѓа и идејата за слободна тема. Јас од подводните имам само лични фотки, немам ништо од подморски свет :( Ај летово здравје можеби и такви слики ќе извадам :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, одиме со портрети. :) И луѓе, не мора само јас да давам теми, секој може да предложи и сите ќе одлучиме.
     
  16. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Малку да се дообјаснам за кулинарната фотографија. Се согласувам дека би имало допирни точки со Фемина Инстаграм, но таму единствен услов е да се постира храна што сами сме ја подготвиле, додека кулинарната фотографија е многу повеќе од тоа. Подразбира стајлинг, композиција, правилно користење на светлината и куп други чуда што не ги ни знам. Особен замав зема со популарноста на кулинарните блогови. Eве два линка од Pinterest, што ја доловуваат идејата за овој тип фотографија.

    https://es.pinterest.com/pastryaffair/gorgeous-food-photography/

    https://es.pinterest.com/cookingjar/food-photography/

    Ја предложив затоа што остава простор за експеримент и можност да се вклучи секој со малку слободно време и желба.

    И мене ми се допадна предлогот за слободна тема. Може да се поставува периодично, како пауза од конкретни теми и за поголема разнообразност.

    Се согласувам и со Мароса во однос на портретите, фотографии од блиски личности и јас би избегнувала, но повеќе мислев на портрети од (условно кажано) непознати лица, а од друга страна и секој за себе си одлучува до каде може и сака да оди со откривање на анонимноста.
     
    На Jordanovska-K, Marossa, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Колку убава тема.Јас како лаик ќе ве читам и да уживам во фотографиите.
     
    На Waka-waka, Annath, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi, ми се допаѓа идејата за кулинарска тема. Би предложила само да си дадеме некое време за неа, за подобри резултати, затоа што навистина заслужува да се посвети поголемо внимание. Што се однесува до овонеделната тема - јас нема да се осудам да ставам фотографии од други луѓе (уплав имав и за време на претходнава тема :rofl:). Имам доста портрети од себе и автопортрети (т.н, selfie-ња) со тоа што сум се потрудила да не изгледа така, а и по некој портрет од вереникот ми. Така што ќе се обидам со нас двајца нешто да изведам, а да не се разоткријам премногу. Ако сака некој да постави правила или ограничувања во врска со темава, нека се направи тоа со време, затоа што од тоа што го истражував на интернет, портрет може да биде доста широк поим. Би можело тоа да се смести во темата „Фотографирање 101“. ;)

    Еве, еден предлог од мене, за во меѓувреме, идната тема да биде пејзаж, затоа што верувам дека сите имаме голем број пејзажи, а и да се релаксираме малку од темите што опфаќаат луѓе. :?:
     
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека темите ќе бидат ограничувачки за многумина, а јас сакам повеќе форумџики да се приклучат со своите фотографии.
    А да направиме нешто како одредена боја за одредена недела и кој сака нека постира на било која тема ?
    Еве да речеме, црвена боја и секој кој има нешто со црвена боја на фотографијата, нека ја постира.
     
    Последна измена: 24 мај 2015
    На Viktorijaaa5, Sunshine.Sunshine и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас сум за кулинарската :D
    Ама да не се ограничуваме со денови,кога ќе се соберат повеќе фотографии,тогаш ќе менуваме.
    Пејсажи обожавам ама сметам дека можеме да ги оставиме за понатака,бидејќи мислам дека сите имаме такви еден куп,па кога ќе бидеме позафатени летно време,тогаш да ги постираме :D
    Сега додека е активна темата,да фотографираме нешто специфично.
    Може и да одбереме пример тема Цвет,и да фотографираме секакви цветови,нели пролет е.
    Може некогаш да одбереме и тема Мода,па да сликаме рандом лица што имаат специфични комбинации :D
    Можностите се бескрајни,ептен ме фати ентузијазам :D
     
    На Jordanovska-K, do-re-mi и IronLady им се допаѓа ова.